| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters |
|
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:00 | |
| Владата доби предупредувачко писмо од Исламската верска заедница во кое бара да не се гради Офицерскиот дом на местото на некогашната Бурмали Џамија. Во писмото на кое се потпиша Реисот Сулејман ефенди Реџепи стои:
„Сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи. Се надеваме дека разумот ќе надвладе и ќе ја прекинете ова ѓаволска игра. Децидно и јасно сме истакнале дека не се согласуваме поточно, муслиманите на градот Скопје и на целата држава, не се согласуваат на локацијата на срушената Бурмали Џамија повторно да се изгради Офицерскиот Дом, кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор“
Писмото е испратено до премиерот Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и до градоначалниците на град Скопје и општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ. Истото е реакција на објавата дека грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас ги добил потребните дозволи да го изгради офицерскио дом врз повеќевековната џамија.
Понатаму во писмото ИВЗ вели:
“На неколку наврати укажавме дека муслиманите од Скопје не се согласуваат на оваа локација повторно да се изгради офицерскиот дом кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор. Очигледно е дека вашата Влада не ги разбира верските чувства на муслиманите со што свесно ја повредувате светоста на исламскиот простор“.
Грчкиот бизнисмен се согласил да го изгради Офицерскиот дом кој прв пат бил изграден во 1929 година, а срушен е во 1964, бидејќи бил сериозно оштетен од земјотресот и неговата обнова е проценета како многу скапа во тој момент. Покрај земјиштето за Офицерскиот Дом, Кондоминас за 100 евра по квадрат купи уште една парцела за изградба на хотел на градскиот плоштад. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:00 | |
| Се некои предупредувања...ти реков ми рече... луѓе , се готви нешто? | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:01 | |
| | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:02 | |
| - Frogfoot напиша:
- Се некои предупредувања...ти реков ми рече... луѓе , се готви нешто?
Е арно де. Спремни сме ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:02 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:18 | |
| Јасно... | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/4/2012, 22:23 | |
| | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/4/2012, 00:28 | |
| Другари, до кај е работата со полицаецот Јаким? Му продолжија притвор..итн? Што мислите ќе го ослободат или? | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/4/2012, 00:29 | |
| - Frogfoot напиша:
- Другари, до кај е работата со полицаецот Јаким? Му продолжија притвор..итн? Што мислите ќе го ослободат или?
политички осуден , на судење ке молчи за возврат фамилијата ке ме на раат. Жртвено јагне. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 22/4/2012, 17:36 | |
| Лустрацијата им ги врза рацете на службите Истрагата за петкратното убиство е само една од полициските акции што ќе трпи поради проблемите што ги предизвикаа отворањето на досиејата и лустрацијата, тврдат познавачите на работата на тајните служби.
Екс министерот за внатрешни и поранешниот шеф на военото разузнување сметаат дека доколку приодот кон новиот модел на лустрација што се предлага не е претпазлив, може трајно да го осакати функционирањето на безбедносните служби. „По овие два пеха што ги направивме во Македонија, не верувам дека некој би соработувал со полицијата. Секој ќе стравува дека некогаш, некој трет би можел да го лустрира и да го стави на столбот на срамот. Не сум против лустрација, но сугерирам дека треба да ги сочуваме безбедносните служби.Ваков помор на безбедносните служби не се случи во ниту една од земјите во регионот“, вели Владимир Пивоваров екс-началник на военото разузнавање. Соработничката мрежа е клучниот извор на информации за справување со криминалитетот што го користи секоја служба. Според експертите, обидот на политичарите во својата битка за глас повеќе да ја обелоденат целата мрежа и да ја компримитираат оперативата како столб на безбедноста, може, генерално, да ја доведе во прашање сигурноста на сите граѓани. Оттаму, тие инсистираат мета на лустрацијата да бидат само соработниците кои со помош на службите дошле до високи позиции во политиката а не и оние што работеле за справување со безбедносните ризици со кои се соочува државата. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=48965 | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|