Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/5/2012, 13:39 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- Убиени петмина македонци од страна на терористи, после некое време албанците протестираат, бараат некаква си правда? За кого? Правда за убијци? Правда за терористи? Да не сакате да ги пуштат на слобода? Да не сакате наместо нив да уапсат лица од друга националност за само вие да не се чувствувате навредени? Па никаде бе луѓе не се спомнува дека сите албанци се терости, никаде никој не наведе некого како целина, како група. Тоа се индивидуи бе луѓе, тоа се тројца или четворица луѓе кои го прекршиле законот, кои убиле, за што треба да одговараат. Или можеби е ова како онаа старата македонска, оној кој ја има мувата на капата тој ја брка? Зашто не помислите малку како им е на семејствата на убиените? Зашто не протестирате против убивањето? Зошто не помислите малку на вашите деца, како вие би се чувствувале ако не дај боже ја имате истата судбина? Или едноставно не протестирајте оставете полицијата да си ја заврши работата. Или најлесно е излези на протести, собери се што имаш по дома и машко и женско, и стари и млади, и демолирај се пред себе, каменувај ја владата, удри по новинарите како да они сакале да бидат таму, удри по полицијата, затоа што таа не би требало да биде таму, нека си оди да правиме што сакаме. Зарем вака ние еден ден здравје боже ќе влеземе во Европа? Зарем Европа која и така е разнишана би сакала земја што сеуште неможе да ги реши проблемите со цивилизирањето?
Незнам што уште барате, незнам уште што не сте добиле, уште кои права не ги уживате? Да не го сакате правото да можете да го менувате законот? Или пак уште подобро ниеден закон да не важи за вас можеби? Незнам навистина што сакате, незнам зошто сето ова мораше да се случи, но знам дека ова не оди на добро. Eднаш засекогаш да се освестиме, и да живееме во оваа држава каде што сите сме исти и рамноправни, заедно, без разлика дали сте албанец, македонец, србин, ром или која било друга националност. Но, во сево ова вината не е само нивна, голема вина е и на македонската влада, која на се личи само на влада не. Да дозволам некој да ме каменува мене и уште стотина други недолжни граѓани, затоа што тој не е задоволен од нешто. Ма дај бре, постои ли закон во оваа држава? Постои ли казна за ова? Тие го ,,срушија” цел град, а тие ни со малото прсте да мрднат. Па што треба да се случи? Да почнат бомби да фрлаат? Да загинат уште невини луѓе? Ја навистина не сфаќам во ваква држава живееме. Дали тука воопшто постои некој што сето тоа ќе го санкционира? Дали некогаш ќе научиме што е тоа мирен протест? Дали некогаш ќе научиме што е тоа цивилизација? Македонците протестираат, десетмина уапсени. Не викам не и они дивееа по градот, и они ја напаѓаа полицијата, но си го добија заслуженото. А каде е заслуженото за овие ,,баратели на правда”, кои се правеа, само не ја бараа правдата? Или удри по македонците, они ќе ќутат нема да преречат?
Од трета страна неможам да ги сфатам ни медиумите. Луѓе ваши колеги се нападнати на местото на протестите, каменувана е владата, нападнати се службените лица. А, вие известувате како тоа протестите поминале мирно, како тоа немало поголеми инциденти?!?!?!? Па што треба да се случи за вие да напишете протестите поминаа тензично или да напишете дека било многу лошо? Да се сруши Владата? Или можеби Собранието? Навистина незнам до кога ќе оди вака, незнам во која насока ќе одиме со вакви работи. Но, знам дека како и да е ова воопшто не е добро, и ова не би требало да се случува. Сите заедно живееме во оваа држава каде што има институции кои се задолжени да го решат тоа и нема потреба од вакви работи и преземање на законот во свои раце.
Разочаран. Браво другар одличен текст | |
|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 13/5/2012, 16:40 | |
| x 2
Ми се чини фрустрацијата кај Македонскиот народ денес е на исто ниво како 2001-ва. Лично, крајно сум разочаран од попустливоста кај Македонскиот дел од владиниот естаблишмент. Со тоа се созадава онаа нервоза за која говорев погоре... а воедно им се дава сигнал на овие другиве дека може да прават се што сакаат... и ќе им помине. Со секое наредно попуштање, миц по миц стануваат се поагресивни во своите барања и делување... бидејќи не наидуваат на НИКАКОВ отпор. А најчесто потоа жртва се недолжни граѓани кои немаат никаква заштита од државата.
Се надевам после НАТО самитот во Чикаго (доколку се плашат дека ќе расипат некаков впечаток ако применат сила), работите ќе се сменат. Доколку не... време е да си одат. Вака веќе не иде. | |
|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/5/2012, 16:42 | |
| Европската комисија бара да прекинат протестите во Македонија Портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано побара да престанат протестите во Македонија и да се остават македонските власти да го решат убиство на петмината кај Смиљковското езеро, пренесе денеска дописникот на МИА од Брисел. -ЕК има чиста позиција во врска со овие протести, а тоа е нашето барање истите да престанат и да се остават одговорните лица во Македонија на мир да го завршат процесот на истрага и лицата што го извршија тоа грозоморно убиство да одговараат соодветно според законите на земјата - изјави Стано. http://www.plusinfo.mk/vest/42879/Evropskata-komisija-bara-da-prekinat-protestite-vo-Makedonija- | |
|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/5/2012, 16:45 | |
| Албанската пролет во Македонија доаѓа идниот месец? Новинската агенција „ИНА“ денеска пренесува информација дека во текот на следниот месец во Македонија се очекува Албанска пролет. Информациите се дека иницијативата доаѓа од албанско-американското лоби, преку бившиот конгресмен Џо Диогарди. Иницијативата Албанска пролет е контраодговор на пласираните тези за Арапската пролет и контраодговор за истакнувањето на верските знамиња на минатонеделните протести во Македонија. Диогарди за агенцијата „ИНА“ побарал од албанските политички партии да се обединат на идејата за новото движење за албанските права. Тој побарал обединување особено на албанската опозицијата. Партиите НДП, Нова Демократија, ДУА на Бардил Махмути и НДУ на Хисни Шаќири засега ја прифатија идејата на Диогарди и се очекуваат конкретни движења во текот на наредните недели. http://www.plusinfo.mk/vest/42893/Albanskata-prolet-vo-Makedonija-doagja-idniot-mesec | |
|
Goust
Број на мислења : 137
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/5/2012, 16:53 | |
| | |
|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/5/2012, 18:44 | |
| | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/5/2012, 23:36 | |
| | |
|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/5/2012, 13:55 | |
| | |
|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/5/2012, 16:12 | |
| Ааааа.... не може тоа така, не е по рамковен! | |
|
Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/5/2012, 20:34 | |
| Lesno e da se pratat volcite vo kondovo i da gi poapsat site, no niv gi ima niz celata severozapadna makedonija koi sigurno ke pocnat girilska vojna. Ne e taka ednostavno toa, za takvo nesto treba da se napravi dobra taktika i posiroka voeno-policiska akcija. Mislam posiroka na toa da taa akcija da opfati pogolema teritorija za da se obezglavat bidejki vo sprootivno kako sto kazav ako se uapsat samo tie vo kondovo, mnogu drugi koi se naogjaat ili se vo bliskoto sewerozapadno sosedstvo ke se aktiviraat i ke nastae povtorno "konflikt" vo makedonija. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|