Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 88, 89, 90 ... 94 ... 100  Next
АвторПорака
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty18/8/2012, 15:26

Frogfoot напиша:
Дечки ваков закон до вчера предлагаше и Достоинство. Али ДПМНЕ на мошне воопшто несакаше ни да крене рака за него, но сега еве кога тие го предложија да видите како по брза постапка ќе се иззгласа.

За борците на тнр. ОНА, тие примаат плата само не јавно и транспарентно, те уверувам дека примаат.

Малку е проѕирно сето ова, зошто тогаш не го прифатија предлог-законот на Ангелов? Зошто мораше да има такви омаловажувања кон бранителите за сега одеднаш да се просветлат?

Оддавањето на почит кон терористите во Слупчане од страна на Бесими може да биде автогол за нив бидејќи сега Гујо има повод „за одмазда„ и „да си го исчисти образот„ пред народот со тоа што ете и КОНЕЧНО положи венец кај споменикот на бранителите во Скопје (погодете зошто, али ај денес е ден на АРМ па тоа неможе да се смета за освета туку има алиби Cool ), и со тоа што ќе се изгласа Законот за бранителите, и со тоа тој му ја негира сржта на постоењето на партијата Достоинство - мошне мудро!

http://kurir.mk/makedonija/vesti/81722-Petrusevski-Predlog-zakonot-ke-gi-ispravi-nepravdite-kon-branitelite

На пример, вакви лигуши како овој Петрушевски ми се гадат бидејќи нема ни 2 дена терен а сега глуми некој херој. Кога Достоинство го предлагаше законот го немаше ни за лек, сега одма се појавува, устваро кој к.. фактор е тој да коментира освен што е од ДПМНЕ?! Glava v zid


Мошне точно братко, освен со ова за ОНА другото е 100% така
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty21/8/2012, 15:49

ДУИ уценува за законот за бранителите

Албанскиот партнер во власта ДУИ ќе ја напушти владината колиција со ВМРО-ДПМНЕ aко оваа партија и понатаму инсистира на тоа да се донесе закон за бранители без во него да бидат вклучени и борците на ОНА и нивните семејства, најави на брифинг висок партиски функционер на партијата на Али Ахмети.

Според него, најавениот предлог закон на ВМРО-ДПМНЕ за посебни права на претставниците на безбедносните сили и нивните семејства е кршење на владиниот договор меѓу Ахмети и Никола Груевски по изборите во 2011 година за тоа дека во овој мандат нема да се отвараат прашањата на статусот на борците на ОНА и на бранителите.

ДУИ најавува дека на постојниот закон ќе поднесат амандмани и дека законот треба да има ново име „Закон за жртвите од конфликтот во 2001 година“ и дека доколку не се прифатат овие амандмани, а ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ го изгласаат, тогаш ДУИ ќе ја напушти владината колиција.

- Со тоа би се загрозиле меѓуетничките односи и односите во владината колиција. Во таков случај ДУИ ќе излезе од владата и ќе иницира предвремени избори заедно со локалните – рече пред новинарите партискиот функционер.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DE90E86932E3794A93A65A806A352A7D

Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty21/8/2012, 15:53

И како анализа на манџава деновиве, убава колумна.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, смета дека Бесими не е многу потресен, а непоздравувањето не било предмет на меѓупартиска расправа

Наум Котевски


Наместо Армијата на Македонија да биде во центарот на вниманието, како што доликува на јубилејот 20 години од нејзиното формирање, премиерот Никола Груевски одлучи да украде уште некоја минута слава и тој да биде ѕвезда на свечената парада во касарната „Илинден“. Премиерот Груевски не сакаше да го види својот министер Фатмир Бесими, а камоли да се поздрави со него, оставајќи го така главниот во ресорот за одбрана да дреме на три метри од него. Тоа беше одмаздата на премиерот за одлуката на Бесими да положи цвеќе, заедно со уште четворица лица во униформи на АРМ, на споменикот на загинатите борци на ОНА во Слупчане.

„Не мислам дека Бесими е многу потресен“, ни изјави вчера портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, додавајќи дека непоздравувањето не е нешто што може да биде предмет на меѓупартиска расправа.

Како и да е, тешко е да се поверува дека Груевски е толку гневен и бесен, поради, како што го нарече Владата, самоволието на приватното лице Бесими. Ако е така, зошто тогаш Груевски би седел во владата со командантите, претпоставените, налогодавците на загинатите бунтовници од 2001 година.

Очигледно е дека станува збор за газење строев чекор по неговата суета, која е нагризана, како што беше нагризан асфалтот во „Илинден“ од притисокот на тенковите на АРМ. Но, тоа е болката во оваа земја полна со иронии. И тенковите и цвеќињата може да направат голема беља.

Ако гардата е лицето на војската, тогаш Груевски и Бесими според функциите треба да го претставуваат лицето на државата во целост. Но, тие државнички се погрижија да паднат војничките камелеонски бои, овозможувајќи и' на јавноста уште еднаш јасно да се увери дека практично станува збор за две лица на едно тело, кои неискрено и декларативно ги доближуваат образите на толеранцијата и соживотот, а многу поискрено оние на предрасудите и стереотипите.



Сега пред да почнат новите јавни седници на Владата, каде што Бесими сигурно ќе добива најтешки прашања од Груевски, се поставува прашањето според кое сценарио ќе се одвиваат работите во владејачката коалиција ако е сосема јасно дека премиерот со тоа што не му ја подаде раката на Бесими, кажа дека не сака да се поздрави ниту со Али Ахмети, ниту, пак, со комплетната ДУИ, без која не може да егзистира во власта. Освен ако Груевски не смета дека Бесими е најсилното вработено лице кај „интегративците“.

Размислувањата одат од крајност во крајност. Едни велат дека ова е уште една добро изрежирана претстава од главните актери на политичката сцена и дека секој ќе си собере по некој глас кај националистичко запалениот дел од гласачкото тело. Други, пак, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ одлучила свесно да ја заострува ситуацијата, како засилување на сопствените аргументи за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните. Многу веројатна изгледа и можноста работите да се средат како ништо да не било, како што, впрочем, многу пати досега се случуваше (така беше и по тепачките на Скопското кале).

Но, што доколку работите навистина им избегале од контрола, тогаш Груевски ќе мора она што го закопа јавно, да го оживува тајно, условен од политичкиот амбиент и соработката меѓу Мендух Тачи и Бранко Црвенковски. Во спротивно, иако неговата партија не покажа достојна почит кон Киро Глигоров, Груевски ќе биде доведен во ситуација, по најголемото недоразбирање меѓу двете партии, да ја изговори токму култната реченица на првиот претседател: „Не оставајте ме сам“.

Професорот Јове Кекеновски е на линија дека станува збор за евтина глума.

„Колку што јас се разбирам во театар, првиот чин на оваа евтина драмолетка има повеќе комичен заплет и расплет, вториот е некако релаксиран и е вовед за бурните случувања во третиот чин каде што преземените дејства можат да станат и трагикомични. Првиот чин почна со поклонувањето пред споменикот на загинатите припадници на ОНА во Слупчане и заврши со парадата во касарната ’Илинден‘. И не само парада на вооружените сили на АРМ, туку парада и на главните актери, каде што го видовме нивното вистинско лице. Евтина драмолетка, евтини актери кои слабо ја одиграа улогата која случајно (или намерно) им беше доделена. Трагикомичното е што сите актери сакаат да останат чисти и сите да бидат патриоти. Секој пред своите гледачи, секој пред својата публика“, потенцира Кекеновски.



Професорката Билјана Ванковска вели дека откако ќе се тргне настрана првичниот шок и неверување од настаните поврзани со Слупчане и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на АРМ, рационално гледано не се случува ништо што веќе не сме го доживеале.

„’Функционалната‘ владејачка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ наликува на врска на истовремена љубов и омраза, а некако одговара на општество кое страда од ’поделена личност‘. Најновиве случувања се дежа ву на настаните на Кале: подгревање на емоциите заради политичко-партиски цели. Тоа што Груевски не го поздравил Бесими е безначајна дребулија и пикантерија од политичкиот живот, во споредба со фактите кои говорат за прекршување на законите и принципот на владеење на правото од носители на највисоки државни функции“, посочува Ванковска.

Според неа, без оглед како ова ќе го оквалификуваат претседателот на Републиката или на Владата, јасно е дека министерот е недопирлив во смисла на политичка или правна одговорност. „Не е ништо ново, но мораме да нагласиме уште еднаш дека консоцијацијата (рамковната демократија) ја претвори Македонија во бинационална држава, дека имаме две влади и два премиера во една иста влада. Ново е што сега имаме јасна поделеност во армиските редови, па зборуваме за ’униформирани лица од кабинетот на министерот‘, небаре се тие дел на негова преторијанска гарда, а не дел од единствената воена организација“.

Според Кекеновски, со Законот за посебни права на бранителите, кој ВМРО- ДПМНЕ го достави во Собранието, допрва ќе го видиме сиот сјај и беда на главните и споредните актери на, како што нагласува, оваа евтина драмолетка.

„Ќе ја видиме евтината глума и, конечно, самите ќе се убедиме дека прескапо сме ја платиле картата за да го гледаме оваа глумење. На крајот сите ќе се увериме дека предложениот закон воопшто нема да помине или, пак, доколку помине за брзо време ќе мора да помине и законот за правата на припадниците на ОНА. Исто онака како што помина и автентичното толкување на Законот за амнестија. Што би рекле постарите, и волкот сит и овците на број. Јас би додал: Ептен на број, зошто ова се мирни, кротки овци“.

На главното прашање, како ќе се резвиваат односите меѓу партнерите во коалицијата, новинарот Назим Рашиди вели дека тензии ќе има, но тие во овој момент се далеку од драматични. Односите во владејачката коалиција ќе зависат од тоа каква ќе биде расправата во Собранието околу предложениот Закон за бранителите.

„На ’Фејсбук’ меѓу Албанците се води голема дебата за тоа како треба да се однесува ДУИ спрема ВМРО-ДПМНЕ. Тргнувајќи од тоа, за очекување е дека ’интегративците‘ ќе извршат притисок врз најбројната македонска партија во парламентот да го повлече законот од процедура. Според мене, ДУИ сака да остави впечаток дека не е за се' во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна треба да ја изменаџира целата ситуација кај албанската јавност затоа што таму Груевски е најнепопуларен политичар поради неговиот ригиден национален став“, вели Рашиди. Тој е убеден дека Фатмир Бесими добил огромни симпатии кај албанската јавност бидејќи САД го поддржаа неговиот чекор.

„Главниот заклучок е дека политичката класа не е дорасната на настаните и развојот на ситуацијата. Затоа очекувам дека тензиите меѓу коалициските партии ќе растат. Во моментов е невозможно да се зборува дека тоа може да доведе до распад на коалицијата. Може само да се каже дека нивните односи по сите случувања нема да бидат исти“, додава Рашиди.

СДСМ го поддржува Законот за бранителите
Законот за посебните права на бранителите, кој треба утре да се најде пред пратениците, според наши информации, ВМРО-ДПМНЕ го подготвувал од порано и, наводно, требало да биде искористен како предизборно оружје. Сепак, новонастаната ситуација со случајот Слупчане го забрзала поднесувањето. За Законот за бранителите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година гласаа против. Образложение на премиерот тогаш беше дека Законот ќе претставува огромен финансиски товар.

Од СДСМ вчера ни потврдија дека нема да го менуваат својот став и дека ќе гласаат за секој закон кој ќе го подобри статусот на припадниците на безбедносните сили. „Жалиме што поради инаетот и политичките калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, се изгубија четири години, во кои припадниците на безбедносните сили можеа да ги уживаат правата кои им припаѓаат“, велат од СДСМ.

Најголемата опозициска партија ја потсетува јавноста дека уште во 2008 година го поддржала законот изготвен од самите бранители и „Достоинство“, кој беше потпишан од повеќе од 30.000 граѓани.

„Груевски и ВМРО ДПМНЕ тогаш заради мир во коалицијата со ДУИ не го поддржаа законот и до сега без исклучок ги одбиваа сите предлози кои требаше да го подобрат статусот на бранителите. Ако во 2008 година, ВМРО- ДПМНЕ го одби законот единствено мотивиран од дневните пазари со ДУИ, и денес се случува истото, предлага закон само за да ја покрие штетата од актуелната кавга со својот коалициски партнер. Очигледно е дека и тогаш и сега на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му се важни правата на бранителите, туку дневните политички пазари во владината коалиција“, потенцираат од СДСМ.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4494BF09FC5C534BAD88C72867B27A2D
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty21/8/2012, 15:58

Нормално дека ќе поминат амандманите.
Ова со положувањето цвеќе во Слупчане од страна на министерот за Одбрана, наводната лутост на коалициониот партнер (ДПМНЕ) и на претседателот, како и предлог законот за бранители... се е тоа предизборен маркетинг на македонско-албанско (УЧК) друштво.
Да не заборавиме дека сето ова се случи непосредно по смртта на Арбен Џафери, кого го испрати речиси пола Тетово, ДУИ почуствува дека и се лизга теренот кај албанското гласачко тело, па се реши да пумпа патриотизам кај албанците со одавање почест на нивните бивши паднати "соборци".
Нејсе, и Рикер дојде на еднонеделна посета да ги испегла "ставовите"... откако Американската амбасада го поздрави оддавањето почест на УЧК како "патриотски" чин, одлика на лидери со "визија" кои бараат "помирување"!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty21/8/2012, 16:29

Јас пукам на уште едни предвремени избори.
И пак по старо.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty23/8/2012, 14:18

Утрешен `Фокус`: Дали убиството кај Смилковско Езеро е војна за земјиште?

Неделникот `Фокус` повикувајќи се на анонимни писма кои во последниов период стигнуваат на адреса на весникот пишува за убиството кај Смиљковското езеро.

Истражувајќи ја заднината на писмата, неделникот по четиримесечниот молк по смртта на момчињата убиени кај Смилковско Езеро и ја отвора дилемата дали можниот мотив за овој настан е - војна за земјиште.

`Дали реално зад шоковите што ни ги приреди власта кога пукна изјавата дека исламски терористи се кријат зад убиството, како што впрочем објавија и странските медиуми, всушност се крие нешто друго - порака, притисок и уцена?`, прашува неделникот `Фокус`, во ексклузивната сторија на утрешниот број.

SKY
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty23/8/2012, 18:24

Македонскиот првак во женски фудбал казнет од УЕФА за инцидентот предизвикан од навивачите на ПАОК

УЕФА го казни женскиот македонски првак Наше Такси со 7.000 евра, за натпреварот со солунскиот клуб ПАОК на кој групата грчки навивачи развиорија транспарент на кој пишуваше „Македонија е грчка“.

Грците на натпреварот во Струмица од квалификациската група во Лигата на шампионите, откако го истакнаа транспарентот, искршија дел од столчињата на стадионот „Младост“. Покрај овие два инциденти, навивачите го симнале знамето од јарболот, па фудбалерките и стручниот штаб го напуштиле мечот. Делегатот ги пријавил сите инциденти, а дисциплинската комисија на УЕФА реши да го казни македонскиот клуб поради тоа што го напуштил натпреварот. Од Наше Такси велат дека подготвуваат приговор на оваа одлука на УЕФА.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=95486

Навредлици транспаренти, кршење инвентар, скандирање, симнување знаме од јарбол.... НАШИВЕ го напуштиле натпреварот!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?
Па добро бе, кој к*р има тамо полиција и обезбедување!?!?!?!? Има ли клубов навивачи за да се пресмета со стокава?!?!?!
Ако нема, зошто не организирале групи од Скопје? И на крај, КАЈ играле утакмица, кај нас или у Јунанистан?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty24/8/2012, 11:13

Alvar напиша:
Македонскиот првак во женски фудбал казнет од УЕФА за инцидентот предизвикан од навивачите на ПАОК

УЕФА го казни женскиот македонски првак Наше Такси со 7.000 евра, за натпреварот со солунскиот клуб ПАОК на кој групата грчки навивачи развиорија транспарент на кој пишуваше „Македонија е грчка“.

Грците на натпреварот во Струмица од квалификациската група во Лигата на шампионите, откако го истакнаа транспарентот, искршија дел од столчињата на стадионот „Младост“. Покрај овие два инциденти, навивачите го симнале знамето од јарболот, па фудбалерките и стручниот штаб го напуштиле мечот. Делегатот ги пријавил сите инциденти, а дисциплинската комисија на УЕФА реши да го казни македонскиот клуб поради тоа што го напуштил натпреварот. Од Наше Такси велат дека подготвуваат приговор на оваа одлука на УЕФА.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=95486

Навредлици транспаренти, кршење инвентар, скандирање, симнување знаме од јарбол.... НАШИВЕ го напуштиле натпреварот!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?
Па добро бе, кој к*р има тамо полиција и обезбедување!?!?!?!? Има ли клубов навивачи за да се пресмета со стокава?!?!?!
Ако нема, зошто не организирале групи од Скопје? И на крај, КАЈ играле утакмица, кај нас или у Јунанистан?

Да ама Платини е претседател на УЕФА, а знаеме многу добро што се деси со него кога сакаа да направат увид во работата на ФФМ!!!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty25/8/2012, 14:35

СМК: Стилјан го закачил 16 кракото знаме на полициската станица во Солун и завршил во притвор

Стилјан Самарџиев, Македонец од селото Крушоради во Грција поминал 18 дена притворен од грчката полиција поради поставување на семакедонското знаме со шеснаесетзрачното златно-жолто сонце на црвена основа врз централното седиште на полицијата во Солун.


Ова го соопштува Светскиот македонски конгрес од каде велат дека Стилјан од 1 до 11 август бил задржан во притвор во полициската станица во Лерин. „Тој на 1 август во раните утрински часови го поставил семакедонското знаме врз централното седиште на полицијата во Солун. Подоцна Стилјан поставил коментари на неговиот профил на социјалната мрежа фејсбук дека на 16 август повторно ќе излезе со семакедонското знаме на сегрчката антимакедонска иселеничка средба во Солун која се одржувала во знак на 100 годишнината од „обединувањето“ (читај: окупацијата) на Македонија со (читај: од) Грција во Балканските војни 1912-1913 година. Поради ова повторно е задржан во притвор на приватна локација од грчката тајна полиција од 16 до 24 август“.

Според СМК, грчката полиција и некои медиуми објавија дека Самарџиев всушност бил приведен поради поседување и растурање на дрога. „Стилјан Самарџиев никогаш не консумирал, ниту се занимавал со поседување и растурање на дрога. Овие лаги се евтина антипропаганда на грчката полиција за затскривање на вистинската причина за неговото притворање. Најверојатно, полицијата после притворот ќе поднесе и кривична пријава, а се очекува и судска разврска на делото. Дотогаш, Стилјан Самарџиев е жив и здрав и е на слобода“, соопшти СМК.

aplauz aplauz aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty25/8/2012, 16:06

Маж

алал да му е.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 89 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 89 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 46 ... 88, 89, 90 ... 94 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: