Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 50 ... 97, 98, 99, 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 00:02

Alvar напиша:
Денеска по работа бев во Гази Баба, па потоа накај општина Сарај... во Крушопек, Шишево и Грчец.
Дечки, слободно турете пепел на државава во оваа форма. Отишло све у ПМ. Таму Македонија ја нема, а и бетер ќе биде.

Најмалку што сакам е да читам ( слушам ) овакви работи од било кој Македонец. Луѓе ставете си во глава дека, Македонија постои и ќе постои без разлика на се. Тоа што моментално се случува е еден период на кој на ваков или онаков начин ќе му дојде крајот. Дајте престанете со тие тези дека Македонија ќе ја нема и не знам што. И за крај еве јас ниогаш нема да и турам пепел на оваа држава.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 00:24

Генерал напиша:
Најмалку што сакам е да читам ( слушам ) овакви работи од било кој Македонец. Луѓе ставете си во глава дека, Македонија постои и ќе постои без разлика на се. Тоа што моментално се случува е еден период на кој на ваков или онаков начин ќе му дојде крајот. Дајте престанете со тие тези дека Македонија ќе ја нема и не знам што. И за крај еве јас ниогаш нема да и турам пепел на оваа држава.

Да, веројатно ќе постои, прашање е во каква форма. Навистина, убаво е да си идеалист и да веруваш во светла иднина, полесно е во секој случај.
Реалноста од друга страна е поинаква, нималку убава, ниту со тенденција да стане поарна. На 10 километри од центарот на Скопје (Гази Баба уште поблиску), имаш талибански села со нови џамии изградени во Саудиски стил (претпоставувам и потеклото на парите е од таму). Во населба Железара наши луѓе ми се жалеа дека миц по миц им го земаат цел простор, дека македонските советници во општина Чаир за стан или пари добиени од градоначалникот Меџити гласаат онака како ќе им се каже... секако на штета на нашето население (најсвеж пример ви се промената на имињата на улиците и училиштата кој лека полека ги подзаборавивме, а институциите не мрднаа ни со прст). Струја користат на диво... не плаќаат ништо, на водовод се приклучени на диво... не плаќаат ништо. Кај Радишани направиле цело село со дивоградби... никој не превзема ништо.
Градов е преплавен со шабани, сега почнаа и со автобуси да ги носат по трговскиве центри (само денеска 10 комада од Косово на отворањето на новиот трговски).
Ако е така во Скопје, како ли е само во Западна Македонија... во Тетово, Гостивар, Дебар, наскоро Кичево, Струга....
Следнава година се очекува повеќе да се родат муслимански деца од Македонци, годинава во Мека од цел Балкан (вклучувајќи ги БиХ, Косово, Албанија) на аџилак ќе бидат најбројни токму нашиве, 2000 души. Што мислите, туку така само ќе појдат... да свртат кругче околу Кабата (коцката)? Или да соберат уште троа кеш за остварување на зацртаните цели кои гледаме лека полека се остваруваат?
Не сме бре кадри еден закон да донесеме ради нив, со чевли нацапани во лајна газиме по нашите бранители и оние кој загинаа. Тоа е Македонија, тоа се тезите за нејзиниот опстанок и иднина.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 08:07

X 2
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 10:06

Политиката на политичките партии е една работа, а народното мислење е друга. Во Македонија има ОГРОМЕН број на Македонци кои сеуште си ја сакаат Македонија и се подготвени да и помогнат. А ова што политичарите го прават е минлива работа. Со нив или без нив на ова лудило ќе му се стави крајот. Не сум идеалист, но според моите скромни безбедносни познавања и моето искуство верувам во ова што го зборувам. Што се однесува до Тетово и Кичево, пред некое време имав можност да поминам неколку месеци со луѓе од овој крај. Еден од Тетовчаните во една прилика рече: Дајте оставете ги тие муабети дека во Тетово е вака или онака. Дека таму не смеат Македонците ништо, дека не тепаат на секој чекор. Дојдете и видете како е таму. Има препирки, има недоразбирања ама далеку е од тоа дека сме угнетувани. Ете тоа е позитивен дух. И за крај: Па што ако градат џамии и одат на аџилак??? Па што ако некој се продава за пари??? Па што ако политиката тоа го дозволува??? Дали ние сега треба да се откажеме од Македонија??? Е НЕ!!!! Ќе се бориме ако треба и со домашните предавници и со странски окупатори ама тоа така нема да биде. Може и ова е премногу идеалистичко ама јас верувам во ова. До пред некое време мислев дека сум сам ама повеќе не мислам така. Има Македонија уште синови кои знаат која е нивна вистинска мајка и што и кога треба да направат. Не сум националист и да тврдам дека треба да ги убиеме сите кои не се Македонци туку само велам дека сеуште има луѓе кои ќе бидат онаму каде што е најпотребно.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 11:27

Генерал напиша:
Политиката на политичките партии е една работа, а народното мислење е друга. Во Македонија има ОГРОМЕН број на Македонци кои сеуште си ја сакаат Македонија и се подготвени да и помогнат. А ова што политичарите го прават е минлива работа. Со нив или без нив на ова лудило ќе му се стави крајот.

Политиката на политичките партии е една работа, но истата го формира народното мислење. Не за џабе гледаме секојдневна пропаганда која го подели националното ткиво на пола. И јас верувам дека во државава сеуште има луѓе кои се подготвени да помогнат во добро и во зло, но се плашам дека истите повторно можат да бидат изманипулирани како во 2001-ва. Она што се доби на терен, оние жртви кои се дадоа... сето тоа се изгуби кога се капитулира и уништи државата за век и веков на маса.

Генерал напиша:
Не сум идеалист, но според моите скромни безбедносни познавања и моето искуство верувам во ова што го зборувам. Што се однесува до Тетово и Кичево, пред некое време имав можност да поминам неколку месеци со луѓе од овој крај. Еден од Тетовчаните во една прилика рече: Дајте оставете ги тие муабети дека во Тетово е вака или онака. Дека таму не смеат Македонците ништо, дека не тепаат на секој чекор. Дојдете и видете како е таму. Има препирки, има недоразбирања ама далеку е од тоа дека сме угнетувани. Ете тоа е позитивен дух.

Добро е тоа штом велат така. Но да ги прашаме сепак Кичевчани дали им се допаѓа новата територијална поделба која ќе стапи од 2013-та.
Или да ги прашаме Стружани што мислат за владеењето на Рамиз Мерко, и дали би сакале да се врати локалното уредување како она пред 2004-та.
Ме интересира што велат Чаирчани кога им ги тераат децата да викаат Хасан Приштина... а ако не викаат, ќутек.
Или пак Гостиварчани кога им ги кршеа дуќаните за време на протестите зимоска.

Генерал напиша:
И за крај: Па што ако градат џамии и одат на аџилак??? Па што ако некој се продава за пари??? Па што ако политиката тоа го дозволува??? Дали ние сега треба да се откажеме од Македонија??? Е НЕ!!!! Ќе се бориме ако треба и со домашните предавници и со странски окупатори ама тоа така нема да биде. Може и ова е премногу идеалистичко ама јас верувам во ова. До пред некое време мислев дека сум сам ама повеќе не мислам така. Има Македонија уште синови кои знаат која е нивна вистинска мајка и што и кога треба да направат. Не сум националист и да тврдам дека треба да ги убиеме сите кои не се Македонци туку само велам дека сеуште има луѓе кои ќе бидат онаму каде што е најпотребно.

Што ако градат џамии и одат на аџилак!? Што ако некој се продава за пари!? Како бе друже што, па тоа се прави врз наш грб, на НАША штета. Немам ништо против џамии, но се додека не се повеќе од црквите, но кога истите се градат за да служат како плотови кои ќе покажат еве ова до овдека е наше... а ако се буните ќе го јадете стапот, во вашата држава каде сте вие мнозинство, ама бидејќи ќутите ние ќе правиме што сакаме... е, тогаш ми пречи.
Додека нашите цркви ги ограбуваат, кршат и чкртаат, они градат по 2-3 џамии во села од 1000 жители. Зошто? Бидејќи се премногу религиозни или?

А тоа што нашите го продаваат своето за пари, она кое еднаш ќе се земе неповратно ќе се изгуби... е тоа за мене е пострашно од се останато.
Дали истото ќе го направат во Грција, Бугарија, Србија, Хрватска или Словенија? Можеби, но бргу ќе завршат во некој контејнер пикнати во кеса.
КОЈ ќе се бори против домашниот и странскиот окупатор, кога 300 и кусур илјади наши го фатиле патот под нога по леб надвор... половина од нив со Б'лгарски пасапорт. Згора на се тоа е тренд кои не запира и зема уште поголем замав.
КОГА ќе се бориме против нив... кога ќе ни дојде јајцето на газот, кога буквално ќе ни дојдат пред врата?
КОЈ ќе не води во таа борба, оние кој дадоа 200.000 државјанства на Косовари за да тепаат на избори, или оние кои пеат песни за Тодор Александров и Черноземски?
Не е се така црно бело друже Генерал, туку повеќе нијанси на сиво помеѓу двете.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 12:50

Не е се црно бело тоа и јас го велам. Само пак ќе кажам: Има кој да не брани а богами има и кој да не води. Тоа не се тие што ги спомна ти но на ум имам неколку други во кои имам потполна доверба Twisted Evil

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty5/10/2012, 18:22

Se e crno luge bela chuma ne sotre prosek nie ispod 1 promil....
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty6/10/2012, 15:20


Командите на албански ги тестираат нервите на Македонците

Барањето на ДУИ за командување на албански јазик во Армијата на Република Македонија дополнително ги вжешти и онака запалените односи во АРМ и во Министерството за одбрана меѓу коалициските партнери. На Албанците не им пречи што во НАТО командите се на англиски јазик, а дома бараат двојазичност. Според експертите, ако се дозволи двојазично командување, тоа би било вовед во рушење на унитарноста на државата, федерализација и можен распад

ПРЕДИЗБОРИЕТО ЈА ПРЕГРЕА АРМ

Предизборието, надмудрувањата на функционерите во АРМ и во Министерството за одбрана и прекршувањата на политичките копја по серијата инциденти во војската од Слупчане, преку промовирањето на Белата книга, па сѐ до смотрата и заклетвата во Воената академија, отворија неколку тешко решливи прашања, меѓу кои е и иницијативата на ДУИ за командување на албански јазик во армијата.

По реакциите на началникот на Генералштабот, Јованчо Котевски, партијата на Али Ахмети минатата недела не му остана должна и му порача дека втор службен јазик во Македонија е албанскиот, но и дека нема да дозволат да бидат казнети офицерите што оддадоа почит пред споменикот на ОНА во Слупчане. ДУИ отиде и чекор натаму повикувајќи се на рамковниот договор, порачувајќи дека и командувањето во АРМ треба да биде двојазично.

Настанот во Слупчане, кој ја иницира владината криза, ги крена тензиите откако Котески потврди дека не бил на промоцијата на Белата книга на одбраната во знак на револт оти таа е објавена, освен на македонски, и на албански и на англиски јазик.
Началникот е дециден дека службен јазик во АРМ е македонскиот и потврди дека лично поднел иницијатива за дисциплинска постапка против четворицата униформирани припадници на АРМ што со министерот за одбрана Фатмир Бесими положија венец на споменикот на ОНА. Шлагот на сѐ беше понеделничкото поздравување на Бесими и на македонски и на албански јазик на кадетите на Воената академија.

Амандманот 5 од Уставот

- Секој важен документ во државата, почнувајќи од Уставот, законите, правилниците и другите акти на државните органи, се објавува двојазично бидејќи во согласност со Уставот, албанскиот е втор службен јазик во државата. Сметаме дека никој не смее ова да го оспорува. Уставот вели дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, исто така, е службен јазик, како што е определено со овој член. Аналогно на тоа албанскиот е рамноправен со македонскиот јазик и ние така постапуваме - вели Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Згора на тоа, додава соговорникот, командувањето на албански јазик е едно од многуте прашања што треба еднаш засекогаш да се решат.

- Македонците и Албанците по сѐ изгледа различно го толкуваат спроведувањето на рамковниот договор, па затоа треба да се седне на маса и лидерите конечно да ги решат овие разноликости - заклучува Османи.

Примерот на ЈНА

Универзитетската професорка Билјана Ванковска објаснува дека владината криза, која во Собранието се рефлектира преку блокирање на Законот за бранителите, сега се продлабочува и се проширува и на релација кон армијата и иницијативата за можното воведување армиски команди на албански јазик.
- Доколку тоа се случи, по многу нешта Македонија ќе личи на поранешна Југославија. Токму ваквите чекори беа карактеристични ознаки на политичките збиднувања пред крајот на згаснувањето на ЈНА во поранешната држава. Најпрвин се воведе командување на јазиците на народите во СФРЈ во сите републики, потоа служење војска во своите републики, за на крајот да се финализира со распад на СФРЈ - објаснува Ванковска.

Таа вели дека АРМ е институција што нашата држава секаде ни ја претставува како унитарна и единствена, а ваквиот чекор со воведување на командување и на албански јазик не верувам дека е насочен во позитивен правец. Треба да се знае дека унитарноста на една земја зависи најмногу од унитарноста на нејзините безбедносни органи. Ако таму се рефлектира некаква поделба на интереси, тоа ќе значи дека нешто дебело не штима со унитарноста на земјата.

- Целата ситуација може да се гледа како политички трик за да се исфабрикува состојба со која одредени политичари ќе покажат дека е дојдено време за предвремени парламентарни избори - објаснува Ванковска.

Двојазичноста во АРМ ќе доведе до хаос

Професорката е децидна дека ако се гледа сериозно на проблемот, и самиот рамковен договор, а со тоа и Уставот, не содржи таква одредба и можност во армијата да се воведе командување на друг јазик освен на македонскиот.

- Јасно е зацртано и стои дека албанскиот јазик е втор официјален во Македонија, но во услови што се предвидени со закон. Токму овие одредби, кои се цврсто фиксирани, доведоа во слични ситуации во минатото рамковниот договор да биде неколкупати прекршуван, а се надевам дека и последнава ситуација со командувањето на албански нема да биде иницијална каписла тоа да се случи повторно - вели професорката.

Таа објаснува дека ако тоа се случи, ќе биде чекор кон продлабочување на федерализацијата на Македонија.

- Армијата е специфична, сама по себе. Замислете во еден војнички одред да се издава команда на два јазика, како што сака ДУИ. Тоа значи дека еден дел од групата ќе ја исполни командата веднаш, а другиот дел по неколку секунди, затоа што не може во ист миг да се дадат командите и на двата јазика. Или, пак, во друга варијанта армискиот одред ќе има двајца команданти, еден Албанец и еден Македонец, па тие ќе командуваат на своите јазици во исто време. И во двата случаја ќе настанува вистинска мешаница. Тоа ќе биде смешно, нели? За двојазични команди при евентуални воени услови, пак, ѓаволот ќе ја однесе шегата! На крајот на краиштата, кога нашите војници заминуваат на странски мисии сите армиски команди се извршуваат на англиски јазик, па тоа не му пречи никому, а дома, во мирнодопски услови, им пречи командувањето на македонски јазик - истакнува Ванковска.

- Сепак, оставам можност сето да е тестирање само на нервите и да се провери до каде може да оди попустливоста на македонските политичари од страна на албанскиот блок, а сета драма е само со една цел - да се искачат рејтинзите на партиите на национална карта во овој простор пред избори - резимира Ванковска.

Поткопување на системот на државата

Нејзиниот колега, професорот Стојан Кузев, објаснува дека според Законот за службата во АРМ, во војската официјален јазик за командување е само македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо и ниту еден друг.

Тој го побива и тврдењето на ДУИ и на Фатмир Бесими дека албанскиот е втор службен јазик кога станува збор за командувањето, барем сѐ додека стои одредбата во Законот за службата во АРМ.

- Доколку успее иницијативата за албанско командување во АРМ, тоа би било поткопување на системот и раѓање нови проблеми каде што досега воопшто ги немало. Токму оваа иницијатива има јасна тенденција, а тоа е дестабилизација на Македонија и рушење на нејзината безбедност и натамошното интегрирање во евроатлантските структури - резимира Кузев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10612759486&id=9&prilog=0&setIzdanie=22698

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty6/10/2012, 16:49

Ако има нешто против сево ова македонскиот партнер во власта, зошто тогаш не побара оставка од шиптарскиов министер за одбрана?
Еве вчера имаа идеална шанса да го сторат тоа (како досега да немаа услови да го сторат тоа), но им се виде илето и на едните и на другите.
Мене сево ова ми изгледа на еден фин џентламенски договор за федерализација на државава, која откако нема да профункционире.... ќе заврши со дефакто поделба на Р. Македонија.
Како инаку би се изнеле сите оние тешки пари кој ги намлатија последниве 5-6 години. Проверен рецепт за перење пари испробан од бугарон ЉуБчо.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty6/10/2012, 21:27


______________________
ARM MOJ VISTINSKI DOM!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 98 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 98 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 50 ... 97, 98, 99, 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: