Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата

Go down 
+8
SIG
Makedon
Subzero
Momak od Gjorce
Desperado
tonin
filip555
Profesionalec
12 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty9/2/2012, 17:14

ФОРМИРАЊЕТО НА АРМ - 1992 ГОДИНА И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА САМИТЕ ПОЧЕТОЦИ

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Armpocetoci1

Повозрасните уште го паметат тоа време – време кога заминуваше тогашната Југословенска народна армија, а се градеше Армијата на Република Македонија. Деновите тогаш беа долги, а ноќите уште подолги. Секој ден се случуваше нешто ново, секој настан беше за паметење. Кога денес пионерите на македонската армија евоцираат спомени од тоа време, тоа го доживуваат со носталгија: поради времето што неповратно замина и поради предизвикот на времето што допрва доаѓаше, а чии први страници ги испишуваа токму тие.

Во првите денови на сега веќе далечната 1992 година пионерите на Армијата на Република Македонија беа исправени пред многу енигми, но работеа со исклучителен ентузијазам, со свест дека создаваат нешто ново, нешто што одамна го немало на нашите простори: македонска армија, за
што се залагаа и се бореа многу претходни поколенија. Јануари 1992 година, датум кој во секој
случај ќе остане забележан во историјата како прв месец на првата година по референдумот
за осамостојување на Република Македонија, септември 1991 година. Тогаш се правеа првите чекори од примената на тукушто донесениот Устав (на 17 ноември 1991 година), според кој Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а одбраната на државата се организира со сопствени вооружени сили. Тоа е време кога во Македонија ЈНА сe уште се наоѓа по караулите и касарните низ земјата, но и време кога се подготвува првиот македонски Закон за одбрана, кога единиците на Територијалната одбрана, како и многу македонски офицери и подофицери лоцирани во Македонија се подготвуваа за преземање на караулите и на касарните, за создавање македонска армија.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Armpocetoci2

ДАТУМИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Во тој јануари пред дваесет години во касарните и караулите низ Македонија вриеше како во котел. Припадниците на ЈНА веќе прибираа што можат да однесат со себе, а голем број македонски старешини се осмелуваа нешто да затскријат, да остават за идната македонска армија. Определбата на државното раководство и на македонскиот прв повеќепартиски парламент, формиран една година пред тоа,беше мирно разијдување од тогашната југословенска заедница, без војна, без човечки и материјални загуби и со договор за иселување на некогашната ЈНА. Требаше многу ум и разум за да се обмисли сето тоа и практично на теренот да се реализира.Но, ништо не беше така лесно и едноставно. Тоа беа моменти кога во Собранието на РМ се најде предлогот за донесување на Законот за одбрана, со што се удрени темелите на идната македонска армија, но и време кога на територијата на поранешна Југославија се испишуваа најкрвавите страници по нејзиниот распад и кога требаше само искра за пламенот на војната да се распламти и кај нас.


Во тие моменти, припадниците на тогаш ната Територијална одбрана, врз кои падна главниот товар во процесот на создавањето на македонската армија и воспоставувањето контрола врз границата, а со тоа и на целата нејзина територија, покажаа завидна умешност и храброст да им се оддолее на заканите, притисоците и искушенијата на патот на остварувањето на многувековниот сон на македонскиот народ, да се биде свој на своето. Токму тие, покрај старешините од караулите и касарните со определба да останат на старите огништа и да бидат дел од новата македонска армија, имаа клучна улога во постапното прибирање на оружје за новото време и во мирното преземање на касарните и на караулите што ќе се случи идните месеци,односно во март, април и мај 1992 година. Ќе остане запишано и тоа дека во јануари1992-та година, во времето додека единиците на Територијалната одбрана се подготвуваа за преземање на караулите, во Македонија се лобираше за враќање на старешини од македонско потекло од тогашните југословенски републики, а веќе не се испраќаа ни регрути во касарните надвор од Републиката.Настаните се нижеа како на филмска лента. Мозаикот се градеше камче по камче. Преовладуваше разумот пред избликот на срцето. Сите беа свесни дека испишуваат нови страници во историјата на Македонија. Младата држава, формирана за време на АСНОМ 1944-та година, сега конечно функционира со сопствен парламент, со сопствена влада..., а се зацртани и контурите на сопствени безбедносни сили.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Armpocetoci3

ПРВИ НИКУЛЦИ

Уште при првите чекори на младата држава се кршат многу дотогашни табуа. Прво, на 4 јануари, Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 Јануари – првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник да биде прогласен за неработен. Во тој прв јануари по осамостојувањето на Република Македонија се случија и работи коишто оставија длабоки траги. Така на 11 јануари 1992 година беше одржан референдум за автономија на Албанците во западниот дел од Македонија и за прогласување на таканаречената Илирида. Референдумот и резултатите од референдумот биле прогласени за нелегални од страна на македонските власти.
„Во тие мартовски денови, се сеќава пензионираниот генерал Ѓорѓи Каракутовски, тогашен командант на обласниот штаб на ТО на Куманово и непосреден учесник на тие драматични збиднувања, веќе се знаеше дека припадниците на тогашната ЈНА ќе заминат од нашите простори. Се чекаше само денот кога тоа навистина ќе се случи. Забрзано се подготвувавме за преземање и обезбедување на државните граници.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Armpocetoci4

Иако Македонија остана последното парче од поранешниот ју-простор каде се
настојуваше тоа прашање да се реши по мирен пат, сепак беа присутни притисоци,па и закани дека ЈНА од Македонија ќе направи втора Хрватска, дека таа оди да се врати наскоро и слично. Всушност, сите
бевме свесни за тоа дека таа оди на пат без враќање и тоа јасно им го кажавме“.Неколку дена потоа, на 15 јануари, младата македонска држава доби големо признание од Арбитражната комисија на Европската заедница на чело со претседателот Робер Бадинтер. Бадинтеровата
комисија во својот извештај соопшти дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Словенија и на Македонија.Република Македонија беше примена на 8 април 1993 година како 181 полноправна членка на Обединетите нации. Оттогаш поминаа 18 години, а Република Македонија
сe уште се третира во Обединетите нации како „поранешна“. Истиот ден, на 15 јануари, Владата на Бугарија ја призна Македонија за суверена и независна држава. Република Бугарија беше првата држава која ја призна државноста на Македонија. По неа следуваа Турција, Словенија, Хрватска, Русија како дел од државите со кои до денес воспоставивме дипломатски односи.

Од другите позначајни настани ја одвојуваме и посетата на тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на 26 јануари 1992 година на САД и Канада.Тоа беше прва работна посета на Глигоров во САД и Канада. Во изминатите 20 години, во месецот јануари, се случија многу други значајни настани. Овојпат бележиме само еден, за жал трагичен настан, што се случи на 12 јануари 2008 година. Тогаш Македонија ги даде првите жртви на нашите воини и амбасадори на мирот во светот. Имено, на тој ден се случи трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која животот го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Кога денес, по дваесет за нас долги, а историски гледано куси, но пресудни години, се потсетуваме на тоа време, како по малку да нe фаќа носталгија. Веројатно денес нема човек кој не се запрашал барем еднаш: дали можеше да биде поинаку? Но гледано од тогашен аспект, од тоа какви сe табуа требаше да се надминат, какви сфаќања да се надминат за да се почне да се размислува европски и да заживее демократијата и плурализмот, тоа несомнено беа крупни,историски чекори. Со кој било аршин мерени, тие донесоа пресвртница и, во вистинската смисла на зборот, остварување на многувековниот сон за македонска држава и државност.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Arm342

Продолжува ...

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty10/2/2012, 11:29

A od inventar so imashe ostanato od togasnaTa JNA ? Posto jas imam slusnato deka vo prvite meseci od formiranjeto na ARM Pripadnicite nemale nikakvi vozila ? :/

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:24

dada po povlekuvanjeto na jna od makedonska teritorija sve e zemeno so niv samo eden tenk vo bitola ne go sobrale bidejki bil rasipan

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:25

Neznam tocno sto imase po zaminuvanjeto na JNA, ama ogromen del zedoja, skoro pa sve. Da mozea i kasarnite i kasarnite ke gi krenea. Znaci go zedoa seto tesko vooruzuvanje a i ogromen del od lesnoto pesadisko vooruzuvanje, vozila, tenkovi .. bukvalno se! Duri i stekerite od kasarnite gi izvadia, kupatila... apsolutno se.

Ako znae nekoj kakvi vozila imaat ostanato neka pise..verojatno se onie Pinzgauerot, Puchot .. i takvite.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:29

Нема ништо оставено од ЈНА единствена опрема што ја добивме во наслетсто беше од Територијалната одбрана...

Во оваа тема има малку за испоријата на АРМ... https://odbrana.forumotion.org/t59-topic
Вратете се на почетокот Go down
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:42

Bi bilo dobro da napravime eden spisok sto toa imase vo TO po zaminuvanjeto na JNA od Makedonija, odnosno sto od taa oprema premina vo ARM ili MVR. Imate vie nekoj podatoci?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:48

Desperado напиша:
Bi bilo dobro da napravime eden spisok sto toa imase vo TO po zaminuvanjeto na JNA od Makedonija, odnosno sto od taa oprema premina vo ARM ili MVR. Imate vie nekoj podatoci?

Ако не се лажам освен пешадиско вооружување и да немаше нешто друго пушки,пиштоли,автомацки пушки,митралези, и.т.н.
Вратете се на почетокот Go down
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 00:55

No togas ostanuva otvoreno prasanjeto od kade ni se Pinz-ovite i Puhovite i slicni na niv vozila?

P.S BTR-60kite i 70kite od kaj ni se?
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 12:13

Нај Веројатно се купени после тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty11/2/2012, 14:41

Desperado напиша:
No togas ostanuva otvoreno prasanjeto od kade ni se Pinz-ovite i Puhovite i slicni na niv vozila?

P.S BTR-60kite i 70kite od kaj ni se?

Пинцовите, Хермелините, БТР-70-ките оние Мерцедес џипчињата се донација од Германија.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 5Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5  Next
 Similar topics
-
» Воена парада по повод 20 години Армија на Република Македонија
» 25 години АРМ
» 25 Години ПСО
» 30-Години АРМ
» 100 години од Балканските војни

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: