Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 92, 93, 94 ... 96 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 11:36

Зoшто Ахмети не смее да прави ново мнозинство со Црвенковски?
http://www.mkd.mk/57058/kolumni/zosto-ahmeti-ne-smee-da-pravi-novo-mnozinstvo-so-crvenkovski-janko-bacev/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 11:52

Натпис на албански јазик залепиле активисти на `Разбуди се` на таблата на Скопско Кале

Сменет натписот на таблата на влезот на Калето во Скопје од страна на активисти на граѓанското здружение `Разбуди се` по иницјатива на прашањето од страна на АЛСАТ-М телевизија.

Натписот до сега беше само на македонски јазик, напишан со кирилско писмо, но од сега е поставена и нова табла каде натписот е и на албански јазик.

Според порталот Албеу, Астрит Имери, активнист на движењето рекол дека бидејќи сите одговорни инситуции одбивале да го сторат тоа, тие превзеле активност да го заменат изгледот на таблата, ставајќи штампан натпис на македонски, албански и англиски јазик.
http://www.sky.mk/


Работава излезе од контрола... нашиве немаат абер. АЛООООООООО!!!!!!!!!!!!!!! Има ли некој на чело на државава!
Доста ги пуневте џебовите мамицата лоповска, фатете се за работа бидејќи одмана отиде работава у ПМ.

Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad
Glava v zid Glava v zid Glava v zid

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 12:45

Морална победа на народот што живее под опсада

Осми септември по 21 година, во поширок историски контекст, во случајов по сто години од Балканските војни со сите драматични последици, за Македонија и за Македонците е шанса да ја видат сликата што ја сликаат со своите животи. Да се тргнат од платното и од пристојна далечина со око на професионален сликар што не си удира четки само за да си го задоволи егото, ги гледа своите недостатоци во реализација на визијата, сликарската техника, своите грешки во изборот на палетата, своите несовршени или погрешни потези.

И јас го правам сега истото. По 21 година согледувам дека македонскиот народ е морален победник. Државата Македонија не ја создаде некоја државотворна партија, не е дело на која било политичка или интелектуална елита. Не е резултат на „татковци“ со визија. Од денот на референдумот до денес македонскиот народ е тој што ги предводи процесите, а политичарите трчаат зад народот.
Што сѐ не издржавме за овие 21 година: паралелен референдум за формирање на Илирида, албанска паравојска, приватизација по модел на првобитна акумулација, појава на олигархија што ја уништи средната класа, уништено работништвото, безработица, компромитиран синдикализам, појава на организираниот криминал што цути онаму каде што државните институции се слаби, а политичарите корумпирани, лажирани избори, фингиран плурализам, парламент без опозиција, перманентна економска, трговска и политичка блокада во изведба на ЕУ, негирање на македонскиот идентитет, промена на државно знаме и откажување од постоењето на македонско малцинство во соседните држави.
Беа тоа години кога никој не прашуваше како се трошат народните пари иако ништо не се градеше, масовно се шверцуваше, а ништо не се произведуваше.

Преживеавме два атентата на претседатели, инфлација, политички прегрупирања и миграции, една наместена војна, масовен бегалски бран, неколку вонредни избори. Беше тоа време кога гласно го броевме секое признавање на нашата независност и постоење. Време кога бевме исплашени дали ќе си ја зачуваме државата и кога самите за себе говоревме како за Македончиња или дека Македончето не го бива да си изгради сопствена држава. Време кога делови од елитата изборот го сведуваа на тоа да се избере „слободно“ дали сака со Белград или со Софија. Врз нас белосветски кариеристи градеа кариери, ама Македонија и ние во неа не видовме ни аир ни бел ден. Герт Аренс, Макс ван дер Штул, лордот Овен, лордот Карингтон, Сајрус Венс, Питер Фејт, Метју Нимиц, Пердју и слични на нив напредуваа во кариерите, правеа пари на сметка на проблемите што беа спакувани како замрзнати конфликти од времето на Балканските војни, ама Македонија стагнираше како меѓународно неетаблирана држава.

По 21 година, кога ќе му се опулиме на изодениот пат, мора да сме горди на својата држава и на себе како нејзини жители, творци и чувари на она што како претходна изодена етапа ни го оставија во наследство нашите предци. Македонското општество со сите вариетети денес е општество во кое луѓето отворено не се согласуваат. Македонскиот народ е единствен во поблиското, но и во подалечното европско опкружување што не извршил геноцид или етничко чистење. Единствен што признава секого. И стоички ги трпи сите негирања упатени на негова адреса. Одлично се носи со провокации. Македонија е држава со народ што има извонредно висок степен на толеранција за симболи, знамиња, малцинства. Не покажува масовни шовинистички склоности.

Како општество во 21 година изодевме импресивна етапа во процесот на зреење како граѓанство. Последниве шест години тоа особено се гледа изразено преку изборите. Сѐ помалку се поклониците на идеолошките митологии. Веќе не се гласа за вмровци или за комуњари. Се гласа за интереси. На изборите имаат успех оние партии што им се обраќаат на целни групи, и тоа преку понудени конкретни проекти, а гласачите ги мерат разликите помеѓу ветеното и оствареното. Проблемот со некои политички партии е што не го видоа почетокот или раѓањето на постидеолошкото општество чија движечка сила е прагматизмот. Затоа изгледа како анахронизам инсистирањето светот сѐ уште да се дели на добар и лош, напреден и назаден, идеолошки исправен и неисправен, а домашните партии на идеолошки прогресивни и назадни, и тоа само врз основа на интимна перцепција или парцијален интерес.

По 21 година не може да се рече дека Македонија е совршена држава или блиску до тоа. Таа има тешки маани, многу недостатоци. Само за да ги набројам оние што мене ми паднале во очи ќе ми треба цел број на „Нова Македонија“. Мислам на законски, кадровски, системски, локални и институционални маани. Но во оваа крупна слика највпечатлив е недостигот од лична и приватна иницијатива. Луѓето главно уште чекаат државата да им ги решава личните проблеми и да им ја гарантира среќата. И тоа е лоша навика. Веќе не сме малолетни. Што би рекле легендарните „Пинк флојд“: „Нема веќе изговори“. За никого!
А ние, уште реагираме како општество што живее под децениска опсада. Се потресуваме над неправдите, непринципиелната политика на сила, се возбудуваме ако некој нѐ погали или каже нешто добро за нас, се правдаме за своите корени, самоидентификација, историја, митови и легенди. Уште имаме проблеми со „старата“ генерација што државата Македонија ја гледа како туѓ ентитет и новата генерација на родени и израснати во државата Македонија, која за нив е природен амбиент. Во секој случај, вториве се влечната сила што ни ги донесе неколкуте победи на меѓународен план, а внатрешно драматично ја промени сликата на државата, нашата перцепција за нас самите. Конечно ги доживеавме првите длабоки системски, структурни и вредносни реформи. А со секоја нова победа ни расте и самодовербата, исто како што секоја „победа“ на мускули ја зголемува решителноста на општеството да си ја заштити и одбрани државата.

На 8 септември пред 21 година македонската општествена елита се најде затечена од радикалните промени што се случија. Осамна во друг свет. Играше на „еден е изборот“, на само една опција. Кога рокна „опцијата“ заринкаа и тие. Во тој поглед и денес не е многу променето. Доминантние се само еден избор и само една опција. По истренирана идеолошка инерција на светот од Студената војна и разни кумровечки курсеви. Длабоко сум убедена дека ако продолжи овој тренд меѓу сегашните главни политички играчи и нивната интелектуална логистика, реални се шансите во блиска иднина повторно да се соочат со сопствената збунетост и затеченост и дека и во тој случај повторно народот ќе биде предводник на процесите. Оти кај нас „традиционално“ водачите одат зад својот народ, демек го водат народот одзади - на безбедна за нив и нивното здравје дистанца.

Во секој случај, со сите маани, направени глупости, лоши одлуки за кои сите поединечно носиме одговорност (ние како гласачи, а политичарите како менаџери и носители на одлуки), сепак, како колективитет, како општество и народ имаме причина да сме задоволни од изодениот пат и да се гордееме со нашата држава.

Лордот Овен по првата грчка економска блокада, поддржана од солидарната ЕЕЗ, арогантно ѝ предвиде тримесечен живот на државата Македонија доколку не си го смени името. Денес лордот мора да си ги изеде сопствените зборови. Република Македонија и ние во неа, машала, еве сме и славиме. Не сме пред банкрот, а и името не го менуваме. Чекаме да завршат Балканските војни за легитимно да прашаме „пошто боранија у пролеќе“.

Автор: Mирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=971294653&id=13&prilog=0&setIzdanie=22674
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 12:46

ццц...ова се ситни работи ама динамитни, таму нема некој чувар нешто? како може да се менува само така не ми е јасно...значи ако премиерот не е во државава, не се смета за жив, ниедна институција несмее да превземе апсолутно ништо без негов Амин?!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 16:39

АМИН
Мирка!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 16:41

И од нејзината колешка

Рамковниот договор веќе не го бива

Ова што деновиве се случува во Македонија веќе го надмина класичниот политички маркетинг. Настаните во Слупчане, Чаир, Гостивар и во Џепчиште се демонстрација на сила, газење на македонското достоинство и јасна порака до неалбанското население дека лошо му се пишува ако постојано и постојано не се поклонува пред уцените на Албанците


Кога би имале можност некои запалени жители на Џепчиште да поминат само еден ден во некој албански град, на пример Пешкопеја, уште при првите куќи на Дебар нема да ја пеат само „Денес над Македонија“ туку и „Послушајте патриоти“. Можеби, ако прошетаат малку западно од нас, тогаш ќе научат да ја почитуваат државата што им изградила училиште од македонски денари, а не од албански леки и, како што е редот, ќе ја интонираат македонската химна, а не албанската, оти химната е дел од симболите што го означуваат суверенитетот на една држава. А, Џепчиште сѐ уште се наоѓа во Република Македонија, а не во Република Албанија, и за да се смени тоа, богами, ќе треба многу повеќе од петловско перчење на некој заменик-министер. Ако таа смена воопшто е можна.

Тоа што се случи во Џепчиште не беше само непочитување туку класично силување на државата пред очите на целата македонска јавност, која, немоќна нешто да стори, бесот го истури по интернет-форумите. Ако некој сака да си ја пее албанската химна, слободно може да се пресели во Албанија, таму тоа е дозволено, а овде Македонија си има свои државни симболи - химна, знаме и грб што треба да се почитуваат.

Ова што деновиве се случува во Македонија веќе го надмина класичниот политички маркетинг. Настаните во Слупчане, Чаир, Гостивар и во Џепчиште се демонстрација на сила, газење на македонското достоинство и јасна порака до неалбанското население дека лошо му се пишува ако постојано и постојано не се поклонува пред уцените на Албанците. А последната уцена е дека борците на ОНА треба да се изедначат со тие што во 2001-та застанаа во одбрана на Македонија.

Кој рече дека сонот за голема Албанија е мртов?
Тоа што ги дојат децата уште од мали нозе со албански идеали значи дека каузата е уште жива и дека треба да се пренесува од колено на колено.
По последните настани, се надевам дека и на најголемиот демократ му стана јасно зошто треба да се каже НЕ на премиер-Албанец на Република Македонија и зошто треба да ѝ се каже НЕ на идејата за две албански партии во владата, како што планираше опозицијата за да го урне Никола Груевски!
А Гостивар и Чаир се само грдата слика произлезена од кратковидоста на нашите политичари што ја скроија територијалната мапа по етничка линија во 2004 година. Две илјади евра прекршочна казна, која следува за преименување на училишта без согласност на Министерството за образование, не се ништо во споредба со чаламот на чаирскиот градоначалник Изет Меџити. Кој може да измери колку во пари чини штетата што овој човек ја предизвика за меѓунационалните односи?

Може само да се претпостави дека сега ќе се јават разни експерти да нѐ убедуваат дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ги разнишале меѓуетничките односи. За сите што мислат така нека одвојат од своето време и нека прошетаат во Скопје на потегот од Бит-пазар до Радишани, да видат како Албанците релаксирано се шират. Ако овој тренд продолжи, нема да изненади во иднина она што вчера се случуваше во Чаир, утре да го видиме во Бутел, а потоа и понатаму. Ова не е ксенофобија? Далеку било. Ова е само најобично граѓанско предупредување пред наездата на етничкото цунами со амблемот на орелот.

Сето ова ќе беше избегнато ако во почетокот на 1990-тите државата имаше јасна стратегија за да си ги заштити интересите. Тоа, покрај другото, подразбираше и дека уште тогаш требаше да се прифатат низа барања на Албанците, на пример, во сферата на образованието, наместо брутално да бидат одбиени. Сега е доцна да се плаче над истуреното млеко, но сепак останува да се исправи тоа што може и да се коригира. Не е едноставен процесот на ревидирање на рамковниот договор. Бинационалното функционирање на државата и по принципот на Бадентер не се покажа како најдобро решение. Впрочем, несфатливо е како може некој да сака да биде ставен во рамка, да се издвојува од другите во државата во која се родил, во која растел како сите, во која се образовал и згора да не ја чувствува како своја. Кога веќе Албанците толку ја обожаваат Америка, би можеле да научат и дека таму сите се Американци и сите се борат за американските интереси. Ова и не е така лошо решение, ако се размислува во насока на живот во иста држава.

Сега владејачката коалиција треба да излезе од ќор-сокакот во кој се најде. Вонредни парламентарни избори се најдобриот излез. Прашањето е само што по нив. Резултатите се извесни: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно би имале најмногу пратеници. Зошто тогаш да се губат време, пари и нерви.

Автор: Ирена Радовановиќ
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 16:49

Не знам зошто текстовиве упорно ги пишуваат на адреса на албанците.
Јасно е дека рибата од главата смрди, истиве имаат амин од таа смрдлива риба, а рибата најчесто не е тука.
Така да, се ова е ветер и магла. Да сакаше некој да се почитува законот на цела територија на РМ, истиот и ќе го спроведеше.
Вака со поделени зони на интерес (ти во твојот атар прави што сакаш, јас во мојот што сакам) тешко дека ќе видиме почит кон државата и нејзините институции (кои патем за к*р не ги бива).
Срам и арам да им е што го манипулираат народов со вакви текстови.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 17:07

Се стега обрачот околу Македонија, притисоци однадвор и одвнатре!

На еден ден пред прославата на 21-годишнината од независноста на Република Македонија како да се стега обрачот околу земјата од сите страни.

Вжештената состојба во државата и тензијата во владеачката коалиција сакаат да ја искористат одредени центри на моќ внатре во земјата, но и од надвор.

По најавата која ја даде на Денот на националното обединување на Бугарија, министерот за надворешни работи Николај Младенов, кој од Софија испрати порака дека државата ќе ги формулира во документ црвените линии кон соседите, бугарскиот претседател Росен Плевенлиев многу појасен и дообјасни на кого тоа мислел Младенов.

- Бугарија никогаш нема да направи компромис со својата историја, ниту пак, со историските факти за регионот, му порачал на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, тоа го изјавил во Пловдив на одбележувањето на 127 години од обединувањето на Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија се обидува да ја присвои бугарската историја.

- Посочив дека манипулација на историјата и идеологизирањето и замената на историските факти не помогнало на никого на Балканот, додал Плевнелиев.

Според него, фактите од историјата треба да им се остават на историчарите, а политичарите од двете страни на границата да работат за добрососедство со европски пристап и, како што вели, заедно да градат добра соработка, мостови, тунели, железнички врски и заеднички настани.

Очигледно Бугарија сака предвреме да спречи уште едно „македонско-грчко“ сценарио, па навреме ги исцрта своите „црвени линии“.

Наздравје....Кон Бугарија црвени линии, кон Грција бетонски ѕид...

Во меѓувреме врие и внатре во државата. Се погласно се зборува и се пребројуваат пратениците кои би влегле во некоја нова влада. Слупчане, таблите на училиштата се само дел од поголемата приказна која некој очигледно мисли дека може да ја контролира... Но така мислеа и во 2001. година, па сите знаеме што се случи потоа. Албанците како да „намирисаа“ дека „сега му е мајката“. Колку и да се чукаат во гради „големите Македонци“, сепак на крајот „големите Македонци“ и „големите Албанци“ најверојатно ќе мора да седнат повторно на иста маса за да го испеглаат она за кое се повеќе луѓе сметаат дека е неповратно изгубено - довербата меѓу луѓето.

- Не знам дали ќе завршам денеска. Можно е да говорам и утре и в понеделник, им порача Талат Џафери на колегите на Комисијата за труд и социјала. Зборуваше за Гинис по што седна и со насмевка на лицето само ни покажа уште еднаш на сите во каква бара живееме. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=2BC0761D1909E744BDD80B57A91F988A&utm_source=daily.mk
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty7/9/2012, 21:53

Непознати сторители го оштетиле Споменикот на револуцијата во Тетово

Во пресрет на празникоп 8 септември - Денот на осамостојувањето на Република Македонија, во Тетово од засега непознати сторители со употреба на механички средства повторно е оштетен споменикот на Револуцијата.
Според минувачите и вработени во околните објекти оштетувањето на Споменикот на Револуцијата било извршено во текот на изминатата ноќ. Ова е втор пат за релативно кусо време со механички средства да се оштетува ова мошне значајно спомен обележје во Тетово. Во строгиот центар на Тетово, отстранувањето на спомен бистите на народните херои Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодор Циповски Мерџан, на мета на засега непознати вандали е споменикот на Револуцијата.

Најновите сквернавења со навреддливи и други графити, како и ова механичко оштетување на споменикот на Револуцијата во Тетово наиде на остра осуда кај минувачите кои побараа за оваа за жал зачестена и несакнционирана појава да биде информирана пошироката јавност.
http://www.sky.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty13/9/2012, 12:57

Булевар УЧК, Џемо Хаса и ред други балисти ќе бидат новите имиња на гостиварските улици
13 сеп 2012 12:32

Булевар УЧК, булевар 116-та бригада, Џемо Хаса, Хасан Приштина, Исо Булетани, Јашар Јакупи се некои од новите имиња на гостиварските улици.
Советот на општината Гостивар денеска и официјално го извести Државниот инспекторат за локална самоуправа дека во иднина педесетина улици во градот ќе носат имиња на поранешни балисти и на бивши припадници на ОНА

Ванчо Шехтански, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, ги потврди информациите и изјави дека уште денес ќе се преиспитува одлуката на општината Гостивар за да се утврди дали таа е донесена законски или не.

„Денеска и официјално ја добивме одлуката од Советот на општината Гостивар со која се менуваат имињата на педесетина улици во Градот. Инспекторатот веднаш ќе почне да работи за да утврди дали е законска или не бидејќи добивме претставка од советничките групи на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ дека истата е донесена без да се запази бадинтеровото мнозинство, и без да заседава Комисијата за меѓунационални односи. Најверојатно дека уште утре ќе донесеме одлука“, изјави Шехтански.

Бадентеровото мнозинство подразбира за одлуките што ги засегнуваат меѓунационалните односи да мора да гласаат најмалку половина од немнозинските заедници во општината. Според законот (член 51), за ваков тип одлука, претходно мора да заседава и Комисијата за меѓунационални односи на Советот, за да може да се донесе конечна одлука.

Во случајов со менувањето на имињата на гостиварските улици не се запазени овие законски одредби.
http://www.mkd.mk/58577/makedonija/bulevar-uck-xemo-hasa-i-red-drugi-balisti-kje-bidat-novite-iminja-na-gostivarskite-ulici/


Ми се чини дека проктот на федерализација кој во моментот го водат политичките елити се ближи кон крај. Остваруваме, не. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 93 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 93 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 92, 93, 94 ... 96 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: