Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 59, 60, 61 ... 80 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 16:22

Мене ми иде на нерви што се јавија дежурниве апологети на Албанциве како од шабанскиве партии... така и од нашите, како НДП, СП, Сител итн.
Демек ова нема врска со Албанците, да не наоѓаме вина во цела нација, да не се демонизира националната припадност... дрн, дрн јариња.
Убијците се Албанци... точка. Имаат историја на непочитување на државните институции како и нетрпеливост кон Македонскиот народ... точка. Се кренаа на вооружен бунт со цел отцепување на голем дел од државата... точка. Сеуште им е тоа целта и ден денес сонуваат за тоа. Тоа е целта, тука е вината.
Дипломатски ракавици и политичка коректност не ни требаат. Мене лично тоа уште повеќе ме фрустрира.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 18:41

Вехабии не се. Според сликите има само еден кој според дрескодот одговара на нивните принципи. Останатите може да ги сметаме за исламски радикали но не и за Вехабии. Тоа мора да се разграничи. Друг факт е поврзаноста со ОВК. Но мора да погледнеме и од друга страна. Поранешните припадници на ОВК и ОНА кои останаа незадоволни од разврската на конфликтот, особено оние кои сеуште сонуваат за Голема Албанија, односно Илирида, се погодни за регрутација од страна на некои исламистички верски организации или пак странски разузнавачки служби. Тоа значи дека постои можност ОВК или ОНА да не се директни извршители. Сценарија има многу а службите ја знаат вистината. Ова е само поглед од еден поинаков аспект а не тврдење.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 21:27

Занимливо гледиште...се надевам дека за брзо како што и ги фатија ќе ја откријат позадината на ова.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 22:22

Ako bea angazhirani od sluzhbi dosega ke gi otkopuvavme od dlaboka jama.

Mrtov jazik ne zbori.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 22:29

„Алсат-М“: Големи полициски сили во Бреза

Телевизијата на албански јазик од Скопје „Алсат-М“, доцна попладнево извести оти дознава како големи полициски сили пристигнале и се разместуваат во околината на село Бреза на Скопска Црна Гора.
Жителите изразуваат загриженост и јавуваат дека полицијата ги има блокирано сите приоди кон селото и не дозволува никакво движење на населението, додава телевизијата.

Подетални информации не се дадени, а „Алсат-М“ повеќе за ова најави за утре.

Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека нема информации за некакви инциденти.
- Нема ништо во моментов. Во липковскиот регион имаше прослава на ДУИ, можеби поради тоа имало повеќе луѓе. Немам информации дека нешто се случило, вели Котевски.

http://www.plusinfo.mk/vest/41809/Alsat-M-Golemi-policiski-sili-vo-Breza
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 22:45

Ova moze da e povrzano so izjavite deka na granicnata policija ja zaprele uniformirani grupi na granicata so Kosovo. Neznam dali e do tolku haoticna situacijata na granicata so Kosovo no cim policija se grupira vo toj reon deifinitvno ne mirisa na dobro.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 22:46

Се мислев дали да го коментирам гостувањето на министерската во Сител и иако некои работи ми сметаат одлучив да изанализирам само еден момент.

Дали затаила превенцијата?

Водителот на вестите на неколку пати нагласи како полицијата превентивно реагирала, а истото го потврди и министерката. Епа со оглед на тоа дека водителот е новинар ( не знам каков факултет има завршено, но сигурно нема врска со безбедноста ) можам да го разберам неговото не знаење ( да не речам бламирање ). Но да министерката за внатрешни работи, која патем има дипломирано на правен факултет, зборува работи кои немаат никаква врска со учењето на криминалистичко-криминолошките науки, е тоа не можам да го сфатам.

Ајде да почнам школски. Прво за превенцијата. Најпросто кажано превенцијата претставува превземање на мерки и дејствија со цел да се спречи одредена последица. Со самото тоа се подразбира дека овие мерки и дејствија се превземаат пред да се случи одреден настан. Понатаму да разјасниме какви видови превенција има.

Постојат 2 вида на превенција, и тоа: генерална и специјална превенција. Генералната превенција се однесува на мерките и дејствијата кои се превземаат со цел спречување на одредени неконкретни настани. За да биде појасно ќе илустрирам со примери. Патролирањето на границата, позорните и патролните служби, прибирањето на сознанија за сомнителни лица, возила и објекти, објавувањето на казнените норми според важечкото законодавство во земјата, сето тоа претставува генерална превенција со чија помош се одвраќаат потенцијалните сторители на кривични дела од нивната намера. Специјалната превенција се однесува на конкретни дејствија кои се превземаат со цел спречување на конкретен криминален настан. Така со задржувањето како правен инситут кој е во рацете на полицијата се врши специјална превенција кон одредени лица. Со пример тоа би изгледало вака. Полицијата може да задржи одредено лице во Полициска станица за кое има основано сомнение дека ќе го наруши јавниот ред и мир за време на конкретен фудбалски натпревар.

Пред да преминам на поврзување на ова со конкретниот случај ( Терористичкиот напад кај Смилковско езеро ) да кажам збор два и за репресијата. Репресијата е превземање на мерки и дејтвија по случувањето на некое дело со цел да се отстранат последиците, да се казнат сторителите итн. Од друга страна репресијата се смета за превенција, затоа што со казнување на сторителите се праќа порака и до другите потенцијални сторители.

И да не давам веќе со теорија да преминам на главното.

Изјавите кои ме испровоцираа се однесуваа во контекст на тоа како полицијата со оваа акција реагирала превентивно??? За жал, морам да кажам дека овде за превенција нема ни збор. По извршен терористички напад и по убивање на пет лица нема веќе превенција. Ова што го гледавме вчера беше чиста репресија. Сега да кажам и за одговорноста. Во делот на тероризмот како безбедносно интересен феномен најголемиот дел од одговорноста за превенирање паѓа на разузнавачките служби. Тие се оние кои располагаат со информациите и оние кои треба навремено да ги соберат, анализираат и достават до вистинските корисници. Зошто кога веќе подолг период се знаеше дека во Македонија има радикални структури не се превзедоа конкретни мерки? Нема сомнение дека полицијата ( УБК ) имала сознанија за овие лица но зошто не се посветило поголемо внимание и што и каде затаило мора да се провери.

Тоа на кратко она што сакам да го кажам. Ако навлезам подлабоко ќе ми требаат денови за да го презентирам се она што го мислам и на крај пак нема ништо да кажам затоа што не располагам со вистинските информации.

П.С Терористичкиот чин е извршен со 2 автоматски пушки и 1 пиштол. Според информациите полицијата пронајде 1 автоматска пушка и 2 пиштоли и друго оружје и опрема... Каде е другата пушка?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 23:19

Не се луди да ги шетаат со нив пушката е во Вардар плива некаде.
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 23:20

Mnogu ubavo napisano, svaka cast Generale! aplauz . Puskata isto taka moze da e so niv vo Kosovo.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty2/5/2012, 23:26

Петмина од дваесетте приведени во акцијата "Монструм" биле кај Смиљковското Езеро и ги ликвидирале недолжните цивили, соопшти вчера МВР. Засега, во интерес на истрагата, од полицијата не соопштуваат дополнителни детали, односно кој пукал а кој бил логистика, но според информациите до кои дојде Вечер сигурно е дека барем еден од директните извршители на грозоморниот злостор е фатен.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 2A893E50852E794AABBF35601E0FCDC2

Според засега неофицијални информации, петтемина кои директно учествувале во ликвидацијата се Алил Демири (27), Агим Исмаиловиќ (33) и неговиот брат Африм (32), Рами Сејди (24) и Фејзи Азири (54), сите од Скопје. Тоа се и петтемина против кои МВР поднесе кривични пријави за тероризам.

Тројца од нив се фатени, а Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство, најверојатно во Косово. Она што нашите извори го тврдат е дека Агим Исмаиловиќ е едно од трите лица кои пукале во голобрадите момчиња и недолжниот рибар.

Од МВР уште еднаш повторија дека во интерес на истрагата овие информации ниту ќе ги потврдат, ниту ќе ги демантираат.
- Кривични пријави за тероризам се поднесени против пет лица. Од тие пет лица тројца се уапсени, а двајца се во бегство. Едно лице, од двете кои се во бегство, е директно осомничено дека учествувало во убиствата кај Смиљковското Езеро, изјави министерката Јанкулоска.
Таа потенцираше дека три од петте лица против кои е поднесена кривична пријава за тероризам се директно осомничени за масакрот кај Смиљковското Езеро, додека другите две лица им помагале.

Покрај овие петмина посебен извештај поднесен е против уапсените Демири Ќезмедин (30), Азири Хаки (29), Зендели Џелал (27), Ќаиловски Муамер (29), Хајдари Бесим (26), Мемети Мерван (31), Рашитов Абдула (45), Асипи Сурај (21), Исмаиловиќ Мирвет (26) и Демири Кимет (22) исто така сите од Скопје. Тие се осомничени дека помагале или го планирале злосторот и со тоа учествувале во него, а покрај тоа треба да одговараат и за најденото оружје и муниција во нивните домови.

Вчера, во раните утрински часови, сите приведени, под силно полициско обезбедување, беа пренесени во скопскиот Кривичен суд на распит пред истражен судија. Повеќе од веројатно е дека на сите ќе им биде одреден притвор, а тоа го побарало и МВР затоа што е потребно време да се заврши вештачењето на запленетото оружје кое ќе биде изведено како доказ во судските постапки.

До затворањето на весникот осомничените беа на распит, кој со сигурност ќе трае до доцна во ноќта, и затоа немаше никакви официјални информации од претставниците на судот и нивните бранители околу одлуките на истражниот судија и нивните искази.

Министерот Јанкулоска вчера изјави дека и во текот на вчерашниот и завчерашниот ден биле извршени претреси во Скопје и кумановското село Отља каде било најдено повторно големо количество муниција и неколку пиштоли од кои два се со калибар од 9 милиметри, идентичен со оружјето со кое е пукано кај езерото. Тие дополнително се однесени кај крим-техничарите кои допрва треба да проверат дали евентуално некое е користено во петкратното убиство.

Првиот човек на МВР уште еднаш потврди дека групата била составена од следбеници на радикалниот ислам, што било утврдено во истрагата и потврдено од досега собраните докази.
Во досегашниот тек на истрагата било утврдено дека веднаш по извршеното убиство петтемина осомничени побегнале кон местото каде го оставиле возилото "опел омега" и побегнале со друго. Набрзо некои од нив побегнале на Косово илегално минувајќи ја границата, но Јанкулоска, повикувајќи се на заштита на истрагата, не соопшти за кого станува збор и кога и како евентуално се вратиле во Македонија.

Од МВР велат дека операцијата "Монструм" е далеку од готова и дека се уште се следат трагите кои се добиени во истрагата, но не појаснија дали се можни нови апсења.
Како што веќе информиравме, по двоноделната истрага, ноќта меѓу неделата и понеделникот, околу 800 полицајци извршија претреси во 26 домови и објекти и приведоа дваесет лица кои на некој начин беа поврзани со масакрот на Смиљковското Езеро. Претреси беа вршени во скопските населби Чаир, Гази Баба и Шуто Оризари и селата Арачиново и Синѓелиќ каде живеат осомничените.

Грозморниот терористички акт беше изведен на 13 април, на големиот христијански верски празник Велики четврток, кога покрај брегот на езерото кај Смиљковци свирепо беа убиени момчињата Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски, кои беа на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скопското село Црешево. Увидот покажа дека тие биле ликвидирани со повеќе истрели од автомати и пиштоли од непосредна близина. Огнен Чанчаревиќ

ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ СО ЕДИНСТВЕН СТАВ
Поддршка за акцијата, сторителите да ја добијат заслужената казна
Речиси сите политички партии ја поздравија акцијата на МВР, "Монструм" за апсење на сторителите и помагачите и целосно расветлување на грозоморното петкратно убиство кај Смилковци. Владеачката ВМРО- ДПМНЕ го поздрави успешното спроведување на полициската акција. Во партијата сметаат дека тоа е доказ дека министерството за внатрешни работи има полн капацитет, подготвено и професионално да ги извршува своите задачи.
-Значајно е и да се поздрави ефикасноста и брзината со која беше спроведена оваа акција. Ваквата брза, професионална и ефикасна акција е цврст доказ дека државните институции си ја вршат својата задача, рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ се надеваат дека акцијата ќе даде голем придонес за обезбедување материјални докази.
- И понатаму даваме целосна поддршка на МВР и безбедносните служби за брзо идентификување на сторителите, обезбедување на материјални докази и целосно расветлување на петкратното убиство. Тоа е единствениот начин да се сопрат сите шпекулации и граѓаните повторно да се чувствуваат безбедно, рече вчера портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.

Од владеачката ДУИ пак излегоа со став дека не прифаќаат колективна вина на една етничка заедница за убиството и дека Албанците се најмногу заинтересирани за расветлување на настанот.
- Албанците не можат да прифатат колективна одговорност за убиство на деца, криминал за кој не се сеќаваат дека некогаш се случил во нивната историја, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Задоволство од акцијата изрази и ЛДП. Според оваа партија, присуството на следбеници на исламскиот радикализам е причина повеќе за сериозна загриженост.
И НДП на Руфи Османи смета дека сторителите треба да добијат заслужена казна, но сметаат дека истрагата не е водена во вистинска насока и дека не се пронајдени убијците. (Г.Ма)


Обвинителството ќе бара доживотен затвор за убијците
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски најави дека Обвинителството ќе бара максимална затворска казна за убијците и нивните помагачи која според Кривичниот законик за делото тероризам е доживотен затвор.
- Мене ме радува што полицијата покажа висок степен на професионализам и неверојатна ефикасност. Од наша страна во овој момент не би давале многу коментари во интерес на истрагата. Законот е тука многу ригорозен, се работи за најтежок вид на кривични дела за кои санкционирањето е максимална, односно доживотна казна затвор за кривичното дело "тероризам". Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има ќе сочини квалитетна кривична пријава којашто ќе можеме да ја процесуираме во најкраток можен рок. За овој вид кривични дела единствено што нас како обвинителство би не задоволило е максимална кривична казна, односно доживотна казна затвор, изјави Шврговски.


Правдата ќе биде задоволена
Семејствата на жртвите од Смиљковското Езеро се задоволни од текот на акцијата и приведувањата на дваесетемината осомничени за убиствата на нивните најблиски. Тие, иако знаат дека ниту една казна, судски процес или извинување нема да ја пополни дупката во нивните срца и празнината во нивните домови сепак сметаат дека е добро што вистината излегува на виделина и ќе се покаже и докаже дека нивните најблиски се жртви на безумни убијци.
Ако она што го дознавме денеска е точно, тогаш ова е успех за нив. Понатаму ќе чекаме истрагата да продолжи. Тие немаат ни родители немаат ништо, тие се убијци . Уште третиот ден бев сигурен дека е нешто такво. Го знам и моето дете, ги знам и другарчињата, ги знам сите во населбава Радишани, кои дечиња што се, што на мравка не газат, што се дружеа сите - вели Раде Славковски, татко на убиениот Филип Славковски.

И жителите на населбата Радишани, се уште во тага и шок, ја поздравуваат полициската акција и бараат максимални казни за убијците свесни дека ни тоа нема да им ги врати другарите.
Ништо не е како порано. Стравот се уште владее во населбата. Добро е што ги уапсија, но тоа нема да ни ги врати другарите, велат момчиња од населбата.
На влезот на Радишани се уште стојат сликите на четирите недолжни момчиња кои ги загубија животите од истрелите на ладнокрвните убијци. Под нивните слики пријателите, роднините, но и случајни минувачи, палат свеќи во нивна чест.
Пораката "Казна за убијците" испишана со големи букви ќе стои и понатаму!

ДУИ: Убијците имаат име и презиме, без разлика на националноста
Партијата ДУИ излезе со став дека убијците имаат име и презиме, и без разлика на нивната националност тие се само убијци.
- Албанците не можат да прифатат колективна одговорност за убиства на деца, криминал за кој не се сеќавам дека се случувал во нивната историја дури ни во време на војна, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
- Нашата заложба како политички субјект, останува давање максимален придонес во идентификувањето на убијците по име и презиме, без разлика на која националност и припаѓаат. Тие се само убијци и ништо повеќе, велат до ДУИ.
Османи додаде дека Албанците се позаинтересирани за откривање на сторителите на овој криминал од било кој.

ЕУ: Работете без разлика на националноста на извршителите и жртвите
Делегацијата на ЕУ вчера преку соопштение се огласи во врска со апсењата за злосторот кај Смиљковци и побара надлежните да си ја вршат работата без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите, а од судот правилни одлуки во разумен временски рок.
- Запознаени сме дека истрагата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро од 12 април доведе до одредени апсења во рамките на полициската операција, спроведена на 1 мај, соопшти Делегација на ЕУ во Македонија.
- Продолжуваме одблиску да ги следиме активностите. Работа е на државните институции да ги извршуваат нивните дејности, без оглед на етничката или верската припадност на жртвите и извршителите. Останува мирно да сочекаме судските органи да донесат правилни одлуки во разумен временски рок, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ.

Странските медиуми за операцијата "Монструм"
Апсењето на 20-те исламистички радикали, осомничени за поврзаност со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, беше една од главните теми на вчерашните изданија на странските медиуми.

Посебно внимание на оваа тема посветуваат медиумите од регионот, кои пренесуваат детали од прес-конференцијата на министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и потсетуваат на петкратното убиство коешто се случи на 12 април.

Медиумите наведуваат дека македонската полиција на сослушување приведе 20 радикални исламисти, припадници на екстремистичка група од Скопје, кои се осомничени за убиството на петте лица на 12 април.

Во извештаите на медиумите од регионот се посочува дека полицијата претпоставува оти меѓу уапсените, од кои повеќето се македонски државјани, се наоѓаат и извршителите на злосторството" кај Смиљковското Езеро. Тие ја пренесуваат и изјавата на Јанкулоска дека сторителите на убиството се бореле во Авганистан и Пакистан против припадниците на меѓународната коалиција предводена од НАТО.

Повеќето странски медиуми го пренесуваат извештајот на агенцијата Асошиетед прес во кој се вели дека полицијата уапси 20 радикални исламисти поради убиството на петмина рибари - етнички Македонци". Агенцијата посочува дека убиствата ги зголемија тензиите во малата балканска држава меѓу мнозинството Македонци и претежно муслиманското албанско малцинство". Во извештајот се нагласува и дека министерската Јанкулоска во својата изјава не прецизирала на која етничка група и припаѓаат уапсените, туку дека само рекла оти сите се македонски државјани.

Ројтерс пак посочува дека македонската полиција соопшти оти уапсила 20 лица, вклучително и радикални исламисти кои се бореле на страната на талибанците во Авганистан, поради убиство на пет лица кај едно езеро во близина на главниот град Скопје кон средината на април.
Убиството на мажите Македонци, кое уследи по неколкуте локални насилни инциденти, ја засили загриженоста од зголемени тензии предизвикани од шпекулациите во кои како виновници за настанот беа посочени припадници на албанското етничко малцинство", наведува Ројтерс.
Агенцијата ја пренесува изјавата на министерката Јанкулоска дека некои од уапсените се следбеници на радикалниот ислам..., а некои се припадници на групи кои се бореле во Авганистан и Пакистан на страната на талибанците против силите на НАТО".
Би-Би-Си во својот извештај ја нагласува изјавата на Јанкуловска дека целта на уапсените кои ќе бидат обвинети за тероризам била да шират страв".

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 60 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 60 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 59, 60, 61 ... 80 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: