Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty5/7/2012, 22:23

Никнамед давај газовци!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty5/7/2012, 23:25

Frogfoot напиша:
Чек чек, значи ние сме прифатиле да преговараме за име-компромис СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА ЗА СЕВКУПНА УПОТРЕБА?

Такво нешто НЕМА ниту во резолуцијата од Советот за Безбедност... ниту во привременета спогодба со Јунанистан.
Ова нешто сенилниов дедо си блада. Што се деди хтило, то се деди снило.
Може слободно да си к'сне од тоа што ќе го посере у пелените за возрасни што ги носи. Му ибам геријатријата му ибам.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty9/7/2012, 15:19

Уште една жртва на шиптарско-качачките банди.

Починал претепаниот тетовец

Тетовецот Крсте Стерјоски починал како последица на напад што врз него го извршиле две лица на возраст од 21 и 22 години од Тетово. Нападот се случил во петокот меѓу 15 и 16 часот, на улица „Гоце Делчев“, во непосредна близина на православните гробишта во Тетово, при што Стеројски се здобил со сериозни повреди. Веднаш по нападот повредениот со возило бил однесен во Тетовската клиничка болница, каде му била укажана лекарска помош, но заради сериозноста на повредите, итно бил префрлен на Скопските клиники каде починал.
- Полицијата извршила увид набрзо по пријавувањето на случајот, подигнала и одредени траги за вештачење и разговарала со лекарите во Тетовската болница. Двајцата осомничени се уште се во бегство, распишана е потрага по нив и издадена е наредба од истражен судија за нивно приведување – изјавија од тетовската полиција.
Според неофицијални податоци на полицијата, осомничените успеале да избегаат од Македонија на Косово од каде потекнуваат. Стерјоски долго време работел во Швајцарија и покрај македонско, имал и швајцарско државјанство, а во родниот град се вратил пред неколку години по што започнал сопствен бизнис.
http://www.plusinfo.mk/vest/48851/Pochinal-pretepaniot-tetovec
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty9/7/2012, 17:37

Од каде знаат дека избегале на Косово? Ако знаат дека избегале таму, сигурно знаат и кои се и косовските власти ако се расположени за соработка можат да ги испорачаат во РМ. Evil or Very Mad Evil or Very Mad Evil or Very Mad гадни шабани.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty9/7/2012, 17:38

Во меѓувреме еден е фатен.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty9/7/2012, 17:40

Да, само што прочитав..

Уапсен насилник, осомничен за смртта на тетовецот

Полицијата уапсила еден од двајцата напаѓачи на 65- годишниот тетовец Крсте Стерјоски, кој ноќта помеѓу саботата и неделата починал по повредите, кои ги задовил откако бил претепан од две момчиња.
Нападот се случи во петокот помеѓу 15 и 16 часот, на улица „Гоце Делчев’’, во непосредна близина на православните гробишта во Тетово , при што Стеројски се здобил со сериозни повреди.

http://www.plusinfo.mk/vest/48885/Uapsen-nasilnik-osomnichen-za-smrtta-na-tetovecot
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty10/7/2012, 15:46

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОТОА

Дали мудриот Глигоров беше во право?

Периодот по еуфоричното одбележување на дваесетгодишнината од конституирањето на државата треба да биде повод и за реконструкција на реалноста, за длабинска анализа и пресек на минатото, за назначување на перспективите. Резултатите покажуваат дека наместо празнување, Македонците всушност треба да тагуваат – за овие дваесет години тие дојдоа до работ од губење на државата. Наспроти формалните атрибути на држава, суштинските индикатори во многу димензии од системот и институциите свирепо покажуваат дека Македонија не функционира според стандардите за држава. За дваесет години Македонците неколкупати го сменија Уставот; го сменија нивното милениумско знаме, го усвоија охридскиот Рамковен договор, со што практично дозволија со сила, на некој начин, да им се одземе државата; од државотворен народ кој беше 80-ина проценти денес го направија етничка заедница од околу 60-ина проценти, а со најавениот фалсификат на пописот постои реална можност да н` направат дури и малцинство; дозволија нивни министри да им кажуваат дека мора да го сменат името, со т.н. Бадентеров принцип демократските процедури ги заменија со политички уцени и „терор на малцинството врз мнозинството“ како модел за донесување одлуки, итн. Долг, премногу долг и трауматичен е списокот на сите грешки на Македонците и нивните политички партии.

Оттаму, соочувајќи се со болниот, но очигледен факт дека државниот капацитет на современите Македонци е сепак минимален, односно дека без радикален дисконтинуитет во бавниот развој на националната свест и начинот на политичко мислење Македонците денес се пред можноста целосно да ја изгубат државата, некои настани од пред дваесет години мора да се реинтерпретираат преку наведената призма, да се согледаат во нова светлина. Kако епитаф на загубената можност за конституирање поинаква, посигурна држава и колективна национална егзистенција – меѓутоа и како поттик да се изменат некои мегатрендови во политичкиот дискурс, додека не стане премногу доцна. Од оваа дистанца, до неодамна многу критикуваното политичко однесување на претседателот Глигоров во времето кога се распаѓаше Југославија, односно се подготвуваше независноста, се чини како голема пропуштена можност за подобра реалност. Споредено со денешната очајна состојба во сите аспекти на државата, таа реалност изгледа како загубен рај за македонскиот народ.

Беше ли претседателот Глигоров во право? Дали неговото инсистирање за задржување некаква форма на заедничка држава со други републики од поранешната СФРЈ (платформата „Изетбеговиќ-Глигоров“) било мотивирано од длабокоумното сознание дека Македонците немаат доволен капацитет за своја држава во вакво опкружување, во балканското буре-барут, со многу побројни и посилни соседи кои (практично сите, освен можеби делумно Србија и Бугарија) ни оспоруваат с` што е наше, македонско; со политички претставници на едно малцинство кои имаат претензии, во определена смисла, да ја преземат државата, односно завладеат со територијата? Дали неговиот обид да ја остави отворена можноста за интеграција - сојуз со другите републики од поранешната СФРЈ - беше конципиран врз неговите анализи дека ние, како Македонци, можеме да опстанеме единствено во рамноправен стратешки сојуз со побројни народи кои имаат слични културни матрици? Дека некои елементи на државноста (на пр. внатрешната безбедност) треба да бидат заеднички со други народи (со слични јазици и иста религија), во замена за сигурна иднина и мир?

Мудриот Глигоров, со референдумското прашање кое овозможува(ше) некаква форма на демократско интегрирање-рамноправен сојуз, како и преку конципирањето на првиот и единствен Устав (што само десет години подоцна ни го сменија терористи од Kосово!), кој им даваше држава на Македонците, ја овозможи шансата – која, за жал, сепак остана неискористена, главно заради неспособноста и антимакедонскиот политички опортунизам на македонските политички и „бизнис-елити“. Kатастрофалните политики во многу сфери, проследени со тотално неразбирливи одлуки директно насочени кон Македонците како носители на суверенитетот на својата единствена национална држава, прифатени молкум од Македонците, денес резултираа со нашето секојдневие – толку тегобно, што прославата на две децении македонска држава дури се покажува како високоапстрактна иронија – па, зарем имаме држава според критериумите на соседните држави или оние од ЕУ?

Претседателот Глигоров веројатно беше во право (од оваа временска дистанца набљудувано) - можноста за сојуз требаше да биде отворен проект – згреши единствено во својата верба дека политичките „елити“ се рационални и способни да направат реална процена за своите севкупни капацитети и да создадат геополитичка реалност во која ќе можеме да живееме барем како рамноправен народ со други, а не под доминација на друг. Дури ниту во тоа не успеаја. Наместо некој вид соодветен сојуз, Македонците, односно нивните политички партии (во таа, во некоја смисла самоубиствена политика ги следат, којзнае зошто, и Црногорците, барем во некои аспекти) денес дозволуваат развој на идеи за конфедерација под доминација на албанските држави (односно квазидржави) – АЛKОМА (смешно наречено балкански БЕНЕЛУKС), голема Албанија, Илирида. Под закана на претставниците на едно малцинство, кое за дваесет години вештачки, преку нелегално давање на државјанства на хартија се зголеми дури за десет проценти (?!) денес се прекинаа сите релации со Србија и Бугарија (на пример, пругата кон Бугарија не е изградена заради овие стратегии, денес тоа станува сосема очигледно), за сметка на оние со Kосово (меѓународен протекторат кој владата на ВМРО-ДПМНЕ, односно ДУИ скандалозно го призна како независна држава!) и нестабилната Албанија.

Идејата на претседателот Глигоров денес се первертира во своја гротеска – и Македонците, наместо со своја држава, или партнерски сојуз со православни држави, наскоро можеби ќе бидат малцински народ во веќе исцртаната нова творба за која придонесуваат и бизнисмените Македонци на кои личниот профит и пари им се поважни од суверенитетот на својата држава, со барањата за даночни олеснувања, мини-шенген, односно бесцаринска унија, развој на инфраструктурата и сл. со Албанија и протекторатот Kосово.

Тони Науновски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4E009251774A764F9867DD3ACCB44D49
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty13/7/2012, 17:39

Убиен братот на убиецот кој пред три дена закла жена во центарот на Струга

Во Струга вчеравечер со огнено оружје убиен е Вејсел Максути брат на убиецот Гзим Максути кој пред неколку дена со нож ја уби 78-годишната Милица Лазороска во центарот на градот.

За убиениот, неофицијално, се знае дека имал проблематично минато. Засега од полицијата на соопштуваат податоци каде и кој го убил Вејсел.

Наводно,предходно тој имал кавга со група странски туристи, а имало и расправии во неговото смејство.
Во Струга за кусо време се случија две убиства и скутерски несреќи во кои еден загина, а тројца се повредени.
Полицијата ги испитува поричините за последното убиство, и најави детали за подоцна.

http://bukvar.mk/news/ubien-bratot-na-ubiecot-koj-pred-tri-dena-zakla-zhena-vo-centarot-na-struga?newsid=gjYW
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty16/7/2012, 00:39

Вечерва запалено македонското знаме во Чаир

Непознат сторител вечерва еден час пред полноќ, го запалил македонското знаме пред оштинската зграда во Чаир, лоцирана на улицата Христијан Тодоровски Карпош, објави Прес 24. Нема информации дали функционира видео надзорот на општинската зграда кој ќе може многу да помогне во откривањето на сторителот на овој вандалски чин.
http://www.plusinfo.mk/vest/49581/Vecherva-zapaleno-makedonskoto-zname-vo-Chair
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty18/7/2012, 23:41

Добро луѓе, другари, пријатели, добронамерници!!!

Ве молам да ми кажете што се случува со Македонија особено со опозицијава во моментов!?

Мислев ја научија лекцијата за претрпените порази, но длабоко сум се излажал на жалост. 6 изборни циклуси по ред на различно ниво и не научија дека не пали оној момент од 90-тите прво да дојдам на власт па ќе видам што да правам.

Сега формираат коалиција, за СПАС на Македонија. Немам ништо против, имало и ќе има коалиции, но оваа коалиција никако не ме остава рамнодушен.
1. Бранко - не ми е битно нити како нити на кој начин, само да го бутнам Груевски од власт па ќе видиме што ќе правиме.
2. Љупчо - размена на територии меѓу Албанија и Македонија, ние сме нација од 1945 година и најголеми фалсификатори на балканската историја.
3. Тачи - нов договор меѓу Албанците и македонците (кантонизација), ново знаме, химна и устав, посебен буџет.

Па добро со вакви политики ќе се добие власт на локално ниво, дали овој Бранко е нормален што договара по голата желба за власт??????
Јас сум страшно незадоволен од работата на градоначалникот во мојата општина (инаку од редовите на ДПМНЕ), ама сега сигурно знам дека нема да гласам за кандидат од коалицијата за РАСПАД на Македонија, сепак има и независни кандидати.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 85 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: