Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 76 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty24/4/2012, 10:51

Иако немаме податоци за тоа што се случило таму, морам да кажам дека има логика во тврдењето на Судска медицина. Шпекулациите што излегоа дека момчињата биле тепани почнаа од неколку коментари на ФБ и блоговите од лица кои наводно биле присутни на погребите. Истите изјавуваа како ги виделе момчињата и кои имале повреди на главата т.е во неколку коментари се тврдеше дека имало скршени носеви, повреда на едно око и не знам што уште не. Е сега, некој кој е лаик кој врска нема од криминалистика може да каже дека овие се механички повреди настанати од удари. Но ако добро ги проанализираме ијавите во сите се вели дека раните се прострелни, а само една е устрелна, т.е сите имаат влез и излез, а една има само влез ( она зрно кое е пронајдено во едно од телата ). Оние кои барем малку знаат за повредите настанати од куршум ќе кажат дека влезната рана секогаш е далеку помала од излезната, што во овој случај би значело деформирање на деловите од телото на местото каде излегло зрното.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty24/4/2012, 11:30

Со оглед дека повеќето од раните биле од автоматска пушка, и тоа во горниот дел од телото и главата... + нанесени од непосредна близина, јасно е зошто некој би помислил дека биле масакрирани. Убиството било извршено за 4-5 минути, мислам дека немале ниту време, ниту намера да ги мачат. Пораката ја пренесоа и вака, за жал.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty24/4/2012, 11:33

Самарас доследен за Македонија, најсреќен ќе биде да ја нема

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 XIMqO

Кај најголемиот фаворит за нов грчки премиер веќе 20 години нема никаква промена на ставовите во однос на македонското прашање. За него единствено прифатливо име би било она без зборот Македонија.

Нова демократија, партијата на Андонис Самарас, е најсериозен фаворит на претстојните избори во Грција, на 6 мај. Сите анкети покажуваат дека најверојатно тој ќе биде новиот грчки премиер. Во пресрет на изборите Самарас го заострува својот и онака ксенофобичен речник. Последната негова таква изјава беше во однос на конечното решавање на проблемот на Грција со странците и со емигрантите. Засега Македонија не е на дневен ред на грчките политичари во предизборието. Но ксенофобијата во однос на Македонците и на Македонија кај Самарас веќе 20 години е константа. Тој во целиот овој период е навистина доследен и можеби најрадикален од сите грчки политичари во однос на името Македонија.
Исчезнување на младата држава

Ако тргнеме од распаѓањето на Југославија и независноста на Македонија, тогашната грчка надворешна политика под водство на Андонис Самарас како да не се занимаваше со ништо друго освен со Македонија. Во тој период грчката одбранбена стратегија во случај на дестабилизација на Македонија предвидуваше влегување на грчка војска на македонска територија дури 37 километри во длабочина. Денешните анализи за тогашните состојби јасно покажуваат дека политичките сили во Грција во раните деведесетти посакуваа многу повеќе од само промена на името, а тоа е дестабилизација и исчезнување на младата држава.
„Неодржлива“ Македонија

Претседателот Константин Караманлис на 26 февруари 1992 година му испратил писмо на министерот за надворешни работи на Грција, од кого барал да се нагласува грчкиот аргумент дека македонската држава е „неодржлива“. Една година пред тоа, на 27 август 1991 година, Самарас во својство на министер на надворешни работи, напишал писмо до своите колеги во ЕУ: „Внимателниот набљудувач може лесно да увиди дека независната македонска држава е тешко одржлива. Економски, без излез на море, нема материјална основа за опстанок, етнички, со повеќе од една третина албанско етничко население и уште повеќе, етничкото потекло на нејзините словенски жители, е причина за недоразбирања. Тие моментално се именуваат како „Македонци“, но Бугарите и во помал обем Србите велат дека тие се нивни“.

Клештата на Самарас

Во 1992 година Андонис Самарас претставил грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот наречен „Самарасова клешта“ имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сè уште присутната ЈНА на тлото на Македонија. Ембаргото тогаш не било официјализирано и на барањето инструкции од страна на градоначалникот на Солун, Евангелос Цаитидис, Самарас со писмо од 3 март 1992 година вели: „Овде ви давам писмено јасна инструкција да преземете и да продолжите со сите расположиви средства да вршите економски притисок врз Скопје. Имајќи ги предвид иницијативите на ЕУ, нашето министерство смета дека не е добро сега официјално да се затвори границата“. Од друга страна, пак, на 17 март 1992 година Самарас му пишува на својот премиер Мицотакис: „Јасно е дека ембаргото ќе ги засили реакциите на луѓето во Скопје кон нивната влада и тоа ќе го мултиплицира феноменот на масовни демонстрации што ќе бидат организирани низ целата држава против некомпромисната позиција на нивната влада“. И 20 години потоа грчката влада ја има истата тактика кон Македонија. Уште чека Македонија внатрешно да се дестабилизира.

Заедничка граница на Грција и на Србија

На средбата Милошевиќ – Самарас во Белград српскиот шеф по вечерата на својот гостин му ја покажал картата на Балканот со зборовите: „Погледни овде, во центарот на ФИРОМ и особено во Тетово и околните делови гувеат над 150.000 Срби, а не 40.000, како што објавува пописот“. „Дали мислите дека во одреден момент тие би се придвижиле на друга локација?“, прашал Самарас. „Ќе се покренат. И не само тие, туку и илјадници други Срби што живеат на север, ќе тргнат на југ, кон Скопје, кон грчката граница. Србија и Грција ќе имаат заедничка граница“, одговорил Милошевиќ. Самарас оваа идеја веднаш му ја пренел на грчкиот премиер.
Самарас: Македонија е мешавина од Албанци и славофони

Подоцна Самарас станува грчки европратеник на Нова демократија. И како европарламентарец тој ниту милиметар не ја менува својата позиција кон Македонија. Тој во интервју за „Елефтеротипија“ го навредува идентитетот на македонскиот народ и држава и вели дека Македонија не отстапува од уставното име со кое го одржува лажното внатрешно единство. „Скопје не отстапува кога се чувствува силно, а не отстапува и кога се чувствува слабо. Тоа е затоа што името е клучниот елемент за лажното единство на населението“, изјавил Самарас. Според него, конфликтот од 2001 година покажал дека „националната држава на Македонците е смеса на нација од Албанци и славофони. Во такви услови, името Македонија беше единственото што ги држи обединети и затоа не се подготвени да го променат“, вели грчкиот европратеник. Тој тогаш предвидуваше дека Македонија се движи кон конфедерација, што значи дека ќе треба да се измени Уставот. „Тогаш ќе може да се промени и името“, изјавил Самарас, според кого, Македонците никогаш немале намера суштински да преговараат за името, додека грчката политика за тоа прашање во континуитет е „правилна“. Во април 2002 година Самарас на средба во ЕУ, во функција на министер на МНР во расправа за Македонија рекол дека ние треба прво да избереме име, а Грција е таа што ќе каже дали е тоа прифатливо за неа или не. За Самарас дури и името Македонија во новото име по негова мера не треба да го има.
http://www.mkd.mk/27594/makedonija/samaras-makedonija-grcija-ime-premier/
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty24/4/2012, 19:19

Во моментов ни одговара фашист во Атина , и онака ке го доурниса угледот на Грција,
А во моментов не е лесно да си во ЕУ, топ Хрватските и Словенечки фирми живуркаат за разлика од минатите времиња и им се заканува долгогодишна рецесија.
Кога си во ЕУ не можеш да нудиш погодносто како оние кај нас и и во Србија и Црна Гора,
згора на се некој од нив и ке се селат кој во македонија ,кој подалеку како КРАШ на пример.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 11:27


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 13:10

Многу сили заинтересирани за дестабилизација на Балканот

Германскиот европратеник Бернд Поселт во интервју за ДВ оценува дека во повеќе земји на Балканот ситуацијата во моментов е затегната. Според негова проценка повеќе страни имаат интерес од дестабилизација на регионот.

ДВ: Ситуацијата во северно Косово во последните недели станува позатегната, Германија реагирше со испраќање дополнителни војници на Бундесверот. Во Албанија пристигнаа американски војници. Со што може да се смета на Косово?

Поселт: Пред 14 денови бев последен пат во Митровица, каде се сретнав со градоначалникот и со министерот за надворешни работи на Косово. Можам да кажам дека ситуацијата е екстремно осетлива. И тоа поради фактот што неодговорни сили во Србија и меѓу Србите во Митровица се обидуваат да ја подгреат изборната кампања во Србија со темата Митровица. Поради оваа опасност, а и поради тоа што владее голема меѓуетничка нервоза, важно е во регионот да бидат стационирани доволно трупи. Кон ова се дополнува тоа што Еулекс, за жал не е на висина на задачата. Европскиот парламент секогаш јасно велеше, последен пат пред неколку недели во еден извештај, дека сакаме Еулекс да оперира на целата територија на Косово, бидејќи за нас не доаѓа во предвид никаква поделба или нешто слично. Северна Митровица и северно Косово е исто Косово како и останатиот дел од земјата. Но, таму реалноста ни од далеку не е таква, и ние сме разочарани од ефикасноста на Еулекс и затоа е важно да се зголеми бројот на трупите.

ДВ: Косовската влада, вицепремиерот Куќи, неодамна се изјасни, дека ако е неоходно и со силa ќе се брани северот на Косово. Дали ваквите изјави можат да се сфатат сериозно?

Поселт: Не станува збор за тоа, ако е неопходно со насилство да се брани северот на Косово, никој не сака да се заканува со насилство, или есклација на насилството, исто така и косовската влада апсолутно не го сака тоа. Но, она што го разбирам е, дека јасно сака да се стави до знаење, дека територијалниот интегритет на Косово не смее да биде ставен под знак прашање. Имено ако тука би се почнало, да им се дава потпора на некави планови за поделба, што Европскиот парламент навистина одлучно одбива, тогаш на дневен ред би дошле и други теми од соседството и тоа повторно би го дестабилизрало целиот Балкан. Тоа е нешто што не го сакаме и затоа треба да се тргнат од маса плановите за поделба (...)

ДВ:Медиумите информираат за појава на вооружени групи, како на границата меѓу Косово и Македонија, така и на северот на Косово. Дали мора да се смета на заострување на ситуацијата?

Поселт: Можам само да кажам дека Косоварите во моментов се однесуваат многу одговорно. Владата, опозицијата и народот покажуваат голема политичка зрелост и се надевам дека оваа политичка зрелост ќе биде зачувана. Се разбира постојано постои опасност, мали отцепени групи опасно да ја злоупотребат ситуацијата. Ова не се однесува само на Косово, туку и на Македонија, исто така и на делови во Србија. Вкупно имаме многу нестабилна ситуација во Босна и Херцеговина, во Србија, во некои делови на Косово и исто така и во Македонија. Тоа е вкупно опасна констелација. И се надевам дека оваа констелација нема да експлодира. Се разбира има сили, кои имаат интерес од дестабилизација, и во позадина се обидуваат да дестабилизираат. Се надевам, дека овие сили нема да имаат успех во тоа.

ДВ: Кој би имал интерес за дестабилизација на ситуацијата?

Поселт: Има многу сили кои имаат интерес од дестабилизација на Балканот. Тука ја гледам и руската страна, сили во исламскиот свет, кои на Косово воопшто немаат резонанца, но на друго место во регионот, на пример во делови на Босна. Гледам сили и во криминалното милје, има многу различни сили.
http://www.dw.de/dw/article/0,,15907478,00.html
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 13:44

Во текот на вчерашниот ден се случи инцидент на локалниот пат Скопје - Тетово, во близина на крстосницата за селото Ласкарци - скопско.

31-годишниот С.М. од селото Ласкарци управувајќи товарно возило во кое биле и неговите соселани 34-годишниот Џ.М. и 26-годишните С.З., бил пресретнат од возило управувано од 25-годишниот Н.Ш. од селото Ласкарци. Потоа Н.Ш. излегол од возилото и поради меѓусебно нетрпение започнал расправија со С.М., по што од пиштол испукал еден куршум кон истиот, но не го погодил и заминал во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот, во Полициската станица „Ѓорче Петров“ приведен е Н.Ш. и во тек се мерки за расчистување на случајот. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=490695CC9EBF1240876FEBB566AB519C
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 13:45

Овие реформи во АРМ, со активната резерва, па спомнување на фактот дека вака АРМ не е способна да им одговори на безбедносните предизвици во регионов, се ме потсеќа на 2001, и тогаш имавме од МПРИ стручњаци што нудеа реорганизации...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 14:05

Kome bi koristio rat u Makedoniji
Piše: Janusz Bugajski
http://balkans.aljazeera.net/makale/kome-bi-koristio-rat-u-makedoniji
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty25/4/2012, 14:44

Ќе се испита одлуката за преименување на училиштата во Дебар

Законитоста на одлуката ќе ја преиспитува Државниот инспекторат за локална самоуправа а треба да се почека и на став од министерството.

- Одлуката за пеименувањето на училиштата во Дебар не е конечна и не може да стане збор дека имињата се променети – изјави за Канал 5 директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански.

- Советот на Дебар донел одлука, но треба целокупната документација од седницата да се достави до Инспекторатот за локална самоуправа кој ќе утврди дали советот ја донел одлуката законски. Следната недела ќе бидат испратени и инспектори во Дебар кои ќе ги испитаат процедурите за донесување на одлуката – вели Шехтански. Тој објасни дека по сето тоа министерството за образование треба да излезе со став, така што одлуката не е конечна.

Со одлука на советот на Дебар, основното училиште „Братство единство“ , беше преименувано во „Пенестиа“ (илирско име за поширокиот дебарски регион) а гимназијата името „Зравко Чочковски“ го доби името „28 ноември“ (национален празник на Република Албанија)./Е.Ј.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=90451

Продолжува преродбата, а дечки? Full throttle. Wink
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 53 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 53 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 52, 53, 54 ... 76 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: