|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
feniks
Број на мислења : 9
| Предмет: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 02:43 | |
| Nie imame dosta mokna i policija i vojska,megjutoa,nemame mokna vlast,koja ne se plasi da ja upotrebi se razbira dokolku e potrebno.2001 ta nema nikogas da se povtori se dodeka DUI e na vlast,koga tie ke izlezat od vlasta togas treba da se razmisliuva vo toj pogled.A ovie apsenja,toa e samo mackanje oci. | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 02:50 | |
| - feniks напиша:
- Nie imame dosta mokna i policija i vojska,megjutoa,nemame mokna vlast,koja ne se plasi da ja upotrebi se razbira dokolku e potrebno.2001 ta nema nikogas da se povtori se dodeka DUI e na vlast,koga tie ke izlezat od vlasta togas treba da se razmisliuva vo toj pogled.A ovie apsenja,toa e samo mackanje oci.
ДУИ ќе падне од власт 2046 година така да не се секирајте | |
| | | feniks
Број на мислења : 9
| Предмет: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 02:53 | |
| Hahahah da bas togas i navistina ne se sekiram , samo tesko nas | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 13:48 | |
| Вчера завчера читав во некој од медиумиве, пишуваше дека ДУИ веќе нема што повеќе да понуди на политички план. Еве со протестите испадна дека албанците кои протестираа не се баш задоволни од неговото работење..па се зборува дека потајно барал нови решенија...којзнае што планира. Но факт е дека има некои изјави кои треба да ги замислат нашиве политичари и да почнат да кројат стратегија што потоа... еве да речеме по ДУИ која албанска партија би можела да ја замени? Бидејќи една албанска мора да е на власт така? | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 21:29 | |
| - Frogfoot напиша:
- Вчера завчера читав во некој од медиумиве, пишуваше дека ДУИ веќе нема што повеќе да понуди на политички план. Еве со протестите испадна дека албанците кои протестираа не се баш задоволни од неговото работење..па се зборува дека потајно барал нови решенија...којзнае што планира. Но факт е дека има некои изјави кои треба да ги замислат нашиве политичари и да почнат да кројат стратегија што потоа... еве да речеме по ДУИ која албанска партија би можела да ја замени? Бидејќи една албанска мора да е на власт така?
Јас со резерва би ги зел тие медиумски статии дека ДУИ е во некоја си сериозна политичка криза и дека бара нови решенија.Од 2002 наваму на сите парламентарни избори ДУИ убедливо е пред останатите албански политички партии.Ако правиме некоја споредба на албанскиот политички блок со македонскиот, сега за сега, ДУИ е премногу моќен и доминантен, нешто слично како што е ВМРО во македонскиот политички блок.Вака-така без многу медиумска џева, сакале ние или неќеле да признаеме, без многу популизам и национализам ДУИ им испорачува резултати на албанците, а не како Имер Селмани и Мендух Тачи кои само се лупаат в гради, а додека беа во коалиција со ВМРО беа само марионети на Груевски. Околу скандирањата на протестот:Али четник и сл. пароли упатени кон ДУИ од дел од толпата, јас мислам дека тие скандирања не го одразуваат мислењето на албанскиот електорат.Во таа толпа од 10.000 души имаше луѓе од секакви профили - вахабии, роднини и пријатели на уапсените, манипулирани исламисти кои навистина мислат дека сето ова е политички монтиран процес, врбувани членови од опозициските албански политички партии(мислам дека најголем дел беа вакви), сепаратисти - косовари кои сакаат воен конфликт како би се одделиле, разни сеирџии кои онака успат се придружија на протестот........ За жал и во македонскиот политички блок ситуацијата е потполно иста како и во албанскиот.Партијата што моментално е на власт - Вмро дпмне, без некои посебни успеси било во економијата, било на надворешна политика успеа да ја акомулира целата власт во државата на централно и на локално ниво.Пак ќе речем, сето тоа не е така затоа што се покажаа како успешни или затоа што применуваат репресивни и диктаторски мерки туку затоа што опозициските партии со потезите што ги прават самите себе се закопуваат.Најсвеж пример е онај на СДСМ од пред месец дена, поконкретно на Бранко Црвенковски, кој сакајќи да го задоволи своето его станува полтрон на албанските политички партии нудејќи им можност да оформат широк опозициски фронт со тоа што ако го паднат Груевски од власт, албанските партии ќе добијат дупло повеќе ресори од сега што имаат плус, премиерско место.Е со вакви потези никогаш нема да дојдат на власт, после некој ќе се прашува зошто никој не може да го турни Грујо.За човек-партиите не вреди да се зборува...... | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/5/2012, 22:34 | |
| Воглавном се сложувам за тоа дека опозицијата со некои ставови и изјави сама се покопува себеси и ги губи шансите се повеќе, да дојде на власт. Додека пак, зборот ми беше за ДУИ дека немаат веќе што да понудат на своите бирачи..имаат апетит но тенџерчето полека се празни (под услов да не сме толку луди пак да им го наполнеме) , но мошне веројатно е како што викаш и празно да го лижат од причина што никој друг од албанците нема лајца да срка.. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 21/5/2012, 14:51 | |
| „Правда“: Џезаир Шаќири повикува на герилска војна во Македонија Албанските терористи кои го извршија нападот во бујановачкото село Добросин највероајтно и припаѓаат на групата на Џезаир Шаќири викан Хоџа, поранешен командант на ОВК, јавува српска „Правда“ повикувајќи се на извори добро упатени во овој случај. Во прилог на ова сомнение, како што јавува медиумот, е и фактот дека Шаќири сам најавил дека ќе се реактивира бидејќи „единствено припадниците на ОВК со искуство од конфликтот на Косово, во Македонија и на југот на Србија се способни да се спротивстават на македонските и на тајните српски служби“. „Неодамна имав состанок со поранешните команданти на ОВК на кој разговаравме за повторно активирање за да покренеме герилска војна и да го заштитиме населението во Македонија, Прешевската долина и во средините каде што Албанците се загрозени и им се заканува етничко чистење“, рекол Хоџа. „Правда“ пишува дека тој е еден од водечките команданти на ОВК и неговата група никогаш не била разоружена: „Овој познат терорист, поранешен пратеник во македонското Собрание многу често настапува со закани за нова војна. Во селата Арачиново, Танушевсци, Липково, Гошинце, Брест, Малино и во останатите села на Скопска Црна Гора и денес се наоѓаат бази на шиптарски терористи и секакво оружје – од лесно, автоматско до тешко наоружување.Тие упоришта на Шиптарите македонската полиција ги заобиколува и во нив владеат некои други закони“, пишува српска „Правда“. http://www.mkd.mk/32976/makedonija/sakiri-povikuva-na-gerilska-vojna-vo-makedonija/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 23/5/2012, 23:25 | |
| НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ОРУЖЈЕ ИМА КАЈ МЛАДИТЕ Истражувањата под наслов оружјето во македонските домови покажуваат дека има малку податоци врзани за децата и младите. Недостатокот на податоци на оваа тема го потврдува и тоа што нема соодветна реакција на образовниот систем на овој проблем, иако оружјето влегува во училиштата и се забележуваат се почести судири меѓу младите со употреба на оружје. Истражувањата кои се занимаат со ставовите на децата и младите во поглед на оружјето во општеството се од пред пет години и покажуваат загрижувачка перцепција. „Меѓутоа еве во овој момент располагаме со податоци што мислат за носењето илегално оружје. Шеесетина проценти од нив сметаат дека е ризично, меѓутоа значаен процент од младите сметаат дека тоа е забавно, некаде десетина проценти, а меѓу 9 и 10 проценти од нив сметаат дека е неопходно“, изјави Џабир Дерала од невладината организација Цивил. Во последните неколку години првпат насилството меѓу младите влезе на стадионите додека се играше фудбал. Минатата година многумина го паметат случајот во училиштето Здравко Цветковски кога имаше и убиство, како и инцидентите на Кале. Социолозите го нагласуваат поширокиот контекст на влијанието на оружјето врз младите кај кој се повеќе се забележува проблемот на несигурност. „Кај нас се преземаат ад хок решенија во моментот, коишто не резултираат со соодветни добри резултати. Треба едно детално лонгитудинално истражување, меѓутоа да преземаме странски искуства, но да ги пресликаме на нашата културна средина“, коментира професор Татјана Стојаноска од Филозофскиот факултет. Според социолозите, војните во соседните земји и распадот на поранешна Југославија беа процеси кои многумина сметаа дека немаше никогаш да се случат бидејќи претходната идеологија поддржуваше чувство на безбедно општество. Младите непосредно се изложени на информации заситени со агресија од медиумите, но и во општеството сега се наглсуваат сите разлики од политички до национални. По конфликтот во 2001, оружјето најде разни начини да пристигне и остане. Првата кампања за собирање на оружјето беше организирана во 2003, но статистиките на Цивил покажуваат дека се уште има многу оружје во домовите. „Во Македонија најверојатно има 110 до 170 илјади поседувачи на оружје, што подразбира дека тие имаат едно или повеќе парчиња оружје. Цело време зборуваме за нелегално оружје“, изјави Дерала. Тоа само докажува дека има потреба општеството да се освести во однос на прашањето на присуство на оружјето и потребата да се контролира пристапот до тоа оружје од страна на цивилите. Мирјана Спасовска за Радио Слободна Европа http://www.fakulteti.mk/news/12-05-21/ne_se_znae_kolku_oruzhje_ima_kaj_mladite.aspx ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2012, 00:59 | |
| „Во Македонија најверојатно има 110 до 170 илјади поседувачи на оружје, што подразбира дека тие имаат едно или повеќе парчиња оружје. Цело време зборуваме за нелегално оружје“, изјави Дерала. Рачунај уште толку легални, и имаш армија и пол! | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2012, 11:05 | |
| - Frogfoot напиша:
- „Во Македонија најверојатно има 110 до 170 илјади поседувачи на оружје, што подразбира дека тие имаат едно или повеќе парчиња оружје. Цело време зборуваме за нелегално оружје“, изјави Дерала.
Рачунај уште толку легални, и имаш армија и пол! Еве јавно признавам: Едно ЛЕГАЛНО кај мене ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|