|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/8/2012, 16:06 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/8/2012, 15:48 | |
| ЕУ и САД две децении водат валкана војна против МакедонијаРЕЦИКЛАЖА НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР Идната година се навршуваат сто години од Балканските војни. Науката се подготвува за генерален осврт на настанот и процена на последиците од војните и мировните потфати. Некои истражувачи вршат анкетирање на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот, прашувајќи ги дали вистински чувствуваат последици од тие војни или, пак, ги доживуваат како фолклор, национални сказни и политичка пропаганда. Годинашната смислена и изведена провокација кај Слупчане со помош на претставник на македонската држава, министер кому му е доверено Министерството за одбрана, претставник на партија што е дел од владејачка коалиција, подобро од каква било анкета го дава одговорот. Балканските војни сѐ уште траат. И во нив, освен балканските народи и држави, и натаму активно учествуваат странските фактори со своите таканаречени национални и државни интереси. МИРОТВОРНИТЕ ТАКТИКИ СЕ ИСЦРПЕНИ Скандалот што го предизвика Фатмир Бесими не е случајна непромисленост што доведува до тешки последици. Тоа не е дејство преземено во некаков дух на некаков договор што бил погрешно протолкуван од група граѓани. Се работи за активирана бомба што предвидливо предизвикува жестока реакција. Реакцијата потоа го отвора синџирот на следни настани. Еден од нив е институционална и политичка криза што се решава на два начина. Едниот е ново парламентарно мнозинство, вториот, предвремени избори. Во случајов, место за трето решение нема зашто од евентуален компромис, по ваква валкана провокација, има само победник и губитник. Понижувањето на државата Македонија додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, а по минатогодишниот блам (неетички компромис) со амнестија на злосторници против човештвото, е „брцање во око“ на нацијата. Особено што таа е сведок на немоќта на државата да го спроведе Уставот во вакви непристојни ситуации. Останувањето на позицијата министер за одбрана на провокаторот Бесими значи драматично опаднат углед на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Поддршката што отворено му ја дадоа на Бесими двајца претставници на американската држава е навреда за македонскиот народ и држава. Затоа, предлог-законот за бранителите е логичен политички потег, но тој го стеснува маневарскиот простор за премостување на кризата. Одење на предвремени избори не ѝ одговара на опозицијата, но ни на ДУИ. Послаби се, а по овој скандал, сите се на јасно дека Груевски со преземените шаховски потези ќе излезе посилен од лани. Особено што минатогодишната операција за прелевање на гласачкото тело во опозицискиот контејнер заврши така што членството на монтажните партии се врати во матицата, а лидерите на тие инсталации во меѓувреме јавно се посрамотија. Некои завршија во затвор, а некои направија политички сојуз со СДСМ. Простата математика кажува дека американската амбасада со својата агентура ги потроши адутите за осипување на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, ги исцрпи своите „миротворни“ тактики. Сега им останува уште она за што се специјалисти. Да се обидат со нова фингирана војна на која упорно повикува опозицискиот СДСМ и неговата логистика во медиумите кога заговара странска воена интервенција. Ама и тука има една замка. САД тврдат дека со формирањето на косовската држава, Дејтонскиот договор и рамковниот договор тие го стабилизирале Балканот. Евентуален воен конфликт во Македонија ќе им го урне целокупниот политички профит. Во услови кога и онака секаде во светот се гледа неуспехот на нивната политика на сила, ова би бил последен удар, особено што европските партнери се зафатени со должничката криза во своите земји. Од друга страна, евентуално ново парламентарно мнозинство крие замка само за ДУИ. Бидејќи досега застапуваше некакво непишано правило дека во унитарна држава со мултиетнички состав има не еден, ами двајца победници што се принудени да коалицираат, без разлика на програмските и идејните разлики, прифаќањето коалиција со губитничката СДСМ надвор од изборниот процес ќе значи отстапка од тоа правило или, што би рекол Ахмети, Груевски по новите избори ќе може слободно да дејствува во духот на новата прагма и да си избере коалициски партнер по сопствена волја. Во овој пакет „дилеми“ намерно не ја спомнавме можноста за коалиција помеѓу ВМРО и СДСМ, иако некои ја посакуваат како излезна варијанта за социјалдемократите што се умрени за власт сама по себе. Едноставно, ја сметам за невозможна и крајно глупава зашто тоа ќе биде најкраток пат до формализирана федерализација на државата, и тоа во услови кога Македонија не е ни блиску до членство во ЕУ. ДВАЕСЕТГОДИШНА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА Но овие технички детали се помалку важни од суштината. А таа, пак, се крие во следните факти: Од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи на регуларни избори, на победникот не му се дава со устав загарантираната позиција на четиригодишен мандат. Реални се шансите за шест години да одиме и третпат на вонредни парламентарни избори. И повторно ќе се потврди волјата на мнозинството гласачи. Паметен свет, добри аналитичари и рационални политичари знаат дека повторување на оваа операција при фиксирана волја на мнозинството граѓани е политичко самоубиство за опозицијата. Но ако се повторува, тоа значи нешто друго. Намерно се понижува народот што гласа за својот фаворит и на тој начин му се испраќа порака дека македонскиот народ нема право на сопствен избор. Неговата волја не се зема предвид. Како и по Балканските војни, на зелена маса при подготвување на Букурешкиот договор. Тоа, пак, значи дека овој состав на ВМРО-ДПМНЕ очигледно води јасна македонска политика и ги застапува суштинските македонски интереси што не им одговараат на оние што се грижат за континуитетот на дејствата произведени со Букурешкиот договор. Просто речено, од еден од потпретседателите на СДСМ, најголемата „маана“ на Никола Груевски е што тој му ја зацврстил кичмата на македонскиот идентитет. Ова не е нешто што не го знаеме. Неподносливата врева што се крена околу „Скопје 2014“, интересот што го предизвика подигањето на еден споменик на Александар Македонски, не се ни оддалеку теми за „забегано трошење народни пари“ туку првокласни политички прашања за демонтирање на букурешката ујдурма. Впрочем и суштината на спорот со Грција е во тоа: ако Република Македонија и Македонците влезат во ЕУ со своето име и идентитет, се создава европскиот регион Македонија што е единствениот начин за коригирање или релативизирање на одлуките донесени во Букурешт 1913 година, а сврзани со парчењето на Македонија. Тоа не е во интерес на соседите што се офајдија од тие војни и нивните европски поддржувачи. Затоа дваесет години во Македонија се води специјална војна. Од моментот на прогласување на независноста, Македонија преживува тешки трауми. Непризнавањето од страна на ЕУ, прекршувањето на Повелбата на ООН при приемот на државата, оспорувањето на нејзиното елементарно право загарантирано со сите темелни акти, перманентните политички и економски блокади, отежнатата, условена и забавена интеграција во ЕУ, дрското непочитување на основните човекови права, отворените негирања и оспорувања на цел еден народ и неговото малцинство во соседните држави, насилната промена на уставот со помош на неутврдена војна што ја набљудуваше и координираше НАТО, рекомпонирањето на државното уредување, територијалната поделба по неуспешен референдум, перманентните обиди за дестабилизација, непочитувањето на хашката пресуда, двата атентати, вонредни избори секоја година. Пораката е дека за Македонија и Македонците и ден-денес се одлучува без нив. За ваквата ситуација најмногу придонесува алатката наречена рамковен договор. Тој е оружје за уцени. А ДУИ и ДПА користат мафијашки тактики за остварување на своите цели. По последната трансформација преку октроираниот устав, Македонија е држава со вградена фабричка грешка. Води кон перманентна институционална криза. Според тоа, две работи мора да се доведат во ред наредните години. Потписниците и креаторите на тој акт (оние што сѐ уште се живи) да одат на суд за подривање на државата, а Уставот на Македонија да оди на преработка за работите да се доведат во ред. ШТО НАПРАВИЈА САД ЗА МАКЕДОНИЈА? Во сите овие изминати години се гради пропагандна перцепција дека САД, односно американските влади се голем пријател на Македонија. Не само пријател туку и стратегиски партнер. Во рамките на дипломатскиот говор официјалните претставници не пропуштаат да ни стават до знаење дека тие ја поддржуваат земјата, го почитуваат народот и сакаат да ја видат Македонија во просперитетното евроатлантско семејство во кое тие се патер фамилијас. Кога ќе ја разбуричкате архивата, особено оваа од последните дваесет години, ќе видите дека всушност не е така. Салдото покажува сериозен дефицит во меѓусебната трговија. Македонија многу повеќе инвестирала во САД отколку САД во Македонија. На пример, Вашингтон е последната од големите држави што го признаа уставното име на нашата држава, и тоа како инструмент за минирање на референдумот за територијалната поделба на државата. Признавањето дојде на еден ден пред молкот - на два дена пред референдумот. Што е уште поважно, по признавањето, САД упорно работат на тоа да си го промениме името на државата и да се обезличиме, користејќи го дури и Метју Нимиц, кој дејствува како претставник на ООН, а не на САД. Македонија, поради грчките донатори на американските претседатели, секогаш учествува во американските избори. Така беше во два изборни циклуса на Бил Клинтон, така е и со Барак Обама. На првите избори му ја одработивме победата на Клинтон со Привремената спогодба, а за вториот мандат му помогнавме така што го трасиравме патот до војната во СРЈ преку признавањето на Тајван. Тој потег ја натера Кина да гласа против продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП (набљудувачка мисија на ООН) и со тоа се отвори патот за нелегална војна на НАТО со СРЈ. На својот докажан пријател и стратегиски партнер Македонија му помогна така што дозволи преку нејзината територија да се оформи и опреми копнената база Бондстил. Македонија послужи и како најголем бегалски логор во Европа кога за еден месец доби 17 отсто население. Македонија се согласи да стане јатак-оаза за УЧК. Потоа, за интересите на својот стратегиски партнер преку фингирана војна, ни имплантира нов „политички“ субјект за кој преку својот специјален олеснувачки тим, Пердју - Фејт, обезбеди позиција на заштитени убијци што ќе ги контролираат македонските институции, а ќе бидат исплаќани со народни пари. Македонија уште војува „рамо до рамо“ со САД низ Азија. За возврат, САД ја немаат вклучено Македонија ниту во еден вносен бизнис онаму каде што нивните компании остваруваат профит. Единствениот бизнис што ѝ е доверен на Македонија е да ги чисти клозетите во Авганистан и во Ирак. А единствената награда е повременото доделување некакви воени медали за нашите војници и тапкање по рамо дека нашата армија ги исполнила критериумите за влегување во НАТО. САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции. Тие дури и го попречуваат. Како што сега, во услови на светска економска и евроатлантска политичка криза, заткулисно ги блокираат обидите на Македонија да си ја прошири листата на партнери со држави како Кина и Русија и, така, што побезболно да се извлече од глобалната криза. Во сиве овие години ниту еднаш, со ниту еден свој гест или политичка изјава не застанале резолутно и недвосмислено на страната на Македонија. Вклучувајќи го и самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Според тоа, не се ни поставува прашањето што уште може малата Македонија да направи за големата Америка, ами токму обратното. Какво е ова партнерство во кое едниот партнер врши перманентен мобинг врз другиот? САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции Дрско игнорирање Годинава се случи монструозна ликвидација на четворица граѓани на Македонија кај Смиљковци. Дел од убијците се засолнија на косовска територија. Пол Волерс се закани дека одблизу ќе ја следел истрагата, односно правната процедура. На Косово е инсталирана американска воена база со целата софистицирана логистика. Таму се и НАТО и ЕУ. Убијците се под нивна заштита. Како што се и другите криминалци, убијци и гангстери по кои македонската полиција има распишано потерници. Ниту еден од нив (или сосема ретко) не ѝ е испорачан на Македонија, иако токму МВР во рамките на декларираната и договорена соработка, на своите партнери педантно им доставува најпрецизни податоци за тоа каде се сместени, каде можат да се најдат бараните лица. Немарност? Неспособност? Случајност или дрско игнорирање и понижување од страна на стратегискиот партнер? Вонредни избори, редовна волја Вонредно избиравме на 1 јуни 2008 година по самитот на НАТО во Букурешт. Вторпат отидовме на вонредни избори по неуспешниот обид за романска револуција преку А1 и газда Рамковски. Имено, на 5 јуни 2011 навистина „лисјата паднаа“ како што предвидуваше Радмила Шеќеринска, ама не на дрвото што таа го имаше предвид. Безлисниот трупец СДСМ на следните вонредни или редовни избори ќе излезе ептен гол и тотално компромитиран и поддржан од криминалци, профитери од балканските војни и нивните потомци, џепчии, непријатели на македонскиот народ. Последниот обид во Слупчане за „демократски“ преврат и изигрување на изборната волја на македонските гласачи искажана лани на 5 јуни, веќе ја прелеа чашата на трпение. Матрицата по која се изведуваат предвремени избори е толку позната што овој пат ќе се истури врз грбот на целата божемна опозиција, фактички антидржавни инсталации. Оти не се веќе во прашање ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното водство, ами непочитувањето на изборната (политичката) волја на мнозинството македонски народ. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82712656434&id=9&prilog=0&setIzdanie=22665 | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/8/2012, 17:47 | |
| Грдата вистина пред очи. Ај со жутите ке ни тргне. готова е баграва! | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/8/2012, 18:02 | |
| Со жолтите? Тешко Зоки, не сме во зона на интерес. Даааааааалеку се жолтите од овде. Не дека не можат да досегнат до тука (да се потсетиме на ветото за UNPREDEP и какви се консеквенци имаше истото по нас), но тоа само ако ги испровоцираш. Америте се инсталирани овде веќе долго време, и сакале или не ќе играме оро по нивен такт уште барем 20-30 години. Доколку не има толку долго т.е. edit: Единствен начин да ги врзеш некако е доколку имаат индустриски капацитети тука, или евентуално ако им купиш едно 15 комада JF-17. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/8/2012, 14:59 | |
| Ќе беше смешно, да не е вистинито. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/8/2012, 19:34 | |
| Стилјан Самарџиев: Доста беше со песни и ора, ни треба акцијаИндивидуалната акција на Самарџиев од Крушоради со поставувањето на знамето од Кутлеш на полициската станица во Солун предизвика бура од реакции на „јуначкиот потег на новиот гемиџија“, но предизвика и можни сериозни проблеми во натамошното политичко дејствување на македонската партија „Виножито“. „Да се биде македонски патриот во срцето на антимакедонизмот, Грција – тоа е храброст и непокор! Сите Македонци се гордеат со тебе! Новите гемиџии се јавија! Среде Солун блесна македонското 16-крако знаме. Храбриот лав Стилјан на Јунистан им покажа кој е Македонец и што е Македонец!“ Ова се реакциите што деновиве ги преплавија социјалните мрежи на темата Стилјан Самарџиев и закачувањето на знамето од Кутлеш на полициската станица во Солун. Стилјан, барем на Фејсбук и Твитер стана новиот македонски херој. Сепак, кој е Стилјан Самарџиев? Гемиџијата на 21 век, како што го нарекоа фејсбуковци, е роден во селото Крушоради пред 25 години. Работи како работник во една фабрика за компјутери и, како што вели, ич не му е гајле ако поради оваа своја постапка ја изгуби и работата. Во разговорот за МКД.МК Стилјан вели дека веднаш по закачувањето на знамето 13 полицајци ги нападнале и го привеле. Знамето стоело само неколку минути, па затоа тој нема никаква фотографија. Но Стилјан е уверен дека на суд ќе се појави и таква фотографија. „Не ме тепаа многу. Тоа не беше страшно. Страшното беше кога почнаа психички да ме малтретираат и да ми велат ‘копиле фиромско’. Ми рекоа дека со години ќе ме држат тука и дека и мојата фамилија ќе има проблеми со ова.“ Самарџиев е свесен дека го чека сериозен судски процес, на кој ќе биде осомничен за нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на официјалното знаме. Но за него тоа не е никаков проблем. Тој е уверен дека така треба да се дејствува и никако поинаку. „Доста се радуваме само со песни и ора. Станавме среќни само со тоа што сега ни дозволуваат и да ги пееме нашите песни. Време е народот да се разбуди.“ Тој не крие дека не е задоволен од активностите на македонската партија во Грција „Виножито“. Но и во „Виножито“ не кријат дека не се задоволни од ваквите негови постапки и дека тој веќе одамна не е нивен член, дека неговите постапки не се нивен избор. „Со еден збор ќе ти кажам каде е проблемот со Виножито – тие се ултралевичари, јас сум ултрадесничар, националсоцијалист“, вели Самарџиев. За Стилјан нема никакви дилеми околу тоа дали и како тој ќе продолжи да ги искажува своите ставови во однос на положбата на Македонците во Грција. „Веќе 15 години сум активен во ова. Вчера ме известија дека во Лерин веќе ме барале 20 луѓе од Златна зора. Не им се плашам. И јас имам заштита. Имам браќа и тука и во вардарскиот дел на Македонија.“ На прашањето дали имаат некаква организација, некакво здружение, Стилјан вели дека немаат, дека за него е главно дружењето со браќата што веруваат во националсоцијализмот. Тој веќе поминал 18 дена во притвор и сега ја очекува судската разврска на случајот. Обидот да го претстават како наркодилер очигледно не помина во јавноста ни во Грција. „Јас воопшто не им се плашам. Секаде зборувам јавно и гласно. Грчката полиција го знае тоа и се плаши од мене. Голема пропаганда правам. И нема да престанам. За македонските работи секогаш и секаде“, изјави Самарџиев. Реакциите на Фејсбук не престануваат. Околината на постирањето на тие реакции е изразито ултранационалистички обоена. http://www.mkd.mk/54550/makedonija/stiljan-samardziev-dosta-so-pesni-i-ora/ | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/8/2012, 20:04 | |
| | |
| | | Zajcef
Број на мислења : 41
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/8/2012, 20:41 | |
| Јас одамна викав дека ќе дојде ден кога Македонците во Грција и Бугарија ќе почнат да се освестуваат.Кризата моментална е плодна почва за развивање на вакви движења,бидеќи државните апарати кои се задолжени да се занимаваат со овие прашања полека ослабуваат,слабо се платени,државата не може да придаде доволно внимание на вакви работи бидеќи има поголеми проблеми и т.н.Ние да бевме по паметни,до сега да ги имавме решено внатрешните проблеми во државава и да го дочекавме сето ова цврсто застанати на нозе ќе можевме да вмешаме прсти преку нашите агентури,и дебелно да профитираме со стварање на јаки задгранични организации на Македонците со што ќе се туреше цврста основа-темел за понатамошна борба со фашистичката власт на нашите соседи.Дури и да не се направеше нешто поголемо ако ништо друго барем ќе се освестеа повеќе нашите таму и ќе го разбудеа повеќе своето национално чувство. За ова не е сеуште касно,очигледно има спремни момци таму од типот на дечково.Очигледно е дека со големи срања ќе се соочи дечково,ќе изгуби работа,ќе биде тепан и малтретиран од страна на полицијата,ќе лежи робија каде ќе се однесуваат кон него како и со сите Македонци што поминуваат низ грчките затвори,тој и неговото семејство ќе бидат под закана можеби и по животот од страна на нацистите од златна зора и сл... Секој што е спремен на сето ова и тоа за држава во која повеќе и не живее,држава која кренала раце од него е голем човек и заслужува почит.Се сомневам дека некој Македонец кој живее во Македонија и ги ужива привилегиите на живот во сопствена држава е спремен на тоа што го прави дечково.На некој начин вакви настани ми ја враќаат вербата дека можеби и ќе биде нешто од нас како народ,жално е колку сме силни и спремни на се ама наместо заедно да го усмериме тоа во еден правец на напредок ние вечно се мачиме со меѓусебна омраза и препукување. Во секој случај поздрав до браќата во грција и не дозволувајте да ве скршат! | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/8/2012, 14:07 | |
| Од Владата смируваат дека продолжуваат со полн состав и капацитет, но математиките околу создавање ново парламентарно мнозинство не престануваат, како и предупредувањата дека заминувањето на Груевски од власт ќе донесе непосакувани немири ВЛАДИНА КРИЗА, Ново парламентарно мнозинство и техничка влада се крајните цели на „есенското сценарио“ во режија на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Ваквите пораки стигнуваат од интернет-медиумите блиски до опозицијата, но и од јавните настапи на Андреј Жерновски од ЛДП и Љубомир Фрчкоски. Иако Црвенковски пред камерите изјави дека сака да опстане партнерството меѓу владејачките партии до март и потоа да следуваат парламентарни избори, членовите на опозицијата веќе го „слават“ падот на Никола Груевски. За да се формира влада, потребни се 62 пратеници. Владејачката коалиција, која беше разнишана по Слупчане откако министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони на споменикот на борците на ОНА, според најавата на владиниот портпарол, ќе продолжи да функционира во полн состав и со полн капацитет. Но, со оглед на недоволното мнозинство во парламентот, премиерот не може да биде комотен како од 2008 до 2011 година, оти сега ја има поддршката од 56 пратеници, а во претходниот состав имаше 63, што дури и овозможуваше на партијата самата да состави влада без ДУИ. Сега, зависноста од партијата на Али Ахмети е многу поголема, што и самиот премиер го потврди тоа. Клучната улога на ДУИ за формирање влада ѝ ја крева цената, но и нејзиното самоволие, како на министерот Бесими, кој без координација со врховниот командант на воените сили и претседател на државата Ѓорге Иванов и без знаење на неговиот претпоставен во Владата, положи цвеќе во Слупчане. Наместо чин за помирување, како што изјави Бесими, потегот предизвика повреда на чувствата на Македонците и иницираше покренување постапка за донесување закон за бранители, кој, пак, не е прифатлив за ДУИ. Две албански партии во влада Од кавгите во владејачката коалиција, опозицијата сака да профитира со можност дури и да ја урне владата на Груевски. На прв поглед, математиките се на страната на опозицијата, ако успее да ја земе ДУИ во своите редови. Но таквата констелација на силите - техничка влада со два албански партнери може да продуцира нови отстапки кон Албанците, како што е закон за рехабилитација и обесштетување на борците на ОНА, потоа премиерско место за Албанец, кандидат за градоначалник на Скопје - Албанец. Имено, не е тајна дека пред неколку месеци Бранко Црвенковски ѝ понудил на Теута Арифи да биде премиер, а за возврат ДУИ да ја напушти дружбата со ВМРО- ДПМНЕ. Аргументот на опозиционерите е „спасување од режимот на Груевски“, а тоа лесно може да ја стави целата држава како заложник на една група политичари. Некои аналитичари предупредуваат дека отстранувањето на Никола Груевски од Владата и внесување во владиниот кабинет две албански партии може да иницира немири и протести од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се најмногубројни во државата. Впрочем, тоа го покажуваат и анкетите. Овие варијанти на негативни сценарија, кои во Македонија можат да предизвикаат политичка дестабилизација и народно незадоволство, можеби се посакувана цел на одредени политички или бизнис-кругови со поддршка однадвор. Груевски е на удар бидејќи почна да отвора некои прашања за кои се молчеше, како на пример, процесот на лустрација, навестувањето за отворање на случајот „Кингер“ и сѐ погласното шепотење за ревидирање на рамковниот договор, кој во голема мера е вграден во Уставот, што би требало да иницира уставни измени. Сето ова ја фрли во игра опцијата за напуштање на Владата од страна на ДУИ и за нови парламентарни избори. Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа во своите редови да ги врати десничарите што на претходните избори беа со СДСМ и може да се надева дека тоа ќе му донесе од три до пет пратеници во парламентот. Како и на секои избори, клучната улога ја имаат околу 50 проценти неопределени гласачи, кои со оглед на резултатите од последните избори поддршката најмногу му ја давале на Груевски. Разликата во рејтинзите со последните мерења е 25,5 проценти за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 19-те за СДСМ. Ваков сооднос на рејтинзите помеѓу двете партии имаше пред изборите 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. До 62 пратеници Иако и претходните години се најавуваа револуции и есенски сценарија и тоа се совпаѓаше со добивање на есенскиот извештај од Европската комисија, се чини како политичката сцена да е првпат на тест по 2001-та, кога Љубчо Георгиевски го избегна новото парламентарно мнозинство, но не успеа да ја избегне широката коалиција, која се согласи да изврши законски и уставни измени со кои ќе ѝ се овозможи рамноправно учество на албанската заедница во институциите, што од денешен аспект се покажува многу неповолно за Македонците. Улогата на спасител во 2001 година, на Бранко Црвенковски му овозможи да победи на изборите во 2002-та. Тој сега се обидува да го направи истото, бидејќи е свесен дека и на парламентарни избори голема е веројатноста повторно да не ја добие поддршката од гласачите. Заткулисните политички игри продолжуваат, а клучот е во рацете на ДУИ. Од друга страна, прифаќањето на ДУИ да коалицира со ДПА може понатаму многу негативно да се одрази на рејтингот на партијата, оти во очите на Албанците Ахмети ќе се прикаже како политичар што не може сам да се бори за нивните права, туку тоа мора да го прави со помош на Мендух Тачи. Од друга страна, низа информации говорат дека и во ВМРО-ДПМНЕ се вршат пребројувања на бројот на пратениците, со тоа што таму целта е да се избегне изгласување недоверба на Владата. Имено, ако ДУИ ја напушти власта, следен чекор би бил изгласување недоверба, за што опозицијата би требало да собере 62 гласа. Оттука, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да го блокира тоа, така што партијата попрво би стигнала до бројката од 62 пратеници, за што постојат можности. Доколку тоа се случи, значи доколку ДУИ излезе од Владата, а таа сепак не биде урната во Собранието, може да продолжи да владее како малцинска или да се создаде ново мнозинство со тие пратеници што ја поддржале. Мнозинството би било на граница и не би гарантирало стабилност, но засега и тоа се некои од опциите за кои се размислува. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82912841257&id=9&prilog=0&setIzdanie=22666 | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/8/2012, 14:32 | |
| Бугарски Фокус повика политичари да реагираат на најавената македонска изложба во БриселБугарските медиуми и квазинаучници не мируваат. По најавата за организирање изложба „Илјада години писмена традиција во Македонија“ во Кралскиот музеј во Брисел, од Бугарија стигнува и повикот до бугарското МНР, бугарската амбасада во Скопје, до бугарските пратеници од сите пратенички групи, бугарските историчари, научници и јавни личности да реагираат Тие би требало да кажат дека македонски средновековни ракописи нема, дека сето тоа е или бугарско, или грчко, или српско. На изложбата закажана за октомври (9-21) „Илјада години писмена традиција во Македонија“ ќе бидат претставени 39 стари ракописи и ракописни книги од книжното културно наследство со статус на книжно културно богатство. Изложбата ќе ја презентира илјадагодишната словенска писмена културно-историска традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век. Изложбата ја подготвува НУБ во соработка со Валони Брисел интернационал и Kралскиот музеј на Мариемонт и Амбасадата во Белгија. Во подготовка е еден обемен каталог на француски и англиски јазик, преку кој сите посетители во Брисел ќе можат да се запознаат со богатите ракописи. Изложбата содржи 39 селектирани ракописи од НУБ, Државниот архив на Македонија, Заводот за заштита и Музеј-Охрид, Историскиот архив Охрид и Музејот во Битола. Изборот на ракописите го направи Михајло Георгиевски, специјалист за средновековна христијанска книжевност. Идејата, според министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, е по претставувањето во Брисел таа да гостува во голем број музеи и држави. На ова, бугарската агенција Фокус денес пишува: „Македонија и самата потврдува дека изложбата на „македонското средновековно ракописно богатство“ ќе се состои од средновековни бугарски книги и ракописи. На темава се јави и неизбежниот бугарски историчар и директор на Националниот историски музеј во Софија Божидар Димитров, кој вели дека „не постои македонско ракописно богатство бидејќи македонската нација е создадена во 1934 година, со одлука на Коминтерната, а македонскиот јазик во 1944 година. Според тоа, не е можно да постојат средновековни македонски ракописи“. За македонското Министерство за култура оваа изложба претставува едно исклучително значајно меѓународно претставување на Република Македонија. „Оваа изложба, прва од ваков вид што се организира надвор од Република Македонија, дава јасна слика за долгата традиција на пишуваното слово во нашата држава. Изложбата истовремено ја презентира и илјадагодишната писмена традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век“, изјави министерката Елизабета Канчевска-Милевска. Според директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“, Миле Бошески, во историјата се правени обиди, но досега никој не успеал да однесе вакво ракописно наследство некаде пред светот и да го презентира. Тој, исто така, истакна дека еден ваков стар ракопис на црниот пазар достигнува цена од најмалку 150.000 евра. НУБ „Св. Климент Охридски“ е во преговори и со агенцијата од Дубаи за заштита на 5.000 ориентални ракописи и ретки книги од 11 век па наваму. Оваа збирка на НУБ, која е една од најбогатите на Балканот, предизвика голем интерес и кај научниот свет од Турција. http://www.mkd.mk/54738/kultura/bugarski-fokus-gi-povika-politicarite-reakcija-izlozba-srednovekovni-rakopisi-vo-brisel/ | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|