Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty5/9/2012, 19:32

Овој Каракачанов е во Владата на бугарија? или само зуе?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty5/9/2012, 19:52

Нe тераат да ги испишеме децата од училиштата... Ова е класичен обид за етничко чистење... Ова се само некои од коментарите на револтираните родители-Македонци со кои вчера разговараше екипа на „Дневник“ на првиот училиштен ден во незаконски преименуваните училишта во Чаир, „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“, а сега „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“. Нови табли минатата недела добија и училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“, односно беа преименувани во „Јашар Беј“ и „Хасан Приштина“.

Весникот објавува дека спротивно од родителите на учениците Македонци, Елез Елези, брат на загинатиот припадник на ОНА, Имри Елези, родителите и децата-Албанци со аплауз и пригоден говор во чест на загинатиот го поздравија преименувањето на училиштето.

- Крајно сме револтирани. Впечаток е дека ДУИ се прави сосила, за да демонстрира надмоќ во Чаир. Не знам што ќе правам, можно е да го запишам детето во друго училиште оти понижувачки е училиштето да носи име на загинат припадник на ОНА, а државата не го признава нивниот статус, вели родителка-Македонка, пренесува Дневник.

Друг револтиран родител за Дневник додава дека очекуваат Владата и надлежните институции да ги спроведат законите:

- Владата треба да ги искорне нелегално поставените табли со новите имиња на училиштата. Институциите се должни да ги спроведуваат законите на целата територија, во спротивно, ќе докажат дека не се кадарни да раководат со државава.

Наспроти ова, братот на Имри, Елез Елези, смета дека државата задоцнила со овој чин, пренесува Дневник.

- Државата требаше да им го признае статусот на припадниците на ОНА уште во 2001 година, вели тој.

И родител на ученик-Албанец од „Исмаил Ќемали“ смета дека преименувањето на училиштата е во ред.

- Не може Министерството речиси една година да не го разгледа барањето на општината. Намерно ја одолговлекуваат постапката, изјави за Дневник, Азам Даути, родител на шестоодделенец.

Државниот просветен инспекторат даде рок од осум дена на општините и директорите на училиштата да ги симнат таблите со новите имиња на училиштата. Во спротивно, ќе следуваат прекршочни пријави.

Kазните изнесуваат од 2.000 евра за правното лице и од 500 до 800 евра за одговорното лице. Секој документ издаден од училиште чие име не е заведено во централниот регистер се смета за нелегитимен, а сведителствата издадени од училишта кои ќе ги носат овие имиња, ќе бидат невалидни.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и директорката на „Имри Елези“ не даваат конкретни одговори дали ќе ги сменат таблите.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/83267-Ne-teraat-da-gi-ispiseme-decata
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty5/9/2012, 20:14

Frogfoot напиша:
Овој Каракачанов е во Владата на бугарија? или само зуе?
Типичен УДБ-аш со УДБ-а партија .
Добар и за молчење и за глама кога ке ти потреба.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 17:44

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 WigbT

Петто преименување во Чаир: „Седми март“ стана „Адем Јашари“

Иако пред неколку години училиштето беше преименувано од „Даме Груев“ во „Седми март“ кога е денот на наставниците Албанци, општината Чаир дала зелено светло училиштето да го носи името на Косоварот Јашари – еден од основачите на ОВК, убиен од српските сили во 1999 година.

Министерот за образование вели дека инспекторите на Државниот просветен инспекторат биле на терен и ќе утврдуваат дали и на ова училиште незаконски е поставена таблата.

Преименувањето на уште едно училиште во Чаир со албански назив доаѓа по четирите промени што ги направи општината независно од реакциите на Министерството за образование, коешто чека директорите сами да ги повлечеле „незаконските потези“.
http://www.libertas.mk

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 17:46

Дечки, како ви се чини дека сето ова ќе заврши?
Се ми се чини дека нашиве ќе го повлечат законот за бранители, а овие ќе ги симнат таблите со УЧК-и.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 20:07

Додека спонзорот им е прима балерина немаат зорт,
ај ке даде господ ке банкротне Америка па ке ги видиме убави на мајка.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 22:21

Можно е и такво сценарио. Ова што сега го прават со менувањето на имињата на училиштата покрај сите предупредувања е граѓански непослух, го користат времето кога Премиерот не е тука, Махмети не се појавува, нема директни дуели ниту разговори ниту ништо. Гујо можда крои некои планови на „роуд-шоуто„ и калкулира што му е најдобро да направи, дали да ги откачи ДУЧИ или не. Прашањето кое се поставува е следново, дали Бане е спремен да го земе Махмети и покрај ДРПА во својата коалиција и по секоја цена да ја руши власта. Прашање е дали во тој случај Прангелов и Кошкоски ќе му откажат, јас мислам дека ако се случи тоа ќе се тргнат од него.

Е сега, ако се случи такво нешто, овие двајца да го откажат на Бане, а Гујо го шутне на Махмети а овој замине со Бане, според мене и кај бирачкото тело на Бане ќе има проблеми, и нема да има толку гласови, а Гујо ќе испадне патриот и можно е да коалицира со еден од несташните кои го напуштаат Бане, а и да не се деси можно е да има мнозинство.

Ако испадне таква комбинација, тогаш ќе помине и законот за бранителите, зошто Бане ќе го поддржи, а ДУЧИ и ДРПА ќе останат со кратки ракави, и ќе мора да ги вратат имињата на училиштата.

Е сега...веројатно ова сценарио го имаат предвидено и двете, покрај многуте, и сигурно не ќе останат без власт, барем 1 ќе направи се да биде на власт.

Има многу математики...само ова не е на арно. Јавно прогласени терористи ставаат на училиштата, глумат лудило и дефинитивно сакаат дестабилизација на државава.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 22:27

Неочекуваното, делумно американско признавање на историското и уставно име на Македонија, во ноември 2004 година, (засега!) има посебно место во односите меѓу двете земји. Со право, или не – ќе покаже историјата. Сепак, од денешен аспект, по неполни 10 години од настанот, веќе можат да се дадат мериторни судови за тој чин.

1.Неспорно е дека тој потег целосно се вклопи во добро осмислената политика која САД упорно и одлучно, на долгорочна основа, сите овие години по распадот на Југославија, прецизно ја спроведуваат кон Македонија. За жал, тоа е политика која ги игнорира фундаменталните интереси на македонскиот народ.

1.1. Малкумина кај нас, вклучувајќи ги и политичарите, знаат што всушност се случи во 2004-тата. Да потсетиме. Беше распишан референдум за да се спречи новата административна поделба, со која крајно непотребното се албанизираа делови од земјата (Струга, Кичево, Тетово до некоја мерка…) и се воведуваше двојазичност на Скопје. А, со главниот град, во голем дел, двојазичноста важи и за целата држава. Така, таа влезе во сите државни органи кои во огромен дел се сместени во Скопје, потоа преку јавните институции, клиники, агенции… кои тука функционираат, се до големите фирми од услужните дејности, како што се телекомите…

1.2. За да се постигне потребниот квантум од 20 насто припадници на албанскиот етникум во Скопје, на сосема неприроден начин во градот беа вклучени рурални општини со повеќе села, со доминантно албанско население. Исто како што беше направено и со Струга, и со Кичево… Така, место главниот град да се „стегне” што повеќе може и да се урбанизира за да стане метропола на независната држава, тој се провинцијализира на најлош можен начин.

2. Македонците, по лоша традиција, не чувствуваат поголема одговорност за референдуми и слични марифети така што, и овој пат тој тешко ќе успееше. Ние, секогаш, имаме поважни работи од тековните! САД, меѓутоа, беа загрижени дека тоа може и да се случи. За да го минираат евентуалниот успех, во неговото предвечерје, тие објавија дека го признаваат уставното име на државата! Следеше голема еуфорија, оркестрирана од власта. Демек, еве, не грижете се, Америка е со нас! Така, на сите ни изгледаше дека тоа ќе биде силен исчекор за земјата во спорот со името. Во првите моменти, никој не знаеше зошто САД го сторија тоа, ниту дека признавањето е само за билатерална, меѓусебна комуникација. Дури подоцна се виде што се крие зад овој чин.

3. Со прифаќањето на уставното име на државата, само за билатерална комуникација, што САД го направија така гламурозно, тие само се приклучија на речиси сите западни земји кај кои тоа веќе подолго време беше пракса. Велика Британија (уште од 1999 година), Германија, Италија, Шведска, Австрија… та дури и Франција, веќе го користеа нашето уставно име за билатерални потреби. Тоа го направија премолчено, без никаква врева, веројатно свесни дека на земјата и е направена голема неправда. Така, впрочем, ги избегнуваа и приговорите од Грција.

4. Реакциите од Атина беа жестоки, што само го зголемуваше задоволството во Македонија. Според информациите кои доаѓаа, таму имаше тежок шок. Меѓутоа, денес можеме да претпоставиме дека сето тоа, во голем дел, беше добро оркестрирана – глума!

Тешко е да се верува дека Вашингтон го презеде тој чекор без предвреме да ја информира Атина? Впрочем, тој потег на САД не и нанесе никаква суштинска штета на Грција, освен краткотрајна, пропагандна. Ниту имаше, ниту има какви било сериозни последици врз понатамошната разврска на случајот, кои би биле неповолни за Атина. Следеше токму спротивното.

5. Референдумот не успеа, а делумното признавање на името на земјата, не донесе никаква конкретна корист за нас. Напротив, после тоа Вашингтон го заостри односот кон Македонија. После неполни четири години, тоа особено дојде до израз на самитот на НАТО во Букурешт, во 2008-та, каде е направен целосен пресврт во третманот на земјата. Целосно во корист на Грција. Таму, Македонија се соочи со блокада на патот кон НАТО и ЕУ и со уцена – прво да го промени сопственото име а со тоа и идентитетот на сопствениот народ, а дури потоа да стане членка. Носител на таа политика се недвосмислено – САД.

Сега, тие не само што отворено заговарат туку и жестоко притискаат да се промени името на државата. Нивниот амбасадор во Скопје, Рикер, тоа го бараше дури и преку нашите весници! Кога неговиот колега би се обидел слично да се однесува во Атина, во наша корист, веднаш би бил протеран а односите, ако не би биле прекинати секако би биле – замрзнати. Арно ама ние не сме такви ситничари!

6. Покрај тоа, САД инсистираат да се договориме со Грција со нагласка дека тие ќе го почитуваат постигнатото. Значи, отворено ставаат на знаење дека ќе го користат новото име, доколку успеат да не прекрстат и, нели, затоа и притискаат. Да си ја вратат жртвата која ја направија во 2004-тата. Ефектното делумно признавање на името, ќе отиде во историјата додека албанизираните делови на земјата ќе си останат за вечност. Ќе не потсеќаат на американската реал политика во однос на Македонија и нашето слепило тоа да го согледаме.

Народот вели фрли рипче, да фатиш крапче.

7. Врвен американски дипломат од Амбасадата во Скопје (во 2009 година), откако на горниот начин му беа елаборирани настаните околу референдумот и нивното прифаќање на името Македонија, со заклучок дека тие делумно го признаа уставното име со цел истиот да не успее, тој без двоумење го потврди тоа. Реакцијата беше неочекувано директна и искрена. Рече – да, тогаш имавме аргумент во рака и ја постигнавме целта. И праша – што сега да сториме, што да ви понудиме, за да прифатите ново име!?!

Нивниот прагматизам, навистина, нема граници.

http://www.mkd.mk/56632/kolumni/zosto-i-kako-sad-ni-go-priznaa-imeto-vo-2004-nikovski/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 23:38

Добра анализа на Р. Никовски, се сложувам со сето наведено... но ова не е нешто ново, уште тогаш мирисаше на некоја задкулисна американска игра.
Во тоа време никако, НИКАКО не ми беше јасно зошто луѓето не излегоа масовно на тој референдум кој за навек ја осакати Македонија. Без разлика на признавањето. Мошне, мошне наивно (уште една потврда за кусогледоста, наивноста и глупоста на овој народ).
Си се тешам дека мојата совест е чиста бидејќи гласав против новата територијална поделба... тоа секако отиде во ветер, но...

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty6/9/2012, 23:42

Frogfoot напиша:
Има многу математики...само ова не е на арно. Јавно прогласени терористи ставаат на училиштата, глумат лудило и дефинитивно сакаат дестабилизација на државава.

Од друга страна што има Ахмети да му понуди на неговото гласачко тело освен национализам?
Нема НАТО (главна точка која носи гласови кај гласачот шпон), нема ЕУ (горе доле важи истото како за НАТО), нема закон за УЧК, нема леб.
Е да, има нови лимени табли на училиштата кој когаш тогаш мора да ги симне. Исто такво во два примерка како и ние.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 92 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 92 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 47 ... 91, 92, 93 ... 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: