Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 62, 63, 64 ... 81 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty3/5/2012, 23:50

СОВЕТ ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ШТАЈНАКЕР: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА НАПРЕДУВА И БЕЗ ЕУ И НАТО

Германија нема да врши притисок врз Грција оти на Атина и било тешко! Rolling Eyes

Амбасадорката рече дека Македонија заслужува влез во ЕУ и НАТО, ги има исполнето критериумите, но Германија не може да реагира одделно од другите земји-членки и да се заложи за земјава. Амбасадорката Штајнакер забележа и на слабата иницијативност за решение на спорот кој не кочи на патот кон интегрирањето, особено потенцирајќи ја македонската страна.

Прогресот на Македонија не зависи толку од влезот во ЕУ и во НАТО колку што се прикажува во јавноста. Напредокот и реформите можат да продолжат и во оваа состојба, надвор од овие организации. Германската амбасадорка во земјава Гудрун Штајнакер на вчерашниот брифинг со новинари како пример го посочи дијалогот на високо ниво кој се води меѓу Унијата и Македонија и продолжува следната недела со еврокомесарот Штефан Филе. Амбасадорката рече дека Македонија заслужува влез во ЕУ и НАТО, ги има исполнето критериумите, но Германија не може да реагира одделно од другите земји-членки и да се заложи за земјава. Амбасадорката Штајнакер забележа и на слабата иницијативност за решение на спорот кој не кочи на патот кон интегрирањето, особено потенцирајќи ја македонската страна.
-Европската унија не е Европа. Македонија географски и припаѓа на Европа и веќе е член на многу организации во Европа. Владата и општеството понекогаш не се свесни какви шанси нудат тие организации. Германија не може сама да реагира и да го смени начинот на функционирање во ЕУ и НАТО. При посетата во Германија на министерот за одбрана Бесими му беше кажано дека го цениме учеството на вашата земја во мировните мисии. Ние сметаме дека Македонија заслужува да влезе во НАТО и ги има исполнето сите критериуми, но знаеме, проблем е спорот со Грција. Мислиме дека двете земји треба да соработуваат, но и Македонија треба да соработува. Последните 2-3 години не видовме никаква иницијатива од македонска страна. Или вака да кажам, би сакале да видиме повеќе иницијатива, повеќе флексибилност. Знам дека има политичари во Грција со кои може да се разговара, но не е мое да судам, рече германската амбасадорка.

Случувањата велат друго. Спротивно на препораките од ЕУ и САД за интензивирање на личните разговори и контакти во преговорите, политичарите од грчка страна беа тие кои во неколку наврати ги одбиваа македонските иницијативи за средби, а само категорично бараа решението да биде име со географска одредница за севкупна употреба. Во врска со претстојниот Самит на НАТО овој месец, амбасадорката не сакаше да прогнозира што би можело да се случи.
-Не знам што ќе се случи во Чикаго и тоа не е моја главна обврска. Германија нема да изврши притисок врз Грција сигурно. Сметаме дека земјата е во многу тешка ситуација. Но, ние исто така, не вршиме ниту притисок врз Македонија. Во наш интерес е Македонија да се интегрира што поскоро во ЕУ. Во Германија има околу 70.000 македонски семејства и сите тие имаат по 2-3 семејства тука, чија најголема желба беше да можат да патуваат без визи. Вие тоа го постигнавте, вели Штајнакер.

Амбасадорката ги пофали македонскоогерманските билатерални и трговски односи. Смета дека се уште се потребни реформи во земјава и жали што процесот на пристапување кон ЕУ е закочен, но сугерира дека простор за развој има и надвор од Унијата. Германската амбасадорка во земјава потенцираше и дека во однос на лани е преполовен бројот на азилантите од земјава во Германија, а непосетувањето на германската канцеларка во Македонија го оправда со економската криза и очекувањето на исходот од претседателските избори во Франција.
-Канцеларката сега мора да се посвети на приоритетните прашања. Таа беше во Косово, но Косово е во криза. Тоа што не дојде тука треба да биде комплимент за Македонија, затоа што не сте во криза, туку Македонија е мирна, тивка земја, вели германската амбасадорка.
Германската формална политичка поддршка за Македонија ја потврди и канцеларката Ангела Меркел на средбата со премиерот Никол Груевски, но беше децидна дека Македонија може да влезе во ЕУ и во НАТО само со решено прашање за името. (В.С.)

Многу детали за убиството се се уште нејасни
Македонската полиција е професионална и верувам дека целосно ќе го разреши ужасното убиство во близината на Скопје. Германската амбасадорка во земјава Гудрун Штајнакер вели дека целосно се согласува со изјавата и со ставот на ЕУ дека треба мирно да почекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски период, а надлежните органи да си ја вршат работата без оглед н етничката и верската припадност на жртвите и извршителите.
-Нашите информации се дека полицијата е многу добро информирана и знаат што се случило. Ќе биде добро ако ова ужасно убиство се разреши. Сега за сега, за мене се е бледо, не е јасно. Многу факти се уште се нејасни, но треба да и дадеме и уште време на полицијата, да ги испита сторителите, и мислам дека до крајот на неделата ќе знаеме повеќе. Македонската полиција е професионална и јас верувам во неа, вели амбасадорката Штајнакер. (В.С.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=F5E5620DE10A4943832ABB86F46699AE
Вратете се на почетокот Go down
meth




Број на мислења : 70

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty3/5/2012, 23:52

Што и бидна на Германкава со вакви изјави o.O
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 00:04

Стандардни ставови на официјалната Германска политика кон Македонија.
Искрено, не ми текнува некогаш да биле поинакви. Во најдобар случај биле индиферентни.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 00:54

ИНТЕРВЈУ: ГОРДАНА ЈАНKУЛОСKА, МИНИСТЕРKА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Брутално нe потсетија на што треба да бидеме подготвени

Терористите често се претставуваат како „обични“ граѓани и не отскокнуваат од околината со цел да стекнат доверба и да ја шират својата соработничка мрежа. Вистинско прашање е како во иднина ваквата опасност полесно да биде детектирана за да не се повтори грозоморното убиство кај Железарското Езеро, вели во интервјуто за „Дневник“ министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Што покажува истрагата на МВР во однос на тоа кој би можел да биде мозокот на монструозното убиство на петтемина кај Смилковци?

- Рано е да говориме дали постоел еден мозок или станува збор за идеја на повеќемина. Во вторникот ја отпочнавме последната фаза од реализацијата на операцијата „Монструм“. Со изведување на осомничените пред истражен судија почна и официјалната судска истрага. Прифаќањето на пријавите и отпочнувањето на судската истрага значи дека голем дел од работата е квалитетно завршен. Не знам какви искази дале осомничените пред судот и дали посочиле дека некој ги организирал или ги убедил да го извршат грозоморниот акт, но знам дека ние нема да застанеме додека сите не бидат изведени пред лицето на правдата, без разлика на нивната улога.

Изјавивте дека станува збор за радикални исламисти кои војувале во Авганистан и во Пакистан против војската на НАТО. Kако тие се вратиле во земјава и незабележано дејствувале во главниот град?

- Лицата што престојувале во Авганистан и во Пакистан, без разлика дали војувале или се обучувале и помагале во кампови, при враќање со себе не носат никаков материјален доказ за тоа. Станува збор за оперативни сознанија. Во конкретниов случај ние не работиме на докажување на престојот на овие лица во Авганистан и во Пакистан, туку сме концентрирани на прибирање докази за делата што ги извршиле во земјава. Се сомневаме дека станува збор за лица од кои поголемиот дел се следбеници на радикалниот ислам. Некои од нив биле во контакт со лица или, пак, лично војувале на страна на талибанскиот режим. Една од карактеристиките на потенцијалните извршители на терористички акти е истите да бидат „обични“ граѓани и да не отскокнуваат од околината. Да стекнуваат доверба и да ја шират својата соработничка мрежа. Вистинското прашање е како во иднина ваквата опасност полесно да биде детектирана.

Kолку е сериозна состојбата со радикалните групи во земјава?

- Во никој случај не смее да се потцени и мора внимателно да се следи. Радикалниот ислам не значи секогаш тероризам, но во голем број случаи се покажа дека границата е тенка и лесно е да се премине од едно верско учење во насилен начин на дејствување. Ниедно верско учење не е кривично дело само по себе за да може да го санкционираме. Некогаш овој радикализам служи само како превез за прикривање политички или финансиски интереси, а некогаш е обратно и притоа како средство се користи теророт врз населението. За целосна контрола на групите што проповедаат радикални учења неопходно е вклучување на сите општествени чинители, почнувајќи од верските заедници, комисијата, политичките партии, медиумите...

Имате ли информации што велат странските служби во однос на евентуалното ширење на вахабизмот во Македонија?

- Јас не би им дала примат на информациите што ги имаат странските служби, во однос на оние што ги имаат нашите служби. Безброј пати досега докажавме дека сме достоен партнер во меѓународни рамки. Радикалниот ислам имаше експанзија на глобално ниво, а се разбира дека Македонија не може да биде изземена од ризикот. Глобализацијата и интернетот не се само можност за подобрување на комуникациите меѓу нациите, туку и можност за поефикасно разменување и ширење на радикалните идеи. Факт е дека одредени состојби како економската криза или нестабилните режими во северна Африка или на Средниот Исток одат во прилог на ширење на ваквата идеологија, но тоа не смее да н` обесхрабрува, туку треба да н` натера повеќе да соработуваме.

Сметате ли дека петкратното убиство и истрагата „Монструм“ ја воведуваат земјава во една нова безбедносна ера?

- Целиот свет е воведен во нова безбедносна ера по нападот на кулите-близначки. Ниту најразвиените не може да бидат имуни на терористичките закани. Бомбашките напади во Лондон, Мадрид, Беслан се јасен сигнал дека искривоколчените умови немаат проблем да најдат повод и причина или начин како да внесат чувство на страв и несигурност кај граѓаните, правдајќи се со борба за некои идеали. Тука не би ја ограничила опасноста само на исламскиот радикализам, бидејќи норвешкиот монструм Брејвик е најдобар демант дека тероризмот не познава ниту вера ниту нација. Овој трагичен и грозоморен чин што ни се случи во близина на Железарското Езеро и утврдувањето на сторителите и мотивите, не би рекла дека е вовед во нова ера, туку најбрутално потсетување во какво време живееме и на какви предизвици мора да бидеме подготвени.

Сите досегашни случаи во кои поголеми групи биле обвинувани за тероризам биле придружени со политички притисоци. Очекувате ли притисок за овој случај и од кого?

- Не очекувам, но и да има некаков обид веднаш би сакала да им порачам дека залудно би се труделе. За ваков чин нема простување и нема отстапување. Македонските граѓани за овој случај, како ретко досега видоа заеднички ставови на сите најрелевантни партии, но и недвосмислена поддршка од меѓународната заедница, која целосно се стави на страна на државата. Се надевам дека така ќе остане, иако веќе може да видиме обиди на некои новинари блиски до опозицијата да ја минимизираат акцијата или да фрлат сомнеж врз работењето на професионалците во МВР. Се форсираат неколку тези како таа дека нема јасни докази за тероризам, туку се работи за убиство, но и се прават непринципиелни споредби со случајот „Раштански Лозја“. Сакам да верувам дека тоа е случајно, но боде очи кога неколкумина ќе излезат со истите претпоставки. Можам само да порачам дека е срамно, брутално и нечовечно да се игнорира трагедијата на петте семејства и да се прават обиди за профитирање на нивен грб. Јас би прашала ако не се работи за тероризам, кои се мотивите за убиството? Децата не се ограбени и финансискиот интерес отпаѓа. Не биле во некаква расправија за да ја вклучиме и одмаздата како варијанта. Грев е да се инсинуира и на овие деца да им се импутира некаков криминал за да се покаже дека загинале во криминална пресметка.

Стравувате ли од одмазда или појава на реваншизам по апсењата?

- Стравот е целта што сакаат да ја постигнат ваквите групи. Нивната намера е да предизвикаат вознемиреност и да го променат секојдневниот начин на живеење. Да внесат раздор, нетрпеливост и нервоза меѓу граѓаните. Да внесат сомнеж во капацитетот на институциите и државата и конечно да создадат плодна почва за нивно натамошно дејствување и ширење. Ниту јас, а верувам ниту граѓаните на Македонија нема да бидат соучесници во оваа нивна намера. Го положивме тестот со висока оцена, но не смее да се залажуваме дека не може да има нови предизвици. Мора да останеме сплотени и будни. Секоја земја има свои специфики, но би го посочила примерот на Израел. Kарактеристично за нив е што по терористички напад кафулињата и рестораните имаат повеќе гости од вообичаено. Не дека нивните граѓани не се чувствуваат гневни, разочарани или не жалат за загубите. Напротив. Тие го чувствуваат тоа, но сакаат да испратат порака дека нема да дозволат терористите да успеат во својата намера да ги исплашат.



Правдата ќе ги стигне оние што се во бегство

Дали во текот на акцијата или приведувањето наидовте на отпор од поединци или групи?

- Акцијата беше изведена крајно професионално. Во операцијата беа инволвирани над 800 службени лица од сите организациски единици координирани преку оперативниот штаб. Истата беше реализирана за неполни два часа, без ниту еден испукан куршум. Немаше ниту повредени ниту причина за употреба на сила. Полициските аташеи во земјава и меѓународните претставници веќе ни честитаа на конспиративноста и професионалноста. Воопшто не е лесно да држите во тајност вака масовна операција со оглед на медиумското внимание и повремените информации лиферувани во некои пред с` странски, но и домашни медиуми дека веќе сме ги знаеле сторителите.

Дали имате сознанија каде би можеле да се наоѓаат двајцата директни учесници во убиството кои во моментов се во бегство?

- Според нашите сознанија двете лица по кои трагаме, потпомогнати од двајца од осомничените, илегално ја напуштиле Македонија преку северната граница во делот кон Kосово. Судот веќе им изрече мерка притвор во отсуство, така што врз основа на негова наредба издаваме меѓународна потерница. Ќе соработуваме со сите наши партнери за нивно пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата. За нас е најважно дека ги идентификувавме. Правдата некогаш можеби е побавна, но секогаш стигнува. Најдобар пример за тоа беше неодамнешното приведување на Миле Хаџиски во Швајцарија кој повеќе од 15 години ја избегнуваше правдата за сторено убиство.

Александар Манасиев

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=68A46D5E409B5E4F9106B9A7BF9280E7&fb_source=message
Вратете се на почетокот Go down
meth




Број на мислења : 70

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 01:25

Па добро бе мајката зар изненадувачки е тоа што терорист може да биде и таксист и бербер ? голема работа што работи .... еве еден од уапсениве 20 души е ОЏА замислете ... на 50 метри од мене живее
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 01:49

Само да не чекаме пак 15 години Ne!

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 12:34


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 12:42

Кумановци гледав емигранти. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 15:10

Glava v zid Glava v zid Glava v zid



Мамичето нивно...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty4/5/2012, 15:14

Почна протестот од Јаја Паша кон Бит пазар, судовите и владата

( обновено 14 часот ) Почна најавениот протест „Стоп за монтираните случаи“. По завршувањето на петочната молитва, стотици млади луѓе ја блокираа улицата пред џамијата Јаја Паша.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Protestjajapasa

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90847
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 63 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 63 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 33 ... 62, 63, 64 ... 81 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: