Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 43 ... 82, 83, 84 ... 91 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 13:02

„Златна зора“ упати закани кон Македонија

Претставниците на грчката неонацистичка партија „Златна зора“ уште неседнати во пратеничките клупи отворено преку соопштение им се заканија на Македонците, јавува дописникот на Канал 5 од Атина, Сања Ристовска.
„Златна зора“ смета дека нивното силно националистичко движење ќе прекинело многу идеи на соседите, а според соопштението, Македонците биле вознемирени од нивниот влез во парламентот, иронично нарекувајќи нe’ „добрите соседи“.

- Ако не се најде некој да ги прекине, наскоро ќе ја рекламираат и Беаз Куле! За среќа, секогаш лошо ги снаоѓаше со Златна зора, било какви обиди за пропаганда и да правеа во рамките на Грција, а од утре ќе им се прекинат многу идеи со силното националистичко движење во парламентот, пишува во соопштението од Златна зора, пренесува Канал 5.

Во соопштението на „Златна зора“ се обвинува дека рекламниот спот на Милчо Манчевски за „Македонија вечна“, содржел делови од грчката култура

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/74943-Zlatna-zora-upati-zakani-kon-Makedonija

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 16:58

СЕ ЈАВИ И БОЖИДАР ДИМИТРОВ: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ВИКА ДАРДАНИЈА ИЛИ ИЛИРИЈА

Додека се брануваат страстите на македонско – бугарските односи потпалени од пресудата на Врховниот суд за одземање на старателството на Спаска Митрова за нејзината ќерка, со коментар се јави и директорот на Националниот историски музеј, Божидар Димитров. Тој вели дека јасни биле пораките на премиерот Борисов кој порача дека поради случајот со Митрова ќе ги засили критериумите и ќе ја зацврсти бугарската политика во однос на приемот на Македонија во ЕУ. Димитров дава и свои видувања за спорот за името со Грција:
„За разлика од Грција, Бугарија нема против да си земат (н.з Македонците) какво сакаат име од нашето наследство. На пример, Македонија може да се крсти Бугарија или Југозападна Бугарија, нема да имаме ништо против, дури и ќе ракоплескаме и нема да кажеме дека посегнуваат по нашето наследство. Може да си изберат име кое содржи редовековен или антички топоним, можат да се нарекуваат Дарданија или Илирија или како и да посакаат и да влезат во ЕУ и НАТО.Тие мислат дека се јадосуваме што ја присоединуваат историјата. Вистина, дел од нас историчарите се јадосуваме, но малку. Тие сакаат да ги јадосуваат и политичарите и да ги стават во многу лоша ситуација, да треба да се бранат. Затоа ги апсат бугарските граѓани и под секакви притисоци ги судат“ вели Димитров за агенцијата Фокус.
http://kapital.mk/mk/makedonija/85443/se_javi_i_bozhidar_dimitrov__makedonija_mozhe_da_se_vika_dardanija_ili_ilirija.aspx
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 16:59

БОРИСОВ РИПНА ЗА СПАСКА МИТРОВА – НОВИ ЗАКАНИ ЗА БЛОКАДИ ОД СОФИЈА!

Тазе - Бугарката Спаска Митрова која ги обвинува македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства повторно е актуелна. Одлуката на Врховниот Суд во Скопје дека за две недели треба да ја врати ќерката на поранешниот сопруг, ја натера Софија повторно да се сети дека во Митрова има материјал за закани кон Македонија и нашите евроаталантски аспирации.

Одлуката на македонскиот Врховен Суд да и се одземе старателството на Спаска Митрова за нејзината ќерка ја крена Бугарија на нозе. Судот дефинитвно пресече – во рок од две недели Митрова треба да ја предаде ќерката на поранешниот сопруг Воислав Савиќ , одлука што во Бугарија го погоди и лично премиерот Бојко Борисов. Агенцијата Фокус пренесува негова изјава во која тој вели дека како држава нема да го коментираат поединечниот случај на Спаска Митрова, но Бугарија ќе била многу стриктна кога се работи се приклучувањето на Македонија во Европската Унија. За Борисов случајот со Митрова е испит за дипломатијата:
„Во неколку инстанци судот во Македонија пресуди контра Спаска Митрова. Целата бугарска јавност се крена за нејзина поддршка. Љубовта е слепа, луѓето се венчаваат и се разведуваат. Ние како држава, тешко можеме да го коментираме судот и неговото решение. Крајно ми е непријатно да коментирам посебна тема или случај. Нема да го поврзувам оовј случај со нашиот став во однос на македонските интеграции, но Бугарија ќе биде многу исклучива во оценувањето на критериумите“ изјавил Борисов.
Тој понатаму зборува за топлите односи со Косово и со Србија кои неговата земја ги има, па оотука оценува дека не случајно го зема овие две држави за пример, кои до вчера војуваа, па затоа не може да разбере како секој ден од Македонија добива сигнали кои бугарскиот народ не ги заслужува:
„Први ги признавме, секогаш сме им помагале, во се. Побратски народ на Балканот ние од Македонците немаме. Нема јавно да се произнесам, ќе ги пуштам кога ќе дојдат македонските власти во Бугарија, каде што се добредојдени, да одговорат тие. Знам што ќе речат – дека тоа одлука која ја донел независен суд. Добро. Ни јас не коментирам судска одлука. Но, кога ќе дојде ред да го коментираме македонскиот судски систем, ќе коментираме како што ние ќе процениме. А, ние ќе процениме дека тој систем треба да е независен, демократски, европски, толерантен, заштитнички за интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европските критериуми“ вели Борисов.
Поостар во ставот е бугарскиот европратеник Димитар Стојанов, кој вели дека овој случај може многу на влијае врз позициите на Бугарија виза ви поддршката на Македонија за влезот во ЕУ:
„Односно многу јасно ќе биде пренесен нашиот став во Брисел дека додека во Македонија не престанат овие дејствија, нема шанса земјата да влезе во Европска Унија“ вели европратеникот.
Гевгеличанката Митрова одамна е актуелна пречка во македонско – бугарските односи. Таа преку ноќ се почувствува како Бугарка откако го почна судскиот спор за родителското право врз ќерката. Декларираната Бугарка веќе пет години тврди дека пред македонските судови е репресирана поради националното чувство. Митрова стана член на Националдемократската партија од Бугарија откако ја напушти ултранационалистичката Атака на Волен Сидоров, кој не го признава македонскиот јазик. Митрова од Гевлегија се пресели во Благоевград каде извесен период беше професор во приватната гимназија Александар, а исто така и советник на европратеник.

Во меѓувреме од Канцеларијата на македонскиот правобранител велат дека ниту еден случај досега не е регистриран на граѓанин кој се жалел на судски репресии во Македонија или на дискриминација поради неговата национална припадност.
Од македонското МНР се категорични – не разбираат зошто Бугарија во последниот период зачестено ја напаѓа нашата држава и ја критикува за наводна антибугарска клима, но стојат на ставот дека немаат намера да коментираат вакви провокации.
http://kapital.mk/mk/makedonija/85420/borisov_ripna_za_spaska_mitrova_%E2%80%93_novi_zakani_za_blokadi_od_sofija!.aspx
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 21:03

Од сите страни сардисани. Mad
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 23:21

Ништо не е случајно ни чудно. Штета е што ние немаме ваков систем за пропаганда каков што имаат тие.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty19/6/2012, 23:53

Од последниве ич не ми е гајле.
После првиот шамар ке си легнат.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty24/6/2012, 00:14

Бурек со оси... aplauz
Шест години затвор за еден од осомничените во Монструм

Шест години затвор заработи Ибраим Сејадини, еден од уапсените во полициската акција "Монструм" осомничен за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро крај Скопје. Основниот суд Скопје 1, го прогласи Сејадини за виновен за недозволено изработување, држење и трговија со оружје. Кај него беа пронајдени автоматска пушка, бомба кашикараа, пет рамки за муниција, седум куршуми, борбени елеци и фантомки.

Во својот исказ пред судот тој кажа дека оружјето пронајдено кај него го набавил пред пет години во Качаник на Косово, за 500 евра, со намера да го препродаде во Македонија, но не успеал да најде купец во земјава.

Процесот против Сејдини требаше да почне на почетокот од месецов, но беше одложено бидејќи обвинетиот од технички причини не беше донесен од притворот во Прилеп. За истото дело се товари и уште еден од уапсените во акцијата Монструм", Назив Мемети.

Во акцијата "Монструм" беа уапсени вкупно 20 лица за кои постоеше сомнение дека се вмешани во петкратното убиство кое се случи на 12-ти април на Смиљковското Езеро, кога беа убиени четири млади момчиња и еден средновечен маж.

Десетмина од уапсените беа ослободени откако судот утврдил дека немаат врска со петкратното убиство. Тројца од уапсените се товарат дека се директни извршители на масакрот кај Смиљковското Езеро. Двајца се се уште во бегство. Ова е прва пресуда на осомничен во масакрот.

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty25/6/2012, 00:16

Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ

„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија

Слободанка Јовановска

Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.

Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.

"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.

"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.

Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.

"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.

Тој исто така побарал Македонците да ги менуваат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.

Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.

Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.

Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.

"Треба да си одговориме на прашањето дали имаме интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Дали имаме интерес по 40 години на нашата граница сосед да ни биде албанското население", порачал Каракачанов. "Албанците имаат многу јасна стратегија, не си прават илузии и зборуваат многу јасно за еден народ, една држава - Голема Албанија", коментирал лидерот на ВМРО.

"Ако отворите веб-сајтот на Министерство за надворешни работи, ќе видите темите за Мјанмар, Сирија и какви ли не други глупости за кои ни најмалку не сме заинтересирани, но нема да видите проблемот со ниту еден Бугарин, кој е смачкан во Македонија. Ние правиме конференции и зборуваме празни приказни ", нагласил Каракачанов.

"Бугарија, која прва ја призна Република Македонија, не се третира подобро од Грција, а во некои случаи и полошо", се пожалил европратеникот Евгениј Кирилов. "До нас живеат браќа. Прашањето каде оди Република Македонија си го поставивме сите ние, си го поставуваат сите наши граѓани. Треба да дадеме одговор. Не само на прашањата поврзани со минатото, туку да дадеме една основа за односите со Република Макдонија", рекол Кирилов.

"Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Ајде - не сме како Грците да им извадиме црвен картон, но крајно време е да им извадиме жолт картон, да ги предупредиме дека тоа не е европско однесување", коментирал академик Георги Марков, директор на Институтот за историја на Бугарската академија на науките. Според Марков, Македонците можат да се потпрат на поддршка од страна на Бугарија за членство во Европската унија, но таа поддршка не смее да биде безусловна, бидејќи се злоупотребува.

"Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: 'Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување'. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. Оваа историска дијагноза ги раздвојува и затоа паднаа во крајност да се убедат дека имаат некоја нов национален идентитет, па отидоа дури во антиката и градат споменици за 80 милиони евра и Триумфалната порта. Историјата таму стана голема политика", изјавил академик Марков.

Некои од учесниците во дискусијата биле поумерени. "Рано е уште да даваме дури и жолти картони на Македонија. Треба да ја разбереме драмата на оние кои ги прекоруваме - дали се преправаат или се уплашени", рекол историчарот Андреј Пантев, пратеник од Коалицијата за Бугарија.

"Пред да ги потврдиме работите кои се повторуваат на сите конференции, треба да си го поставиме прашањето - зошто нешто не оди? Можно ли е 45 години култивирање на антибулгаризам да избришат векови заедништво, судбина, јазик, култура, менталитет? Како е можно? Ова прашање треба да си го поставиме на нас. Очигледно е дека дебатирањето какви Македонци се, каков дијалект зборуваат не функционира", изјавил Антев. "Тие историски се Бугари, но има метаморфоза, една еволуција, која треба да ја имаме предвид и тоа е прашање на суптилност од наша страна", рекол Пантев. "На оваа земја треба да се помогне, но да и се потсмевате, бидејќи резултатите се контрапродуктивни", заклучил Пантев.

"Нека прават што сакаат, нека се делат, нека се федерализираат, но да не посегнуваат по нашата територија и нашата историја", беше следната порака во дебатата. Според овие оценки, по Самуил и Гоце Делчев, се посегнувало и на историски дејци кои до вчера биле табу кај нас, па се именувала улица и се подготвувал споменик на Тодор Александров и на Симеон Радев. "Прашање на време е кога ќе стигнат до Александар Протогеров и Дрангов, а нема да изненади ако еден ден и Ванчо Михајлов осамне со споменик во Скопје", бил еден од коментарите на собирот.

"Бугарската политика се соочува со еден исклучително сложен тест, бидејќи ако е тврда, предизвикува антибугарски кампањи, а ако е мека, промовира притискање на македонските Бугари. Потребен е исклучителен такт и не жолти картони туку да се охрабруваат бугарскиот бизнис и бугарската телевизија, весници", истакнал политикологот Емил Митев.

Според поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, порано бугарската политика во однос на Македонија се засновала на тезата дека сите Македонци се Бугари. Сега, пак, се гледала промена и се слушаат изјави за заштита на Бугарите во Македонија. "Тогаш треба да прифатиме дека и во Бугарија има македонско малцинство. Оваа нова позиција бара анализа со учество на државното раководство", рекол Јорданов.

Според европратеникот и кусо време известувач за Македонија, Кристијан Вигенин, Бугарија има интерес нашата држава да ги започне преговорите на ЕУ "бидејќи во рамките на преговорите за поединечни глави имаме можност да отвориме цел спектар на прашања". "Премиерот на Македонија Никола Груевски со неговата партија и Бојко Борисов со ГЕРБ да седнат и да размислат што може да се направи, да ги стават на принципиелна европска основа овие проблеми и да се обидат да ги решат, а не да нафрлаат реплики во медиумите, што е несериозно", искоментирал Вигенин. Според него, ако пристапот на Бугарија е премногу агресивен, тоа им помага на властите во Македонија да се самозатворат, а тоа ја лишува Бугарија од можноста да има нормален дијалог не само на владино туку и на сите други нивоа. Тој објави дека БСП и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планираат серија иницијативи за создавање на нормална атмосфера на дијалог.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=BD3A823C591A8549B39D8E9EEB07DE38


Треба сите да извршиме масовно самоубиство под копитата на Букефал... кога дојде денот Болгарија да ни соли памет и да ни кажува што сме. Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty25/6/2012, 00:40

Нека прават само трибини тие...тоа ич не ме плаши, туку ме плаши молкот од нашава страна...
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty25/6/2012, 09:32

Се јавија и Татариве, не можеа многу да седат по страна. Па нели това ни се братски народ, две држави един народ Mad Mad Mad Mad
Класичен балкански идиотизам, порано одолевав на овие глупости ама денес не можам да поднесам се што не е македонско на балканов.
Не оставаат можност не да ги сакаш туку да не ги мразиш

Грција - име и идентитет
Бугарија - народ
Србија - црква
Албанија - територија

па добро ние сме проблем или ова се околу нас е полудено до крајна мера Mad Mad Mad
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 83 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 83 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 43 ... 82, 83, 84 ... 91 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: