Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 58, 59, 60 ... 79 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty1/5/2012, 21:40

Ништо нема да ни го врати Филип, но добро е што правдата е задоволена, изјави за телевизија Сител, Раде Славковски, татко на убиениот Филип Славковски

,, Добро е што вистината излезе на виделина и правдата е задоволена. Оваа власт не ја обвинувам за ништо и доколку она што го дознавме денеска е точно, тогаш ова е успех за нив. Понатаму ќе чекаме истрагата да продолжи, изјави за Сител таткото на убиениот Славковски.

,,Ниту една казна нема да ја пополни празнината во нашиот дом,, вели Славковски и потенцира дека уште на почетокот знаел оти децата се само невини жртви и не се сомневал во никој од населбата.

,,Уште третиот ден бев сигурен дека е нешто такво. Го знам и моето дете, ги знам и другарчињата, ги знам сите во населбава Радишани, кои дечиња што се, што на мравка не газат, што се дружеа сите. А оние кој го сториле тоа, тие немаат ни родители немаат ништо, тие се платени од надвор и се донесени тука, додаде Славковски.

http://www.bezpardon.mk/tatkoto-na-ubieniot-filip-nishto-nema-da-ni-go-vrati-deteto-no-dobro-e-shto-pravdata-e-zadovolena/
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty1/5/2012, 23:34

Накратко. Акцијата ќе ги даде вистински резултати само доколку продолжи и во наредниот период. Липково, Лојане и Ваксинце МОРА да се исчистат под ИТНО. Исламските радикали земаат замав. Според моменталните наредби кои се проследени во МВР, работата е сфатена сериозно. Не сакам да ширам тензии но морам да кажам дека ни следува опасен период. Секој може да биде следната мета, а особено униформираните лице.н

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 00:41

радикалниот ислам рова во МакедониJа

Жители на светот на вахабизмот

Откривањето на осомничените убијци од масакрот кај Железарско Езеро даде одговор на прашањето што е актуелно изминативе неколку години: дали во Македонија има увоз на радикални структури и искривување на сликата на традиционалниот ислам.

Повеќе странски медиуми пишуваа дека радикалниот ислам се шири и во нашата држава.

Американскиот неделен магазин „Викли стандард“ пред две години во текст со наслов „Од Шведска до Македонија: Радикалниот ислам продолжува да ја тестира Европа“, ги поврза терористичкиот напад на бомбаш-самоубиец во Шведска со пироманскиот чин врз Арабати-баба теќе во Тетово.

Демант од ИВЗ

„Истиот викенд, еден од европските најголеми и најпознати храмови на суфите – комплексот Арабати-баба теќе во Тетово, град во западна Македонија со етничко албанско мнозинство, беше мета на очигледен пиромански напад. Вахабистите, кои имаат влијание врз државнопризнатата македонска исламска заедница се обидеа да го заземат местото последните неколку години“, објави неделникот.

Британскиот весник „Сандеј тајмс“ во напис тврдеше дека во Македонија роват вахабисти, а четири џамии биле заземени од радикални исламистички групи. Од ИВЗ демантираа.

„Новинарот никогаш немал средба, ниту разговор со претседателот на ИВЗ, реис ул-улема Сулејман ефенди Реџепи. Изјавите што му се припишуваат во текстот се невистинити, клевета и шпекулации“, пишуваше во соопштението на ИВЗ.

Пред повеќе од четири години МВР најави дека открила терористичка организација поврзана со Ал каеда, која функционира во Скопје и која за осум години испрала над 4,5 милиони евра под превезот на издавачка куќа во Старата скопска чаршија. Тогаш се проверуваше работењето на издавачката куќа „Нун“, запленети беа компјутерите и финансиските извештаи, но кривично никој не одговараше.

Инструктори им држат обуки

Џевад Галијашевиќ, член на експертскиот тим за борба против тероризам на Југоисточна Европа, за „Дневник“ вели дека Македонија е погодена од вахабизмот од геополитички причини. Тој се согласува со Јанкуловска дека мотив за убиството на групата е да се внесе страв кај населението.

- Одите на работа со страв, се качувате во автобус и се плашите да не ви се случи нешто, стравувате за своите деца. Тоа е првата причина. Втората е да постои генератор за конфликт во земјата - вели Галијашевиќ.

Податокот на полицијата дека осомничените биле на боиштата на Авганистан и на Пакистан, според Галијашевиќ покажува дека се работи за професионалци, кои поминале воена обука.

- Таа група има мрежа на поддршка и во Македонија и во регионот. Државјанството за овие луѓе не значи ништо. Тие му припаѓаат на светот на радикалниот ислам - вели Галијашевиќ, кој објаснува дека вообичаено за радикалните исламисти на Балканот е што се поддржани од верски лица, а имаат и инструктори-месионери, кои им држат обуки за верата и за воени вештини.

Пари во куфери

Главните извори на финансирање на балканските радикални исламисти, според експертите, се невладините и хуманитарните организации.

- Изворите на финансирање главно доаѓаат од Kатар и од Саудиска Арабија. Парите влегуваат преку невладини и хуманитарни организации, често кеш и во куфери - објаснува Галијашевиќ.

Експертот за безбедност Благоја Марковски вели дека податокот оти осомничените убијци војувале во Авганистан и во Пакистан не значи дека убиството го сториле од верски причини.

- Се работи за платеници со специфичен ментален склоп или бескрупулозни кучиња на војната. Целта им е да убиваат и да заработат - вели Марковски, кој објаснува дека вахабистите во Македонија немаат поддршка и плодна почва.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D98C51EDE033D643B2D74BD0B8D554AC
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 12:42

Наумов: Македонија има проблеми со тероризмот

Поранешниот прв човек на македонското разузнавање Кире Наумов по апсењето на дваесете лица вели дека Македонија има сериозни проблеми со тероризмот.

`Ако е се тоа точно, ако е целата изјава веродостојна на тоа што вистински се случувало на теренот, тогаш целото ова по дефиниција личи на организирана терористичка ќелија на одредена радикална исламистичка организација. Ако оваа констатација не е избрзана, ако сето тоа е така, тогаш морам да ви кажам дека Македонија има сериозен, голем проблем`, вели Наумов во интервјуто за Дојче Веле.

Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, смета дека е непходна полициска акција и во соседството за да се неутрализираат опасните групи во регионот.

`Сигурно дека тука се мешаат две работи, дека се испреплетени две работи, екстремизам поврзан со косовските состојби и верскиот фанатизам. Инаку, повеќе експерти и познавачи на состојбите, долго време предупредувавме дека во Македонија има екстремизам, има фундаментализам, има групи кои делуваат во скопско, кумановско, Липково и тн. Јас верувам дека службите имале информација за раздвижување во државата`, вели Трајанов.

Во вчерашната полициска операција `Монструм` бил извршен претрес на 26 објекти при што се уапсени 20 лица. Пронајденото оружје и литература ги поврзува уапсените со верскиот фанатизам.
http://www.sky.mk/makedonija
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 12:45

Ќе го свика ли Иванов, Советот за безбедност?

Терористички чин е петкратното убиство кое се случи на Велигден кај Смиљковско езеро обелодени МВР, го организирале меѓународни радикални исламски терористи, дали конечно треба да се свика Советот за безбедност?

Претседателот согласно Уставот на Република Македонија, треба да го свика националниот совет за безбедност, во случај на влошена безбедносна состојба.

Од кабинетот на Иванов, по прозивка на опозицијата, откако се случи петкратното убиство, рекоа дека советот за безбедност ќе биде свикан тогаш кога ќе биде потребно.

Неодамна и порталот Охридскај, обелодени дека во реонот на скопска Радуша и Липковско има вооружени групи. Од МВР тогаш одговорија: „Нема терористи туку обид на медиуми и интересни групи да создадат слика за дестабилизација“, по два месеци министерството за внатрешни работи јавно обзнани дека во Македонија всушност е извршен терористички напад, од "радикални исламисти, кои војувале и во Авганистан против НАТО".

- Немаме такви информации, но не може да исклучиме дека поединци или интересни групи и во наредниот период ќе користат одредени медиуми за пласирање на разни дезинформации со надеж дека ќе ја вознемират јавноста, ќе ги уплашат граѓаните и дека ќе створат слика на дестабилизација. И во минатото бевме сведоци на ваков начин да се обидуваат да добијат некакви политички поени – изјавиле од МВР, за провладин портал на 27 март 2012 година, кратко потоа, од МВР со контрадикторно тврдење дека терористи има.
http://www.sky.mk/makedonija
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 12:47

Македонија пред сериозна закана од радикалниот ислам
http://www.mkd.mk/29095/makedonija/makedonija-radikalen-islam-ubistvo/


Сè досега Министерството за внатрешни работи изјавуваше дека полицијата будно ја следи состојбата со радикалните исламисти и дека нема потреба за паника.

„Не постојат сериозни безбедносни закани и опасности од радикални движења за кои би била потребна полициска интервенција. Не постои причина за реакција на Министерството за внатрешни работи во справувањето со радикалните вахабисти“, изјави пред две години министерката Јанкуловска откако Исламската верска заедница предупреди дека во земјава има радикални вахабистички движења.

Инаку, неодамна некои западни медиуми пишуваа за опасноста од вахабистичките движења на Балканот, а особено во Македонија.

Тие го наведоа случајот со Арид Ука, муслиман од Германија со потекло од Косово, кој уби двајца американски војници и рани уште двајца на аеродромот во Франкфурт во март 2010 година.

Потоа Зимер Салихи, имам од косовско-албанска џамија во Лондон, издаде коминике со кое предупреди за ширење на радикалниот ислам кај муслиманите-Албанци.

Тој истакна дека во западноевропските земји каде што емигрирале Албанци и другите балкански муслимани вахабизмот се шири уште од крајот на војната во Босна во 1995 година, и тоа главно преку изградбата на џамии финансирани од Саудиска Арабија и други арапски држави.

Тој нагласи дека состојбата е најкритична во Македонија, поради зачестените политички конфликти помеѓу Македонците и Албанците.

Според него, во земјата се градат сè повеќе џамии во модерен арапски стил финансирани од Саудиска Арабија, а со тоа се зголемува и бројот на верските исламски радикали.

Според познавачите на состојбите, во последните седум години радикалните групи во земјава на своите сметки добиле повеќе од 5 милиони евра од фондови на арапски држави. Тие пари биле користени за печатење памфлети, брошури и книги за вахаб-учења, но и за проповед на радикална идеологија во скопските џамии – Иса Бег, Алаџа, Султан Мурат и Хатунџук-џамијата, кои подолго време не се под контрола на Исламската верска заедница.

Се проценува дека во моментов во земјава има повеќе од 3.000 припадници на радикалниот ислам.

На Балканот најмногу исламски радикали има во Босна. Во февруари минатата година босанската полиција во селото Горна Маоча уапси осум вахабисти, кои беа закана за безбедноста, а радикални исламисти беа уапсени и во Призрен. Беа уапсени пет лица за кои имало сознанија дека се поврзани со радикали во Македонија.

Алармантен е и самиот факт дека и Исламската верска заедница, која најчесто премолчуваше и го негираше постоењето на радикалниот ислам, призна дека во земјава има радикални исламски групи.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 13:09

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/69623-FOTO-Islamistite-izneseni-pred-sud

Според фотографииве не станува збор за Вехабии. Кој има и малку познавање за Вехабизмот знае како изгледаат Вехабистите. Но тоа е нашето „професионално“ новинарство. Слушнале исламски радикали, напишале на google и што прво излезе тоа е. Како и да е според погоре напишаните текстови во кои се споменува број од 3000 исламски радикали ни останува уште многу работа.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 13:38

ФОТО: Исламистите изнесени пред суд

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/69623-FOTO-Islamistite-izneseni-pred-sud

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 333-500
Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 777-500

Као што можете да видите имало и нинџи...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 15:59

Не ми е една работа јасна! На видеата кои ги пласира МВР јасно се гледаат слики на УЧК со припадници на таа терористичка организација на нив. Не видовме ниту еден факт кој потврдува дека се вахабии...многу повеќе видовме дека се припадници на УЧК! Зошто тоа свесно се премолчува и се форсира тоа дека се вахабии?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty2/5/2012, 16:07

Ради НАТО самитот во Чикаго. Wink
Затоа се туркаат информациите дека се радикални исламисти поврзани со Ал Каеда... кој се бореле против НАТО трупите во Авганистан, а биле обучени во Пакистан. И дека ние како 5-ти најголем контрибутор во ИСАФ по глава на жител... ги фативме.

Мислам дека шабаниве имаат везе со туркање на света муслиманска војна во Македонија, колку што имаше УЧК во 2001-ва... али ај.
Битно дека 3-ца од 5-те извршители на масакрот се фатени. Сега останува на Косовариве да ги испорачаат другите двајца.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 59 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 58, 59, 60 ... 79 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: