Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Генералштаб ГШ - AРМ

Go down 
+5
Iko
leopard
Alvar
Momak od Gjorce
AlexGreat
9 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty2/8/2011, 07:33

ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМ

МИСИЈА HA APM

Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во Мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).

МИСИЈА НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM

ГШ на АРМ ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на АРМ.

1. ЗАДАЧИ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM

Планирање на организацијата и формацијата на Армијата:

му предлага на МО организација и формација на АРМ,
изработува долгорочни планови, планирање на воени кампањи и планирање на сили.
врши здружено планирање и координација со МО и други органи на власта,
ја формулира и објавува политиката на ГШ,
ги определува воените потреби и приоритети за планирање на силите и ги анализира врските меѓу воените потреби и достапните ресурси и советува за прашања во врска со НАТО стандардизацијата,
унапредување и развој на стратегии во областа на обуката, оперативните способности, готовноста, набавките и опремувањето, одржувањето на опремата, логистиката и стандардизацијата,
Планирање употреба на Армијата:
му предлага на МО План за употреба на АРМ,
ги координира организациските, безбедносните, воено-стручните и други мерки и активности потребни за успешна реализација на мисијата на АРМ,
ја координира изработката на плановите на потчинетите команди,
планира мерки, активности постапки за подршка на силите на МВР во одстранување на асиметричните закани,планира воспоставување соработка со мултинационалните агенции и организации од областа на одбраната ,


Организира подготовки и извршување на мобилизацијата на АРМ:

изработува мобилизациска проценка,
изработува предлог за мобилизациски развој на АРМ,
подготвува план за мобилизација на АРМ,
извршува мобилизација на АРМ или нејзини делови,
Предлага мерки за зголемување на борбената готовност на АРМ:
го организира и следи спроведувањето на мерките за готовност на АРМ и превзема мерки за нивно извршување,
ја следи и контролира борбената готовност на командите и единиците на АРМ и превзема мерки за нејзино подобрување,
Планирање на финансиски средства за потребите на АРМ:
предлага годишен, среднорочен и долгорочен финансиски план за потребите на АРМ,
ги спроведува одобрените годишни, среднорочни и долгорочни финансиски планови за потребите на АРМ,
ја следи ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно прописите донесени од министерот за одбрана,
Планирање за опремување на АРМ:
му предлага на МО годишен, среднорочен и долгорочен план за опремување и модернизација на АРМ,
спроведува материјално обезбедување на АРМ, согласно планот за опремување на АРМ,
Планирање на вежбовните активности на АРМ:
му предлага на МО годишен план на вежбовни активности на АРМ,
изведува вежбовни и други активности за оспособување на АРМ во согласност со годишниот план,
врши мобилизација (за обука) на одделни формациски состави на АРМ,
Планирање и спроведување персонален менаџмент во АРМ во согласност со кадровската политика на МО:
доставува до министерот за одбрана предлози за поставување, унапредување и разрешување воени старешини на должности за кои се предвидува чин мајор и повисок чин,
поставува, унапредува и разрешува воени старешини заклучно со чин потполковник(професионалните војници се во надлежност на првопотчинетите команди),
произведува во почетен чин воени старешини - подофицери,


Планира школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ:

доставува до министерот за одбрана годишен планови за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ,
Планира, организира и спроведува логистичка подршка во АРМ,
формулирање на логистичката политика на АРМ;
планира, оценува и ги координира силите со логистиката на МО на полето на снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка, инфраструктура и услуги,
договарање и следење на потребите за транспорт;
договарање на поддршка преку соодветната агенција во однос на набавките и употребата на ресурси ;
следење на критичните класи на материјали и превземање мерки за набавка,
организира подршка и одржување на потчинетите единици и времени состави,
ажурирање на логистичките потреби;
подготвува детален преглед на логистичките резерви и мирновремени залихи;
врши проценка на капацитетите на АРМ за одржување, обезбедување на услуги, објекти за складирање и друга инфраструктура,
координирање на операции за оддржување, реконструкција на инфраструктурата на АРМ;
координирање на оперативните логистички функции и потреби
определување на потребите од склучување договори и изработка на потребна документација;
изработува документација за подршка на Република Македонија како земја домаќин;


Ги согледува потребите и организира планирање и спроведување на обуката за припадниците на АРМ, особено на планот на:

операции за справување со кризи
координација на обука на декларираните единици на АРМ во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот,
координација на проекти за обука и вежби со командните авторитети на НАТО земјите,
воена соработка која се фокусира на соработката меѓу земјите на НАТО и ПзМ, во врска со курсеви за англиски јазик (воена терминологија), посети на експертски тимови и други настани во текот на целата година.
Организира и подготвува врски за командување и контрола,
координирање на информациите во рамките на АРМ,
развој на системи за управување со информации,
подготвува предлози за разрешување на прашања поврзани со К4 и автоматските информативни системи,
управуваат со определувањето на фреквенции за АРМ;
изработува делови од оперативните планови.
Планира и спроведува криптозаштита на тајните податоци значајни за АРМ,
Ја планира, координира и набљудува употребата на процедурите и средствата за криптозаштита;
Организира и спроведува противелектронско обезбедување, (доколку ЦЕИ остане во состав на ГШ на АРМ),
Организира и спроведува набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија
ја следи состојбата во поглед на обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија,



Разузнување и контраразузнување во АРМ:

координира активности за разузнување и контраразузнување во АРМ,
координира откривање и учествува во спречување на терористички дејности насочени кон одбраната на Република Македонија,
врши информирање на персоналот на разузнувањето, тимовите за набљудување и организациите кои го подржуваат разузнувањето во врска со пријателските цели, намери, планови на ГШ, како и реализацијата на операциите на АРМ.
ги определува разузнувачки приоритети во АРМ,
обезбедување на соодветни и навремени разузнувачки податоци за потребите на МО и по потреба врши информирање на повисоките служби и национални агенции за тековната состојба, приоритетите и потребите на разузнувањето.
по потреба, доставува разузнувачки податоци на потчинетите команди,
изработува план за контраразузнување во АРМ,
изработува делови од оперативните планови.
Планира заштита на силите во АРМ,
координира ангажирање на Воената полиција и изведување на инженериски работи заради обезбедување на лица, Команди и објекти одредени од министерот за одбрана, на просториите на кои се изведуваат вежбовните активности, како и регулирање и контрола на воениот сообраќај,
планира мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци во АРМ,
Планира и координира активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во АРМ,
Планира и координира активности за уредување на територијата за потребите на АРМ
Остварува соработка со странски армии, цивилни власти и организации, во согласност со планот на МО,
остварува соработката со цивилните власти и организации во земјата,
подготвува и организира обука, проценки и процедури за CIMIC,
Донесува стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на АРМ, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во АРМ и други стручни правила и упатства од значење за работа во АРМ,
верифицира Правила и упатства за единици, родови и служби во АРМ,
ги запознава потчинетите команди за прашања поврзани со меѓународно хуманитарно право, Закон за воени конфликти, договори за статус на силите, други договори и други оперативни прашања како на пример правила за ангажирање и одредување на цели.
Командува со единиците на АРМ, согласно прописите за командување донесени од Претседателот на Република Македонија,
Регулира учество на единици од АРМ врз основа на наредба од Претседателот на Република Македонија, во:
одстранувањето на последиците од вонредна состојба,
заштита и спасување од поплави, пожари, земјотреси,
пронаоѓање, собирање и уништување на неексплодирани убојни средства.


Првиот началник на генералштабот на АРМ по донесувањето на Уставот на суверена и независна Република Македонија. Генерал-мајор Митре Арсовски,на функцијата Началник на Генералштаб на АРМ бил од 16.03.1992 - 03.03.1993.


Прв министер за одбрана по донесувањето на Уставот на суверена и независна Република Македонија.проф. д-р Трајан Гоцевски,на функцијата министер за одбрана бил од 10.01.1992 - 04.09.1992
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: ЗОК (Здружена Оперативна Команда)   Генералштаб ГШ - AРМ Empty2/8/2011, 07:38

ЗДРУЖЕНА ОПЕРАТИВНА КОМАНДА

МИСИЈА

Да ги подготви конвенционалните копнени и воздухопловни сили на АРМ за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на РМ, со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција од конфликти и во справување со регионални конфликти и кризи во операции преводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во заштита на пошироките интереси на РМ.


СУШТИНСКИ ЗАДАЧИ

1. Подготовка на конвенционалните и воздухопловни сили

2. Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности

3. Поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа

4. Подготовка нa декларираните сили

5. Достигнување на целосна интероперабилност и интероперативност со НАТО

6. Планирање и изведување нa обука според стандардите на НАТО


СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-1
(Персонал)


1. Менаџмент со персоналот во мир и во војна
2. Анализи на спроведување на законите и регулативите
3. Плати и надоместоци
4. Морал, задоволство од условите за `ивот и работа и рекреација
5. Проценка на условите за работа и пресоналот
6. Награди и прослави



СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-2
(Разузнавање)


1. Разузнавање, контра-разузнавање и безбедност
2. Анализа на заканите
3. Контрола на безбедноста
4. Обебзедување на топографски карти (мапи)



СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-3/7
(Операции и инженерија, обука и вежби)


1. Планирање, контрола и командување со операциите во сите ситуации
2. Учество во изработката на долгорочното планирање
3. Развивање на оперативен центар
4. Планирање и контрола на обуката и вежбите во земјата и странство
5. Планирање и координација на воената и цивилната инженериската поддршка
6. Развивање на стандардите и стандардните оперативни процедури




СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-4
(Логистика)


1. Планирање и координација на логистичката поддршка, движењето и транспортот, услуги, медицинска поддршка и инфраструктура


СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-5/9
(Планирање, цивилно воена соработка)


1. Координација за изработка на сите долгорочни планови
2. Изработка на оперативни анализи
3. Одредување на барањата и приоритетите за планирање на силите
4. Мобилизација на единиците
5. Планирање и организација на цивилно воената соработка




СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-6
(Телекомуникации, криптозаштита и информации)


1. Обезбедување на ефикасни и безбедни комуникации (врски) и информатички услуги за Командата во текот на мир, кризи и војна



СУШТИНСКИ ЗА ДАЧИ НА СЕКЦИЈАТА Г-8
(Финансии)


1. Извршно планирање, програмирање и буџетирање, обезбедува финансиска поддршка и интерна контрола.





ОПШТИ ЦЕЛИ КОИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ
СО РАБОТАТА НА ЗОК


• Имплементација на обврските од Стратегискиот одбранбен преглед и Динамичкиот план за трансформација на командите и единиците
• Континуирано следење на безбедносната состојба во зоната на одговорност и во регионите каде се лоцирани контигентите од ЗОК во мировни мисии
• Учество и подготовка на контигентите од ЗОК за успешно извршување на мировните мисии ISAF во Авганистан и ALTHEA во БиХ
• Обука и оспособување на единиците на ЗОК за извршување на суштинските задачи кои произлегуваат од нивните мисии
• Постигнување на прифатените ПЦ од делот за ЗОК и целосно усвојување на стандардните оперативни процедури согласно НАТО стандардите




http://www.morm.gov.mk/morm/mk/ARM/ZOK.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: АРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty5/8/2011, 20:31

ИСТОРИЈА НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.

Генералштаб ГШ - AРМ Slika16Генералштаб ГШ - AРМ Slika17

Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Република Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Сепак со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната Армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.

Претходно, македонските војници организирани во Територијална одбрана успешно го извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е превземен првиот воен објект- зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е превземена правта караула "Рамна нива" на македонско – бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општина Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна "Илинден".


Генералштаб ГШ - AРМ Slika19

По завршувањето на сите подготовки за прием на первата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут – Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на Вооружените сили на Република Македонија.

Генералштаб ГШ - AРМ Slika20

Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ кои се определија да останат во Република Македонија, ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Репубика Македонија.

Генералштаб ГШ - AРМ Slika21

Генералштаб ГШ - AРМ References_arm
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty5/8/2011, 20:35

Федерална армија и територијална одбрана

Со одлуките на АСНОМ, по ослободувањето, Македонија како федерална единица беше во состав на Федеративна Народна Република Југославија, односно подоцна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. На ниво на заедничката федерација постоеше Југословенска армија (подоцна Југословенска Народна Армија – ЈНА), која во ослободената земја ја презеде и продолжи трансформираната улога на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија (НОВ и ПОЈ), во чиј состав беше и НОВ и ПОМ. Во неа македонските регрути го опслужуваа својот воен рок, а работно беа ангажирани и македонски активни воени старешини и цивилни лица. Во неа еден број македонски војници и старешини, во состав на одред на ЈНА, од 1956 до 1967 година учествуваа и во мировните сили на полуостровот Синај, а во еден период и во Јемен.

Генералштаб ГШ - AРМ Slika12

Со измените на Законот за народна одбрана на тогашната СФРЈ, од 1969 година вооружените сили се трансформираат во Оперативна Армија и Територијална одбрана (ТО), со паралелно функционирање и на Систем на служби и единици на Цивилна заштита. Целта на трансформацијата има за основа пренесување на одговорноста за одбраната на сите сегменти на општествено и работно организирање во Федерацијата, што значи и поединечно за секоја република. Од тој аспект, на ниво на републиките и покраините, општините и работните организации се формираат штабови на територијалната одбрана.

Генералштаб ГШ - AРМ Slika13

На 19 март 1969 година е формиран Главниот штаб за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија. Потоа следи формирањето на штабови по општините и на пониско ниво, со единици на ниво на општините и претпријатијата, вклучувајќи и младински и милициски единици. Ваквиот територијален принцип на воено организирање во 1970 година придонесува Територијалната одбрана да има можност за вклучување на околу 74.000 македонски воени обврзници.

Во 1973 година, во рамките на Територијалната одбрана се формираат маневарски единици (на ниво на баталјони) и просторни (на ниво на работни организации и месни заедници), а веќе во следната година се формираат 14 територијални партизански бригади.

Обуката се врши во Центарот за обука при Републичкиот штаб на ТО, во школските центри на поранешната федерална армија, а подоцна и во Центарот за обука Пепелиште крај Неготино.

Територијалната одбрана на Македонија престанува да функционира со донесувањето на Законот за одбрана на Република Македонија во 1992 година, кога е и формирана Армијата на Република Македонија.

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty27/8/2015, 12:49

"ЖОЛТА МИНУТА" НА ИВАНОВ НА ДЕНОТ НА АРМ

Дали НАТО нешто пропушта во подготовките за прием на Македонија во своите редови? Претседателот на државата така некако проценува а во меѓувреме со половина дузина смени се обидува да ја дисциплинирана АРМ!

Тоа што сите семејства се среќни на истоветен начин, како што рекол Толстој, од аспект на нашата Армија, значи дека се внимава сите кавги и евентуални недоразбирања да се одложуваат за време на празници и разни свечености кога треба да се мисли на единството.

Што се случи во средината на неделата кај нас, пред се во армискиот врв? Претседателот на државата и воедно врховен командант, со рокадата на шест генерали на различни позиции во самиот врв на Армијата на Република Македонија, и разрешувањето на пет генерали, ја направи досега најголема смена во историјата на генералштабот на АРМ. На роденденот на АРМ, за нов началник на генералштабот е назначен генерал потполковникот Методија Величковски.

Да потсетиме дека тој доаѓа на местото на генерал Горанчо Котевски, кој заминува на позицијата советник на воени прашања на врховниот командант. Во своето последно обраќање како прв човек на Армијата, Котевски рече дека сите овие годни Македонија успеа да направи мала дисциплинирана и почитувана армија во изминатите години. "Да се стигне до генералски чин претставува остварување на секој успешен офицер со кариера. Да се биде началник на ГШ значи да си на врвот на војничката пирамида каде што дуваат силните ветрови", рече генерал Котевски. Дапотсетиме дека тој беше цела година на досегашната функција со истечен мандат.

Методија Величковски, новиот началник на Генералштабот на АРМ досега ја извршуваше должноста командант на Здружената оперативна команда со чин генерал мајор. Тој е единствениот избор на врховниот командант кој ги исполнувал условите за поставување и унапредување за да ја врши должноста началник на ГШ, велат од Кабинетот на претседателот. "Угледот на нашата Армија во светот не е стекнат на парада, туку во мисии, каде што нашите војници се покажаа како врвни професионалци, а нашата армија како една од најобучените", рече генерал Величковски.

Во обраќањето пред армискиот врв, и високи претставници од земјата и од странство, претседателот Иванов рече дека и покрај тоа што Армијата на Република Македонија учествува во мисиите во Авганистан, Либан, Босна и Херцеговина, многупати проверена и во најсложени мисии, сепак се сочува со двојни стандарди и нелегална блокада за влез во НАТО. "Македонија е подготвена за членство во НАТО, но дали НАТО е подготвено за членство на Македонија, останува да се види на Самитот во Варшава. Меѓународното право беше прекршено на Самит, се надевам на Самит ќе биде поправена грешката", рече Иванов.

Поставувањето на генерал Величковски за прв човек на Армијата беше изненадување за дел од врвните луѓе во армијата и одбраната. Иако се шпекулираше дека меѓу кандидатите за Началник на ГШ е генерал мајотот Димче Петровски, тој на почетокот на 2016 годна треба да замине во пензија и поради тоа не е земен предвид, а бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски нема доволно години во чин за да биде унапреден во повисок чин. Ова се Рекордни 15 укази за поставување на старешини на формациски места генерали, унапредување и разрешување на генерали.

Покрај Началникот на ГШ, сменет е и Заменик началникот на ГШ. На Местото на генерал Насер Сејдини доаѓа генерал Мухамед Рацај. Меѓу разрешените се поранешниот началник на генералштабот и сегашен државен советник за одбранбени и стратегиски прашања, генерал потполковник Мирослав Стојановски, кој заминува во пензија, сегашниот заменик началник на генералштабот, генерал потполковник Насер Сејдини и уште неколку генерали.

Претстедателот Иванов го потпиша указот со кој се назначи нов началник. Военото знаме денеска свечено беше предадено во рацете на генерал Методија Величковски кој доаѓа на должноста од местото командант на Здружената оперативна команда. Котески, пак продолжува да биде советник за воени прашања на Шефот на државата.

На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој додаде дека клучна задача во претстојниот период ќе биде опремувањето и модернизацијата на АРМ, а најави и отворање катедра за воено воздухопловство.

Инаку, претседателот Иванов потпишал 15 укази за поставување, разрешување и унапредување генерали. За заменик началник на ГШ е назначен бригадниот генерал Мухамед Рацај на местото на генерал Насер Сејдини.

На обележувањето на Денот на Армијата не присуствуваше ниту еден функционер од ДУИ, албанскиот партнер во власта. Церемонијата помина и без заменик - министерот за одбрана Илми Селами. Овој поранешен антикорупционер, препознатлив по чудната кавга со Ване Цветанов, како и по низа необични "практики" по отставката на својата функција во АРМ главно беше задолжен за примена на Рамковниот во "воени цели".

Од Кабинетот на претседателот велат дека било договорено смената на кормилото на Генералштабот да биде соопштена токму на прослава која се одржа во Министерството за одбрана. За оваа висока воена позиција се споменуваа имињата на тројца високи офицери - директорот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Методија Величковски кој стана добитник) и бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, командант на Единицата за специјални операции на АРМ.

Високи извори од Министерството за одбрана велат дека изборот е направен согласно со правилата, а на местото началник ќе биде поставен високопрофесионален припадник на АРМ, кој според стажот, чиновите и заслугите ги исполнува условите да ја извршува оваа особено важна воена позиција.

Неизвесноста дали генералот Котески ќе добие поддршка и потпис за втор мандат од врховниот командант траеше веќе подолго време. Тригодишниот мандат на генералот истече уште поодамна, а претседателот Иванов во меѓувреме ниту му довери нов мандат, ниту пак назначи нов началник на ГШ на АРМ. Се тврдеше дури дека Иванов тука терал "своја политика" во однос на владината, во што ретко кој верува.

Но, рака на срце смената на Котевски се случи на истиот ден кога и беше поставен на функцијата пред четири години. На неговиот тогашен 46-ти роденден, со уште една линија на чинот и нова највисока позиција во армијата, генералот Горанчо Котевски на Денот на АРМ во 2011 година официјално беше инаугуриран за началник на ГШ.

Тој на таа позиција дојде како бригаден генерал, командант на Здружената оперативна команда, а претходно ја извршуваше и функцијата аѓутант на претседателот Иванов. Котески го замени генерал-потполковникот Мирослав Стојановски кој замина од функцијата поради истек на мандатот. Се споменуваше можноста Котески да биде поставен за нов воен аташе во седиштето на НАТО. Ама тоа не се случи, што навестува дека тој од вмроовски офицер пар екселанс не е сега "во милост на боговите". Стојановски, од друга страна одамна не е миленик на оваа политичка гарнитура.

Медиумите шпекулираа дека целата постапка се одолжила поради наводни политички игри околу неколкуте кандидати кои беа во игра, а кои роднински се поврзуваа со одредени функционери.

Генералот Котески, во своето "последно" обраќање пред Армијата, денеска истакна дека неговата заложба и стремеж како началник на ГШ на АРМ е градење посилна армија, која во секој момент ќе одговори на својата мисија. Посочувајќи дека во изминативе години Армијата успешно ја извршувала својата мисија не само во земјава, туку и преку учеството во странските мисии предводени од НАТО, ЕУ и Обединетите нации. Тој укажа и на новите безбедносни закани и предизвици и побара од припадниците на АРМ "обученост, одговорност, храброст и лојалност".

Котевски не дувна во тортата ама доби право да држи здравица. Најмногу турнат настрана во мигот се чини е министерот за одбрана - "најголемиот Американец" во Владата, како што го нарекуваат на Ленинова.
http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=C8BEB85D0CF090488F804851032165C0

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty29/3/2017, 13:58

Одбележување на 25 години од формирањето на ГШ на АРМ
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2017/03/odbelezuvanje_gs.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty29/4/2017, 16:02

Пожар во зградата на МО и Генералштабот на АРМ
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/133676238#
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty15/8/2017, 14:22

Промоција „Воените генерали во Македонија (1941-2017)
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133816307/1?month=8&year=2017&day=15&desc=0

Генералштаб ГШ - AРМ 133816311

Генералштаб ГШ - AРМ 133816312

Генералштаб ГШ - AРМ 133816315

Генералштаб ГШ - AРМ 133816318
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty30/12/2017, 14:51

Пред малку прочитав, починал генералот во пензија Трајче Крстевски, НГШ  на АРМ.
Линк
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty30/12/2017, 14:58

Вечна слава
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Генералштаб ГШ - AРМ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Генералштаб ГШ - AРМ   Генералштаб ГШ - AРМ Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Генералштаб ГШ - AРМ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: