Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty22/4/2012, 19:06

Се јавија и татарчета.

Time for Preemptive Division of Macedonia (?)
http://www.novinite.com/view_news.php?id=138718
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty22/4/2012, 20:19

Alvar напиша:
Се јавија и татарчета.

Time for Preemptive Division of Macedonia (?)
http://www.novinite.com/view_news.php?id=138718

като Лешинаре са,
баш ме интерсира како ке реагираат кога ке свата дека и горна добруџа веке влага во мапата на алчните.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty22/4/2012, 22:18

Alvar напиша:
Лустрацијата им ги врза рацете на службите

Истрагата за петкратното убиство е само една од полициските акции што ќе трпи поради проблемите што ги предизвикаа отворањето на досиејата и лустрацијата, тврдат познавачите на работата на тајните служби.

Екс министерот за внатрешни и поранешниот шеф на военото разузнување сметаат дека доколку приодот кон новиот модел на лустрација што се предлага не е претпазлив, може трајно да го осакати функционирањето на безбедносните служби.

„По овие два пеха што ги направивме во Македонија, не верувам дека некој би соработувал со полицијата. Секој ќе стравува дека некогаш, некој трет би можел да го лустрира и да го стави на столбот на срамот. Не сум против лустрација, но сугерирам дека треба да ги сочуваме безбедносните служби.Ваков помор на безбедносните служби не се случи во ниту една од земјите во регионот“, вели Владимир Пивоваров екс-началник на военото разузнавање.

Соработничката мрежа е клучниот извор на информации за справување со криминалитетот што го користи секоја служба. Според експертите, обидот на политичарите во својата битка за глас повеќе да ја обелоденат целата мрежа и да ја компримитираат оперативата како столб на безбедноста, може, генерално, да ја доведе во прашање сигурноста на сите граѓани.

Оттаму, тие инсистираат мета на лустрацијата да бидат само соработниците кои со помош на службите дошле до високи позиции во политиката а не и оние што работеле за справување со безбедносните ризици со кои се соочува државата.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=48965

Токму така. Непоправливи штети се нанесени на разузнавачкиот сектор со таканаречената лустрација. Вината е во тоа што не е објаснето што всушност значи ова, односно кој и зошто се лустрира. Убаво е објаснето во последниот пасус, дека не се лустрираат оние кои и помагаат на службата со давање на информации, туку оние кои на сметка на кодошење ( не би го нарекол соработување ) дограбиле некоја функција. Друг аспект се оние кои со цел да наштетат на другите давале лажни информации или информации најчесто од политички аспект ( за политичките погледи на некој друг ).

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty23/4/2012, 13:04

ФФМ и МВР не реагираат не реагираат на паролите на `Балистите`

Пароли на кои се наведени делови од `Голема Албанија`истакнаа навивачите на ФК Шкендија на вчерашниот фудбалски натпревар против Работнички.

`Балистите` истакнаа пароли на кои испишано беше `Косово, Илирида, Чемерија – сите се овие делови на голема Албанија`но ниту претставниците на ФФМ ниту припадниците на МВР не реагираа на ова.

Законот за спречување насилство на спортските терени, секој поединец што ќе истакне парола со политичка содржина треба да плати минимум 500 евра. Додека пак според законот на ФФМ екипата чии навивачи истакнуваат пароли што носат дискриминаторски слогани треба да платат казна од 30.000 швајцарски франци, а следениот официјален натпревар клубот ќе го игра без гледачи.

Прогледувањето низ прсти во Тетово стана пракса и на ФФМ и на МВР иако се прекршува Законот за спречување насилство на спортските терени во Тетово исто факели се палат пред очите на полицијата а на другите терени секој навивач се казнува за користење пиротехнички средства.
http://www.sky.mk/makedonija


И после ќе го маткаат народов дека ситуацијата е под контрола. Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty23/4/2012, 13:46

Артан Груби: За битката на Калето ќе суди историјата

Артан Груби тогаш на чело на „Разбуди се“ и други невладини во февруари минатата година победиле во битката на Калето. Актуелниот шеф на кабинетот на Али Ахмети денеска пред судот не само што прогласи победа туку рече и дека сакал историјата и народот да му судат а не политизираното судство.

Затоа денеска објави дека тој и неговите пријатели ќе ги повлечеле приговорите на условната казна. Не одговори кој води политички процес против него со оглед на тоа дека е на висока позиција во ДУИ која пак е дел од коалицијата на власт.

- Битката која што ја победивме на скопското Кале пред една година од страна на граѓанското движење Разбуди се и други невладини организации може да се суди само од историјата и само од народот, не може да се суди на политички начин како што се суди во овој суд. Затоа јас со моите соработници решивме да го повлечеме приговорот и да го затвориме тука овој случај. Сметаме дека на овој начин ќе придонесеме за намалување на меѓуетничките тензии и нема да дадеме поттик на некои медиуми и некои други кои сакаат да го употребат овој случај за поттикнување меѓуетничка нетрпеливост и постигнување на дневно политички поени – изјави Артан Груби.

Судот летоска без да одржи судење им одреди условна казна на 50тина учесници во двете групи за и против изградба на музеј црква. 15тина од нив меѓу кои и Груби поднесоа приговори и побараа да се одржи судски процес за да докажеле дека се невини. Сепак ова е втор пат како се одложува судењето затоа што дел од оние кои бараа судење не се појавуваат па судијката мораше да се закани со стражарно приведување за следните рочишта.

Една година и три месеци по тепачките на Калето се уште нема судска завршница. Далеку од расчистување е и ноќното уривање на музејот црква на кое присуствуваа и функционери од ДУИ.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90361
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty23/4/2012, 18:30

Alvar напиша:
ФФМ и МВР не реагираат не реагираат на паролите на `Балистите`

Пароли на кои се наведени делови од `Голема Албанија`истакнаа навивачите на ФК Шкендија на вчерашниот фудбалски натпревар против Работнички.

`Балистите` истакнаа пароли на кои испишано беше `Косово, Илирида, Чемерија – сите се овие делови на голема Албанија`но ниту претставниците на ФФМ ниту припадниците на МВР не реагираа на ова.

Законот за спречување насилство на спортските терени, секој поединец што ќе истакне парола со политичка содржина треба да плати минимум 500 евра. Додека пак според законот на ФФМ екипата чии навивачи истакнуваат пароли што носат дискриминаторски слогани треба да платат казна од 30.000 швајцарски франци, а следениот официјален натпревар клубот ќе го игра без гледачи.

Прогледувањето низ прсти во Тетово стана пракса и на ФФМ и на МВР иако се прекршува Законот за спречување насилство на спортските терени во Тетово исто факели се палат пред очите на полицијата а на другите терени секој навивач се казнува за користење пиротехнички средства.
http://www.sky.mk/makedonija


И после ќе го маткаат народов дека ситуацијата е под контрола. Rolling Eyes

Ова не е нормално што се случува, па кој к*р е ова? Ех Македонијо моја, по 11 години не те познавам...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty23/4/2012, 18:36

А чек чек... има таа политичка капитулација од 2001-ва да си ја плаќаме на рати.
Има со памук крвта да ни ја пијат. Рано ни е нас зимата.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty23/4/2012, 18:49

За влакно беше избегната нова пратеничка тепачка на денешната седница на Комисија за политички систем на која се дебатираше за Предлог-законот за лустрација во Собранието. Брзата реакција на останатите пратеници спречи Џеват Адеми од владината ДУИ и Имер Алиу од опозициската ДПА да се фатат за врат. Тие имаа жестока расправија на која меѓусебно се нарекуваа мајмуни и кодоши.
Адеми говорејќи пред членовите на Комисијата рече дека најголем дел од политичките затвореници во фазата на испитување пред истражните органи биле принудени да потпишуваат изјави дека ќе бидат соработници на тајните служби. Оваа изјава на Адеми го налути Имер Алиу кој рече „Според ова што го кажавте излегува дека сите Албанци политички затвореници биле кодоши!“.

Тогаш избувна вербален дуел со размена на навреди од најниско ниво меѓу пратениците, па излегоа од салата за недоразбирањата да ги решат со тупаници. Сепак останатите пратеници не дозволија да избие поголем инцидент и да настане уште една скандалозна тепачка во Собранието.

Plusinfo
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty24/4/2012, 00:00

Утрешниот број на Фокус.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 W8ot0
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty24/4/2012, 00:08

Соседите чекаат Скопје да ги фати убијците

Во српското и косовското МВР молчат со какви сознанија располагаат за злосторството кај Смилковци

Горан Адамовски

Косовските и српските разузнувачи следат што се случува во Македонија, но не сакаат да коментираат ништо околу петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје, што го згрози Балканот и пошироко. Што презеле од своја страна, дали можеби имаат сознанија, кои можат да и' помогнат на истрагата? И во двете министерства изразуваат загриженост од злосторството, кое може да предизвика немири во целиот регион, но молчат, оставајќи ги македонските колеги да ја завршат истрагата.

Македонското Министерство за внатрешни работи побара помош од соседните земји, нивните полиции и разузнувачки служби, но засега, освен декларативна, не добија конкретна поддршка.

„Слушнав за тоа, но немам информации дека барањето за помош стигнало до нас. Во секој случај, ние сме загрижени, би сакале да се откријат сторителите и нарачателите на ова злосторство и доколку биде побарано од нас, тука сме да помогнеме на кој било начин“, ни изјави Јован Стоиќ, шеф на кабинетот на директорот на БИА (Безбедносно-информативна агенција) или Државната служба за безбедност на Србија.

Оттаму со резигнираност демантираат било каква поврзаност со петкратното убиство. За се' друго, односно дали имаат сознанија дека бруталните убијци побегнале на територијата на Косово или во Србија - немаат коментар. Пред неколку дена, тамошниот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ се понуди за помош, потврдувајќи дека српската полиција веќе собира сознанија околу случајот.

Ниту во Министерството за внатрешни работи во Приштина не се расположени да зборуваат за случајот. Откако ги сослушаа нашите прашања, само кусо ни рекоа дека за сите информации треба да се обратиме во македонската полиција.

Нема нови моменти во истрагата што се води во Скопје, потврди вчера Иво Котевски, заменик-министер за односи со јавност. Се анализираат досегашните докази, се проверуваат видео-снимките, се прибираат сознанија, кои би можеле да ги однесат инспекторите на прав пат. Досегашните сознанија велат дека најмалку тројца убијци со автомобил дошле од надвозникот кај селото Смилковци и се спуштиле кон езерото. Четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година се подготвувале да си заминат кога биле застрелани. Стотина метри понатаму, убиен бил и петтиот рибар од Црешево, кој ги видел свирепите убиства, извршени за помалку од десет минути со три автоматски пушки.

Кој и зошто ги убил Кире Тричковски, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Борче Стефковски, се' уште е мистерија.

Вчера, во гимназијата „Арсени Јовков“ се оддржа комеморација за матурантот Александар Наќевски. Во истото училиште учи и неговата сестра.

Во недостиг од официјални информации, во оптек се разни шпекулации околу мотивите за убиствата. Под сомневање е и можноста полицијата да ги фати убијците.
Дума: момчињата не биле тепани

„Момчињата не биле тепани пред да бидат убиени“, потврди уште еднаш д-р Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина во Скопје. Иако резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај скопјаните настапила од огнострелни повреди, а на нивните тела не биле забележани друг вид повреди, дел од медиумите во Белград објавија дека момчињата најпрво биле тепани и малтретирани, а потоа застрелани.

„Апсолутно не е точно тоа. Имаме докази, фотографии и обезбеден материјал, со кој можеме да се соочиме со било кого. Слободно може да се побара второ мислење, подготвени сме да ги анализираме нашите наоди со соодветни експерти од страна“, ни изјави вчера д-р Дума.

Резултатите од обдукцијата се испратени во полицијата. Експертите од Институтот го завршија својот дел од задачата, иако се случува МВР да побара поситни вештачења, кои се завршуваат веднаш.

Како што беше објавено кратко по убиствата, куршумите имале голема брзина и сила. Само еден куршум е најден во тело на една од жртвите. Некои од убиените имале по три, четири, па дури и шест рани. Во нив било пукано и од напред и од позади. Најголем дел од повредите биле во горниот дел од телата. Причината за смрт кај сите е директна последица на оштетување на важни витални органи. „На телата на починатите не се најдени друг вид повреди, во смисла, механички други повреди нанесени пред или после смртта“, соопшти тогаш Биљана Јаневска, водачот на тимот, кој работеше на обдукцијата на телата на убиените. (Г.А.)

СДСМ бара политичка одговорност за „Смилковци“

Опозицијата бара политичка одговорност за петкратното убиство кај Смилковци и за акцијата „Детонатор“.

„Изминува неполн месец од почетокот на ’Детонатор’ и 11-ти ден од грозоморното петкратно убиство кај скопско ’Смилковци’. Ова е период во кој јавноста со право бара политичка одговорност за првите луѓе во посочените институции, затоа што или знаеле или морале да знаат за се' што се случува во нивните ресори“, изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев. Тој додаде дека време за политичка одговорност секогаш има и уверува дека кога ќе дојде време таа ќе биде покрената.

СДСМ констатира дека во врска со “Детонатор“, на територијата на половина од државата, полицијата наместо да го спречува го штитела и организирала криминалот. А, државните институции, како што беше речено, замижувале пред се' што се случувало во коцкарниците.

За петкратното убиство кај Смилковци, СДСМ смета дека е оправдано општото мислење дека затаиле превентивните механизми на државниот безбедносен апарат кои не успеале навремено да го спречат овој грозоморен чин. „Сепак, свесни, за чувствителноста на моментот, ги повикуваме сите граѓани за трпение и целосна подршка на институциите за што поскоро расветлување на петкратното убиство, пронаоѓање на злосторниците и нивно соодветно казнување“, изјави Георгиев. (П.Р.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=DBA65BC68BAF4A4BB0BEEFA89A186BD2
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 52 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 52 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 51, 52, 53 ... 76 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: