| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 00:28 | |
| - Генерал напиша:
- Се мислев дали да го коментирам гостувањето на министерската во Сител и иако некои работи ми сметаат одлучив да изанализирам само еден момент.
Дали затаила превенцијата?
Водителот на вестите на неколку пати нагласи како полицијата превентивно реагирала, а истото го потврди и министерката. Епа со оглед на тоа дека водителот е новинар ( не знам каков факултет има завршено, но сигурно нема врска со безбедноста ) можам да го разберам неговото не знаење ( да не речам бламирање ). Но да министерката за внатрешни работи, која патем има дипломирано на правен факултет, зборува работи кои немаат никаква врска со учењето на криминалистичко-криминолошките науки, е тоа не можам да го сфатам.
Ајде да почнам школски. Прво за превенцијата. Најпросто кажано превенцијата претставува превземање на мерки и дејствија со цел да се спречи одредена последица. Со самото тоа се подразбира дека овие мерки и дејствија се превземаат пред да се случи одреден настан. Понатаму да разјасниме какви видови превенција има.
Постојат 2 вида на превенција, и тоа: генерална и специјална превенција. Генералната превенција се однесува на мерките и дејствијата кои се превземаат со цел спречување на одредени неконкретни настани. За да биде појасно ќе илустрирам со примери. Патролирањето на границата, позорните и патролните служби, прибирањето на сознанија за сомнителни лица, возила и објекти, објавувањето на казнените норми според важечкото законодавство во земјата, сето тоа претставува генерална превенција со чија помош се одвраќаат потенцијалните сторители на кривични дела од нивната намера. Специјалната превенција се однесува на конкретни дејствија кои се превземаат со цел спречување на конкретен криминален настан. Така со задржувањето како правен инситут кој е во рацете на полицијата се врши специјална превенција кон одредени лица. Со пример тоа би изгледало вака. Полицијата може да задржи одредено лице во Полициска станица за кое има основано сомнение дека ќе го наруши јавниот ред и мир за време на конкретен фудбалски натпревар.
Пред да преминам на поврзување на ова со конкретниот случај ( Терористичкиот напад кај Смилковско езеро ) да кажам збор два и за репресијата. Репресијата е превземање на мерки и дејтвија по случувањето на некое дело со цел да се отстранат последиците, да се казнат сторителите итн. Од друга страна репресијата се смета за превенција, затоа што со казнување на сторителите се праќа порака и до другите потенцијални сторители.
И да не давам веќе со теорија да преминам на главното.
Изјавите кои ме испровоцираа се однесуваа во контекст на тоа како полицијата со оваа акција реагирала превентивно??? За жал, морам да кажам дека овде за превенција нема ни збор. По извршен терористички напад и по убивање на пет лица нема веќе превенција. Ова што го гледавме вчера беше чиста репресија. Сега да кажам и за одговорноста. Во делот на тероризмот како безбедносно интересен феномен најголемиот дел од одговорноста за превенирање паѓа на разузнавачките служби. Тие се оние кои располагаат со информациите и оние кои треба навремено да ги соберат, анализираат и достават до вистинските корисници. Зошто кога веќе подолг период се знаеше дека во Македонија има радикални структури не се превзедоа конкретни мерки? Нема сомнение дека полицијата ( УБК ) имала сознанија за овие лица но зошто не се посветило поголемо внимание и што и каде затаило мора да се провери.
Тоа на кратко она што сакам да го кажам. Ако навлезам подлабоко ќе ми требаат денови за да го презентирам се она што го мислам и на крај пак нема ништо да кажам затоа што не располагам со вистинските информации.
П.С Терористичкиот чин е извршен со 2 автоматски пушки и 1 пиштол. Според информациите полицијата пронајде 1 автоматска пушка и 2 пиштоли и друго оружје и опрема... Каде е другата пушка?
Секоја чест брат на постов, но сум приметил и порано дека постојано Горде го употребува зборот превенција за дело кое веќе се случило, така да на право место во право време!!! | |
|
| |
Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 00:38 | |
| Е сега мое гледиште на настанатава збрка.
После ова знам, верувам и тврдам дека пред се УБК работите кои се врзани со радикален ислам и терористички движења кои работат на територија на Македонија и те како ќе пази и ПРЕВЕНИРА. Само надополнување на мојава теза е огромен број на специјалци во Брест на Скопска Црна Гора, вест која беше објавена на Алсат-М. Сашо Мијалков е неверојатно способен човек и ако сака работата да ја изведе на видело и те како ќе ја истера, а знам дека лично бил ангажиран за овој случај. Секој нареден обид да се направи нешто слично ќе биде спречен пред да се направи, бидете сигурни. Ако се изгориш на млеко, ќе дуваш и на јогурт.
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 09:34 | |
| Според алсат полицијата се повлекла уште синоќа во 20 часот ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 09:45 | |
| - Makedon напиша:
- Е сега мое гледиште на настанатава збрка.
После ова знам, верувам и тврдам дека пред се УБК работите кои се врзани со радикален ислам и терористички движења кои работат на територија на Македонија и те како ќе пази и ПРЕВЕНИРА. Само надополнување на мојава теза е огромен број на специјалци во Брест на Скопска Црна Гора, вест која беше објавена на Алсат-М. Сашо Мијалков е неверојатно способен човек и ако сака работата да ја изведе на видело и те како ќе ја истера, а знам дека лично бил ангажиран за овој случај. Секој нареден обид да се направи нешто слично ќе биде спречен пред да се направи, бидете сигурни. Ако се изгориш на млеко, ќе дуваш и на јогурт.
Јас се надевам дека ќе биде така. Верувам во квалитетите на професионалците во нашите безбедносни сили и не се сомневам дека доколку им се дадат одврзани раце, работите ќе ги завршат перфектно. Ова мое тврдење се однесува на ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ а не на останатите поединци и групи кои го девалвираат безбедносниот систем. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 14:28 | |
| | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 15:15 | |
| Најави за протести во петок На социјалната мрежа Фејсбук, Албанската популација се организираат за мирни протести со наслов “Стоп на монтираните случаи„, повикувајќи ги сите граѓани на Македонија да ги подржат уапсените кои се обвинуваат од страна на МВР за верски тероризам. Како што пишува во најавата, прoтестот ќе почне од Јахаја Паша џамијата, по петочната молитва некаде по 13:30 часот и демонстрантите веројатно ќе се упатат кон Основниот суд во Скопје, јави порталот на албански јазик Portalb. линк: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=349330171798344http://www.sky.mk/makedonija/21282 | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 16:06 | |
| Ајде да видиме што ќе излезе сега со овие протести. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 16:54 | |
| | |
|
| |
Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 18:45 | |
| - Alvar напиша:
- Најави за протести во петок
На социјалната мрежа Фејсбук, Албанската популација се организираат за мирни протести со наслов “Стоп на монтираните случаи„, повикувајќи ги сите граѓани на Македонија да ги подржат уапсените кои се обвинуваат од страна на МВР за верски тероризам.
Како што пишува во најавата, прoтестот ќе почне од Јахаја Паша џамијата, по петочната молитва некаде по 13:30 часот и демонстрантите веројатно ќе се упатат кон Основниот суд во Скопје, јави порталот на албански јазик Portalb.
линк: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=349330171798344 http://www.sky.mk/makedonija/21282 Ova e veke smesno! . Kako imaat obraz ova da go pravat? Se nadevam deka i od drugata strana ke ima luge sto ke protestiraat protiv nivnite protesti. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
|
| |
Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 19:09 | |
| Vsusnost Ismailovik koj e eden od ubijcite po koj traga interpol ne se preziva ismailovik tuku Ismaili a ova e negoviot FB profil https://www.facebook.com/agim.ismaili.3kako sto se zabelezuva negovata slika e identicna so taa od MVR. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|