|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/5/2012, 18:27 | |
| Денот на Призренската лига ќе биде прославен со нови табли на чаирските училишта?! На свечената прослава на „100 години Призренска лига“, чаирските училишта ќе осамнат со табли со новите имиња. Оваа информација до која неофицијално дојде Канал 5, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити не ја потврдува. Вели дека поверојатно е прво да бидат поставени таблите со новите имиња на улиците. Но директорот на Инспекторатот за локална самоуправа, Ванчо Шехртански тврди - сето тоа е нелегално бидејќи нема закон за именување, ниту на училишта, ниту на улици. Со нови имиња на чаирските училишта за свечената прослава на „100 години Призренска лига“. Течат подготовките на албанскиот владејачки политички блок. Неофицијално Канал 5 дознава дека по тој повод за околу две недели на виделина треба да излезат веќе подготвените табли со новите имиња на училиштата во Чаир. За слични намери слушнале и родители чии деца учат во чаирските училишта „Цветан Димов“, „Рајко Жинзифов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“. На прославата, според овие информации, меѓу другите предвидени настани во рамки на 100-те години албанско знаме, ќе бидат закачени таблите со новите училишни имиња „Хасан Приштина“, „Исмаил Ќемали“, „Јашар Бег“ и „Имри Елези“. Таблите кои веќе се отпечатени во метал подолго време се чуваат во училишните подруми. Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, нема информации дали за 10-тина дена ќе бидат поставени таблите на училиштата. Сепак, според него, поверојатно е прво да бидат ставени новите табли со новите имиња на улиците. Според директорот на Инспекторатот за локална самоуправа, Шехтански во Македонија нема закон за именување на училиштата, ниту на улиците. За се да биде законски Собранието треба да донесе закон со кој ќе може училиштата и улиците да се преименуваат. „Сега, во плурализмот, потребно е во една законска постапка, со донесување на закон да се определи критериумот и начинот на нивното определување. Кој може и како може да именува и врз основа на кој критериум ќе се избираат имињата, дали личноста има соодветно значење за државата, дали е од особен интерес ако се работи за личност од светската историја или политика. Кај нас се уште нема таква регулатива“, вели Ванчо Шехтански. Од неодамна општинските совети со Бадентер донесоа одлуки да ги преименуваат училиштата во скопски Чаир, но и во Дебар со имиња кои не се врзани со македонското тло, туку историски личности од историја на Албанија и Косово, кои се бореле за голема Албанија или за сеалбанско обединување. Инаку ставот на родителите Македонци чии деца учат во училиштата не сака никој да го слушне. Особено не директорката на основното училиште „Цветан Димов“, Лулјета Керими која секогаш била со обврска кога средба со неа барале родителите Македонци. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=91733 | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2012, 00:36 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2012, 00:38 | |
| Уште една парола со закана по животот на фудбалерите: Тука е Врапчиште, нема излез од тука…(ФОТО) Само што помисливме дека паролата која ја истакнаа навивачите на Гостивар на дуелот со Пелистер бил изолиран случај, денеска веднаш стигнаа да не демантираат „љубителите на фудбалот“ од гостиварското село Врапчиште, кои на решавачкиот натпревар за влез во Втората лига ги пречекаа играчите на Љуботен со транспарент „Тука е Врапчиште, нема излез од тука“. Исто како и во саботата, паролата заврши работа, Врапчиште победи со 1-0 и влезе во Втората лига, но остава горчлив вкус начинот на кој се прави притисок врз гостинските фудбалери кога се сака да се постигне целта. И тука, во Врапчиште, никој од официјалните лица веројатно немал храброст да побара паролата да биде симната. Образложението веројатно ќе биде исто како и од Гостивар – ако се реагира, масата ќе се налути, може да има и поголеми проблеми… http://www.mkd.mk/33715/sport/uste-edna-zakanuvacka-parola-po-zivotot-na-fudbalerite-tuka-e-vrapciste-nema-izlez-od-tuka-foto/ | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2012, 01:25 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/5/2012, 01:32 | |
| Нема везе... само нека лајат овие. Ќе видат они коа ќе им кренеме уште еден споменик од 300 метра. | |
| | | kocov
Број на мислења : 137
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/5/2012, 21:20 | |
| - Alvar напиша:
- Нема везе... само нека лајат овие. Ќе видат они коа ќе им кренеме уште еден споменик од 300 метра.
да ама едно тие заборават дека споменикот не е само споменик тука тоа ке биде и една укрепување полно со скрени топови, митролези и така натаму и така натаму | |
| | | Goust
Број на мислења : 137
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/5/2012, 13:39 | |
| Бабамовски: Црната интернационала подготвува терористички напади во Македонија Македонија се наоѓа на крстопатот на сите видови радикализам во кои партиципираат и многу разузнавачки структури кои користејќи одредени методи на радикализмот и фундаметализмот настојуваат да ги заштитат сопствените интереси. Ова го изјави професорот Иван Бабамовски одговарајќи на прашање, по отворањето на Семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам што денеска и утре се одржува во Скопје. Македонија, истакна, е проценета како една од најслабите алки и поради тоа црната интернационала се организира и се подготвува и лично очекувам дека ќе има уште пожестоки акции и активности изведени на терористички план. - Очекувам покрај Смиљковци да имаме уште неколку такви жестоки акции и би бил пресреќен ако тоа не се оствари. Нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите проценки, рече Бабамовски. Тероризмот, според него, мора да се гледа во корелација со организираниот криминал. - Спрегата меѓу криминалот, тероризмот и политиката на Балканот дава резултати зашто криминално-терористички групации носат на позиции криминализирани политичари кои понатаму само овозможуваат услови да може несметано да цвета криминалот. Нема тероризам без криминал, без финансии и без валкани пари, потенцира Бабамовски. Криминалците, појасни, кога делуваат се кријат и немаат намера никогаш да бидат откриени. - Терористите, пак, ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција исто како да не ја направиле. Во Смиљковци се оставија такви жестоки траги како порака до гаѓаните на Република Македонија за да им се внесе страв дека државата не им ја гарантира безбедноста. Тоа покажува дека состојбата не е добра, рече Бабамовски. Во Македонија, како што наведе, имало три кампа за обука на припадници на Ал каеда. - Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот, појасни професор Бабамовски. Учесниците во антитерористичката коалиција, додаде, не и помагаат на Македонија ниту финасиски, ниту технички, ниту кадровски. - Ние имаме структури на безбедноста кои не можат адекватно да им парираат на овие налети, бидејќи Македонија е транзитно подрачје меѓутоа и често се инсталираат одредени терористички групации и структури, истакна професор Иван Бабамовски. http://denesen.mk/web/2012/05/30/babamovski-crnata-internacionala-podgotvuva-teroristicki-napdi-vo-makedonija/ | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/5/2012, 14:07 | |
| Бабамовски: Во Македонија има три кампа на Ал каеда Во Македонија има три кампа за обука на припадници на Ал каеда, изјави професорот Иван Бабамовски на Семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам, кој денеска и утре се одржува во Скопје. „Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком, кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури што исто така имаат допирни точки со тероризмот“, вели Бабамовски. Според него, Македонија е проценета како една од најслабите алки и поради тоа црната интернационала, како што тој ги нарекува терористите, се организира и се подготвува, па, како што вели, лично очекува дека ќе има уште пожестоки акции и активности изведени на терористички план. „Очекувам покрај Смиљковци да имаме уште неколку такви жестоки акции и ќе бидам пресреќен ако тоа не се оствари. Нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите процени“, додаде Бабамовски. Тероризмот, според него, мора да се гледа во корелација со организираниот криминал. Нема тероризам без криминал, без финансии и без валкани пари, смета Бабамовски. „Терористите, пак, ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција, исто како да не ја направиле. Во Смиљковци се оставија такви жестоки траги како порака до граѓаните на Република Македонија за да им се внесе страв дека државата не им ја гарантира безбедноста. Тоа покажува дека состојбата не е добра“, изјави професорот Бабамовски. Според него, учесниците во антитерористичката коалиција не ѝ помагаат на Македонија ниту финансиски, ниту технички, ниту кадровски: „Нашите структури на безбедноста не можат адекватно да им парираат на овие налети, бидејќи Македонија е транзитно подрачје, меѓутоа и често се инсталираат одредени терористички групации и структури.“ http://www.mkd.mk/34753/makedonija/babamovski-vo-makedonija-ima-tri-kampa-na-al-kaeda/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/5/2012, 14:15 | |
| МВР нека не спие, под итно вакви работи да ги скастри додека не пуштиле корени. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/5/2012, 19:59 | |
| - Frogfoot напиша:
- МВР нека не спие, под итно вакви работи да ги скастри додека не пуштиле корени.
По се изгледа корени веќе пуштиле... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|