Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty24/7/2012, 00:40

СОФИЈА БАРА ПРИЧИНА ЗА ДА СТАНЕ АТИНА

Многу Спаски за бугарско вето

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“ - книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, која ја раскажува човек кој тврди дека бил малтретиран поради бугарските чувства. Приказната потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства

Oфицијална Софија почнува да води поагресивна политика кон Македонија. Во рок од два дена, во Бургас се промовираше книга преку која се опева страдањето на Бугарите во Македонија, бугарскиот парламент реши да испрати комисија во Охрид која ќе испитува дали се репресирани оние што имаат бугарски чувства, а претседателот Росен Плевнелиев преку писмо го поздрави славењето на Илинден во Смилево.

Бугарија се пофали дека има одговор за македонскиот филм „Трето полувреме“, за кој бугарските европарламентарци реагираа дека шири историски манипулации во однос на нивната земја. Тоа е книгата „Јас, Бугаринот од Македонија“, чиј автор е Здравко Здравески, Бугарин од Прилеп.

Ваквите чекори покажуваат дека официјална Софија може да го примени словенечкиот модел за блокирање на Хрватска или грчкото однесување кон Македонија - да пронајде причина за да стави рампа на македонскиот пат кон ЕУ.

Kнигата „Јас Бугаринот од Македонија“ во соседната земја се претставува како приказна за тоа „што се случувало со човек кој бил храбар да пее бугарски патриотски песни“. Приказната за Здравески потсетува на онаа за Спаска Митрова, која ги обвинуваше македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства, а во чија одбрана застана и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

За Здравески се вели дека имал лажно обвинение и лежел затвор поради неговата бугарска самосвест и борбата за Бугарите во Македонија. Медиумите од Софија објавија дека тој бил еден од основачите на „Лавовите“, од 1998 година работел во МВР, а по падот на владата на Љубчо Георгиевски бил прогонуван, тепан од полицијата, а неговото семејство било под постојана закана.

„Kнигата е за сите што можат да издржат жив оган, топла крв, детски солзи во своите раце. Сакавме да кажеме по навика дека е пријатна за читање, но се сепнавме навреме: овој филм на ужасите се гледа меѓу убиствената тишина, во која се слуша само глуво крцкање на забите“, објавија медиумите. На промоцијата во Бургас во саботата гостин бил и Спас Ташев, советник од кабинетот на вицепремиерот Симеон Џанков.

- Со едниот дроб дишам кислород, со другиот не можам. Првиот се вика Бугарија, а вториот Македонија. Од вас барам на Македонија да ~ дадеме вештачко дишење - рекол Здравески на промоцијата, објаснувајќи дека имал цел да ги обедини сите Бугари. Истовремено, во бугарскиот парламент се одржала и средба на пратеници на која се постигнал договор за посета на Охрид за да се испитало какви биле проблемите на Бугарите.

Промоцијата на книгата и средбата во бугарскиот парламент временски се совпаднаа со бугарското славење на Илинден, изминатиот викенд на гробот на Даме Груев, кое беше поздравено од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и од Агенцијата за Бугарите во туѓина.

- Ако целта на бугарските револуционери беше да се ослободат од ропските окови, наша цел е да ги скинеме оковите на една измислена историја, која насадува омраза - рекол Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб од Скопје.

И заменик-претседателот на Kомисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, Андреј Kовачев, од групата на ГЕРБ испратил поздрав до Бугарскиот културен клуб во Скопје по повод одбележувањето на Илинден во Смилево. Иницијативата ја сметаат за исклучително важна за да се препознае заедничката историја на Македонија и Бугарија. Kовачев пишува дека се надева оти наскоро македонските учебници ќе се прочистеле од манипулации и фалсификати. Во писмото, како што пренесуваат бугарските медиуми, пишува и дека бугарските европарламентарци внимателно ја следат ситуацијата во Македонија и се залагаат за почитување на демократските вредности.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B3D353160B71AC4C9B2A483C7B2C4D86

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty26/7/2012, 00:19

МВР за MKnews.MK: Во инцидентот има оштетени возила, но нема повредени

Како што информирале за инцидентот навивачите биле упатени кон стадионот Филип 2. Засега од непознати причини на автобусите група лица фрлала камења – има оштетување на возилото, но нема повредени.

Од МВР го потврдиле инцидентот за MKnews.MK, кој се случи попладнево кога Албанци почнале да фрлаат камења кон автобусот во кој што се наоѓале комитите, но за среќа, освен мала материјална штета, искршените прозори на автобусот, нема жртви. Како што информирале за инцидентот навивачите биле упатени кон стадионот Филип 2. Засега од непознати причини на автобусите група лица фрлала камења – има оштетување на возилото, но нема повредени.

Инцидент меѓу Македонци и Албанци во Старата скопска чаршија се случи денеска околу 18.00 часот, пренесе Порталб. Според извор на порталот, македонската група го започнала инцидентот.

Се работи за групата комити, кои што во тоа време се упатувале кон стадионот Фили Втори, за да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Бате Борисов.

Според очевидците пак кои што минувале низ тој дел од градот, Албанците почнале да фрлаат камења кон автобусот во кој што се наоѓале комитите, но за среќа, освен мала материјална штета, искршените прозори на автобусот, нема жртви. Инцидентот траел само 10 минути, а благодарение на брзата интервенција на полицијата, не дошло до поголем хаос.
http://www.libertas.mk/vest/31424/MVR-za-MKnewsMK-Vo-incidentot-ima-oshteteni-vozila-no-nema-povredeni

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty26/7/2012, 14:49

На Косово уапсен Алмир Дрпљанин - убиецот на полицаецот кај ПМФ

Алмир Дрпљанин, осуден во април 2010 тата на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред Природноматематичкиот факултет, пред една недела е уапсен од косовската полиција. Неофицијално, Дрпљанин е осомничен и за грабежот на Прокредит банка.

Керими Реџаил и Агим Ислами ја издржуваат доживотната казна затвор. За помагање на убијците на 6 години беше обвинет и Рамадан Шакири. На 26 ти ноември 2008 – мата тројцата на паркингот пред ПМФ испукале 70 куршуми од автоматска пушка кон возилото мазда во кое бил полицаецот Арифи и уште двајца полицајци. Арифи почина на самото место, а полицајците со тешки повреди едвај останаа живи и се доживотни инвалиди.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=94416

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty26/7/2012, 14:50

Каменувани автобуси на ЈСП

Неколку градски автобуси се каменувани ноќеска, а регистриран е и случај на претепан патник. Било нападнато и патнички возило.

Физичкиот напад е регистриран околу 00,45 часот во Скопје, кога во автобус кој се сообраќал на линија 57, на автобуската постојка кај маркетот „Чаирче“ се качиле 15 млади лица и почнале да го навредуваат З.А.. Тој се симнал на наредната автобуска станица поточно спроти кино „Бутел“, каде се симнала и групата од млади лица и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата, по што успеал да избега со неговиот татко.

Претходно во периодот од 23,00 до 23,45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ поточно кај „Еуро Тулс“, повеќе НН лица извршиле каменување врз автобус на ЈСП, кој сообраќал на линија 50, при што искршени биле неколку прозорци. Освен автобусот, каменувано е патничко возило “Шкода“. Само неколку часа претходно, околу 19,00 часот во Скопје, на крстосница на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, поточно кај кривината кај ТЦ-Мавровка, Д.П. додека се движел со „Лада 110“, 7-8 млади лица со шипки почнале да удираат по возилото.

Истите се упатиле во правец „Холидеј Ин“ каде почнале да фрлаат камења врз автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата 50, по што се упатиле кон Судска палата и каменувале друг автобус сопственост на ЈСП, при што се искршени неколку стакла.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=71517

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty30/7/2012, 10:37

Македонци во Македонија сè помалку
30 јул 2012 07:48

Македонската етничка заедница лани се намалила за 0,2 отсто, а најголемото малцинство составено од етнички Албанци се зголемило за 0,8 отсто.

Македонската етничка заедница има негативен природен прираст зашто во 2011 година има повеќе починати од новородени бебиња. Статистичките податоци покажуваат дека бројот на Македонците лани се намалил за околу 0,2 отсто или за речиси 3.000 лица. Наспроти нив, лани, најмногубројното малцинство во земјава, кое го сочинуваат етнички Албанци, се зголемило за речиси 0,8 отсто, односно за речиси 3.900 лица.

Лани во земјава се родиле најмногу бебиња од македонска етничка припадност – вкупно 11.485 деца. Наспроти нив, истата година починале 14.409 лица, а корелацијата на овие фактори создала негативен прираст на најголемата етничка заедница. Македонската заедница лани се намалила за 2.924 лица, односно за 0,2 отсто од бројот на целата македонска етничка заедница, која има нешто повеќе од 1,2 милион лица.

Особено загрижува прирастот во споредба со вкупниот број на мнозинската заедница на етничките Македонци.

Според процените, мнозинската заедница има над 1,2 милион жители, а бројот на новородените деца лани е помал од 1 отсто од целата популација на заедница. Најмногубројната етничка заедница веќе значајно заостанува зад речиси сите малцински заедници во Македонија, со исклучок на српскиот етникум, кој има најлош сооднос од тројца умрени наспрема едно новородено дете.

Наспроти македонската заедница, албанското етничко малцинство има солиден природен прираст. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се родени вкупно 7.093 бебиња од албанската етничка заедница. Соодносот меѓу новородените и умрените е 2,2 наспроти 1 во корист на новородените. Природниот прираст на оваа етничка група е позитивен зашто бројот на новородените е за 3.895 поголем од бројот на починатите лица. Со оглед на ова, бројноста на албанската заедница, која изнесува околу 500.000 лица, е зголемен за 0,8 отсто.

Очекувано највисок природен прираст во Македонија има ромското етничко малцинство. Но сепак прирастот на оваа заедница е понизок од претходните години и тој податок познавачите го објаснуваат со значајната миграција на ромското население во земјите на Европската Унија особено по укинувањето на визниот режим. Официјалната статистика покажува дека оваа етничка заедница лани имала сооднос 2,3 родени на едно умрено лице. Вкупно биле родени 1.135 деца, а починале 495 лица.

Солиден прираст има и бошњачката етничка заедница, во која лани биле родени 204 бебиња, а починале 105 лица.

Убедливо најсилен негативен природен прираст има српската етничка заедница во Македонија. Лани се родиле 127 деца од српската заедница, а починале 423 лица.
http://www.mkd.mk/47781/makedonija/makedonci-vo-makedonija-se-pomalku-statistika/

Остваруваме. Smile
Народов нема леб да јаде... деца ќе правел.
И така за едно 20-30 години, ќе си станеме малцинство во сопствената држава.
За 60-70 години нас ќе не нема, а како сведоштво ќе останат само бронзените споменици на плоштад "Ilirida".

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty3/8/2012, 14:06

Борците реагираат: кој го нагрди со „илирида“ споменикот во Гостивар?

Ноќта пред одбележувањето на 2 август непознати лица испишале „илирида“ на споменикот на загинатите борци од НОВ во Гостивар, реагира Сојузот на борците од НОВ по вчерашното сквернавење на спомен обележјето.

„Ваквите сквернавења последниве години се зачестени, а најиндикативно е тоа што се случува пред одбележување на значајни датуми од поновата македонска историја“, се вели во писмената реакција во која борците бараат локалната самоуправа да покаже поголема грижа за заштита и одржување на спомениците, а полицијата да покаже поголем ангжман во откривањето на сторителите на вандалскиот чин.
http://www.mkd.mk/49000/makedonija/borcite-reagiraat-koj-go-nagrdi-so-ilirida-spomenikot-vo-gostivar/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty3/8/2012, 15:30

Треба да се преземе нешто околу ова со редовното сквернавење на спомен обележјата од страна на шиптарите. Пошто тоа редовно се случува баш на чевствувањето на некои датуми, или првата вечер одкако ќе се постави некое ново спомен обележје, посебно од 2001, мислам дека со заседа или скриени камери(или некоја маскирана клејмор мина Twisted Evil ) можат многу лесно да се фатат. А потоа....
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty3/8/2012, 15:37

Ја сум за клејмор.. батали камера. Има да биде minced meat. Мамата нивна монголидна.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty5/8/2012, 14:44

Графити „Смрт за ФИРОМ“ во Гостивар

Пароли со недолична национална содржина „Ilirida, Смрт за FYROM, Ilirida 1912, Zgjonuni Shqiptar, Prizren 1878“ биле испишани деновиве низ Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, непознатиот сторител со спреј во црна и црвена боја ги испишал графитите од 01 до 04 август. Графитите се напишани на повеќе јавни места на делницата од Основниот суд до Градскиот стадион, градскиот парк, од двете страни на реката Вардар, на зградите на државните институции, Медицинскиот центар, зградата во која е сместен државниот катастар, на зградата на ХЕЦ-Маврово и спортската сала, како и во алејата на паднатите борци од НОБ.
Полициската станица во Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
http://www.plusinfo.mk/vest/52191/Grafiti-Smrt-za-FIROM-vo-Gostivar-

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty8/8/2012, 02:13

Грчки план за инвазија на Македонија

Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање македонска земја во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница во внатрешноста на државата, тврдат двајца добро информирани извори од безбедносните кругови
Уште од времето на Студената војна, нешто повеќе од шеесет години, сѐ уште во сила е грчка стратегија за воено навлегување во Македонија, која предвидува заземање територија во длабочина од најмалку 40 километри од нашата граница кон нашата држава! Оваа информација за „Нова Македонија“ ја тврдат двајца добро информирани соговорници, едниот пензионирано воено лице од врвот на АРМ, а вториот експерт по безбедносни прашања, кои побараа да останат анонимни. Ваквото сценарио за воена инвазија на Македонија досега трипати било во можност да се примени, а последен пат било за време на воената криза во 2001-та, за што дознаваме и од документите од досието на Николче Бабовски од Битола, кои ги објави Комисијата за верификација на фактите, а за кои пишувавме во „Нова Македонија“.

Во суштина, станува збор за разработен воен план, кој своите корени ги влече од педесеттите години на минатиот век, за време на Студената војна. Имено, објаснува еден од нашите соговорници, оваа воена доктрина е развиена од НАТО, а нејзината примарна односно првична намена не била уништувањето на Македонија, туку заштита на земјите-сојузнички од можна агресија на Варшавскиот комунистички блок предводен од СССР.
- Имено, иако Југославија во тоа време се декларира како воено неутрална земја и не била таргетирана како директна закана од Алијансата, сепак НАТО неа ја перцепира како можен непријател. Според тогашните пресметки, на воените аналитичари главните битки помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, ако некогаш се почнела светска војна, би се одвивале генерално во Западна Германија, објаснува соговорникот.

Злоупотребена доктрина за НАТО

Токму поради ова, вели изворот, на помош на западните држави требало да им пристигнат војските на најистурените НАТО-земји, односно Грција и Турција. Тие токму преку Македонија и преку Вардарската долина требало да ја минат нашата држава и странично или, пак, од зад грб да ги нападнат армиите на комунистичкиот блок држави.
- Со текот на времето, оваа оригинална доктрина на НАТО добива целосно различен концепт и е злоупотребена. Тоа е така, бидејќи овие воени податоци дополнително се разработени од грчката страна и профилирани во нивни цели насочени против Македонија - објаснува соговорникот.
Во 1992 година, сегашниот премиер на Грција, Андонис Самарас, во јавноста претставува грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот е наречен „Самарасова клешта“ и тој имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок на Македонија, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сѐ уште присутната ЈНА на почвата на Македонија, која била под директна силна команда на Белград. Доколку се разгори граѓанска војна, силите на Грција би им дошле „на помош на нивните српски пријатели“.
- За среќа, објаснува соговорникот, најверојатно под притисок на Запад, оваа доктрина никогаш не била применета и била исечена во самиот корен, најверојатно веднаш по неофицијалните средби на Милошевиќ и Мицотакис - објаснува познавачот на проблематиката.
Дека овие сомневања за воената интервенција се издржани се потврдува со изјавите на првиот грчки највисок дипломат во Македонија, Александрос Маљас. Тој годинава во интервју за еден дневен македонски весник објасни дека ваквиот план реално постоел и бил активиран последен пат во 2001-та година.
За време на кризата во Македонија, според Маљас, наводно бугарската држава имала намера да изврши заедничка воена интервенција со Грција користејќи го нивниот план за дејствување. Оваа здружена акција би имала за цел да ја стабилизира безбедносната ситуација во Македонија. Грчкиот дипломат во интервјуто објаснува дека Атина најверојатно поради големиот ризик од инволвирање во македонскиот конфликт го одбива барањето на Софија.

Инвазијата би се одвивала во неколку фази

Воената инвазија, барем теоретски, би се одигрувала во неколку фази, а планот имал за цел да се освојат четириесетина километри од македонската земја, која потоа би била тампон-зона, откаде во иднина би дејствувале грчките сили доколку би било потребно во соработка со српската или, пак, со бугарската страна.
- Најпрво, грчките сили би требало да бидат составени од еден корпус и две дивизии и да имаат помеѓу 30 и 40 илјади војници. Грчката армија за време на инвазијата најверојатно би се поделила на неколку правци на дејствување - елаборира добро упатениот експерт.
Тој верува оти прво оружје што би се употребило би била авијацијата на нашиот сосед, која е доволно бројна за во неколку напади да може да се уништат нашите разузнавачки и извидувачки армиски центри и аеродромот близу Скопје. Потоа грчката армија во втората фаза на нападот би се обидела копнено да воспостави линија на контрола што би се движела паралелно со нашите езера. Симултано со овие акции би се координирале и напади копнено да се заземе Штип и да се излезе на Брегалница.
Тенковите и пешадијата би имале главна улога во ова борбено дејствување, објаснува експертот, во евентуалните битки од гевгелиската рамнина до клисурата кај Демир Капија.
- Таму е многу тешко да се мине, со тешка механизација и оклопни средства, но кога ќе се стори тоа, патот е отворен до Велешко. Паралелно со овие напади, планот предвидува втора акција на напредување на грчката војска, која откога ќе стигне до Радовиш, преку Штип би излегла на Свети Николе. Токму оттаму оваа непријателската војска со оние сили што би биле стационирани во Велешко многу лесно здружено би се доближила до скопската долина - дециден е соговорникот.
Анонимниот експерт раскажува дека доколку во овој грчки план во зависност од моменталните политички потреби би се вклучиле и армиите на Бугарија и на Србија, нивните војски не би имале повеќе од по две дивизии или вкупно приближно 20 илјади војници.
- Бугарската војска би ги зазела Струмица и Делчево, а Србите за главни цели на нивните напади би ги имале Куманово и Скопје. Така што, со релативно голема надбројност, барем теоретски, доколку овие земји би нѐ нападнале со грчкиот план македонскиот отпор би се скршил за само неколку дена.



Военото сценарио од 2001-та во досието на Бабовски

Во досието на Николче Бабовски, лидер на партија на Власите од Битола, кое е обработено од Комисијата за верификација на фактите и кое јавно е достапно на Интернет може да се забележи дека во редот на објавени документи се пронаоѓаат информации за грчката идеја за тампон-зона во Македонија од времето на конфликтот во 2001 година.
Во документите што се насловени под кодното име „Ветеринар“ има пикантерии од тоа дека грчкиот конзул во Битола бил во врска со секретарката до информации важни за безбедноста на државата.
- „Ветеринар“ по наше инсистирање ја отвори темата што беше исклучително значајна. Станува збор за негова средба во ГКВ-Скопје во пролетта 2001 година, придружуван од ОО...... (името е избришано), а во присуство на високи претставници од ГКВ-Скопје, вклучувајќи го и политичкиот директор од МНР на Грција. Во кратки црти, грчките државјани спрема двата лидери на елино-влашките популации во Битола зазеле став за сестрана поддршка доколку воените дејства ескалирале и на југ, децидно ја промовирале сега познатата идеја за тампон-зона, и искажале голема загриженост, но и подготвеност за акција поради заштита на грчкиот капитал во Македонија.
Во документот означен со бројот 19 стои дека грчката држава сметала на поддршка од Власите во форма на митинзи, јавни осуди и слично.
Натаму, се истакнуваат информации дека самиот Бабовски остварувал успешна соработка на неколку полиња со Заедницата на Србите во Битола, што дополнително се вклопува во комплетното грчко сценарио за воена инвазија на Македонија.
Самиот Бабовски, во деведесеттите години на минатиот век редовно контактирал и со извесно лице што било бизнисмен и сопственик на месна индустрија од Јанина, Грција. Бизнисменот од грчка страна бил по потекло Влав и голем финансиер на влашката партија во Македонија, а самиот активно учествувал во сегрчкото влашко здружение.

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 86 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 86 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 85, 86, 87 ... 93 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: