Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 93, 94, 95 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty13/9/2012, 13:02

Булевар УЧК и Џемо Хаса наместо досегашните имиња во Гостивар

Улиците и плоштадите на територијата на општина Гостивар ќе добијат нови имиња и тоа на паднати борци на ОНА, на ОВК и балисти од Втората Светска војна.

Според официјалното гласило на оваа западномакедонска општина број 9/12 треба да бидат сменети имињата на 80 улици. Па така наскоро гостиварци ќе чекорат по булевар УЧК, Бригада 116 (дејствувала на територијата на Гостивар во воениот конфликт во 2001 година), булевар Џемо Хаса (балист за време на Втората Светска војна), улица Фис Фазлиу (паднат борец на УЧК од Гостивар), улица Јакупи Танушеа (балист од Втората Светска војна) улица Адем Јашари, булевар Чемерија, а меѓу новите имиња е и она на Хасан Приштина.

Одлуката за преименување била донесена на седница на Советот на општината, но без присуство на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Советниците Македонци веднаш поднеле претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа (ДИЛС) поради прекршување на правилото за гласање по Бадентер.

“Одлучено е да биде постапено по овој предмет и наскоро ќе биде донесено соодветно решение“, вели директорот на ДИЛС, Ванчо Шехтански.

Во Советот на општината Гостивар, 12 советници се од НДП на Руфи Османи, седуммина се од ДУИ, четворица од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и двајца од ДПТМ.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=109501&kategorija=1

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty13/9/2012, 15:58

Одамна веќе ја надминаа секоја мера, а ова ако се дозволи ќе биде капаче. Него...кај ваквиве одлуки како редовно да одсуствуваат ДПМНЕ и СДСМ.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty14/9/2012, 12:43

Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty14/9/2012, 22:58

Хммм некако прилогот го доживувам како про албански. Хрватите нешто многу загрижени за слупчанчаните дека немале вода и канализација....
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty14/9/2012, 23:04

Прилозите од Хрватска за Македонија речиси секогаш се про-албански.
А богами ептен ги жалеа шабаните и во 2001-ва. Кутрите они, репресирани, неуранети и без основни човекови права...
Морееееее.....

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty14/9/2012, 23:39

ОБНОВЕНО: Починатиот разузнавач бил долгогодишен припадник на МВР

Јонче Груевски, припадник на Агенцијата за разузнавање попладнево во 15 часот се здобил со огнострелна рана и починал на лице место. Оваа информација за Плусинфо ја потврдија од МВР непрецизирајќи дали некој стрелал во починатиот Груевски или пак станува збор за несреќен случај.

Единствената официјална информација која ја добивме од полицијата е дека со истрел од огнострелно оружје од непознати причини починал вработен во АР Јонче Груевски.

Според полицијата попладнево на лице место излегол истражен судија и телото е предадено на обдукција. Повеќе детали за овој случај полицијата најави за утрешниот ден.

Обновено:

Полицијата врши вештачење на оружјето кое било пронајдено во близина на починатиот. Јавен Обвинител и истражен судија го истражуваат случајот. Инаку починатиот Груевски од пред два месеца станал дел од разузнавачите. Тој уште од почетокот на својот работен век бил припадник на МВР. Како дел од специјалците Тигри учествувал во конфликтот во 2001 година, а бил припадник и на одделението за Недозволена трговија со дрога и оружје (НТШ). Груевски бил поранешен припадник и на мобилната единица на полицијата Алфа и работел како раководител. Пред да премине во АР работел во полицискиот тим на НТШ.
http://www.plusinfo.mk/vest/56900/OBNOVENO-Pochinatiot-razuznavach-bil-dolgogodishen-pripadnik-na-MVR

Загина оперативец на АР, бил застрелан со пиштол во својата канцеларија

Оперативец на Агенцијата за разузнaвање почина попладнево откако бил застрелан со пиштол во неговата канцеларија во седиштето на АР.

На полицијата засега не и се познати причините за несреќата, но од извори во АР дознаваме дека станува збор за несреќен случај.

Според нашите извори, станува збор Јонче Груевски кој се застрелал несакајќи додека го чистел службениот пиштол.

„Тој седел во својата канцеларија. Во еден момент земал да го чисти својот службен пиштол. Уште не знаеме како се случила несреќата, но пиштолот испукал и тој смртно се ранил самиот себе си“, велат тие.

Како што велат изворите, Груевски бил нововработен и во АР бил примен на работа пред четири месеци со уште десетина други вработени.

Во МВР потврдуваат дека во Агенцијата за разузнавање настрадал нејзин вработен од истрел од огнено оружје, но засега немаат информации како се случила несреќата.

„Настанот се случил околу 15 часот попладне. Од истрел од огнено оружје загина Јонче Груевски, вработен во АР. Причините засега не се познати. Извршен е увид на местото, а неговото тело е дадено на обдукција. Дополнителни информации ќе имаме во текот на утрешниот ден“, изјави Борче Пешевски, портпарол на МВР.
http://www.mkd.mk/59032/crna-hronika/zagina-operativec-na-ar-bil-zastrelan-so-pistol-vo-svojata-kancelarija/

Rolling Eyes

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 14/9/2012, 23:53. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty14/9/2012, 23:49

Еден збор - илјада слики - еден одговор

Никола Груевски почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол

Министерот за одбрана Фатмир Бесими по повод 13 август, во официјално својство и во придружба на армиски лица отиде во селото Слупчане да им се поклони на паднатите борци на ОНА. Го направи тоа додека врховниот командант тераше ифтар во Турција, а шефот на Владата се одмораше исто така во Турција. По скандалот уследи стандардната политичка игричка во копродукција на американската амбасада плус Филип Рикер и омилените им „борци за човекови права“, а во која македонските државни претставници секогаш добиваат улога на држачи на тацни. Мојот проблем во целава пиздарија не се ниту учките ниту „келнериве“, а уште помалку сурушите, односно воајерите од СДСМ. Мој проблем е што сите тие изгледа си мислат дека Македонија и Македонците се на тацна.

Многу грешат!

Ќе почнам од Ѓорге Иванов, кого ќе го прашам како врховен командант дали е сигурен дека во АРМ постои синџир на команда и, аналогно, дали е сигурен дека, во не дај боже случај како што беше 2001-та, војската ќе функционира ефикасно и беспрекорно. Може ли тој да е сигурен дека неговите врховни наредби ќе бидат испочитувани и спроведени ако министер е некаков Бесими, а офицер некојси Талал Џафери или командант Бреза? Или ајде да отидам чекор понапред во претпоставките, па за секој случај да си прашам: Размислува ли тој за ситуација кога некој Рикер можеби утре ќе ги насаска „култивираните“ учки дека сега му е мајката да ја реализираат идејата за „Илирида“, зашто сега имаат уставно инсталирана албанска паравојска во сите структури на АРМ? Немој пак некој да ми каже дека сеам дефетизам и песимизам! Вакви срања се случуваат. А во Македонија особено често откако политичарите дозволија преку криминален рамковен договор, без никаков темел во домашното и меѓународното право, во државата да се вгради тешка фабричка грешка што 24/7 штанца неупотреблив шкарт за кој не постои доволно голема Дрисла да се складира.

Никола Груевски нема што да го прашувам, ами ќе го потсетам, бидејќи тој, нели, ја промовираше онаа „една слика - илјада збора“. Првата слика е сврзана со покојниот Борис Трајковски. Тој во почетокот на косовската агресија врз Македонија извршена со сесрдна американско-европска логистика се занесуваше дека е полнокрвен шеф на суверена држава и на учките од Липково им упати ултиматум дека, ако не ја напуштеле браната, ќе дејствувала армијата. Кога учките не го исполнија ултиматумот, одлучниот Борис го упати вториот ултиматум, овој пат со пофлексибилен рок од 48 часа, по кои, нели, тој ќе ѝ дадел наредба на армијата да дејствува. Нормално, учките не му удрија рецка, па цврстиот врховен командант и третпат демонстрира одлучност ем цврстина, така што во третиот ултиматум налутено и строго им нареди на „востаниците“ да се повлечат најдоцна за 72 часа.

Е, потоа, кога ни тргна, не застанавме со спасувањето на Македонија до денешен ден. Видиш ти како ДПА и ДУИ си наддаваат на тендерот распишан од Собранието за тоа кој ќе ја направи Македонија поалбанска и поучкаста. Просто човек гледа како пратениците на ДУИ и ДПА во следната етапа на остварување на „духот на рамковниот договор“ си ја замислуваат Македонија како жолта куќа во која тие на Македонците, со американска поддршка, легитимно ќе им ги вадат органите без анестезија. Демек, ќе ги колат на ангро, а касапите ќе ги овековечат низ булевари, улици и школи. Добро де, ќе му дадат некое сокаче и ќе им ги остават сите органи на нивните сојузници од СДСМ плус Тито Петковски. Ама само на оние во највисокиот врв! Без Мисовски!

Значи, да го потсетам: Борис Трајковски, по неговите славни ултиматуми, никој не го рецкаше. Пред крајот на мандатот, кога тој се надеваше на втор, не го профермаа ни неговата партија, ни неговите моќни меѓународни пријатели, ни народот. Рејтингот му беше одвај 3 отсто. Плус-минус маргина за грешка од 3 отсто. Значи чиста нула. Потоа, како непотребно сметало и опасен сведок, го отепаа оние што му ги даваа советите. И посмртно, преку срамен медиумски 24/7 пресинг, му го креваа рејтингот прогласувајќи го крајно дегутантно и цинично за „голем човек“ и „светски калибар“.

Потсетувањето на оваа секвенца има за цел да му укаже на Никола Груевски дека
почнува да пимпла како Трајковски. Не го разреши Бесими иако мораше. Ете го сега во Брисел, каде што, наводно, заедно со министерот за надворешни работи ја претставува Македонија врз која се помоча со помош на двајца американски државни снајперисти. Предложи закон за бранителите чиј статус не е решен само затоа што сите активни политичари во Македонија од родот тацноносачи кротко се согласија војната во 2001-та да ја третираат како партија пеинтбол. Во таков случај „нормално“ е што учките што ги извршија масакрите во Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила..., кои киднапираа, силуваа, резбареа врз живи луѓе се чувствуваат охрабрено да продолжат со ширењето на етничката кауза на Ермира. Тие се амнестирани, наградени, вработени, исплатени, привилегирани и уважувани, а оние што ја носеа официјалната армиска и полициска униформа се шиканирани, навредувани, криминализирани, обезвреднети - дотука бидува! Груевски како реакција на дрска провокација се одлучи да дејствува. Рече дека ќе си стои на зборот зашто не му е потребна власт по секоја цена. Ама, гледам, нешто се тегне работава како мрсул. Владата функционирала непречено. Никола и Али ќе се сретнеле. Предлог-законот е во процедура, а процедурата блокирана. Во меѓувреме тргнаа шепотењата во доверба дека „меѓународната“ не сакала вонредни избори, сакала коалицијата да опстане, а за возврат ќе нѐ честела со датум за преговори со ЕУ овој декември. Паралелно, Бранко Црвенковски почна интензивно да гостува по медиумиве и во платена пропагандна програма и на пресовите на Бичиклиски. Демек, човекот учествувал во организиран шверц. Заедно со Фрчкоски. Така рекол шверцерот Маѓаш. И што е тука ново?
Сите го знаат тоа. Пред Маѓаш тоа ни го кажа Петрит Аме. И црногорски Монитор. И извештаите на НАТО, УНПРОФОР и многу други. Народот затоа неповратно ги има отпишано и него и СДСМ. Но дечкиве од ВМРО-ДПМНЕ изгледа не знаат дека по секоја ваква експлицитна слика, нормалниот човечки ум си проектира уште една слика проследена со илјада збора - онаа за државата и функционалноста на нејзините институции. Значи, што мајка прават полицијата, обвинителството и другите фактори што не дојдоа до ниедна странска сметка, не дојдоа до ниеден валиден доказ и сведок за дотичниве да ги стави во бајбок со правосилна судска одлука? Не само за шверц туку и за подривање на државата, за антиуставно дејствување, за загрозување на општата безбедност и слично. Па, патем, во свеста ќе му искрсне сликата за петкратното ѕверско убиство на децата кај железарското езерце и многу, многу прашални зборови за молкот што го покри овој настан. Дури и Пол Волерс, кој ни се закани дека одблиску ќе ја набљудувал правдата, си молкна. Што е? И тука ли проработи стратегиското партнерство на сметка на Македонија и Македонците? Дали учките, вахабитите, алкаедистите се кријат во Бонд стил и се под директна заштита на Америка? Дали демократско Косово, чија независност под закана ја признаа нашите политичари, си продолжува да биде јатак и камп за обука на сите мафијаши, психопати и убијци со знаење на големите спонзори за потребите на нивните мали војнички?

Пред рејтингот на Груевски да почне да се движи надолу, сакам да го потсетам дека Македонците како искуствени скептици тешко му ги дадоа срцето и довербата. Но откако му поверуваа и го фиксираа на врвот, тој мора да внимава своите зборови сто отсто да ги исполнува. Без изговори. Нема повеќе оправдувања! Од ова последно ветување тој не смее да отстапи. Тамам Господ бог да му вети утре прием во НАТО. Таков морков не смее да залапа, оти со него во пакет доаѓа и стапот. Со такво глупаво залапување ние еднаш овозможивме територијална поделба по воената линија на разграничување од 5 јули 2001 (ја исцртавме Илирида), а добивме безначајно признавање на САД под нашето уставно име со „мала“ фуснота дека САД и натаму силно ќе ја притискаат Македонија да си го смени името и ветување до Грција дека во истиот момент и САД ќе си ја повлечат претходната одлука.

Значи, кого го боли уво за датум за преговори со унија што не знае утре ни што ќе биде ни каква ќе биде, ако цената е уште една капитулација на државата Македонија?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91412931229&id=13&prilog=0&setIzdanie=22679

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty15/9/2012, 01:56

Мирче реши и по ќоро и сакато да мава Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil колумниве и се апла реални и директни и мислам дека барем малку допираат до оние што треба да допрат и ако се заслепени малце ќе ги освестат, не за друго, многу јасно им ја предвидува иднината ако го лапнат „морковот„ .
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty15/9/2012, 17:40

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty17/9/2012, 11:26

Глигоров и независна Македонија
http://www.mkd.mk/59345/kolumni/gligorov-i-nezavisna-makedonija-risto-nikovski/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 94 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 94 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 48 ... 93, 94, 95 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: