| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 19:11 | |
| Дигни џева да не го изгубишорелот на меченик. Веке видено, за нивните свињарии се некој друг е виновен. | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 19:51 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- Vsusnost Ismailovik koj e eden od ubijcite po koj traga interpol ne se preziva ismailovik tuku Ismaili a ova e negoviot FB profil
https://www.facebook.com/agim.ismaili.3 kako sto se zabelezuva negovata slika e identicna so taa od MVR. Официјалното презиме му е Исмаиловиќ. На ФБ се претставува Исмаили. Но тоа не е она што треба да не загрижува, туку треба да се погледнат неговите пријатели, постови, групи на кои е член. Каде биле службите да направат анализа на сето ова? ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 19:54 | |
| - Зоран напиша:
- Дигни џева да не го изгубишорелот на меченик.
Веке видено, за нивните свињарии се некој друг е виновен. Тие постепено ги исполнуваат фазите од нивниот план. Само уверен сум дека се далеку од остварувањето на нивната научно-фантастична цел ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 19:57 | |
| Пред некое време сакав да отворам тема за финансирањето на тероризмот и да споделам нешто од теоријата и праксата во врска со ова. Денеска наидов на оваа статија па се решив да ја постирам овде додека да отворам нова тема. Откако ќе се прочита внимателно неминовно се поставува едно прашање: Каде е и што прави Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам? http://denesen.mk/web/2012/05/03/koj-gi-finasira-teroristite-vo-makedonija/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:00 | |
| Верзии на семејствата четврток, 03 мај 2012, 19:07
Алил Демири не е на Косово туку во Белгија - тврди семејството. И тамошниот интерпол ќе има задача. Зборувале со братот пред да отпатува, ден два по убиството. Неговиот брат утрината излезе од притвор затоа што не му е утврдена никаква поврзаност со настанот за разлика од Алил кој се смета за клучен организатор. „Јас знам дека е во Белгија, не на Косово. Ама МВР ми кажа дека е таму“- изјави за АЛФА братот на Алил Демири.
Пуштениот брат е армиски старешина- прашува зошто не го привела воената полиција? Токму 24 часовното дежурство му е главното алиби дека не бил кај езерото, но тврди дека не учествувал ниту во организација. Ги смета за манипулација изјавите од МВР дека учестувале во Авганистан и дека се припадници на радикален ислам. Не сме војувале ниту пак ако се молиме значи дека сме радикали“- изјави братот на Алил Демири.
Сите кои се пуштени од притвор коментираат дека полицијата сакала да ги искористи за да им извлече информации за петтемина главни. 21 годишната сестра на Демири попладнево пристигна од притвор во домот во Арачиново. Се пожали дека не спиела, немала храна 48 часа и била удрена во главата- полицијата и барала признание. „Ми викаа признај призјан и само прашања ми поставуваа, но јас знам дека не е брат ми“- изјави сестрата на Алил Демири.
Според полицијата со Алил на Косово е и другиот од извршителите Африм Исмаиловиќ. Неговиот брат Агим е во притвор. Браќата живеат во оваа куќа во скопско Сингелиќ. На нивната улица се уште има полиција. Роднините кои ни отворија се болни и не можеа да зборуваат. Во соседството, Демири имал отворено интернет кафе и оттаму се познавал со браќата Исмаиловиќ. Заедно, колите ги поправале кај Сејди Рами во Арачиново кој е притворен како помагач. Во неговата куќа ги немаше родителите. Уште еден помагач е Фејзи Азири од Скопје. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:02 | |
| Секако дека не е тој, и секако дека тие не знаат кај е. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:03 | |
| - Генерал напиша:
- Пред некое време сакав да отворам тема за финансирањето на тероризмот и да споделам нешто од теоријата и праксата во врска со ова. Денеска наидов на оваа статија па се решив да ја постирам овде додека да отворам нова тема.
Откако ќе се прочита внимателно неминовно се поставува едно прашање: Каде е и што прави Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам?
http://denesen.mk/web/2012/05/03/koj-gi-finasira-teroristite-vo-makedonija/
Generale, kopiraj go tekstot za da ostane na forumov zasekogas bidejki linkot moze da bide neaktiven po nekoe vreme. ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:07 | |
| По убиството кај Смилковското езеро и по пронаоѓањето на убијците, кои се припадници на радикалниот ислам, при истрагата би требало да бидат одговорени уште многу прашања. Едно од нив е се разбира е и тоа кои биле финансиери на ова радикална исламистичка група во Македонија.
Ова е особено важно, бидејќи тогаш кога се знае кои се финансиери многу лесно се дознава и кои се конкретните цели на групата која од нивна страна е финансирана.
Од МВР во интерес на истрагата се уште не известуваат кој ја финансирал радикалната исламистичка група и дали таа воопшто имала некои надворешни финасиери и помагачи или делувала како посебна и изолирана челија.
Но иако не се знае за финансиерите конкретно за оваа група она што веќе одамна се знае е податокот кој го финансира и помага радикалниот ислам на Балканот и во Македонија.
Англискиот неделник „Сандеј Тајмс“ уште пред две години објави статија во која се наведува дека Саудиска Арабија им дава стотици милиони евра на исламистичките групи на Балканот кои подоцна регрутираат борци за светата војна Џихад.
Весникот наведува дека исламскиот фундаментализам кој веќе пуштил длабоки корени во Македонија е закана не само за Македонија и Регионот туку и за цела Европа. Фунадаменталистите ја финасираат изградбата на џамии и формирањето на голем број хуманитарни невладини организации. Истовремено секој нов следбеник на нивното движење добивал по околу 300 евра месечно.
Според доверливи информации кои како што наведува авторот на статијата ги добил од македонските официјални власти само од Македонија, Ал Каеда регрутирала околу 50 доброволци за светата војна Џихад. Владин извор исто така за весникот изјавил дека во Македонија од страна на Саудиска Арабија за радикалните исламистички структури стигнале стотици милиони евра.
Додека во светот 87 милијарди долари за 20 години финансирала Саудиска Арабија за пропаганда на вехабизмот надвор од земјата. Од саудиските јавни фондови изградени се над 1500 џамии – ова се само дел од податоците на арапскиот новинар Давуд ал Шириан објавени во повеќе светски влијателни весници. Само во џамијата Фахд во Сараево која е најголема на Балканот биле потрошени 28 милиони долари –сомневањата дека финансиите за изградбата дошле од Саудиска Арабија се поврзани со името на џамијата која го носи името на саудискиот крал кој починал во 2005-та. Од почетокот на 1990-та година во Босна влегле уште 700 милиони долари од кои повеќето биле потрошени за изградба на џамии.
Со оглед на тоа колку пари се вложуваат може само да се замисли колку радикалните исламистички структури можат да станта влијателни и силни на овие простори.
______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:08 | |
| - Profesionalec напиша:
- Генерал напиша:
- Пред некое време сакав да отворам тема за финансирањето на тероризмот и да споделам нешто од теоријата и праксата во врска со ова. Денеска наидов на оваа статија па се решив да ја постирам овде додека да отворам нова тема.
Откако ќе се прочита внимателно неминовно се поставува едно прашање: Каде е и што прави Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам?
http://denesen.mk/web/2012/05/03/koj-gi-finasira-teroristite-vo-makedonija/
Generale, kopiraj go tekstot za da ostane na forumov zasekogas bidejki linkot moze da bide neaktiven po nekoe vreme. Копирано ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/5/2012, 20:54 | |
| Темата на вечерашнава Win-Win на Алфа ТВ е исламскиот фундаментализам и тероризмот во МК. Тукушто почна. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|