Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 16:45

БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ГИ СНИМАШЕ ПРОТЕСТИТЕ Twisted Evil

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 16:49

Хронологија: Кој и за што протестира последниве години?

Протести против криминал. Протестанти во одбрана на обвинети.

Во Македонија изминативе години беа организирани неколку протести во име на поединци кои полицијата ги теретеше за криминал, а ги судеше Судот. Се протестираше пред Влада, пред Собрание и пред Суд. Се бараше некаква правда, онаму каде правдата всушност и се спроведува.

2007-протести против случајот на Бучковски

Протести и собраниски инциденти по завршување на судскиот процес за случајот „Резервни тенковски делови“. Во него Владо Бучковски доби затворска казна во времетраење од 3,5 години. Освен Бучковски, истата казна ја доби генерал Методи Стамболиски.

Додека Бучковски ја даваше првичната изјава пред судот, Социјал-демократите протестираа пред скопскиот Основен суд-1. Криминалот направен во случајот беше проценет на 2 милиони евра.

Пресудата подоцна ја укина Апелацискиот суд, и побара повторување на постапката за предметот.

Во ноември 2009 г., поради суштествени повреди во постапката и недостаток на докази, Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда и процесот го врати на повторно судење, со што казната затвор за обвинетите автоматски стана неважечка.

2009-протести за осудените од „Бродец“

Униите на студенти од Штуловиот и Државниот универзитет, Здруженито на политички затвореници и Здружението на албанските историчари во Македонија протестираа за осудените од „Бродец“. Протестот го поддржа и граѓанската иницијатива на чело со Семи Хабиби кој само неколку месеци пред протестот собираше потписи со цел да се укине притворот на обвинетите од Планинска бура.

Скопскиот суд, во јули истата година им изрече максимални казни од 15 години на лидерите на терористичката група Лирим Јакупи Нацист, Фатос Алија, Амир Сопа и Метин Ислами.

2010-СДСМ од Битола во одбрана на фармерот Душко

Масовен протест направија битолските СДСМ-овци поради затворањето на фармерот Душко Илиевски и неговиот брат и татко, обвинети дека во својот двор култивирано одгледувале марихуана. Околу 2.000 активисти прошетаа пред институциите во Битола – затворот, општината и основниот суд, каде со погрдни зборови, се обратија кон власта.

Во 2011 година, битолскиот суд донесе ослободителна пресуда за фармерот.

2011-протести за случајот на Бошкоски „Кампања“

Протестанти го затворија булеварот пред судскиот комплекс во моментот кога Бошкоски беше носен на распит пред истражен судија. Членови и симпатизери а партијата на Бошкоски протестираа против неговото апсење.

Лидерот на Обединети за Македонија е прогласен за виновен поради злоупотреба на службената положба и нелегално финансирање на изборната кампања на партијата на годинешните предвремени парламентарни избори.

Доби казна затвор во времетраење од 7 години.

2011-опозицијата протестира за „Пајажина“

Клубот на жени на СДСМ, опозициските пратенички и експери, пред Основниот суд Скопје 1 протестираа за случајот „Пајажина“ каде првообвинет е сопственикот на А1, Велија Рамковски.

Рамовски и управителите на фирмите од „Перо Наков“ бб беа осомничени за затајување на данок, перење пари и злосторничкончко здружување.

Сопственикот на А1 е осуден на 13 години затвор.


2012-протести против најголемата полициска акција „Монструм“

Откако полицијата ги пронајде сторителите на грозоморното петкратно убиство и ги терети за тероризам, веќе два протести се случија пред Судот и пред Владата на РМ. Убијците се радикални исламисти, а на протестите се носеа маици со пораката „Исламот ќе владее со светот“. Албанците кои излегоа на протест, истиот го договорија преку социјалните мрежи. Токму таму, бараа правда за сторителите на грозоморниот чин.


Кој протестира и за што?

Протестите, реално, неможат да влијаат на одлуката на судот, ниту пак на ниту еден начин неможат да спасат криминал од казна. Искажувајќи револт за судски случај, со ваквите протести, протестантите се ставаат во одбрана на криминал.

Наведените протести се случуваат или за член на опозицијата или во организација на опозициска партија. Секако, против власта. Протестираат од најголемата опозициска партија или Албанците. Во случаите каде што е суден член на владејачка партија, протести речиси и не се паметат. Не се случија протести по однос на пресудата на Ламбе Арнаудов. Ниту еден член на владејачката партија не застана пред Судот за да протестира. Исто така, казната од пет ипол години затвор за ексминистерот за одбрана Пауновски, не предизвика никого на протест.

За случаите по кои беше донесено обвинение судот имаше цврсти докази за своите постапки, а последен пример е и акцијата „Монструм“ за која и министерката Јанкулоска и обвинителот Шврговски потврдија дека постојат цврсти и квалитетни докази за осомничените доволни за обвинение. Згора над тоа, кога овој случај е во прашање, признанието на заштитениот сведок Хазири дека ги возел убијците до Смиљковското езеро претставува доволен доказ дека институциите и овој пат професионално си ја завршиле работата.

Протестите без разлика од кого се организирани предизвикуваат ангажман на огромен број на службени лица кои наместо да работат на предизвиците и приоритетите треба да се занимаваат со обезбедување на протести.

Тогаш навистина, кој и против кого протестира? Правдата е во рацете на државните институции, а не на оние кои дејствуваат против нивната работа.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/70637-Hronologija-Koj-i-za-sto-protestira-poslednive-godini
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 18:38

Frogfoot напиша:
Вакви брадосани не памтам ни 2001 толку да ги имаше и со вакви знамиња да излегуваа. Ако некој вели дека нема вахабисти кај нас и дека се под контрола, се лаже себеси, не другите. На претпоследната слика мислам тој мајумнот со упаљач фрла према новинарот односно фотографот што го слика. Ете одма му се гледа лицето совршено може да го викнат утре.

Инаку забележав во Гостивар полицијава со калаши Smile од бугарските ваљда што ги зедовме 2001. Инаку панцириве на полицајциве регуларни што ги носат, знаете каков тип се? Имаат нови земено не се оние сините од 2001.

Новите ( црни ) се за ПЕП. Инаку регуларните припадници сеуште ги должат оние сините и понекој маскирен.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 21:14

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 22:37


Што мислите ке го јадат овие што маваат по полицајциве...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 22:49

Не верувам... ќе има протести и за нив.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyПет 11 Мај 2012, 23:07

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyСаб 12 Мај 2012, 15:15

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyСаб 12 Мај 2012, 15:26

И јас ги гледав. Ама не е до толку работата.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 EmptyНед 13 Мај 2012, 11:15

Убиени петмина македонци од страна на терористи, после некое време албанците протестираат, бараат некаква си правда? За кого? Правда за убијци? Правда за терористи? Да не сакате да ги пуштат на слобода? Да не сакате наместо нив да уапсат лица од друга националност за само вие да не се чувствувате навредени? Па никаде бе луѓе не се спомнува дека сите албанци се терости, никаде никој не наведе некого како целина, како група. Тоа се индивидуи бе луѓе, тоа се тројца или четворица луѓе кои го прекршиле законот, кои убиле, за што треба да одговараат. Или можеби е ова како онаа старата македонска, оној кој ја има мувата на капата тој ја брка? Зашто не помислите малку како им е на семејствата на убиените? Зашто не протестирате против убивањето? Зошто не помислите малку на вашите деца, како вие би се чувствувале ако не дај боже ја имате истата судбина? Или едноставно не протестирајте оставете полицијата да си ја заврши работата. Или најлесно е излези на протести, собери се што имаш по дома и машко и женско, и стари и млади, и демолирај се пред себе, каменувај ја владата, удри по новинарите како да они сакале да бидат таму, удри по полицијата, затоа што таа не би требало да биде таму, нека си оди да правиме што сакаме. Зарем вака ние еден ден здравје боже ќе влеземе во Европа? Зарем Европа која и така е разнишана би сакала земја што сеуште неможе да ги реши проблемите со цивилизирањето?

Незнам што уште барате, незнам уште што не сте добиле, уште кои права не ги уживате? Да не го сакате правото да можете да го менувате законот? Или пак уште подобро ниеден закон да не важи за вас можеби? Незнам навистина што сакате, незнам зошто сето ова мораше да се случи, но знам дека ова не оди на добро. Eднаш засекогаш да се освестиме, и да живееме во оваа држава каде што сите сме исти и рамноправни, заедно, без разлика дали сте албанец, македонец, србин, ром или која било друга националност. Но, во сево ова вината не е само нивна, голема вина е и на македонската влада, која на се личи само на влада не. Да дозволам некој да ме каменува мене и уште стотина други недолжни граѓани, затоа што тој не е задоволен од нешто. Ма дај бре, постои ли закон во оваа држава? Постои ли казна за ова? Тие го ,,срушија” цел град, а тие ни со малото прсте да мрднат. Па што треба да се случи? Да почнат бомби да фрлаат? Да загинат уште невини луѓе? Ја навистина не сфаќам во ваква држава живееме. Дали тука воопшто постои некој што сето тоа ќе го санкционира? Дали некогаш ќе научиме што е тоа мирен протест? Дали некогаш ќе научиме што е тоа цивилизација? Македонците протестираат, десетмина уапсени. Не викам не и они дивееа по градот, и они ја напаѓаа полицијата, но си го добија заслуженото. А каде е заслуженото за овие ,,баратели на правда”, кои се правеа, само не ја бараа правдата? Или удри по македонците, они ќе ќутат нема да преречат?

Од трета страна неможам да ги сфатам ни медиумите. Луѓе ваши колеги се нападнати на местото на протестите, каменувана е владата, нападнати се службените лица. А, вие известувате како тоа протестите поминале мирно, како тоа немало поголеми инциденти?!?!?!? Па што треба да се случи за вие да напишете протестите поминаа тензично или да напишете дека било многу лошо? Да се сруши Владата? Или можеби Собранието? Навистина незнам до кога ќе оди вака, незнам во која насока ќе одиме со вакви работи. Но, знам дека како и да е ова воопшто не е добро, и ова не би требало да се случува. Сите заедно живееме во оваа држава каде што има институции кои се задолжени да го решат тоа и нема потреба од вакви работи и преземање на законот во свои раце.

Разочаран.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 73 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 73 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: