Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 42 ... 81, 82, 83 ... 91 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty13/6/2012, 18:32

Туку, особено интересна година за Македонија ќе биде следната... 2013.
Откако СДСМ, а веднаш потоа и ВМРО по барање на ДУИ (онаа која произлезе од терористичката УЧК, победник во војната од 2001-ва), ни го забиберија на сите, и буквално неформално ја отцепија и ја федерализираа Западна Македонија од остатокот на државата, последниот клинец во ковчегот ќе ни го мавнат со Кичево.
Значи испаднавме најголемите шупаци на планетава, не знам дали сеуште некој се сомнева дека овој народ и не заслужува сопствена држава.
Толку глупи луѓе на едно место ретко може да се најде на земјинава топка. Ко мисири ја изгласаа територијалната распределба на референдумот во 2004-та од пусти страв да не ги избркаат од работа (говорам за конкретни случаи на вработени во државните претпријатија), и да не ги налутат Америте откако не призаа под уставното име. Ако велам, малце ни е.


Кичево 2013

Имаше тврдења дека новата територијална организација е во согласност со рамковниот договор и за релаксација на меѓуетничките односи. Апсолутно неточно, рамковниот е збир на амандмани со кои се заменуваат членови од Уставот и претставува дел од него, но во нив не се содржани одредби за воспоставување нова територијална организација, а во поглед на второто, напротив, со овој закон само се заострија меѓуетничките односи и недовербата.

Кичевскиот регион го вбројувам во групата поживописни подрачја во Македонија, опкружен со високи планини, Бистра од запад, Илинска Планина од југ, допира до Порече на исток, а од северниот дел е превојот Стража, прекрасните водотеци се приказна за себе, едноставно природата го дарила со сѐ. Не потекнувам од Кичево, но имам многу пријатели кичевчани со кои честопати знаеме да седнеме и да позборуваме за разни теми и притоа како река разговорот сам ќе нѐ однесе до идното територијално прекројување на Кичево. Во тој момент забележувам промени на нивните лица, нема повеќе насмевки, се гледа загриженост, неизвесноста е голема, како ќе биде понатаму. Имено, од 2013 година кон Кичево се припојуваат општините Другово, Зајас, Осломеј и Вранешница, со што општината ќе стане доминантно албанска. Како се случи ова? Како настана проблемот?

Формалноправно гледано, сѐ започна со донесувањето на Законот за територијална организација на локалната самоуправа од август 2004 година. Во членот 16 од наведениот закон стои дека од 2008 година четирите рурални општини ќе се припојат кон општината Кичево, ВМРО-ДПМНЕ успеа во 2008 година да го измени овој член и да се пролонгира „окрупнувањето“ на општината Кичево за уште еден локален изборен циклус. Од 2013 година, како што стојат работите, Кичево ќе биде со целосно изменета етничка структура. Имено, според пописот од 2002 година, во Кичево живеат 30.138 жители, од кои 16.140 се Македонци, а 9.202 Албанци. По спојувањето на петте општини, Кичево ќе има околу 56.000 жители, од кои околу 30.000 ќе бидат Албанци, а околу 23.000 Македонци.

Доколку се сеќавате, Законот за територијална организација од 2004 година беше дочекан на нож во повеќе населени места и предизвика огромно незадоволство, особено во Струга, Кичево, Скопје, Прилеп, Велес, но и во Гостивар и Тетово. Во Струга беше особено жестоко, поранешниот премиер Бучковски и челници од тогаш владејачката СДСМ мораше да бидат спасувани со специјални полициски сили од разгневениот народ што не се согласуваше Струга да стане општина со мнозинство Албанци. При разбивањето на протестите врз народот беа употребени солзавец, шок-бомби и гумени куршуми. И во Кичево не беше поинаку, протести, иницијативи, блокади на патишта. Тогашната власт објаснуваше дека и не сме поминале многу лошо, сме изгубиле само 3-0, а имало шанси да биде 5-0. Ало!? Па, не е во прашање фудбалски натпревар, станува збор за национални интереси, зарем вредеше за четири години власт да се прави пазар со толкава штета.

Како резултат на општото незадоволство од новиот закон Светскиот македонски конгрес покрена иницијатива за собирање потписи за распишување референдум. Иницијативата беше позитивно реализирана, односно беа собрани околу 180.000 потписи, по што на 7 ноември 2004 година се спроведе вториот референдум во Република Македонија, при што прашањето суштински изгледаше вака: дали сте за зачувување на територијалната поделба на Република Македонија по законот од 1996 година. Значи, идејата беше да се потврди тогашната територијална организација, да не се имплементира новата поделба или некоја идна и слична на неа. Во целиот збир на настани интересна беше тезата на тогаш владејачката СДСМ дека „некои прашања не заслужуваат одговор“.

Со ваквата теза всушност повикуваа на бојкот, во што и постигнаа успех, бидејќи на референдумот излегоа само 27 отсто од неопходните 51 отсто од запишаните избирачи, или околу 430.000 гласачи. И покрај тоа што 95 отсто од излезените граѓани гласаа за задржување на старата територијална организација, сепак референдумот не успеа поради недоволна излезеност. Сега, согледувајќи ги работите од одредена временска дистанца, јасно се гледа структурата на измешаниот коктел за неуспех на референдумот, односно дејствата на тогаш владејачката СДСМ, силната медиумска кампања за поддршка на бојкотот и, се разбира, меѓународниот фактор (колку да се потсетиме само два дена пред одржувањето на референдумот САД нѐ признаа под уставното име).

Точно е дека сите прашања немаат еднакво значење, еве, да ги поделиме на прашања што заслужуваат и не заслужуваат одговор, но прашањето за територијална организација не е прашање дали ќе одиме на кафе или шопинг, тоа е стратегиско прашање, одете кажете им на граѓаните на Струга или на Кичево дека тоа не е ништо значајно. Имаше тврдења дека новата територијална организација е во согласност со рамковниот договор и за релаксација на меѓуетничките односи. Апсолутно неточно, рамковниот е збир на амандмани со кои се заменуваат членови од Уставот и претставува дел од него, но во нив не се содржани одредби за воспоставување нова територијална организација, а во поглед на второто, напротив, со овој закон само се заострија меѓуетничките односи и недовербата.

Како да се постапи сега, тоа е вистинското прашање. Поаѓајќи од фактот дека истекува времето предвидено за „окрупнувањето“, во игра влегуваат две опции, првата е веќе видена, т.е. ВМРО-ДПМНЕ да преговара со коалицискиот партнер за ново пролонгирање на примената на членот 16 од законот, да кажеме за дополнителни 4 или 8 години (ама и тоа е привремено решение, не е трајно). Распоредот на силите во Собранието на Република Македонија укажува дека тоа нема да е многу лесно, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе плати многу „солена“ цена, ќе треба да прави некои други отстапки за одлагање на законот. Од друга страна, и да се согласи ДУИ со одлагање на законот, ќе се соочи со голем притисок од албанската опозиција, која нема да ја пропушти шансата политички да поентира. Затоа како пореална се наметнува втората опција, односно кичевчани да разберат дека сега во голема мера работите зависат од нив самите, да заборават на политичките разлики, да бидат единствени.

За пример ја имаат Струга, со познатата „како Струга нема друга“, ама веќе е друга, многу е променета како демографски така и во поглед на локалната структура. Слично ќе биде и со Кичево доколку се продолжи со тесногледоста, ставањето на личните и на партиските интереси пред заедничките вредности.
Затоа овој текст нека претставува порака до кичевчани, до моите пријатели, прашањето се однесува директно на вас, се работи за иднината на вашите деца, за вредноста на вашите добра и имоти, тргнете ги настрана дневните несогласувања и ситните политички игри, бидете единствени и размислувајте за утре.

Авторот е универзитетски професор

Автор: Д-р Ѓорги Сламков
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6612956389&id=13&setIzdanie=22597
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty14/6/2012, 01:18

Den porano ili podocna ognot ke pocne da gori, no ke bide poopasen od predhodniot.
I ednata i drugata strana mnogu ke strada, NO za navek edno prasanje ke se resi.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty14/6/2012, 11:07

Двајца повредени при напад во автобус на ЈСП
четврток, 14 јуни 2012, 10:53

Неколку млади лица, чии идентитети засега се непознати, во среда вечер без причина нападнале двајца патници во автобусот број „3“ на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во населбата Аеродром.

Како што соопшти полицијата, групата околу 23.20 часот на булеварот „Јане Сандански“ го попречиле движењето на автобусот управуван од Т.А.(47) и го принудиле да застане.

Кога автобусот сопрел возачот ги отворил вратите, а две-три лица од групата влегле во автобусот и ги нападнале патниците.

Прво нападнале патник, кој седел на долниот кат, а потоа се качиле на горниот кат од автобусот и со тупаници и клоци го нападнале В.Т. (24). Откако завршиле со насилството напаѓачите го напуштиле автобусот.

Повредениот В.Т. бил пренесен во Клиничкиот центар, а откако му биле санирани повредите е пуштен на домашно лекување.

Полицијата го истражува случајот и во тек е утврдување на идентитетот на другиот повреден, но и на напаѓачите. Причините за нападот се непознати.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=44&egId=8&eventId=51094


Последната промена е направена од Alvar на 14/6/2012, 11:32. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty14/6/2012, 11:19

Зајас, Вранештица, Осломеј и Другово изборно се спојуваат со Кичево

На претстојните локални избори ќе се бираат четири општински власти помалку. Зајас, Осломеј, Вранештица и Другово ќе се спојат со општина Кичево. Со тоа ќе се смени демографската слика на општината, па мнозинско население ќе биде албанското, согласно последниот реализиран Попис од 2002 година. Ова решение беше договорено меѓу СДСМ и ДУИ уште во 2004 година за да важи од 2008 година, а тогаш, владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го одложија за уште четири години. Од ДУИ не би се согласиле на евентуално ново одложување. Министерот Абдулаким Адеми е кус и дециден:

-Не!

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, го оспори овој дел од законот пред Уставниот суд и побара да нема спојување на петте општини со седиште во Кичево. Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата зашто смета дека не е во негова надлежност.

-Очигледно, овде станува збор за примена на норма, каде што нема надлежност Уставниот суд. Дури и да е оспорена оваа одредба, право на законодавецот е да ја уреди онака како што е уредена во законот, рече Бранко Наумовски, претседател на Уставниот суд

Мислењето на судиите се совпадна со мислењето на владата.

-Подносителот на иницијативата не укажува дека одредбата не е во согласност со законот. Владата има мислење, а и во рефератот тоа е образложено, дека тие не се во несогласност со овие законски одредби, рече Владимир Стојаноски, судија известител.

Денешната седница на Уставниот суд беше прва за новоизбраните судии: Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, кои стапија на функциите од први јуни. Имаат мандат од девет години без право на повторен избор. Мандатот им заврши на судиите Лилјана Ристова Ингилизова, Зоран Сулејманов и Игор Спировски.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=17628

Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty14/6/2012, 12:08

наздравје ziveli
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty14/6/2012, 13:37

Ај наздравје, отиде и Кича.. воопшто нема да има војна. Многу фино лепо за неколку години ќе си побараат отцепување по рецепт на Косово, а некаква наша интервенција многу лошо по самите нас ќе помине поради надворешниот фактор. Нели, демократска земја сме, несмееме да му го ускратиме правото на некого ако има основа за тоа, а тие го прават токму тоа, си бараат и добиваат основа.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty19/6/2012, 11:16

ПАРТИСKИ СТРАТЕГИИ ЗА ЛОKАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Ќе ги обединат ли Струга и Kичево Груевски и Црвенковски?



Иако раководствата на партиите не даваат конкретен одговор дали се подготвени да поддржат заеднички градоначалници во двата града, локалните раководства и граѓаните Македонци го очекуваат тоа од нив

Можна ли е соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за локалните избори во Струга и во Kичево, со што ќе се обезбеди двата града да добијат градоначалници Македонци? Ваквата можност се актуализира пред локалните избори в година, кога повторно ќе се отворат дискусиите за Струга и за Kичево, кои, според граѓаните Македонци, се најголеми жртви на политичките договори околу територијалната организација. Поради лошото искуство со Струга, логични се стравувањата дека истото може да се случи и во Kичево, кон кое од овие избори ќе се припојат четирите соседни општини Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица, со што градот ќе стане доминантно албански.

Иако раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ или избегнуваат да ја коментираат оваа можност или сметаат дека се мали шансите за тоа, општинските разграноци на двете партии во оваа опција гледаат единствена шанса.

Неуспешен обид

Во ВМРО-ДПМНЕ не кријат дека и покрај сите конфронтации, не ја исклучуваат можноста да седнат на една маса со СДСМ со цел да се постигне договор за заеднички кандидат, кој би можел да биде и натпартиски, само за да ја спасат Струга од актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, кој претендира и трет мандат.

- За Струга ги разгледуваме сите опции. Можно е во првиот изборен круг да одиме со сопствени кандидати, а потоа поддршката да му се даде на оној македонски кандидат што ќе влезе во вториот круг. Но ја разгледуваме и можноста да имаме заеднички натпартиски кандидат - вели функционер на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека допрва ќе направат обид за разговори со СДСМ.

Додека во ВМРО-ДПМНЕ официјално не сакаат да ја коментираат идејата за соработка, во партијата на Бранко Црвенковски порачуваат дека за нив е поважно кандидатите за градоначалници да бидат квалитетни и општо прифатливи за граѓаните отколку нивната партиска припадност.

- Доколку се најдат такви кандидати за Струга и за Kичево, со кои би можеле да ги усогласиме нашите програмски приоритети, немаме ништо против тие покрај поддршката од СДСМ, да ја добијат и од ВМРО ДПМНЕ. Сепак, имајќи предвид дека е извонредна соработката меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, ваква опција во овој момент е тешко остварлива - велат во СДСМ.

Ваквата воздржаност на социјалдемократите веројатно произлегува од искуството од последните локални избори во 2009 година. Од струшкиот разгранок потсетуваат дека СДСМ прифатил с` што партијата на Никола Груевски побарала за да настапат со заеднички кандидат за градоначалник.

- Тогаш го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржиме нивниот кандидат за градоначалник, а СДСМ да има тројца добитни советнички места. Но во последен момент ВМРО-ДПМНЕ без никакво образложение се повлече. Претпоставуваме дека за ваквиот договор не добија виза од раководството на партијата - велат струшките социјалдемократи.

Чаршиски муабети

Актуелниот градоначалник на Струга, Мерко, кој јавно соопшти дека е заинтересиран за трет мандат, вели дека ДУИ не стравува од ваквата можна коалиција.

- Не н` плаши заеднички настап на ВМРО и СДСМ. Во прв круг ДУИ ќе оди со свој кандидат - вели Мерко.

По Струга, стравувања дека локалната власт целосно може да премине во рацете на претставниците на Албанците има и во Kичево, кое е извесно дека на изборите во март ќе оди со проширени граници. Политичката доминација на ДУИ во овој регион, но и апетитите на Ахмети за овој крај, дополнително ги засилува мотивите за „обединување“ на македонските партии во трката за таа општина.

Kичевскиот градоначалник Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека иако е уште рано, не може да се каже дека воопшто не се размислува на таа тема.

- С` уште нема официјален контакт со СДСМ на оваа тема, иако се зборува за тоа. Мислам дека тоа е и желба на гласачите, кои очекуваат таков настап. Очекувам наесен да се интензивираат размислувањата за тоа што ќе се прави. Во секој случај, не е исклучена соработката со СДСМ. Ние ќе направиме с` што е добро за граѓаните на Kичево - вели Деспотовски.

И градоначалникот на Вранештица, кој е и претседател на општинската организација на СДСМ во Kичево, Ванчо Србаковски, потврдува дека досега немале никаков контакт со ВМРО-ДПМНЕ за евентуалната соработка. Сепак, тој смета дека информациите за можна коалиција се на ниво на чаршиски муабети.

- До денес нема ниту преговори ниту, пак, има некаква понуда. Тоа е суптилно прашање и централата треба да реши како ќе постапуваме за наредните локални избори. Не може ние да решаваме. Начелно со раководството на партијата сме зборувале за Kичево, но с` уште нема конкретни одлуки - вели Србаковски.

Ахмети: Одлуката за Kичево ќе се спроведе

Одлуката за спојување на околните општини со Kичево ќе се почитува и нека победи најдобриот, без импонирања од горе.

Ова вчера на Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, му го соопштил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба во Мала Речица.

- Албанците посебно се мотивирани зашто иако биле мнозинска заедница во Kичево, никогаш порано не ја воделе Општината - рекол Ахмети.

Со ова Ахмети уште еднаш потврди дека ДУИ нема намера да отстапи и уште еднаш да го пролонгира припојувањето на четирите општини кон Kичево иако при формирањето на владината коалиција тоа било едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мариела ТраJковска ТатJана Поповска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E1ABBEFF8DF71B42AB5F8CF84C17FC02

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty19/6/2012, 11:18

Да де, прво сам себе го убијал... а сега ќе се обединувале. Evil or Very Mad
Предавници на Македонскиот народ се и едните и другите.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty19/6/2012, 11:24

За мене се важни националните интереси, а не партиските. Од се срце посакувам барем еднаш да ги надминат теснопартиските интереси и недоразбирања и да повлечат вистински патриотски потег.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty19/6/2012, 11:33

Така е, но токму заради тесно-партиските интереси и гладтта за власт и обете партии националните интереси ги ставија на задно седиште.
Заради комоцијата која сакаа(т) да ја имаат за време на нивните мандати, ставаат на маса работи кој се надвор од човечкиот разум за да потоа како држава и нација ги трпиме последиците.
Искрено, не верувам дека нешто ќе можат да издејствуваат дури и да исфрлат еден заеднички кандидат. Завршена работа е тоа.
Секако, голем дел од вината (според мене и поголем дел отколку политичарите) носи и народот кој самиот си гласаше за новата територијална поделба на референдум.
Си го изгласаа како попци а сега не им чини. Епа.... чорба! Wink
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 82 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 82 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 42 ... 81, 82, 83 ... 91 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: