|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 1/10/2012, 23:45 | |
| Ден: ДУИ ќе бара промена на химната? Владејачката ДУИ ќе бара промена на химната, шпекулира весникот Ден, повикувајќи се на свои непотврдени и неофицијални информации. Според весникот, интегративците веќе побарале од неколку албански поети да напишат текст за новата химна, во кој ќе се отсликуваат елементите и на албанската етничка заедница во Македонија. Извори на весникот од партијата велат дека се свесни дека во моментов атмосферата не е најпогодна за отворање на едно вакво прашање, но додаваат дека оваа химна нема ништо заедничко со Албанците и дека токму затоа, тие ниту ја интонираат ниту пак ја пеат. Информацијата на ДЕН не добила потврда од партискиот портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Во последните неколку месеци, во неколку одвоени случаи наместо македонската беше интонирана химната на Република Македонија при свечености во рисуствувМакедонија на кои присуствуваа и министри од Владата, членови на ДУИ http://www.plusinfo.mk/vest/59525/Den-DUI-kje-bara-promena-na-himnata ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/10/2012, 01:45 | |
| САМОИРОНИЈАТА KАKО СУДБИНА НА МАKЕДОНЦИТЕ Придушувањето секој ден нè уништува Скандалозната изјава на европарламентарецот Андреј Kовачев од Бугарија за непостоење на малцинства во Бугарија е континуитет на нивната државна стратегија и политика, слична на грчката и на албанската. Имено, откако во Бугарија направија официјално да има само неколку илјади Македонци, и откако во Албанија воопшто и не нè преброија, а во Грција не смее ниту да се спомене македонско малцинство, Македонците во Македонија можат самоиронично да сфатат дека набрзо и во Македонија можеби ќе нè има – само толку. И не само поради евидентниот обид за фалсификат на пописот кој сакаа да го направат пред очите на Македонците и нивните политички партии – туку и поради својот сè поизвесен духовен колапс како народ. Kон пропаста на македонската држава придонесуваат сите што, од една или друга причина (најчесто малку пари), сè уште го одржуваат антимакедонскиот јавно-политички дискурс; од медиумите, преку експлоататорските бизнис-здруженија, до некои политичките партии. Дури и сè поинтензивното манифестирање на револтот на Македонците кон процесите во државата кои се директно насочени против нив како народ останува само како мала трага во македонските мас-медиуми; тие него сè уште го игнорираат, површно регистрираат, (авто)цензурираат. На своја штета, на штета на својата држава – која токму затоа наскоро и повеќе ќе ја немаат, односно, за жал, веројатно нема да биде – нивна, македонска држава! И без оглед на тоа што оние кои ги диктираат антимакедонските тенденции ќе си заминат во своите станови и куќи низ други држави во светот – тие таму сепак ќе бидат обични апатриди, принудни доселеници, луѓе без држава; ќе бидат без свое национално јас, без една од најзначајните димензии на персоналната егзистенција и идентитет. Очигледната антимакедонска призма за интерпретации која доминира во јавно-политичкиот дискурс (последен пример е нереагирањето на најновата закана за федерализација на РМ, од страна на министер во Владата на РМ!), иако е во спротивност со реалните мислења и сознанија на Македонците, односно на нивните потреби и интереси, во голема мера го оневозможува развитокот на различните форми на отпор кон уништувањето на еланот, гордоста и перспективите на овој, со векови потиснуван и измачуван народ. Парадоксот е што денес тоа се случува во држава која ја формираше токму тој народ, ние Македонците – и наместо процут, наместо креативен развој и нова енергија за иднината, (авто)цензурата на сите изблици на самосвеста дека мора да се направи радикален дисконтинуитет во силниот налет оваа држава да биде одземена од Македонците, ни се случува не во Бугарија, не во Албанија, дури ниту во Грција, туку токму овде, дури и во – Македонија. Придушувањето на човечкиот и природен отпор кога отворено и геноцидно секој ден нè уништуваат – преку бројки од пописни фалсификати со децении наназад, преку одземање на нашите пари за нивни плати, преку бизниси за кои не се плаќа данок, преку насилно градење џамии и рушење цркви, преку молк за кршење на меѓународното право, е новата трагедија на македонскиот народ. На многу начини, преку разновидни методи (од пари и политички злоупотреби на принципот на Бадентер, сè до брутално покажување сила, класична аномија и понижување на македонските херои со отстранување на нивните скулптури-паметници) наскоро целата држава може да биде одземена од нас, Македонците! Во својата индивидуална немоќ, денес ние Македонците можеме само горчливо да се смееме на својата колективна немоќ. Самоиронично да се сеќаваме на визиите и сништата на нашите предци, на своите (за жал, во определена смисла, сепак само, посебно од денешна перспектива гледано) фантазии дека сме способни да имаме своја држава во вистинската смисла на зборот Држава. Ни преостанува да се потсмеваме на илузијата дека ЕУ, ОН, НАТО итн. се праведни и неутрални организации – а гледаме колку се тоа, веќе две децении, а еве најнов пример е и нивниот молк пред изјавите на Kовачев и бугарскиот „попис“. А нам ни велат дека пописот „треба да биде во духот на Рамковниот договор“ – односно да не прозбориме додека албанското малцинство, т.е. нивните политички претставници, во согласност со големоалбанските стратегиски национални интереси, ќе се обидат можеби да се направат себеси 35-40 проценти од вкупната популација во Македонија. И бидејќи на секои десетина години, од попис до попис, нивната бројка се зголемува вештачки, еден ден ќе бидат повеќе од нас (барем на хартија), од Македонците. Судбината секоја нација самата си ја креира, барем во најголемиот дел. Самоиронично, можеме да се обвинуваме – само себеси! Никој друг не ни е виновен за тоа што го дозволивме да ни го направат за овие дваесет години. За само дваесет години (а посебно во последните десет) успеаја да нè скршат, да нè направат зомби, машини без дух, тела без колективен ум, суштества без речиси ронка национална самосвест. Наместо конечна креативна и продуктивна експлозија на неколкувековно потиснуваната национална гордост и енергија, ние Македонците дозволивме нивна тотална деструкција – дали поради нашите политичари, дали поради бизнисмените или мас-медиумите, веќе не е ниту важно – и онака исходот е идентичен и конечен. Последната иронија на секој Македонец е (или набрзо ќе биде, преку финалното соочување со фактите) сознанието дека сме погрешиле, сме имале многу нереални очекувања, фантазмагории, илузии, (само)цензури. И дека секој од нас, повеќе или помалку, придонесол за тој/својот крај. И иако наскоро, веројатно, буквално сите ќе станеме свесни дека две децении сме грешеле кога сме дозволувале дел по дел, етапа по етапа, закон по закон, институција по институција, да ни ја деструираат државата од многу места, а денес сè повеќе и однатре од системот на институциите – веќе ќе биде доцна, премногу доцна да го избегнеме последниот, завршен удар по нашата единствена национална држава, која веќе од поодамна (посебно по проклетата 2001 г.) се претвора во територија на која владеат силата и оружјето, а не законот и Уставот. Самоиронијата на Македонците, нашата последна иронија во светско-историското колективно егзистирање, е токму нашиот можен и сè поизвесен крај. Тони Науновски http://dnevnik.com.mk/?ItemID=727EE501E52FBE42B24462126251518E ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/10/2012, 10:28 | |
| Дечково редовно пишува добри колумни... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/10/2012, 16:49 | |
| Ветераните на ОНА бараат државата да се прекрсти во Илирска Македонија Воените ветерани на поранешната ОНА денеска побараа Македонија да се прекрсти во Илирска Македонија и на тој начин да се реши проблемот со името во спорот со Грција. Во соопштението на нивното здружение, кое денеска го пренесе весникот на албански јазик „Коха“, тие бараат илирско-македонско име за државата. „Нашиот предлог е државата да се вика Илирска Македонија оти тоа име ги исполнува сите критериуми, и демографски и политички и историски. Овој предлог ќе го забрза и решавањето на спорот со Грција околу сегашното име на државата“, пишува во соопштението на Здружението на воените ветерани на ОНА потпишано од претседателот Фазли Велиу*. Здружението во своето соопштение понатаму нагласува дека предлогот Горна Македонија е неприфатлив за Албанците оти бил едностран и без дадена согласност од Илирија, без да биде наведено што подразбира под Илирија. http://www.mkd.mk/63958/makedonija/veteranite-na-ona-baraat-drzavata-da-se-prekrsti-vo-ilirska-makedonija/* Вујко на Али Ахмети. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/10/2012, 17:25 | |
| Овие дефинитивно не се здрави. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 2/10/2012, 17:56 | |
| Не бе друже, таман си се. Ние сме нездравите што ова поминува без да одговара никој. За вакви изјави порано те јадела помрачина. Нит лик ќе ти се види, нит глас ќе ти се чуе. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/10/2012, 15:07 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/10/2012, 16:41 | |
| Едно шабанско говно помалку. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | kocov
Број на мислења : 137
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 4/10/2012, 22:24 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 4/10/2012, 23:38 | |
| Денеска по работа бев во Гази Баба, па потоа накај општина Сарај... во Крушопек, Шишево и Грчец. Дечки, слободно турете пепел на државава во оваа форма. Отишло све у ПМ. Таму Македонија ја нема, а и бетер ќе биде. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|