Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty18/5/2012, 16:53

Frogfoot напиша:
И ќе чекаме 2014 каде мислам дека ќе мора да влеземе и дека ако и тогаш не одбијат тогаш нашиве треба да си ја конструираат војската за наши потреби а не према НАТО.

Јас пак мислам дека тоа треба (да не речам МОРА) да го сторат после овој НАТО самит... иако можеби требаше и после Букурешт пред 4 години.
Ѓаолот ни ора, ни копа... а времето за екскурзии и праење бајрам со умот мина.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty18/5/2012, 18:06

УЛИЦА ВО ТЕТОВО ГО ДОБИ ИМЕТО НА СОПСТВЕНИКОТ НА „ТОП ЧАНЕЛ“!

Улицата „117“ во Тетово, од денеска го носи името на сопственикот на албанската медиумска групација „Топ Медиа“, Дритан Хоџа.Тој пред три години загина во тешка сообракајна несреќа во близина на неговата телевизија „Топ Ченел“ во Тирана, управувајќи го црвеното Ферари, во кое била и 28 годишната Ентела Хиско, вработена во неговата компанија,која исто така загинала. Тетовската локална самоуправа направи свеченост, а присуствуваа и албанскиот и косовскиот амбасасадор, како и преставници на „Топ Медиа“. Градоначалникот Сади Беџети изрази благодарност до Советот на општината, кој со бадентерово мнозинство го усвои неговиот предлог.

Тетовци не знаат кој е Дритон Хоџа и изненадени се од одлуката да се именува улица по него во нивниот град. Сметаат дека улиците во Тетово не треба да носат имиња на лицности од други држави. Имаме ние истакнати лица од Македонија кои придонеле за развој на градот во секој поглед. Но, наместо тоа во последно време се брише нашата, а се наметнува некоја сосема друга историја, велат граѓаните.

Жителите од оваа улица, која е долга околу 200 метри, велат дека неодамна разбрале за нејзиното преименување.
Пред присутните на денешната свеченост по повод преименувањето на улицата се обрати и сопругата на Дритан , Вјолца Хоџа, сега претседател на „Топ медиа“. Таа истакна дека нивната Медиумската групација придонела да се зближат албанците на Балканот преку телевизискиот сигнал.
http://telma.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=16905

Држава во држава.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty18/5/2012, 18:39

Нешто Al Jazeera стил изгледа е ТВ куќава чим ги зближува албанците на балканов Ne!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty18/5/2012, 21:11

М е за Мака, Македонија, Мир…

Напишано од Ристевски Никола

2012та. Рекоа крај на свет, и им се зголемија приходите! Греота за народот, му кажале без да му докажат – календарот на Маите не завршува, туку само пресметува до оваа, 2012та година. Секое лошо за добро е, ко што и секој крај е за нов почеток. Измеѓу може да има војна, затемнување на сонцето, природна катастрофа, или пак едноставно – мир. За волја на вистината, зборот МИР прочитан обратно е Рим. Ќе си речам па што, не само обратно, туку и кога ќе се направи анаграм од некои кратенки кои што го одбележаа 20от век, излегува дека АСНОМ е анаграм од масон, АВНОЈ анаграм од војна, а обратно од Вид е див! Здивев од досада кога видов дека и во 12та година од 21от век од кај што нема мир, па и некој ми ја вознемирува земјава. Како да живеам во најмрачната книга за глобален заговор. Па и се дрзнаа да заплашат со нова војна, нова поделба.

Оти? M? Ооо Ти! Оти?

Војна или Мир? Зар не може ни тоа ни тоа? Пу, јазк! Жално, сепак сум се родил во свет кој што е дуален, поделен на плус и минус, добро и лошо, нагоре и надолу, лево и десно, итн… Како да ни велат баш меѓу редови – Зошто тешко кога може да е потешко, рече еднаш еден чичко со мустаќи згрчувајќи ја устата од немоќ. Епа стари, ко да беше во право! Пак…

Бев прво одделение баш во 91вата. 21 година подоцна, сведочам дека пак сме ставени на избор – војна или мир, добро ал лошо? Нека ми прости небото, но овој пат иако можам, не смеам да бирам. Оти, што е добро а што лошо? Зар МИР е кога не напаѓаат платени убијци, кога секојдневно во етерот циркулира квазиновинарска пропаганда на вибрација што е одвратна и на самиот ад? Или она што излажаа дека е мир, всушност е војна – на други, нели за вас непостоечки нивоа. Војна за колективната надсвест, потсвест и свест! За пак да паднеме во несвест и да заборавиме дека имаме душа огромна за целиот свет? А тој, светот – мал е. Мали сме и ние ко раја, со очајни обиди да еволуираме за ќефот на Европа, деволуиравме. Европа и нејзините евра со блудницата од Вавилон на аверс не го сакаат македонскиот денар. Зошто, јас незнам. Само се сеќавам дека и во Библијата парите се денариуси. Пак случајно, случајностите се прекрасни! Во истата таа Библија, учењето на Месијата се пренесува во Европа кога на поранешниот Савле, веќе покрстен во Павле, на сон му се јавува Еден Македонец со раширени раце, повикувајќи го: ДОЈДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОМОГНИ НИ! Апостолот на Христа тргнал на пат, покрстувајќи прво Македонка со име Лидија. Немојте зорле да прашувате која е Лидија…

Стариот Завет ни пренесе цело пророштво за Најголемиот Цар на сите времиња – Македонецот Александар! Му се видело на пророкот Даниел како еден јарец се движи толку брзо кон исток, не допирајќи ја земјата, така што ништо на светот не можело да го сопре. Ништо, освен двете нешта заради кои што од престолот до Креаторот паднал и озлогласениот носач на светлината – гордоста и суетата! Тој небесен јарец меѓу двата рога имал голем рог, доволно развиен за да ги допре и највисоките небеса. Кога влегол во сфери каде што сепак, на човека не му е дадено да престојува, рогот се скршил и на негово место израснале четири, помали рогови. По смртта на Александар, Македонија е поделена на четири дела, владеени од неговите генерали. За да четворката си го задржи двојното двојно, некој век подоцна Римјаните ја поделиле пак на четири дела – мериди, забранувајќи на домородното население секаков меѓусебен контакт, ставајќи црн печат на се што е Македонско! Оти штом е Македонско, значи дека е древно. Изразот антика е само дефиниција за временски период во научниот шаблон на и онака бесмислените науки – бесмислени бидејќи ниту една не успеала да го докаже постоењето и креацијата. Ниту една! Толку дрски, дури и се осмелуваат да “ги исправаат грешките на природата”. Зар природата може да згреши? Совршеноста на Создавањето и неискажливата со збор убавина на се она што е живо се најголемо чудо, факт. Факт е и дека некој си ја губи силата. Полека или не, незнам – ама бидејќи лошо со добро не се победува, ами со поголемо лошо – вајстина војна е!

Мир е обратно од Рим, па што? Истиот тој Рим ни седнал на шија пред точно 2160 години, поделувајќи не во 148 пне. Една од науките – астрономијата, пресметала дека за да на небото помине еден цел астролошки циклус, конкретно сега – преминот од Риби во Водолија, се потребни – 2160 години. Ви реков дека случајностите се прекрасни.

А обратно од мозок е козо, па останува едно М? М е за Македонија, за мелем на раните, за троа,само малку…МИР.

писмо до „Курир“

http://loza.mk/2012/04/30/vojnaimir/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty19/5/2012, 14:56

Во акциска контрола на полицијата на поширокото гостиварско подрачје биле откриени триесет лица, албански државјани од кои само едно го имало регулирано својот престој. Седуммина од нив немале никакви документи.
Според СВР Тетово, контролата била спроведена во Гостивар и околината на селата Чегране и Врапчиште. Сите лица се приведени и задржани на разговор во гостиварскатаа полициска станица. Главно се работи за лица, економски емигранти кои во Македонија престојуваат заради работа.

Според портпаролот Марјан Јосифоски, откако инспекторите ќе ги завршат разговорите, најверојатно ќе им бидат поднесени и соодветени пријави. Доколку пак бидат утврдени прекршувања на законите, приведените ќе бидат депортирани во матичната земја и ќе заработат забрана за влез во Македонија за наредните две години.

Појавата на економски емигранти во гостиварско е евидентна особено во овој дел од годината кога се интезивираат градежните и полските работи.

http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/71488-Privedeni-30-albanski-drzavjani

Почнаа да регрутираат доброволци.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty19/5/2012, 17:09

Многу економски емигранти во последно време... од Албанија, Косово, Пакистан, Авганистан...
Или сме во невиден економски подем па сме посакувана дестинација за гурбет... или овие поинаку мислат да си го заработат лебот.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty19/5/2012, 17:49

Alvar напиша:
Многу економски емигранти во последно време... од Албанија, Косово, Пакистан, Авганистан...
Или сме во невиден економски подем па сме посакувана дестинација за гурбет... или овие поинаку мислат да си го заработат лебот.

Никакава драма бедотијата си шета како да сме дел од Еу , без документи без граници .
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty19/5/2012, 20:19

Поранешната албанска герила се заканува со нова мобилизација

По апсењето осум Албанци во српскиот град Бујановац и на шест Албанци осомничени за петкратното убиство на Македонци во Скопје, вчера преку порталот www.setimes.com се огласија и се заканија поранешни припадници на паравоените албански единици.

Тие предупредија дека можат да преземат милитантни активности како одговор на ваквите апсења.

„Двајца за еден е нашата поговорка. Не постои друга опција“, изјавил Јонуз Муслиу, поранешен политички шеф на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац (ОВПМБ) за порталот Сеттајмс.

Тој истакнал дека се сретнал и со Џезаир Шаќири – Хоџа, поранешниот командант на ОНА во Македонија, со кого била разгледана можноста повторно да се мобилизираат поранешните паравоени единици.

Шаип Камбери, пак, градоначалник на Бујановац за овој портал изјавил дека апсењето во Бујановац било порака од Белград дека секој Албанец во Прешевската долина е терорист и дека целта на Србија е одново да се дестабилизира регионот.

Порталот цитира изјави на македонски аналитичари што нагласиле дека не треба да се ставаат во ист кош полициските акции во Србија и во Македонија.

„Проблемот пред сè е во нерешениот статус на северно Косово. Таму има обид за контрола над Косово преку обиди за дестабилизација на регионот. Сè погласни се и повиците за Голема Албанија или Големо Косово од страна на екстремистички групи“, изјави Павле Трајанов, поранешниот македонски министер за внатрешни работи, за Сеттајмс

Трајанов додава дека Македонија има политички и безбедносен капацитет да ја одржи безбедноста и стабилноста, но дека мора да ги зачува добрите односи со своите соседи.

http://www.mkd.mk/32473/crna-hronika/uchk-pak/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty20/5/2012, 01:54

Ako sekoj albanec vo presevska dolina e terorist znaci deka golem del od albancite tamu poseduvaat oruzje, sto znaci deka srpskite vlasti treba da prezemt merki za razoruzuvanje na istite a istoto vazi i za makedonija. Vo posledno vreme ima mnogu apsenja na albanci vo makedonija koi nosat emigranti, mislam deka ova e zdak deka policijata vo makedonija ja ima svateno najseriozno celata momentala bezbednosna sostojba vo makedonija odnosno vo regionot, i se nalikuva kako preventiva od onaa sto nesakam da go spomam a site znaeme sto e toa.....
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty20/5/2012, 02:13

Mrshajnoski напиша:
Ako sekoj albanec vo presevska dolina e terorist znaci deka golem del od albancite tamu poseduvaat oruzje, sto znaci deka srpskite vlasti treba da prezemt merki za razoruzuvanje na istite a istoto vazi i za makedonija. Vo posledno vreme ima mnogu apsenja na albanci vo makedonija koi nosat emigranti, mislam deka ova e zdak deka policijata vo makedonija ja ima svateno najseriozno celata momentala bezbednosna sostojba vo makedonija odnosno vo regionot, i se nalikuva kako preventiva od onaa sto nesakam da go spomam a site znaeme sto e toa.....

Да се надеваме дека е така, бидејќи ако не е, 2001 ќе е мила мајка за тоа што би можело да биде... scratch
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 76 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 76 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: