Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 43 ... 83, 84, 85 ... 92 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty25/6/2012, 12:22

Makedon напиша:
Се јавија и Татариве, не можеа многу да седат по страна. Па нели това ни се братски народ, две држави един народ Mad Mad Mad Mad
Класичен балкански идиотизам, порано одолевав на овие глупости ама денес не можам да поднесам се што не е македонско на балканов.
Не оставаат можност не да ги сакаш туку да не ги мразиш

Грција - име и идентитет
Бугарија - народ
Србија - црква
Албанија - територија

па добро ние сме проблем или ова се околу нас е полудено до крајна мера Mad Mad Mad

Си го испуштил Косово. Со нив имавме и неформална војна. Wink
Но често се прашувам, дали ќе имаа толку долг јазик комшииве доколку РМ имаше армија од едно 12-13,000 војници, 120-130 тенкови, едно 150-200 ОТ, 12-15 борбени авиони, 20-25 хеликоптери, неколку современи батерии ПВО.

Надвор од НАТО (случајно или поверојатно намерно), во оваква безбедносна констелација, Македонија не би требало да го има ова што во моментов го има како Армија и Безбедносни служби. Ситуацијата е на Red Alert веќе подолго време, на буџет за одбрана и полиција под 6-6.5% од BDP не треба да се помисли, па макар јаделе трева и камења. Израелски рецепт за Балканска манџа.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty25/6/2012, 17:50

Ако те прочита власта и опозицијата отидоа демек реформите.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty26/6/2012, 00:51

Alvar напиша:
Makedon напиша:
Се јавија и Татариве, не можеа многу да седат по страна. Па нели това ни се братски народ, две држави един народ Mad Mad Mad Mad
Класичен балкански идиотизам, порано одолевав на овие глупости ама денес не можам да поднесам се што не е македонско на балканов.
Не оставаат можност не да ги сакаш туку да не ги мразиш

Грција - име и идентитет
Бугарија - народ
Србија - црква
Албанија - територија

па добро ние сме проблем или ова се околу нас е полудено до крајна мера Mad Mad Mad

Си го испуштил Косово. Со нив имавме и неформална војна. Wink
Но често се прашувам, дали ќе имаа толку долг јазик комшииве доколку РМ имаше армија од едно 12-13,000 војници, 120-130 тенкови, едно 150-200 ОТ, 12-15 борбени авиони, 20-25 хеликоптери, неколку современи батерии ПВО.

Надвор од НАТО (случајно или поверојатно намерно), во оваква безбедносна констелација, Македонија не би требало да го има ова што во моментов го има како Армија и Безбедносни служби. Ситуацијата е на Red Alert веќе подолго време, на буџет за одбрана и полиција под 6-6.5% од BDP не треба да се помисли, па макар јаделе трева и камења. Израелски рецепт за Балканска манџа.

Нит сум се жалел нит ќе се жалам, пиперки толчени има да гнетам и ќе се фалам ако на некој му текне да воведе вакво правило ... немора ни 6 нека биде и 4% . Rolling Eyes

За тоа со војската...држи место, сепак на крај и политичките битки ги добива оној кој има повеќе војска.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty26/6/2012, 23:10

Документи на албански јазик излегуваат од Владата

ВМРО-ДПМНЕ ја премолчува оваа практика што ја спроведуваат министрите -Албанци
Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Njoftim_Takim-Xhaferri_Hoxh

Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор испрати известување до медиумите напишано на официјален владин меморандум, во кое известува за средбата со вицепремиерот Џафери со Енвер Хоџај, министер за надворешни работи на Косово. Ова соопштение е напишано на македонски и на албански јазик. Минатата недела, Секретаријатот информира за посетата на вицепремиерот Муса Џафери на Данска и неговото учество на конференција што ја организира „Дијалог форум“, невладина организација што работи на развој на нови идеи за дијалог меѓу малите етнички заедници и данското општество. Таа информација беше испратена на албански јазик.

Ова се последни примери од практиката што ја воспоставија министрите-Албанци, од просториите на Владата да даваат изјави на албански јазик, така да ги пишуваат и службените документи што ги испраќаат во јавноста.
Професорите по уставно право велат дека со тоа се прекршуваат амандманот 5 од Уставот и Законот за употреба на јазиците на етничките заедници.

- Писмената комуникација на сите официјални претставници на Владата и другите органи на државата мора да се одвива на македонски јазик и кирилско писмо - вели Каракамишева-Јовановска.

Амандманот 5 од Уставот сѐ уште различно се толкува и меѓу експертите и меѓу партиите.

Од Владата велат дека вакви примери има често и нѐ упатија на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Оттаму одговараат дека соопштенијата ги испраќаат двојазично за подобра комуникација.


- За подобро информирање и комуникација со јавноста, соопштенијата се испраќаат на македонски и на албански јазик. Албанскиот го има и на интернет-страниците на министерства со кои раководат Македонци - вели Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Но јазикот на Интернет е една страница, а јазикот на официјален владин меморандум е друга работа. Уставот предвидува службената комуникација меѓу институциите на власта да може да биде и на друг службен јазик, но тоа треба да се регулира само со посебен закон. Таков закон не е донесен.

Сега пратениците-Албанци зборуваат на албански на седниците во Собранието. Претседавачите на собраниските комисии можат да ги водат комисиите на албански. Министрите можат да одговорат на албански јазик на пратеничко прашање на собраниска седница доколку и прашањето им биде поставено на тој јазик. Албанскиот јазик се употребува во општините во кои повеќе од 20 отсто од населението ѝ припаѓаат на оваа заедница, како и во службената комуникација на граѓаните со министерствата. ДУИ смета дека тоа не е доволно и дека албанскиот јазик треба да биде втор службен јазик во државата. Ова барање го наметна како тема и во преговорите за состав на Владата во 2008 година. Доколку албанскиот јазик добие поширока примена и стане втор службен јазик, тоа ќе биде резултат на политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Закон за употреба на јазикот на заедниците

Јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија се употребува во Собранието на Република Македонија; комуникација на граѓаните со министерствата, судските постапки; управната постапка; извршување санкции; народен правобранител; изборниот процес; при непосредно изјаснување на граѓаните; при издавањето на личните документи на граѓаните; при водењето на матичната евиденција; примена на полициски овластувања; во радиодифузната дејност; инфраструктурни објекти; локалната самоуправа; финансиите; економијата; образованието и науката; културата и во други области и институции во согласност со овој закон.


Амандман 5 од Уставот

1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член. Личните документи на граѓаните што зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон. Кој било граѓанин што живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик може да се користи во согласност со закон. Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20 проценти од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty27/6/2012, 12:28

„РАЗБУДИ СЕ!“ е згрозено од изјавата на Тачи

Граѓанското Движење „РАЗБУДИ СЕ!“ е згрозено од веста објавена во некои портали на Албански јазик кои ја пренеле скандалозната изјава на Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, дадена во Чегране, Гостиварски, кого што го цитираат дека кажал: „нема аир“ од Албанците надвор од Тетово и Гостивар т.е. Скопје, Куманово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Велес и Долнени.
- Својот придонес низ годинините, „РАЗБУДИ СЕ!“ го одвиваше токму во Скопје за да ги стопира сличните асимилирачки и прогонувачки кампањи како во Охрид, Битола, Прилеп и Велес каде Алабцните се отселија како последица од политичката негрижа и кампањите за оттуѓување на националниот и религиозен идентитет. Ниту една прогонувачка или уништувачка кампања кон Албанската култура немаше да има успех доколку таа кампања немаше свои соработници во Албанскиот табор. Токму таквите диференцијални и кариеристички ставови биле карактеристични за политичарите кои што соработувале со уништувачките и асимилирачки сили кон Албанската култура во градовите каде што Албанците не се мнозинство – велат од „РАЗБУДИ СЕ!“.
Од движењето додаваат дека додека РАЗБУДИ СЕ!, поддржана од целото Албанско општество, протестираше во 2007 година против политичките и исклучувачки ископувања на скопското Кале, во обид да го стопира почетокот на проектот Скопје 2014, беше токму потпретседателот на Мендух Тачи кој што ги етикетираше нашите напори и излезе во одбрана на асимилирачката кампања со зборовите „Скопје не ме интересира, Тетово и главен град на Албанците. Нека изградат уште 3-4 цркви во Скопје, воопшто не ме интересира“, велат од „РАЗБУДИ СЕ!“ и додаваат дека станувало збор за изградбата на Православна Црква врз темелите на родната куќа на Мајка Тереза.
- Убедени сме дека обичните граѓани на Тетово и Гостивар не ги делат таквите скандалозни ставови и ќе се дистанцираат од таква политика која што внесува поделба и омраза помеѓу Албанците во Македонија. Денеска, Албанците немаат потреба од политичари локалисти, за политичари со ограничена визија, туку денеска, повеќе од било кога, сакаат да гледаат кон Тирана и Приштина од Скопје. Секој друг напор ќе наиде на граѓански отпор, без било какво двоуемење – посочуват од движењето.
http://www.plusinfo.mk/vest/47578/RAZBUDI-SE-e-zgrozeno-od-izjavata-na-Tachi
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty27/6/2012, 13:49

Блазесини.
Соживот на недело!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty5/7/2012, 11:20

Папуљас бара Македонија да се откаже од идеологијата на македонизмот

„Колку повеќе ФИРОМ инсистира на идеологијата на македонизмот, толку повеќе ќе наидува на затвоени врати од НАТО и ЕУ“ – грчкиот претседател на официјална вечера во чест на неговиот бугарски колега, упати остра порака до нашата земја.

„Со поранешната југословенска Република Македонија, нашата позиција останува конструктивна, но и стабилна. Монополизацијата на терминот Македонија и нејзините изведени зборови во името на државата, на националноста и на јазикот не ја одразува реалноста во регионот. Поранешна Југословенска Република Македонија ја прифати обврската да преговара да се најде заемно прифатливо, конечно име. Согласно со резолуцијата од Советот за безбедност, ова име нема да биде само за меѓународен или за делумна употреба. Ќе биде име со географска одредница за сите употреби. Колку Скопје е упорно во идеологијата на македонизмот, толку ќе ја држи затворена вратата на НАТО, а интегративниот процес кон ЕУ, замрзнат “ – на издржа грчкиот претседател а да не го спомене проблемот со името.

Го остави за на крајот од денот, за официјалната вечера со Плевнелиев.

Бидејќи на прес конференцијата веднаш по билатералната средба, и двајцата претседатели, акцентот го ставија на реациите Бугарија – Грција, споменувајќи само дека и двете земји ќе работата на европска иднина на Западен Балкан.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=93463
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty5/7/2012, 20:44

Цитат :
Поранешна Југословенска Република Македонија ја прифати обврската да преговара да се најде заемно прифатливо, конечно име. Согласно со резолуцијата од Советот за безбедност, ова име нема да биде само за меѓународен или за делумна употреба. Ќе биде име со географска одредница за сите употреби. Колку Скопје е упорно во идеологијата на македонизмот, толку ќе ја држи затворена вратата на НАТО, а интегративниот процес кон ЕУ, замрзнат “ – на издржа грчкиот претседател а да не го спомене проблемот со името.
Баш би сакал да го видам Васко Ефтов што ќе речи на оваа изјава на Папуљас. Пред недела - две го гледав во центар како од петни жили сакаше да наметне став дека Македонија е негативецот во спорот со името и токму ние сме биле тие што не сакаат да се најде решение. Демек се преговарало исклучиво само за име за надворешна употреба, а идентитетските прашања биле наша измислица се со цел да сме ги попречеле преговорите. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty5/7/2012, 21:47

Чек чек, значи ние сме прифатиле да преговараме за име-компромис СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА ЗА СЕВКУПНА УПОТРЕБА?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty5/7/2012, 21:59

Зоран напиша:
Блазесини.
Соживот на недело!

Соживотот кај нас со Албанците е срушен после 2001 година. А тотално оваа година со убиството на децата и човекот кај Смилковско езеро и раст на преголема омраза кај Македонците кон Албанците веднаш по протестите за подршка на помагачите на убијците кои беа уапсени во операцијата "Монструм"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 84 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 84 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 43 ... 83, 84, 85 ... 92 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: