Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 90, 91, 92 ... 95 ... 100  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty29/8/2012, 14:42

Momak od Gjorce напиша:

...„Не ме тепаа многу. Тоа не беше страшно. Страшното беше кога почнаа психички да ме малтретираат и да ми велат ‘копиле фиромско’. Ми рекоа дека со години ќе ме држат тука и дека и мојата фамилија ќе има проблеми со ова.“...

...„Доста се радуваме само со песни и ора. Станавме среќни само со тоа што сега ни дозволуваат и да ги пееме нашите песни. Време е народот да се разбуди.“...

...„Веќе 15 години сум активен во ова. Вчера ме известија дека во Лерин веќе ме барале 20 луѓе од Златна зора. Не им се плашам. И јас имам заштита. Имам браќа и тука и во вардарскиот дел на Македонија.“...

...„Јас воопшто не им се плашам. Секаде зборувам јавно и гласно. Грчката полиција го знае тоа и се плаши од мене. Голема пропаганда правам. И нема да престанам. За македонските работи секогаш и секаде“, изјави Самарџиев....

Секоја чест за дечкото, вистински јунак. Ама додека тој само заради тоа што јавно, јасно и гласно говори дека е македонец, и поради тоа можно е да гние во затвор и е во животна опасност од грчките неонацисти, годинава 300.000 македонци беа на одмор во Гејлада и оставија 100.000.000 евра.
Абе Стиљан, бе Стиљан, додека ти го вееш македонското знаме среде Грција, македончињата пред да влезат во грција ги одлепуваат или маскираат МК лепенките од колите и додатно плаќаат за лепенка "recognized from Greece as FYROM".
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty29/8/2012, 14:45

Убаво што Рикер повторно дојде и добро е што им се обратил на младите лидери. Неговите дипломатски капацитети се докажани. Ние сме и нивни сведоци ама и – жртви. Ги унапреди американските интереси во регионот – на наша сметка.

Со преголема агресивност, како амбасадор во земјава, Филип Рикер направи силен скок во кариерата. Остана цели пет дена, со голем број средби, што е крајно невообичаено. Долгата посета, секако добро испланирана, покренува повеќе прашања. Дали тајмингот случајно се совпадна со поклонувањето во Слупчане? Што скенираше и што имаше на ум Рикер? Кој и зошто вклучи средба со Бесими? Дали амбасадата на САД сама си ги организира посетите игнорирајќи го и нашиот протокол, и државата? Дали, министрите Албанци и на тој план водат своја политика и, така, не ја есапат земјата?

Кај Американците нема случајности.

Едно е неоспорно, Рикер е одговорен за политиката на САД спрема Македонија и неговиот дух го почувствувавме и непосредно пред посетата. Амбасадорот Волерс, кој е многу повоздржан од својот претходник, класично се вмеша во нашите домашни работи и ни кажа што треба и како да правиме. Америка јавно се позиционира против легално избраната Влада. Застана зад тие што грубо ја злоупотребија службената позиција и, поклонувајќи се во Слупчане, покажаа дека можат да контролираат и дел од безбедносните сили. Без оглед што проблемот со жртвите мора брзо да се реши.

Рикер му додаде нов квалитет на скандалот. Јавно го поддржа Бесими, и со средба и со прес конференција, и јасно ни стави до знаење зад кого стојат тие. Впрочем, војната во 2001-та тие ја фингираа од Косово, не ОНА, и нејзините мртви ги носат и тие на душа.

Нам ни останува само да преоценуваме и да се прашуваме – дали САД не сметаат за свој толку важен стратегиски партнер и затоа сметаат дека треба да не водат? Не за друго, да не заглавиме повторно. Тие се сè уште на Косово и од таму можат да лансираат што и кога сакаат. Сетете се само на 2001-та.

Ама ние, итри и лукави, од многу јадење лук, не сме подолу од нив. За да ги зафркнеме, се правиме наивни и постојано им повторуваме дека си ги сметаме за единствен, главен, целосен, долгорочен, несебичен, предаден, посветен, загрижен… пријател и партнер. И, им дозволуваме да не онадат. Водат, де. Тие, пак, ни прават што сакаат и веројатно придушено ни се смеат, што не е наш проблем. Тоа само зборува колку се недоквакани, лични и себични, преокупирани со сопствените интереси, без да ги забележуваат нашата мудрост и широкоградост. Тоа што не водат сметка ни за минимумот наши интереси, не треба да чуди. Толкави им се дострелите.

Ние сме ниво за нив, бе. Ниво што не ни дозволува да им кажеме во лице што ни прават и што мислиме за нив. А нашата култура не е нешто измислено. Како вели еден пријател – ние Македонците сме дале писменост, култура и што ти не, на значаен дел од човештвото. Ама, додава, за себе ништо не задржавме. Тој не спомнува дека несебичноста е врвна доблест, ама нека му е.

А приказната за кубурата, а? За не дај Боже ја чуваме, а до таму никогаш не ја тераме работата. Секогаш си велиме – да чува Господ од полошо. Трпи Трпе со трпение.

А, што ќе користиме кога ќе не снема? Што аргументи ќе демонстрираме на оној свет? Не можеме таму да заминеме како недокажан, измислен народ. Ќе ни се смеат. А верата токму така не учи – што повеќе (НАТО и ЕУ) неправди, манипулации и злоупотреби овде, толку повеќе гламур и бериќет таму. Мижи да те мамам.

Точно така не учат и Рикер и неговите. Не гледајте го националното, идентитетот, јазикот… уживајте во универзалното, во Големото. И, за тоа, не морате да одите подалеку. Се е тука, до вас. Ете, Голема Албанија ви е на врата. Пружете и рака, макар во Бенелукс. Нека здивнат малку Албанците. Имаа една од најстрашните диктатури во светот. Србите не им нудеа повеќе од цепење дрва, ама и ние не бевме далеку. Ги држевме настрана. Е, па сега, еве, дојдоа и нивните пет минути. Да се исправат историските неправди. Крајно време е сите да живеат во една држава. За Македонците, колај. Ќе се најде нешто. Нагоре, кон север.

А Бесими, скришно и зад грб, без никој да знае, си го прогласи кабинетот убер алес (над се), ги зема работите во свои раце и почна помирување. Како викаше еден негов претходен колега од Владата – премиерот е само фигура, главен е лидерот на партијата. Тој одлучува. Така се гради држава која не се почитува. И, се смета за минлива станица.

Дали така ќе се однесуваа Бесими и неговите, и во Слупчане и пошироко, ако за тоа немаа изим директно од Рикер и Волерс? Како ви се чини, Бесими ќе беше на власт ако во 2001-а, со помош на МПРИ, испружената рака на Пентагон и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од специјално донесениот цијаш, Роберт Фровик, САД фингираше војна и ни ја рекомпонираа државата на крајно деструктивен начин? Значи, стратегискиот партнер долгорочно не тинтра со прецизни намери да не снема. Да не збрише, ама ние си траеме. Зошто да им пречиме на сите на Балканот? Особено на тие што имаат Големи планови.

Бидејќи истата политика Вашингтон ја води уште од распадот на Југославија, Рикер веројатно придонесол само за забрзување на процесот за урнисување на Македонија. Веќе не е спорно дека целта е затворање на “Македонското прашање” ама, во 21 век, на цивилизиран начин. Со прекрстување и преку ултиматум и уцена. Ако сакаш во НАТО. Да се збришат Македонците, со нивна согласност. Тоа потврдува колку високо го ценат нашето мислење. Како скокнал Бугаринот од претоварениот авион, за да ги спаси другите, извикувајќи – за Советскиот сојуз! Каков врвен интернационализам! И испрани мозоци, во исто време. САД сметаат дека сега нам ни е редот да покажеме такво ниво на идиотизам и кретенизам и да се откажеме од самите себе.

Алал да им е колку мислат на нас! Ги игнорираат ООН, Судот во Хаг… не фермаат меѓународни договори, правила, принципи, процедури… што ти не, само нас да не сотрат. Го срамотат и НАТО со нелегални постапки. Е, какво значење ни даваат, а ние – за никаде. Го каниме Рикер само на пет дена место тука да седи со месеци. Да го интервјуираат секој ден, а ние да исполнуваме се што ќе ни порача. Неговиот рејтинг би растел побргу од квасец и, веројатно, САД би морале да организираат дополнителни избори за да стане претседател. Зошто само кај нас да има предвремени?

http://www.mkd.mk/54827/kolumni/guvernerot-riker-povtorno-na-teren-risto-nikovski/

aplauz aplauz aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty30/8/2012, 13:18

Софија бара Брисел да забрани средновековни списи да се нарекуваат македонски

Бугарското министерството за надворешни работи побарало од амбасадата на оваа земја во Брисел да стапи во контакт со белгискиот Кралски музеј во врска со изложбата „Илјада години писмена традиција во Македонија“. Софија од белгиските власти бара да се расчистат сите информации во врска со изложбата за која бугарски научници тврдат дека е кражба.

Во соопштението од бугарското МНР се наведува дека од Брисел се бара да се разјасни ситуацијата но извори од Софија за Канал 5 велат дека од Белгија ќе се бара да забрани среддновековните ракописи да се нарекуваат македонски.

Тезата на бугарсктие медиуми и историчари кои што координирано се противат на македонската изложба е дека во средниот век немало македонски туку само бугарски, српски и грчки ракописи.
На изложбата која треба да се одржи во октомври а која ја организираат Народно Универзитетската бибилиотека Климент Охридски, белгискиот Кралски музеј и амбасадата во Белгија ќе бидат претставени 39 стари ракописи и ракописни книги од книжното културно наследство.

Изложбата ќе ја презентира илјадагодишната словенска писмена културно-историска традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век.

Ракописите имаат непроценлива вредност. Според експертите најниската цена на ракописи од овој вид на црниот пазар се движи меѓу 200 и 300 илјади евра. Бугарски експерти за овој период потврдиле дека сите наведени ракописи се навистина дел од македонските музеи.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=95718


Што бара Бугарин во Македонски музеј?
Краде историја. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty30/8/2012, 13:58

Високи извори од МНР велат дека по неколкугодишна пауза придавката „македонски“ повторно ќе се врати во извештајот на ЕK што ќе биде објавен во ноември, а Грција на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во декември може да биде изолирана доколку реши да ја блокира Македонија, зашто меѓу членките на Унијата има сѐ помалку разбирање за грчкиот став во спорот за името

Придавката „македонски“ ќе се врати во годинашниот извештај на Европската комисија за напредокот на државава, а Македонија има одлични шанси на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во декември или да добие датум за почеток на преговорите за членство, или, пак, Грција да биде изолирана во блокадата на Македонија. Ова го дознава „Нова Македонија“ од високи извори во Министерството за надворешни работи.

Во документот во кој се оценува напредокот на државата во исполнувањето на европските критериуми и кој вообичаено се објавува во октомври, придавката „македонски“ беше изоставувана неколку години по ред.
Поради ова, македонските власти постојано инсистираа европските дипломати повторно да почнат да го користат идентитетскиот термин. Лани, покрај реагирањето на речиси цела влада, лично од еврокомесарот за проширување Штефан Филе тоа го побара и вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.
Претседателот Ѓорге Иванов, пак, годинава на Илинден соопшти и дека нема да прифаќа извештаи за државава што не ги вклучувале идентитетските одредници.

Терминот со кој претходно Брисел немаше проблем, почна да исчезнува од извештаите за земјава по инсистирање и барање на официјална Атина. По вревата што во Скопје ја кренаа домашните политички кругови, тогашниот евроамбасадор Ерван Фуере се извини за недоразбирањето со тврдење дека немало промена во политиката на Европската Унија кон Македонија.

- Имавме многу реакции не само од кај нас туку и од други места и конечно мислам дека годинава ќе биде надминат проблемот со употреба на придавката македонски - вели професорот Димитар Мирчев.


Истите извори во Министерството за надворешни работи велат и дека извештајот во голем дел (околу 90 отсто) е веќе готов и е попозитивен од ланскиот. Во него силна рефлексија ќе има и дијалогот на високо ниво што со македонските власти го води еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Европскиот функционер, пак, при својата посета на Македонија во мај годинава, но и подоцна во изјави за медиумите не го криеше задоволството од постигнатото. Во разговор за радиото Слободна Европа летово тој изјави дека е импресиониран од властите, особено како што рече, од посветеноста на премиерот Груевски за овозможување на реформскиот процес во клучните области. Филе додаде и дека имал надежи во врска со дијалогот и дека гледал промени во Скопје што, според него, требало да бидат нотирани и во Атина.
За дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и Брисел има шест заклучоци и конкретна листа на обврски во пет клучни области: владеење на правото, реформа во јавната администрација, слобода на медиумите, реформи во Изборниот законик и функционална пазарна економија.

Во минатогодишниот извештај беше нотирано дека Македонија ги задоволува политичките критериуми, дека има одреден напредок во делот на судството и јавната администрација, но и оти се неопходни натамошни напори во спроведувањето на законите во тие две области, како напредок во борбата против корупцијата и слободата на медиумите. Во однос на економијата во извештајот пишуваше дека е почнат процес на заздравување, но и дека има недостатоци во владеењето на правото што го оспоруваат функционирањето на пазарната економија. Во својата писмена изјава, пак, Филе тогаш забележа намалување на мотивот за спроведување на реформите поради спорот за името.

Иако оцените засега се позитивни, сепак се нагласува дека има сѐ уште време и дека ќе бидат нотирани и сите работи што ќе се случат до затворањето на извештајот, непосредно пред неговото објавување.
Од канцеларијата на Европската комисија во Скопје не сакаат да коментираат ништо до затворањето на извештајот во средината на октомври.



Другата добра вест што земјава може да ја очекува од Брисел, според истите извори, може да произлезе од позитивното расположение меѓу земјите-членки на Унијата кон Македонија. Имено, кај мнозинството земји-членки на ЕУ постои расположение Македонија да добие датум за преговори на состанокот на Советот на министрите во декември, а доколку Грција повторно одлучи да го блокира датумот за почеток на преговорите за влегување на Македонија во Европската Унија, таа да биде изолирана. Такво мислење не преовладува само кај земјите што и досега се сметаат за поддржувачи на државава, туку и кај оние што досега беа исклучително блиски до Атина. Според досегашните информации, десетина земји, меѓу кои најмногу се истакнуваа Шведска, Словачка, Австрија и Словенија, се главни лобисти земјава да ги почне преговорите за влегување во Унијата, а спорот за разликите за името да се реши до нивното завршување. Процените се дека за да се оствари ваквото сценарио, што ѝ одговара на Македонија, неопходна е поддршката од клучните играчи - Франција и Германија. Истите извори од МНР велат дека сега, по промената на власта во Париз, постоела можност за отстапување од политиката што ја водеше претходниот претседател Никола Саркози и која беше исклучително блиска до барањата на Атина. Постои голема веројатност, велат истите извори, администрацијата на новиот претседател Франсоа Оланд да покаже разбирање за македонските позиции и барања за почеток на преговорите, и ако ништо друго, тогаш барем да биде неутрална по ова прашање. Поранешниот амбасадор Нано Ружин е скептичен дека можеме да очекуваме многу од актуелната француска политичка елита.

- Од Оланд можеме да очекуваме некакви мали помрднувања, како зголемени можности за средби со македонски политичари, нешто што со Саркози не беше многу изводливо поради неговата отворена поддршка за Грција. Но не треба да очекуваме промена на генералната француска политика. Меѓу социјалистите таму се засилува чувството на солидарност со кризата што ја зафати Грција - вели Ружин.
И самиот еврокомесар Филе неодамна најави дека се можни промени во однос на консензусот со кој по барање на Грција неколку години по ред се одлучува да не ѝ се дозволи на Македонија почеток на преговорите.

- Се надевам дека има волја кај двете страни, бидејќи постои разбирање дека процесот е под некои услови што треба да се исполнат за земјава да ги почне преговорите, кои се препорачани од Европската комисија. Во исто време консензусот меѓу земјите-членки што е постигнат за ова прашање не може да продолжи засекогаш - рече Филе не прецизирајќи детали.

И Мирчев смета дека во декември може да се очекува позитивен развој на настаните за земјава.
- Односите се сменети сега. Од една страна, Грција е во финансиска криза, а од друга, Македонија има напредок во дијалогот на високо ниво, така што сметам дека и Атина нема да може толку многу да инсистира на блокирање на датумот - вели Мирчев.

Според процените, единствено што може во периодов да предизвика турбуленции што како негативни ќе бидат забележани во европскиот извештај се евентуалното заострување на политичката криза во државава и можни предвремени избори. Во таков случај, би се нотирало дека во Скопје не постои стабилна политичка клима и дека постои опасност од нарушени меѓуетнички односи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83012813316&id=9&prilog=0&setIzdanie=22667
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty2/9/2012, 13:46

Разбуди се: Нити едно министерство не може да оди против волјата на апсолутното албанско мнозинство

Одлуката со која се врши промена на имињата на училиштата во Чаир е поздравена од страна на граѓанското движење Разбуди се.

- Овој акт исполни една дамнешна желба на родителите на учениците кои се школуваат и едуцираат во овие училишта. „Разбуди се“ цени дека волјата на родителите, учениците и вработените во образованието е неприкосновена и треба да се почитува од сите без исклучоци, а посебно од тие кои управуваат со институциите и кои треба да бидат во служба на граѓаните - сметаат од „Разбуди се“.

Од Разбуди се сметаат дека нити едно министерство не може да ја надмине волјата на апсолутното албанско мнозинство кое на транспарентен начин одлучи да се сменат имињата на училиштата.

- За овие акти треба да се одлучува на локално ниво, а никако на централно ниво. Одобрувањето од страна на министерот треба да е формален акт, а никако суштествен, во форма на дозвола или да се користи за цели на дневната политика – посочуваат од „Разбуди се“ и наведуваат дека личностите кои во моментот раководат со министерските ресори не се партиски министри, туку министри на сите граѓани, што обврзувачки значи и целосно почитување на Охридскиот договор.
http://www.sky.mk/makedonija/29900.html?task=view

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 2/9/2012, 14:27. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty2/9/2012, 13:47

Гостивар доби булевар на балистот Џемо Хаса
02 сеп 2012 13:08

Булеварот ЈНА во Гостивар се преименува во булевар Џемо Хаса. Оваа одлука на гостиварските советници, која е донесена без советници-Македонци, значи без почитување на принципот Бадентерово мнозинство, во петокот е објавена во Службениот весник на општината. Се очекува реакцијата на надлежните органи.

Според Албанците, Џемо Хаса е борец за Голема Албанија, а според историјата тој за време на Втората светска војна бил сојузник со италијанските окупаторски сили, се борел за голема Албанија и спроведувал невидено етничко чистење по македонските села во западна Македонија. Денешното толкување на албанските политичари е дека Џемо Хаса се борел против идеологијата на партизаните, а не против нечија етничка припадност. Според пратеникот Сулејман Рушити, поднесувач на иницијативата за градење споменик на Хаса, тој бил борец за човекови права на сите граѓани на регионот, антикомунист и најмаркантна личност од поновата албанска историја, а комунистите ја искривиле историјата и му дале балистичко-фашистичка квалификација.

Во општината Гостивар власта ја има партијата на Руфи Османи, НДП, која во пакетот за преименување на улиците, без македонските советници, одлучи и други улици да ги носат имињата на Мајка Тереза и Александар Велики, но напишани на албански јазик, на Лека и Мад и други имиња на припадници на ОНА. Најавена е претставка од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а се очекува и реакцијата на државните органи. Интересно е и тоа што за оваа одлука гласале и двајцата советници од Демократската партија на Турците, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Советот на општината Гостивар 12 советници се од НДП, 7 од ДУИ, 4 од ВМРО-ДПМНЕ, 3 од СДСМ, 2 од ДПТМ…

Неодамна во изјавата за Телма претседателот на Советот на општината Гостивар, Фадил Зендели, вели дека било крајно време да почне процесот за преименување на улиците:

„Преименувањето не е ново прашање, тоа се одолжува веќе три години. Се согласувам дека е деликатно, но ние мора да дискутираме на таа тема. Со постојните имиња на улиците постои дисхармонија во однос на реалната состојба што произлегува од етничката структура. Затоа одложувањето повеќе не може да се толерира.“

Пред две години тогашната партија на Имер Селмани ја промовираше иницијативата за изградба на споменик на Џемо Хаса во центарот на Гостивар.

Споменик на Џемо Хаса е веќе поставен уште во 2006 година во неговото родно село Симница. Досега за ова поставување немаше никаква реакција од страна на надлежните државни органи.

Македонските историчари велат дека какво било обележување на името Џемо Хаса во Македонија всушност значи воскреснување на фашизмот.

Кој е Џемо Хаса?

Џемо Хаса е роден во 1908 год во селото Симница, Гостиварско. Бил водач на балистичките банди во западна Македонија за време на Втората светска војна. Со своите банди војувал и во јужниот дел на Албанија, за што бил прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу, држава што тогаш им била сојузник на фашистите. Во почетокот на 1941 година балистот Хаса ги почнува своите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела западна Македонија. На 6 мај 1945 Хаса е убиен од македонските партизани.

Во текот на Втората светска војна Македонците од западниот дел на Македонија многу повеќе биле тероризирани, убивани, ограбувани, силувани од балистичките чети на Џемо Хаса, на Аќиф Речани од гостиварското село Речане и на Мефаил од кичевското село Зајас, отколку од италијанските и германските окупатори. Џемо Хаса со своите истомисленици беше против сенародното ослободително движење на Македонија, беше соработник на окупаторските војски на Италија и на Германија и неговата борба беше насочена кон создавање Голема Албанија.
http://www.mkd.mk/55718/makedonija/gostivar-bulevar-dzemo-hasa-sovet/

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 2/9/2012, 13:52. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty2/9/2012, 13:50

Јасно, кога треба да поминат вакви работи, СЕКОГАШ, без исклучок... премиерот и неговата свита се надвор од државата на подолг рок, на таканаречени Road Show-а. Кои веќе станаа синоним за ескивација на сериозните политички проблеми и кризата која ја зафати државава.
Епа дечки, честито булевар кој носи име на озлогласен убиец на Македонци. Со здравје да си го носиме.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty3/9/2012, 15:01

Училишната година во Џепчиште почнала со химната на Албанија, Џафери и Незири гледале сеир!

Првиот училишен ден во новоизграденото училиште „Ѓерг Кастриот Скендербег“ во Џепчиште почна со интонирање на химната на Албанија и со развеани албански знамиња, објави телевизија Телма.
Сето тоа се случуваше во присуство на луѓе од Владата - министерот Муса Џафери и заменик министерот за образование и наука Сафет Незири. Но, за нив, тоа е и нормална работа, како што изјавил Незири - станува збор за училиште и за население кое е албанско според националноста, па според тоа, како што оцени, „не треба негативно да се суди“.
Според Незири, за преименувањето на училиштата треба да се разговара, а не да се преземаат „радикални чекори и казни“.

http://www.plusinfo.mk/vest/55058/Uchilishnata-godina-vo-Gzepchishte-pochnala-so-himnata-na-Albanija-Gzaferi-i-Neziri-gledale-seir


Мислам дека овие максимално го користат одсуствово на Премиерот за свои мучки. Ништо чудно и да е договорено ама се ми се чини дека ептен забегаа. Биќе белаја.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty5/9/2012, 17:40

Членови на партијата на Љубчо Георгиевски заедно со Каракачанов на гробот на Сандански

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 IOh01

Најблиските соработници на лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, заедно со Красимир Каракачанов оддаваат почит на гробот на македонскиот војвода Јане Сандански.

На фотографијата, која деновиве се појави на Интернет, освен Красимир Каракачанов, лидер на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД и еден од најгласните бугарски политичари против македонскиот идентитет, се и Слободан Близнаковски и Зоран Костовски, дел од раководството на ВМРО-НП.

Тука е и Мирослав Ризински, личност чиј случај бугарските политичари го донесоа дури во европскиот парламент, како илустрација за нивната теза за наводната дискриминaција спрема бугарските државјани од страна на македонската држава. А се работи за случајот кога Ризински како државен службеник во Македонија беше осуден за примање поткуп.
http://www.mkd.mk/56560/makedonija/vmro-np-na-grobot-na-jane-sandanski-karakacanov/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty5/9/2012, 19:11

Несомнено ке урнисаат нечив рејтинг, ако воопшто и го имаат.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 91 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 91 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 90, 91, 92 ... 95 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: