Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 25 ... 46, 47, 48 ... 73 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty17/4/2012, 20:56

Од кога е сликава.Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Makedonija3
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty17/4/2012, 20:59

"Планинска Бура" би рекол.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty17/4/2012, 21:19

Mnogu verojatno.
kako shto trgnalo ke gi vidime lisicite na ulica.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty17/4/2012, 22:47

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Слушнав дека две од убиените деца имале досие во полиција, едното поради тешки кражби а другото поради насилство...

Информацииве ми стигнуваат од релативно сигурен извор, но сепак чисто се сомневам дека ова е изведено ради тоа. Друга е поентата.

Самиот начин на извршување на делото укажува на нешто посериозно од тешки кражби и насилство. За да биде извршено едно вакво дело лицата морале да имаат и логистичка поддршка ( ако не и во самата Полиција ), соодветна обука итн да не ја повторувам анализата. Не верувам дека мотивот е некоја си минорна материјална корист од некоја кражба или некаков реваншизам за некое си насилство ( се разбира доколку постоеле ).

Тоа сигурно.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 00:51

“МВР работи 24 часа, мобилизирани се сите служби и буквално не застануваме ниту за миг. Работиме и на се што е поврзано со петкратното убиство како најголем приоритет, но и на сите други околности што на еден или друг начин можат да се доведат во релација со настанот, како и другите случувања кои неминовно се дел од секојдневниот живот“, изјави денес министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во врска со текот на истрагата околу убиството на петтемина скопјани во атарот на село Смиљковци. Министерката Јанкулоска соопшти дека истрагата оди во добра насока, апелирајќи уште еднаш, со оглед на тоа што се работи за голем обем на информации и исклучително тешко и сложено кривично дело, за трпение за да може полицијата сериозно да направи анализа и да не се дозволи некоја информација која може да е суштинска да не биде доволно разработена.

Според Јанкулоска, по објавувањето на фотографиите на возилото за кое се смета дека било на местото на настанот и најверојатно е поврзано со убиството, МВР добило повици од околу четириесетина граѓани на телефонската линија 199. Дел од тие повици се поклопуваат со претпоставките на полицијата и во текот на денешниот ден продолжува анализата на сите информации и нивно ставање во контекст на целосно завршување на истрагата. Полицијата знае точно кога и од каде влегло ова возило, но во интерес на истрагата во оваа фаза не можат да се дадат други детали.

Притоа, министерката Јанкуловска нагласи дека МВР има сериозни информации кои би можеле да значат финално разрешување на случајот, повторувајќи дека сепак потребно е одредено време. Исто така, во својата изјава пред медиумите Јанкулоска соопшти дека се уште не се завршени разговорите со најблиските членови од семејствата на убиените, а причината е нивната општа состојба бидејќи сосема логично тие се во голем шок и стрес и не се во состојба да дадат исказ кој евентуално би можел да и користи на полицијата. Покрај ова Јанкулоска апелираше до граѓаните кои што можеби ќе се сетат на физиономијата на лицата кои биле видени во возилото да се јават на специјалната телефонска линија бидејќи овие информации, во контекст на информациите со кои располага МВР, би биле од голема полза. Особено што МВР располага со голем број на информации коишто сè уште се предмет на анализи и не се исклучува ниту едно сценарио.

Наедно одговарајќи на новинарско прашање дали по препорака на МВР денес училиштата работат со скратена настава Јанкулоска потенцираше дека полицијата деновиве има интензивна комуникација и со градоначалниците на општините и на Градот Скопје, кои вложиле сериозни напори луѓето да добијат релевантни информации и да се негираат шпекулациите кои се појавиле, а дел од нив не се добронамерни и можат да и нанесат штета на истрагата. “Ценам дека не е лоша одлуката, сепак, сите ние заеднички да направиме напор да се смири состојбата и страстите, за да може целосно да се посветиме на истрагата“, изјави Јанкулоска.

http://www.bezpardon.mk/mvr-ne-zastanuvame-nitu-za-mig-rabotime-24-ch-najiskusnite-vo-mvr-rabotat-na-sluchajot/
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 13:00

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 13:02

Балканските армии се вооружуваат поради страв од војна

„Џејн дифенс-интелеџенс“ пишува дека Балканот е еден од најтешко вооружените региони во Европа, а најверојатно така ќе остане и во иднина, бидејќи ова е клучно место каде што се прекршуваат копјата на геостратегиските интереси и интернационалниот баланс на светска моќ

ДРЖАВИТЕ ОД РЕГИОНОТ ГИ ПОЛНАТ ВОЕНИТЕ АРСЕНАЛИ

Стравот од некаков можен конфликт и уште повеќе традицијата се мотивите поради кои армиите од регионот, и покрај големата економска криза, трошат многу пари на вооружување на своите армии, посочуваат експертите. Процените на меѓународните институции велат дека во земјите од овој дел на Европа, Грција, Турција, Србија, Албанија, Бугарија, Романија и Македонија, има околу 3.000 борбени авиони и хеликоптери, 10.000 тенка, 20.000 најразлични оклопни возила, стотина воени брода, триесетина подморници и илјадници парчиња ракети и артилериски гранати...

Овие бројки, кои најверојатно не се комплетни, бидејќи вооруженоста на армиите во регионот е воена тајна, ги добивме од министерствата за одбрана, од нивните интернет-страници, но и од светските специјализирани магазини и реномирани интернет-портали.

- Армиите секогаш имаат многу повеќе и многу поопасно оружје од она што ѝ го презентираат на јавноста - вели на оваа тема светски реномираниот магазин „Џејн дифенс-интелеџенс“.

Грција и Турција во постојан конфликт

Статијата објаснува дека Балканот е еден од најтешко вооружените региони во Европа, а најверојатно така ќе остане и во иднина, бидејќи ова е клучно место каде што се прекршуваат копјата на геостратегиските интереси и интернационалниот баланс на светска моќ.

- Во овој регион се пресекуваат интересите на Русија, Блискиот Исток, САД и на земјите од Западна Европа, слично на оние од 1989 година, кога почна колапсот на ерата на Советскиот Сојуз - заклучува магазинот.

Мирослав Лазански, белградски воен аналитичар, вели дека трендот на вооружувањето на армиите во регионот е различен за различните области на Балканот.

- Грција и Турција се пред судир со години за Кипар, потоа судирот за епиконтиненталниот појас, односно границата во Егејско Море, каде што Грција зазема острови што се оддалечени на само 12 километри од турскиот брег, па турските бродови не можат ниту да излезат од пристаниште. Судирот меѓу нив е и поради предвидувањата дека во Егејското Море има нафта и гас - анализира Лазански.

Поранешните ју-републики го обновуваат арсеналот

За поранешните југословенски републики аналитичарот смета дека само го обновуваат оружјето.
- Што се однесува до вооружувањето на поранешните југословенски републики, тука добро сте забележале дека набавките се мошне слични. Тоа обично се објаснува со потребата од учество во најразлични мировни операции, но всушност армиите мораат да купуваат нова опрема, бидејќи сегашната е мошне застарена - резимира Лазански.

Пензионираниот генерал на авијацијата на СФРЈ, Црногорецот Благое Граховац, вели дека овој тренд на трошење големи пари на вооружување е од страв, а тоа мора да се прекине еднаш засекогаш и да се зголеми довербата меѓу балканските држави.

- Своевремено, во 2002 година, заедно со неколку колеги од регионот подготвивме теоретски план што требаше да прерасне во иницијатива, со кој замисливме да се формира заедничка балканска армија - раскажува генералот.

Планот, според Граховац, подразбирал формирање заедничка воена сила, која, доколку би профункционирала, би заштедила многу од непотребно потрошените пари и би ја зголемила довербата меѓу државите.
- Оваа заедничка воена сила според планот би била во рамките на НАТО и командувана од него, со што ваквите децениски проблеми со еден потег би биле комплетно надминати - резимира генералот.



Турската армија силна колку целиот Балкан

Турција е посебна приказна. Ова е земја што најмногу издвојува за вооружување според магазинот http://www.globalfirepower.com, дури 5 отсто од бруто-домашниот производ, или двојно повеќе од другите. Со 500.000 редовни војници и речиси 5.000 тенка, Турција има воена сила колку сите балкански земји заедно. Двојно е посилна од Грција и нема намера да штеди.
Тие постепено ќе ги заменат авионите „Ф-16“ и „Ф-4“ што сега ги користи турската армија. До крајот на годинава Турција треба да избере меѓу американскиот „Ф-35/ЈСФ“ и неговиот европски конкурент „еурофајтер“.

Бугарија го кастри советското оружје

Армијата на Бугарија главно е преокупирана со намалување на својот воен арсенал бидејќи ги следи стандардите на НАТО. По зачленувањето во Алијансата, источниот сосед ги намали речиси за 50 отсто државните трошоци за вооружување на армијата. Речиси симултано, пренесува http://www.worldsecuritynetwork.com, производствените капацитети на одбранбената наменска индустрија на оваа земја од советски се преориентираат кон НАТО-стандардите. Војската на оваа земја поседува 12.900 американски теренски возила произведени во погоните на „Дајмлер-Крајслер груп“. Таа располага со 12 хеликоптери „кобра“, 6 други помали хеликоптери „еурокоптер АС 565МБ“, http://www.eurocopter.com/site/en/ref/home.html неколку транспортни авиони „спартанец“.

Грција - лидер во набавките на оружје

Грција, се чини, е регионален лидер во набавките на оружје. Оваа земја можеби е на работ на банкрот, но строгите мерки на штедење што Брисел ги бара од Атина не се однесуваат на одбраната. Специјалниот интернет-портал http://www.strategycenter.net ја набројува листата на желби на министерот за одбрана на оваа земја за годинава, а тоа се: 60 воени авиони „еурофајтер“, вредни 3,9 милијарди евра, дузина француски фрегати што чинат повеќе од 4 милијарди евра, патролни бродови за 400 милиони евра. Толкава е сумата за неопходната модернизација на грчката морнарица. Меѓу поимпозантните сопствености на хеленската армија се тешките германски тенкови „леопард 2хел“, модел на компанијата „Краус-Мафеи Вегман“. Ова оклопно возило е проценето како еден од најквалификуваните тенкови што може буквално недопрени да преживеат битка во урбана средина. Грците исто така поседуваат и неколку германски подморници „У214“, вредни 2 милијарди евра. Минатата година нашиот јужен сосед купи 415 оклопни борбени транспортери „БМП3“ од руско производство и нови 1.200 руски тенка од моделот „Т-90“, зделка што беше склучена само за рускиот гасовод да мине низ оваа држава. Хеленското воздухопловство на свое располагање има 80 американски борбени авиони од моделот „Ф-16“, произведени од можеби најдобрата компанија во светската одбранбена индустрија „Локхид Мартин“.

Армиите на Македонија и на Албанија најскромно вооружени

Македонија, пак, како што најави претходниот министер за одбрана Зоран Коњановски, планираше до 2015 година да купи стотина оклопни транспортери, уште неколку нови хеликоптери и беспилотни летала, но за жал ваквите најави не се остварија и не се во агендата на неговиот наследник Фатмир Бесими.
Македонската армија за годинава на располагање има буџет од вкупно 300 милиони евра. Новото раководство ќе троши пари за да го спроведе проектот „Армија на иднината“. Овој план предвидува македонската армија да создаде воини по опремата и подготвеноста слични на оние од научнофантастичните филмови. Македонската армија располага со педесетина оклопни возила составени од тенковите „Т-55“ и германските хермелини. Македонскиот воздухопловен ВИНГ има 20 хеликоптери, од кои најголемо внимание јавноста секогаш насочува кон борбените воздухоплови произведени во Украина „Ми-24“. Дел од овие хеликоптери неодамна беа модернизирани и дигитализирани во Израел, под проект со кодно име „Александар“.
За Албанија нема никакви податоци, но армијата на оваа земја е толку очајно опремена, што официјалниот буџет од 236 милиони евра годишно може да биде употребен само за одржување на постојниот воен арсенал, составен главно од кинески „калашникови“ и десетина стари „Т-34“ тенка, стои во една анализа на „Нешнел дифенс“.

Моќта на поранешната ЈНА наследена од Србија

Од земјите што настанаа со распаѓањето на поранешната СФРЈ, единствено Србија остана легитимен наследник на воениот авторитет на ЈНА во регионот, се вели во анализата на http://www.worldsecuritynetwork.com. И покрај конфликтот со НАТО поради војната во Косово, српската војска денеска е една од најмногубројните и подобро обучените во регионот, единствено со исклучок на Турција.
Оваа земја не увезува оружје, туку напротив, има сопствена производствена линија на оклопни тенкови, односно на „М84“, своевидната југословенска варијанта на советскиот тенк „Т-72“. Српската одбранбена индустрија во изминативе две години остварила извозен пораст од 250 милиони евра годишно. Како што информира весникот, Шутановац се надевал дека Србија ќе потпише договор вреден 400 милиони долари за модернизација на 249 тенка „М-84“, кои поранешна Југославија ги извезувала во Кувајт во 1991 година. Под палката на сегашниот српски министер за одбрана се изврши модернизација и на стотината борбени авиони „МИГ-29“. Во план за оваа и за наредната година се набавки на значителни количества руски борбени авиони „Су-27“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41812846584&id=9&prilog=0&setIzdanie=22558

Колку само не им се точни податоциве...ахахахах...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 14:10

Читам и си викам да искоментирам веднаш или да дочитам до крај. Се одлучив да читам до крај и го видов и твојот коментар. И да знаеш само колку им се неточни податоциве. Буџет од 300 милиони, т-55???? Србија има 100-тина Миг-29???? Glava v zid Glava v zid

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 14:16

Баш вчера се потсетив како почна првата балканска војна, е сега тоа одеше мислам вака во 1912 тогаш младиот тодор александров желен за слобода на својот народ се решава со други членови на Вмро да направат атентати врз турците, тоа го прават со тоа што земат магаре и на магарето му стават експлозив поврзан со часовник и тоа магаре го врзале во пазарот во кочани во близна на џамијата, и кога излегуваја турците од молитва бомбата експлодирал и убила доста турци на оваа турците бараја одмазда и ја добија со тоа што убија многу македонци низ кочани, на оваа бурно реагираше јавност во Бугарија и во Србија кој сакаја да ја одбрант стара бугарија или стара србија од злосторствата на турците се тоа беше потпалено со разни од тогашните весници кој цело време пишеја за тоа, туку се смеша и русија која му даде зелено светло за војна со турција, и тогаш од џебот се извади српско бугарскиот договор за делба на Македонија а како граница да биде реката вардар, подоцна во овој договор е вклучена и грција чија војска требаше да го отвори јужниот фронт, така да дечки оваа убиство е многу слично на оние магарешки од 1912 кога балканските држави го искористија овој атентат за одредување на своите граници кој си останаја до денеска.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty18/4/2012, 14:25

Интересни податоци. Првпат слушам за ова и навистина е добро да се знае. Само што сметам дека поделба на Македонија практично е невозможно

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 47 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 47 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 25 ... 46, 47, 48 ... 73 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: