Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
АвторПорака
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty7/6/2012, 12:48


Грција на раб на граѓанска војна, Македонија на одмор






Има ли Македонија во овој момент стратегија за одбрана од потенцијалот на можниот граѓански конфликт во Грција? Ова е дотолку поважно што во дисфункционалното грчко општество одамна е изграден консензус против Македонија. Таа е заеднички непријател за левите и десни фашисти, ама и за умерениот центар




Додека Грција се обидува да изгради перцепција дека Македонија е земја што со својата државна политика, главно сврзана со спорот околу името, го дестабилизира Балканот, изгледа дека посериозниот дел од Европа во своите анализи сврзани со последиците од должничката криза оди директно на оцени дека некои држави на континентот, особено тие потонати во долгови, во наредниве месеци ќе се соочат со политичка нестабилност, пораст на левиот и десен екстремизам, кој многу лесно може да прерасне во серија граѓански војни. Грција е држава што е најблиску до амбисот. Но таков потенцијал имаат и Шпанија и Италија.
Значи, не е само Балканот европска барутана.
Вишокот историја и недостигот на политичка памет од која „страда“ Европа ја прави буре со барут на квадрат, барем споредено со „крвавите“ региони како Блискиот Исток и Балканот. Имено, никој од овие два региони нема потенцијал да предизвика светска војна. Ама, Западна Европа двапати во едно столетие покажа дека го може тоа.
Ако правиме историски екскурзии во минатото, ќе видиме дека економските кризи продолжуваат како политички кризи кои ослободувале страотен национален и идеолошки екстремизам. Судирот на двата пола генерира граѓански војни по кои општеството добива поколенија со тешки инхибиции што експлодираат во поволен кризен амбиент. Така, ете, современите аналитичари предупредуваат дека на Грција, Италија и на Шпанија им се заканува нов бран на граѓански оружени судири. И оваа криза од која политичките елити предолго не наоѓаат излез, ги потврди историските дијагнози. Велат дека многу е краток патот од мигот кога потомците на некогашните завојувани страни ќе почнат концентрирано да се сеќаваат дека нивните дедовци биле жртви на дедовците на другата страна. Ситуацијата во Европа денес личи на онаа во 1931 година. Политичкиот екстремизам, демагозите се на цена и на сцена. Либералниот капитализам со својот концепт на егоизам и лакомост ги вшмука и левите и десните идеолошки програми кои завршија како декадентен нефункционален центар. Сега само фали да се разбуричка сеќавањето во семејствата, да се извадат фотографиите, да се обноват приказните и да почне.

БЕСНИ ХОРДИ

Нас, нормално, нѐ интересира ситуацијата во Грција. Нашиот народ вели дека кога мечката ќе заигра во комшискиот двор, може да ви дојде дома. Значи, Грција е тешко нарушено општество организирано во нефункционална држава која не е способна да ги решава ни проблемите ни потребите на своите граѓани. Набрзо ќе има повторни избори. Возможни се секакви „изненадувања“. Популарноста на фашизмот и на сталинизмот се изразува во број на освоени пратенички места. Тоа што во Брисел долго време се правеа на чукнати кога е во прашање грчкиот шовинистички и ксенофобичен модел на демократија, сега ќе и се удри од глава на цела Европа зашто маршира како бесни хорди на Златна зора низ грчките полиси.
Значи, има ли Македонија во овој момент стратегија за одбрана од потенцијалот на можниот граѓански конфликт во Грција? Ова е дотолку поважно што во дисфункционалното грчко општество одамна е изграден консензус против Македонија. Таа е заеднички непријател за левите и десни фашисти, ама и за умерениот центар. Како што е познато, НАТО е воен сојуз кој не се меша во внатрешните конфликти на земјите-членки. Не учествува во граѓанските војни освен ако не се дел од политичката агенда на земјите-членки. Македонија, од друга страна, како жртва на западната реал-политика што е второ име за политика на уцена со сила, не е членка на НАТО, ама работи под негова супервизија кога е во прашање секторот одбрана. Тоа значи дека својата одбрана ја има моделирано под строги инструкции.
Прашањето ми е, дали ќе имаме сила за одбрана на територијата и безбедноста при евентуална граѓанска војна во Грција или обид на оваа држава со новите фашистички политички елити да почне на Балканот да ни го глуми Израел „загрозен“ од Либан?
Јасно е дека во овој момент нашите политички елити „традиционално“ се зафатени со своите мали агенди, па бидејќи тие го моделираат општествениот амбиент, овде нема кој да ја отвори темата, макар како теоретска можност. Што никако не е добро. Може да нѐ затече со отворена уста како 2001-та. Може еден убав ден да осамнеме без третина Македонија. Или заплиснати од уште еден бегалски бран.

СО ЦВЕЌЕ НА ГРАНИЦА

Да не заборавиме, Грција уште во 1993 година ја измени својата одбранбена стратегија во која, заради постоењето на независна македонска држава на северот, вгради одредба дека грчката територија ќе се брани така што грчката армија ќе влезе 35 километри во територијата на Македонија. Со други зборови ќе ги отфикари Струмица, Битола и Гевгелија. Дали НАТО интервенираше оваа цел да се елиминира? Дали Македонија како неформален член или како официјален НАТО-партнер и сојузник на Грција, побара ова да се отстрани, досега ниту сме чуле, ниту сме разбрале. Власта никогаш не кажала, а опозицијата никогаш не прашала, па се плашам дека, додека нашите „мировници“ во Авганистан го чуваат штабот на НАТО, овде ќе вмаршираат оние кои пеат дека ќе ни ги одерат кожичките.
И кога сме веќе кај нас дома, тој страв станува уште поголем зашто имаме опозиција чии челници од 2008-та водат отворена прогрчка политика, па може да се очекува Тито Петковски и Бранко Црвенковски со своите тајфи, со цвеќе да ги дочекаат „ослободителите“ од југ, што е еквивалент на свиткан ‘рбет. Ова не треба да се отфрли со индигнација како злонамерност на аналитичарот, ами како многу реална можност зборовите (политичките изјави) да се преточат во дела. Имено, веќе имавме признание на охридскиот градоначалник дека неговата општина не ја признава централната власт во Скопје, ами онаа во Софија, а струмичкиот градоначалник објави почеток на граѓанска војна во Македонија во оној миг кога неговата партија ќе дошла на власт и ќе јадела живи луѓе од спротивната страна.
Македонската политичка ранливост тука не завршува. Го имаме и албанскиот политички фактор кој во редовни интервали не потсетува на својот потенцијал да дестабилизира. Во текот на преговорите околу Рамковниот договор никој од македонските преговарачи не се занимаваше со овие аспекти на „мултиетничкиот“ модел, па и ден денес остана да виси прашањето колку албанските политичари се лојални на Македонија? Прашањето е умесно заради досегашната пракса. Тие сите имаат отпор кон македонското државно знаме. Го претпочитаат албанското. Тие се жестоки во одбрана на паналбанските интереси и никогаш не се на страната на мултиетничка Македонија.

Одбивање команда

По прашањето на фашизмот, и во Втората светска војна Македонците и Албанците беа на различна страна. Имајќи го на ум реалниот момент, а не заборавајќи го поведението на Албанците кои беа државни функционери во 2001 година, мора да се смета на опасноста, сите државни институции во услови на рефлексии на грчката нестабилност, да станат тешко функционални. Што ќе прави државата ако, на пример, и се отцепат или и откажат послушност цели армиски единици, полициски станици, министри и слично?
Во најблага форма тоа ќе значи дека 20 отсто од капацитетот на институциите пресметани по Рамковен ќе бидат под друга команда. Да потсетам на таквите случаи во 2001 година кога пратеници во Собранието облекоа униформи на УЧК, офицери и полицајци пребегаа кај „востаниците“ или локални власти отцепија државна територија, а министри одбија да ја слушаат командата на државниот врв.
Ако на ова се придодаде и традиционалниот „добрососедски“ амбиент во кој преживува Република Македонија последниве две децении, треба секому да е јасно дека евентуална грчка безбедносна криза ќе се одрази во Македонија многу пожестоко од последиците на грчката должничка драма. Затоа, наместо да се занимаваме со „битките“ и „востанијата“ на Црвенковски, државата со сиот капацитет, интелектуалците, експертите, институциите и медиумите би биле општествено покорисни ако на време (а веќе станува доцна) почнат да се занимаваат со својата работа. Пред да нѐ прегази грчкиот шлепер.

Грчкиот црвен телефон
Гледан во светлото на грчката политичка криза што на последните избори ескалираше во драматично јакнење на политичкиот екстремизам, македонскиот политички активизам на опозицијата божем како рефлексија на самитот на НАТО во Вашингтон добива друга конотација. Изгледа дека новите битки на СДСМ и на НСДП, на ДПА и на Руфи Османи се инспирирани од потребите на Грција да си најде национален непријател што ќе го обедини грчкото општество до толку што да ја заборави должничката судбина и да се вклопи во советот што ЦИА ѝ го даде на Грција дека ако сака да куртули треба да произведе нова балканска војна. За таа да се случи, велат советодавците, треба да се најде причина за таква војна. Бидејќи Македонија не е член на НАТО, а е опкружена со НАТО-членки, плус Косово во кое НАТО е на власт, прстот за соодветен дестабилизатор е вперен токму во неа. Сега Грција работи на случајот за создавање широка перцепција, а македонската опозиција таа гола коска сака да ја пополни со троа месо. Цела зима, од вевчанскиот карневал, преку масовните автобуски тепачки на малолетници до масакрот кај Смиљковци и исламистичките протести, ги гледаме обидите за дестабилизација на Македонија. За среќа беа неуспешни, ама не значи дека следниот обид во подраматични околности нема да успее. Во тој контекст внимателно и на друго ниво треба да се перцепира најавата за летни востанија на Црвенковски. Тој не е баш до толку неук и да не знае дека Македонците, врзани за земјоделството, во лето дури и кога немаат субвенции, не креваат масовни востанија, ниту одат на митинзи. Штом се решил на таква голема саможртва да прогласи работно лето, мора да е голем влогот. А сигурно е запознаен дека во Грција на 17 јуни има избори. Според тоа, единствена непозната е само тоа дали тој се дига кога ќе му заѕвони грчкиот црвен телефон и од кога е таа линија воспоставена?

Незаинтересирана Македонија
Во Република Македонија повеќе од една година се врти идејата на Љубомир Фрчкоски дека САД по пат на воена интервенција треба да ја смени власта. Тој очигледно не е ни осамен ни автор на делото. Од емисии со таква порака на сега бившата А1 преку разни дебати, идејата се пласира во јавност во континуитет. Фактот дека од вакви повици не се огради американската амбасада, а на нив нема соодветна реакција во медиумите, ни од политичките партии, ни во јавноста, ни во македонските институции, упатуваат на заклучок дека или се работи за изјави дадени од непресметливи пациенти (ама тогаш не е логично да настапуваат во јавност како угледни личности) или на општествена неспособност да се процени потенцијалот таквите изјави во соодветни услови да прераснат во мејнстрим-политика. Оти, ако врвни институции и институти за стратегиски, политички и мировни истражувања се занимаваат со темата политички хаос и граѓански војни во презадолжената западна Европа, иако Грција, Италија и Шпанија не им се први соседи, не е логично Македонија да биде тотално незаинтересирана за она што се крчка во соседството.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6712854383&id=9&setIzdanie=22598
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty7/6/2012, 15:44

Отидена е оваа Мирка (или Мирко) одамна. Новинарски вртипоп. Не ја варам ни со сода бикарбона.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty8/6/2012, 22:16

Албанци тепале Македонци на кошаркарски меч во „Борис Трајковски“

Група млади, но и повозрасни навивачи од албанска етничка припадност кои ја бодреле екипата на НБА-Чаир најпрвин ги навредувале, а потоа физички ги нападнале кошаркарите на противничкиот тим, Партизан Водно санс на вчера одигран натпревар во салата „Борис Трајковски“ во рамки од М-18 кошаркарското првенство за играчи до 18 години, јави телевизија Сител.

Јуниорскиот тим на НБА Чаир со Мифтари (прв од лево) и Тачи (прв од десно)

Според телевизијата, инцидентот се случил откако тимот на Водно санс го добил натпреварот, а незадоволните навивачи на НБА Чаир прво ги навредувале Македонците на етничка основа, а потоа се симнале на паркетот и се обиделе да ги тепаат 18-годишните играчи на противничкиот тим. Во салата биле присутни и припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кои, сепак, многу индолентно реагирале при инцидентот. Според Сител, полицајците ниту ги спречувале навивачите од албанска етничка припадност да ги тепаат играчите на Водно санс ниту се ставиле во одбрана на тепаната страна.

Од телевизијата е најавено дека во следните неколку дена ќе биде објавен и видео материјал на кој ќе се види овој инцидент.

ТВ Сител прв објави за инцидентот

Тренер на НБА Чаир, екипа за која ова не е првпат да прави инцидентни ситуации во младинските лиги, е Енвер Мифтари, кој пред два месеци за весниците на албански јазик изјави дека Македонската кошаркарска федерација (МКФ) е албанофобна и дека се плаши да им даде селекторска функција на тренерите од албанска националност. Тој, исто така, за весникот „Журнал“ изјави дека македонските навивачи се националисти, кои не би можеле да прифатат да навиваат за селекција чиј тренер е со албанско етничко потекло.

Во клубот исто така работи и поранешниот младински репрезентативец Мухамед Тачи, кој исто така е познат по своите антимакедонски ставови. Тој во изјава за истиот весник, во февруари годинава, искажа мислење дека Македонија е вештачка држава за која не вреди да се игра повикувајќи ги спортистите од албанска етничка припадност да ги бојкотираат жолто-црвените селекции.

Останува да се види дали сега, конечно, челниците на МКФ, предводени од Даниел Димевски, ќе решат да превеземат нешто против НБА Чаир со што би ставиле во одбрана на останатите клубови, во овој случај на тепаните млади играчи од тимот на Водно санс. Ако Димевски и овој пат не се огласи со свој став и одлука тогаш само ќе го потврди ставот, кој го имаат голем број кошаркарски работници, дека не е способен да ја предводи македонската кошарка.

http://www.mkd.mk/36713/sport/albanci-tepale-makedonci/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty8/6/2012, 23:58

Па која пи*ка материна играат тогаш ако не вреди да се игра? На прсти ќе ги избројам албанците во РМ што сакаат соживот, додека илјадници раце нема да ми стасаат да ги избројам оние кои сакаат да ја окупираат земјава и да ја припојат кон оние вукојебини од Косово и Албанија.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 00:00

Шиптарска држава, шиптарска полиција. Што сакате бре луѓе!?
За овој кукавички продаден народец, најдобро е изгледа да го поделат.... своја држава дефинитивно НЕ ЗАСЛУЖУВА!
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 01:32

Ovie od NBA Cair voopsto nemaat karakter na sportisti i so nivniot odnos i vospitanie nikogas nema da izleze nekoj sportist od ovoj klub.
Jas so svoi oci imam videno kako se ponasaat igracite na NBA Cair koga gubat, otkako gi vodevme so golema razlika na edna utakmica duri veruvajte eden od igracite postojano mu pcuese na trenjerot za da na kraj da mu udri slakanica. IGRAC NA TRENJER MU PCUE I MU VAMA SLAKANICA PRED POLNA SALA!!??!?!?!??!?!??!
Jas sum igral mnogu utakmici vo mladinskata liga i sum videl sekakvi raboti no toa bese za neveruvnje!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 01:39

100 пати сум рекол, уште 100 пати ќе кажам, тое е ретардирано, монголоидно, инцестоидно племе што треба да се искорени како плевел.
Не кријам дека по нивното прашање сум екстремен радикал од најлошиот вид, отсекогаш сум бил.
Единствено ми е жал што ние излеговме такви мулиња. Е тоа не можам да си го простам и душицава ме боли.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 01:43

EVE NESTO MNOGU VAZNO STO RAZBRAV NO I ZASTRASUVACKO
Eden korisnik na facebook napisa
"Вистина е дека сектата црна ружа повторно зема голем замав во Куманово, видов со свои очи!!! Пазете се Кумановчани."
nesto sto najdov vo vrska so ovaa sekta na google:
Црна Ружа се појавува во втората половина на ’90-те и зема голем замав во западна и северо-западна македонија.Нејзините корени и идеали водат потекло од сатанистички и пагански култови како и од Wicca-та и Богомислкото движење.Еден од најспецифичните ритуали им е убивањето на некој член од семејството и тоа на некој голем христијански празник(Великден,Божик...).Се смета дека официјално повеке не постојат одкако биле разоткриени во некој стан во центарот на Скопје.
No sega povtorno se pojavuvaat!!!!

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 18:02

Имам слушнато за Црна Ружа од родителите инаку ништо чудно..се е можно кога луѓево немаат работа. Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Gero

Gero


Број на мислења : 16

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty9/6/2012, 18:30

Сум слушнал и јас за нив...Се Зборуваше дека ако некој сакал да стане дел од нив требало да убие 1 член од своето семејство..
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 80 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 80 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 41 ... 79, 80, 81 ... 90 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: