Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 22 ... 41, 42, 43 ... 71 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty15/4/2012, 23:26

Цитат :
Известување

Утре 16.04 ( Понеделник) во 19 часот ве повикуваме сите на МОЛИТВЕН СОБИР пред Соборниот храм во центар Скопје - каде високи свештеници на МПЦ ке одржат Миса и Молитва за успокој на Петте Македонски чеда .
На собирот започнува и хуманата акција за испомош на семејствата .
Ве замолуваме за мирен собир бидејки ке присуствуваат семејствата, роднините и пријателите на починатите .
Организатор - Коалиција на Невладини организации .

На нас е редот МАКЕДОНЦИ...да ја покажеме нашата еднаквост,сплотеност,хуманост,вера и љубов...да им покажеме да другите дека не треба да си играат со оган...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:33

Бизарната политика на Вашингтон за Косово, која може да го уништи НАТО (1 дел)

Хашим Тачи, премиерот на Косово, своето работно место го доби од американскиот Стејт департмент, а не на избори. Косово не е признаено како легитимна држава ниту од Русија, ниту од Србија ни од стотина други нации. Сепак, беше експресно признаено од администрацијата на Буш и од Берлин кога на своја рака прогласи независност во 2008.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 OZRKQ

Ф. Вилијам Енгдал

Во една од побизарните надворешнополитички изјави на бизарната администрација на Обама, американската државна секретарка Хилари Клинтон најави дека Вашингтон ќе му „помага“ на Косово да се приклучи кон НАТО и Европската Унија. Таа го даде заветот по неодамнешната посета на косовскиот премиер Хашим Тачи во Вашингтон, кога таа го поздрави напредокот на владата на Тачи во „европските интеграции и економскиот развој“.

Нејзината изјава сигурно им предизвика стомачни болки на владините и воените претставници на повеќе престолнини на европскиот дел од НАТО. Малкумина сфаќаат колку точно е луд планот на Клинтон да го бутне Косово во ЕУ и во НАТО.

Контроверзното парче земја што денес се вика Косово беше дел од Југославија и врзано за Србија сè додека бомбашката кампања на НАТО во 1999 не го демолира она што остана од Србија на Милошевиќ и им овозможи на САД, со матна асистенција од страна на државите на НАТО, пред сè Германија, да ја исечкаат Југославија на малечки, зависни квазидржави. Косово стана една од нив, како и Македонија. Словенија и Хрватска претходно се одделија од Југославија со силна помош на германското министерство за надворешни работи.

Краткиот преглед на околностите што доведоа до одделувањето на Косово од Југославија ќе помогне во одредувањето колку членството во НАТО или во ЕУ би било ризично за иднината на Европа. Хашим Тачи, актуелниот премиер на Косово, своето работно место го доби од американскиот Стејт департмент, а не преку слободни демократски избори на Косово. Косово не е признаено како легитимна држава ниту од Русија ниту од Србија ниту од над стотина други нации. Сепак, беше експресно признаено од страна на администрацијата на Буш и од Берлин кога на своја рака прогласи независност во 2008.

Членството во ЕУ за Косово би било „добредојде“ за уште една неуспешна држава, нешто што можеби не ѝ пречи на американската државна секретарка Клинтон, но без која ЕУ би била многу посреќна. Најоптимистичките процени тврдат дека невработеноста во земјата е околу 60 отсто. Тоа не е само ниво на земјите од третиот свет. Стопанството секогаш беше најсиромашно во Југославија, а денес е уште полошо. Сепак вистинскиот проблем за идните мир и безбедност на ЕУ е природата на државата Косово, која беше создадена од страна на Вашингтон во доцните 1990-ти.

Косово е мало парче земја на една од најстратегиските локации во цела Европа од геополитичка гледна точка за американската војска да може да го контролира движењето на нафтата и политичкиот развој на настаните од богатиот со нафта Близок Исток кон Русија и Западна Европа. Актуелното признавање на самопрогласената Република Косово, предводено од САД, е продолжение на американската политика на Балканот од нелегалното бомбардирање од страна на НАТО во 1999, предводено од САД – операцијата на НАТО никогаш не беше одобрена од Советот за безбедност на ОН, а беше изведена под изговор дека армијата на Милошевиќ ќе изврши геноциден масакр врз косовските Албанци.

Неколку месеци пред американското бомбардирање на целите во Србија, едно од најтешките бомбардирања по Втората светска војна, висок претставник на американските разузнавачки служби во приватен разговор им кажал на високи претставници на хрватската војска во Загреб за стратегијата на Вашингтон за поранешна Југославија. Според овие информации, кажани во приватен разговор со авторот на овој текст, целта на Пентагон уште на крајот на 1998 била да се преземе контролата врз Косово за да се постави воена база со која ќе се контролира целиот југоисточен регион на Европа сè до нафтените полиња на Блискиот Исток.

Уште од јуни 1999 кога косовските сили на НАТО (КФОР) го окупираа Косово, во тоа време интегрален дел од тогашна Југославија, Косово технички потпадна под мандат на Обединетите нации, со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1.244. Русија и Кина се согласија на мандатот што ја одреди улогата на КФОР да обезбеди крај на борбите и убиствата помеѓу српското малцинско население и исламското мнозинство на косовските Албанци. Со Резолуцијата 1.244 Косово требаше да остане дел од Србија во исчекување на мирнодопска резолуција за неговиот статус. Таа резолуција беше бесрамно изигнорирана од страна на САД, Германија и другите ЕУ држави во 2008.

Инстантното признавање од страна на Германија и на Вашингтон на косовската независност во февруари 2008 се случи неколку дена по изборот на проамериканскиот претседател на Србија Борис Тадиќ. Со обезбедувањето на позицијата на Тадиќ, Вашингтон можеше да смета на понизна српска реакција на нивната поддршка на независноста на Косово.

(Продолжува)

Ф. Вилијам Енгдал е автор на „Целиот спектар на доминацијата: тоталитарната демократија во Новиот светски поредок“
http://www.mkd.mk/26142/svet/bizarnata-politika-na-vasington-za-kosovo-koja-moze-da-go-unisti-nato-1/
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:43

Невработеност најмалце 60% ?! ццц , од што живеат бре мајка им нивна.
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:49

Potochno 72.6 %...spored nivniot sopstven Kosovski Zavod za Statistika vo Prishtina...
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:56

Frogfoot напиша:
Невработеност најмалце 60% ?! ццц , од што живеат бре мајка им нивна.

Од љубов и лепота брате. Ќе го цитирам Дуле од "Врати че се роде", "Алоооо бре, домовина се брани с`лепотом"
Very Happy Very Happy Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:57

Испаѓа од 10 души дека работат 3ца и ги издржаваат овие 7. Shocked

Пак не ми е јасно , како функционира нивната „економија„ ? affraid
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 14:59

Па како пример го имаат превземено нашиот економски модел, само ете они го доразвиле. Wink
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 15:03

Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 15:27

Oni ushte se krstat (mada vo nivniot sluchaj se klanjaat) - na nivnata nadvoreshna dijaspora, koja rabotejkji po Zapadna Evropa, seushte prakja pari doma i gi izdrzhuva svoite semejstva - koi patem recheno, ne rabotat nishto (ili rabotat neshto sosema bezveze)....spored poslednite procenki (bar dodeka bev del od OSINT vo KFOR) - nad 84 % od Kosovskata Albanska populacija zhivee odnosno egzistira seushte blagodarejkji na ovie "nadvoreshni semejni donacii"...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty16/4/2012, 15:39

Автомобилот марка „Опел“ кој полицијата вчера го пронајде сепак било на местото кога се случило петкраткото убиство кај Смиљковското езеро, соопшти денес Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Kola

Таа посочи дека возилото кое беше пронајдено на 10 километри оддалеченост од местото на злосторството е донесено од странство.

Наскоро поопширно


http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/67900-Potvrdeno-Pronajdenoto-vozilo-bilo-na-mestoto-na-ubistvoto

-----------

Инаку, Детонатор и во Тетово..одземени покер апарати, маси за рулет и сл.

..Не ми е јасно, шо е целта со одземање на покер апаративе?! scratch
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 42 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 42 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 22 ... 41, 42, 43 ... 71 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: