Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 78, 79, 80 ... 89 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty30/5/2012, 23:00

дајте да се уозбилиме,
да е пола од ова вистина ке имаше луге и од Блаквотер во МК на помош.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty30/5/2012, 23:12

Зоран напиша:
дајте да се уозбилиме,
да е пола од ова вистина ке имаше луге и од Блаквотер во МК на помош.

На кого тоа би помагале? На нас или на нив?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty31/5/2012, 08:06

Генерал напиша:
Зоран напиша:
дајте да се уозбилиме,
да е пола од ова вистина ке имаше луге и од Блаквотер во МК на помош.

На кого тоа би помагале? На нас или на нив?

Бела Ак каеда некому се дига коса на глава ај ти!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty1/6/2012, 16:18

Бугарска Атака бара промена на македонските учебници
01 јун 2012 15:46

Бугарските крајно-десничарски партии Атака и ВМРО-БНД претставија заедничка декларација во бугарскиот парламент во која се повикува на заштита на Бугарите во Македонија.

„Македонија мора прво да си ги реши проблемите, за да продолжи на патот кон НАТО“, изјави Волен Сидеров, лидер на крајно-десничарската партија Атака пред бугарските пратеници. Во заедничка декларација со ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, се критикува за, како што се вели, репресијата врз Бугарите во Македонија. Сидеров упати критики и до шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов за, како што рече, неговото молчење за случувањата во Македонија, јави Дојче веле.
Тој побара и промена на содржината во македонските учебници, во кои според него, се фалсификува бугарската историја и преку кои се всадува насилство и омраза против Бугарите. Според Сидеров, неопходна е реформа на специјалните служби во Македонија и запирање на финансирањето на незаконски сепаратистички организации во Бугарија.
Неколку минути по својот настап од собраниската говорница, Сидеров предизвика инцидент кога обраќајќи му се на министерот за култура Вежди Рашидов, инаку припадник на турската заедница, му порача прво да научи да зборува бугарски, а дури потоа да се претставува како министер за култура. На ова реагираа дел пратеници, кои му забележаа за противречната политика на Сидеров, кој само неколку минути претходно побара толерантност кон оние што се декларираат како Бугари во Македонија, јави Дојче веле.
http://www.mkd.mk/35153/makedonija/bugarska-ataka-promena-na-makedonski-ucebnici/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty3/6/2012, 18:48

Самарас намерно го одолговлекува спорот зашто верува дека Македонија ќе се распадне (+ видео)

Самарас во 2002 во интервју за телевизијата Скај призна дека бил во Белград каде што со Милошевиќ разговарал за преместување на население на Балканот. Подоцна во интервју за Третиот канал на грчката државна телевизија Самарас кој како лидер на Нова Демократија е најсериозен кандидат за иден грчки премиер и човекот кој ќе одлучува за преговорите во Обединетите Нации тврдеше дека Грција треба да одбива секакво решение за името затоа што Македонија наскоро ќе се распадне.

- Бевме двајца дипломати во Белград. Вечеравме кај него дома. Кога одеднаш ми побара да се повлечат другите дипломати. Ги повлече и неговите и ме поведе. Помнам дека имаше еден голем клуч во џебот и отвори една соба која всушност беше штабот за планирање. На прв поглед некој лесно можеше да разбере дека таму ги имаше зацртано картите за таканаречените преместувања на население кои ги планираше. Откако ми ја анализираше целата негова програма се сврте и ми рече: Сакам да се вратиш кај твојот премиер и да му го кажеш следното. Имајќи го предвид фактот дека околу тетовскиот регион живеат околу 100.000 Срби, би ве интересирало да ги преместиме кон грчката граница за да може Грција директно да се поврзе со Србија..., вели Андонис Самарас во интервју за телевизија Скај од 2002 година.

- Јас верувам дека наскоро Скопје нема да постојат како единствен субјект. Тоа значи дека времето е на наша страна. Практично е на наша страна, бидејќи јас мислам дека тие нема да успеат да го одржат единството кое веќе не е единство, вели Самарас во интервју за државната телевизија во 2008 година.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=92133
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty4/6/2012, 17:45

СЕНКИ

Видете го само бројот на бугарските пасоши за македонските граѓани што само со еден свој потпис афирмираат една болна страна за нашата историја. Турските хареми на ТВ-каналите се само утеха дека сме космополити и дека национализмот сме го оставиле зад себе. Истите луѓе се удираат во гради кога станува збор за идентитетот.


Евроатлантските интеграции повеќе не се мелем за уши и душа. Од самит во самит расправаме за препрочитан крај, а сега сме глуви и на шовинистичките фарси и неми на простата вистина. Пар денови по Чикаго, тврдокорните верници на НАТО и лидери на двете најголеми политички партии, практикуваат „пинг-понг“ демагогија со државни тајни околу името, кои се веќе одбиени од Атина. Јавноста и натаму е склона да ја актуализира ваквата колор-хроника. Се плашам дека концептот за НАТО е мошне извитоперен кај свеста на граѓаните. Можеби е време политичарите да се соочат со своите сенки, од кои самите бегаат.


Фундаментите на НАТО-алијансата се директни производи на Студената војна, каде што замислата е да се одржува Германија слаба, а Русија како непријател, благодарение на идеолошките конфронтации помеѓу Вашингтон и Москва. Механизмот е поставен по принципот на златното правило на христијанството: помогни му на комшијата ако сакаш тој да ти помогне тебе.

Ветото од Чикаго укажува дека НАТО игра на картата наречена „реалполитик“, така што ситуацијата налага и ние да размислуваме низ истата парадигма. Поведени од тоа, симбиозата од евентуалната соработка е јасна кога зборуваме за САД. Геополитичката важност на Македонија наспроти Москва е круцијален момент за нив. Прашањето е дали и/или зошто НАТО ни е потребен? Имаме ли еманципаторски потенцијал за едно вакво општество? Спремни ли сме да се впуштиме во карниворниот капитализам и активниот милитаризам со кој се справуваат земјите-членки?

Еве зошто имам проблем со изјавата на министерот Поповски. Тој вели дека граѓаните на Македонија очекуваат да се продолжи напорното работење за членство во НАТО. Стои ли некаква фактографија произлезена од плебисцит зад кредибилитетот на оваа изјава? Имало ли референдум за ова прашање, за да видиме што навистина мислат граѓаните? Доколку постои кохезија меѓу политичката елита за ова прашање, тогаш зошто не возвратиме соодветно на доктрините на „реалполитик“ со тоа што ќе ги повлечеме војниците од Авганистан? Зошто Вељановски не свика итна седница за самитот во Чикаго? Да, политичките партии колективно бегаат од своите сенки, сенки што немилосрдно растат.

Овојпат вината не е во нас. Цената за членство се условите, но тоа не би требало да го вклучува спорот со името. Името е билатерален спор, така што условувањето од НАТО да го решиме истиот е директно нарушување на суверенитетот на една држава, заштитен од јасните принципи на Вестфалискиот договор уште од 1648. Но сила бога не моли. Ние сме жртви на концептот за самоопределеност, кој очигледно функционира само под двојните стандарди на западот. И сето ова е реперкусија на методологијата проектирана од „реалполитик“. Не алудирам на скептицизам кон НАТО, но бариерите што ни го попречуваат патот тежат многу повеќе од бенефициите што ги нуди членството. Идентитетот е јадро што како магнет го обединува битието на Македонецот. Генерацијата на десницата нема легитимен капацитет да ја модифицира тезата на македонската кауза и да го промени идентитетот, но затоа умесно го продаваме истиот. Еве како:

Потенцијалите на земја како Македонија се лимитирани од природата, но очигледно дека и еволуцијата застанала тука. За небулозите да добијат на хумор, видете го само фрапантниот број граѓани што од лични потреби го присвојуваат бугарскиот пасош и така со свесен потпис афирмираат една болна страна за нашата историја. Турските хареми на ТВ-каналите се само утеха дека сме космополити и дека национализмот сме го оставиле зад себе. Истите луѓе се удираат во гради кога станува збор за идентитетот, и плукаат по виртуелните предавници, политичарите. Лекцијата не ја научивме: нов бунар копај, во стариот не плукај. Нашите вакви афинитети за европски граѓани, ја носат Македонија бестрага. Нека ви служи на честа.

Краевите се среќни само во Холивуд. За мене секој крај е тажен. Но кај нас е збунувачки. Разни експерти имплицитно апелираат дека економската благосостојба ќе се подобри со членството во НАТО, но континуираниот економски раст е најсладок противаргумент. Се зборува и за загарантирана безбедност, но забораваме дека НАТО не интервенира во случај на интерен конфликт, или меѓуетничка војна во границите на една држава- нашата хипотетична ситуација. Заслепени сме од сенките во кои лутаме, па оттаму и не може да научиме што е всушност НАТО-алијансата. Ова е стратегиско прашање, со енормна значајност; комплексен дијапазон на светската гео-политика во која ние сме едноставно минорни. А кога малите луѓе добиваат големи сенки, тоа значи дека сонцето заоѓа.

http://www.mkd.mk/35622/kolumni/senki-goran-rangelkovic-nato-samit/

Секоја чест за колумнава! aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty5/6/2012, 14:32

Редовниот годишен собир на „владетелите во сенка“ се претвори, според тврдењата на некои од учесниците, во вистинско судење на одредени членки на еврозоната.

Групата Билдерберг, неформална група на моќници кои често се наречени светски владетели во сенка, во неделата го заврши својот годишен состанок во САД, кој оваа година траеше еден ден повеќе од планираната програма, а околу 120 најмоќни луѓе во светот наводно донеле одлука дека Грција треба да ја пуштат „низ вода“, односно да ја доведат до пропаст.

Ова е само една од одлуките на Билдерберговците, кои оваа година заседаваа четири дена во луксузниот хотел „Мериот“ во американската држава Вирџинија.

-Грција никогаш нема да може да го отплати она што го должи. Никогаш. А таа не е единствена. Грција е мртва-гласи пораката која ја пренесе неименуван извор, кој наводно присуствувал на состанокот на светската влада, која е составена од најмоќните банкари, економисти, политичари, медиумски магнати и членови на кралски семејства.

Според некои теории на заговор, ова група ја крои светската иднина уште од 1945 година, кога за првпат се има сретнато во Холандија во хотелот „Билдерберг“. Одлуката за судбината на Грција била донесена уште во 2009 година, после одржаниот самит во Атина. Само неколку месеци покасно Грција била во целосно должничко ропство, а Атина во пламен.

За време на состанокот во Вирџинија, во круг од околу километар од хотелот буквално не можеше мува да прелета. Силните полициски сили комплетно го блокираа подрачјето, а претходно и сите гости на хотелот „Мериот“ кои не биле дел од состанокот биле „замолени“ да си заминат. Сепак, тоа не ги спречи демонстрантите својот гнев да го искажат пред светските владетели. Тие биле предводени од Алекс Џонс од Тексас, кој открил дека секој Американец кој учествувал на состанокот го прекршил уставот на својата земја.

-Ниеден Американец не смее да води надворешна политика без дозвола на владата. За тој прекршок е пропишана затворска казна во траење од три години, вели Џонс за таканаречениот Логанов закон.

Имено, некои од звучните имиња кои присуствувале на состанокот се и Кејт Б. Александер од американската Национална безбедносна агенција, белгискиот принц Филип, професорот од Харвард, Нил Фергусон, кинескиот министер за надворешни работи Јинг Фу, рускиот велемајстор во шах, Гари Каспаров, како и сенаторот од Масачусетс, Џон Кери. Тие спаѓаат меѓу луѓето чии имиња беа објавени на сајтот на групата Билдерберг.

Од друга страна, додека европските медиуми беа сконцентрирани на тоа каква е судбината на еврозоната скроена во Америка, медиумите од другата страна на Атлантикот се прашуваа дали на овој состанок е избран „шеф“ на најмоќната држава во светот?

Во хотелот каде е одржан овогодинешниот собир, Билдерберг групата имала своја конференција и пред четири години, кога беше изборната година во САД. На тој состанок беа повикани и Барак Обама и Хилари Клинтон. Во тој период тие беа во трка за партиска номинација на демократ и двајцата имаа подеднакви шанси за избор. Сепак, по состанокот, демократите го објавија својот кандидат, Обама, кој подоцна победи на изборите.

Од друга страна, Билдерберговците сите овие шпекулации кои се провлекоа низ медиумите ги отфрлија и ги оценија како потполно неточни и смешни.

-Ние само дебатираме, не одлучуваме за ништо, информациите од таканаречените извори се само „теорија на заговор“, вели Вин Вебер, поранешен конгресмен од Минесота, кој во два наврати бил на самитот на Билдерберговците.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty5/6/2012, 17:25

линк?
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty5/6/2012, 18:17

Смрт за деца каури- флаери со ваква содржина утро се пронајдени во Тафталиџе

„Смрт за деца каури” и „УЧК Џихад” е содржината на флаерите кои утрово беа пронајдени на неколку автомобили во скопската населба Тафталиџе.

Од полицијата информираат дека оваа навредлива и недолична содржина сторителите ја напишале рачно. На самото место, СВР Скопје изврши крим-техничка обработка и земени се неколку од флаерите за понатамишно испитување.

Отаму велат дека работат на расчистувањето на случајот.

http://denesen.mk/web/2012/06/05/smrt-za-deca-kauri-flaeri-so-vakva-sodrzina-utrovo-se-pronajdeni-vo-taftalidje/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty5/6/2012, 18:18


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 79 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 79 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 78, 79, 80 ... 89 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: