Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата

Go down 
+8
SIG
Makedon
Subzero
Momak od Gjorce
Desperado
tonin
filip555
Profesionalec
12 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/2/2012, 14:42

Од ЈНА имаме оставено 3 расипани Т-34 тенкови кои не можеа да ги повлечат заради неисправност!!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/2/2012, 15:07

Мене пак ме интересира од каде Пинцгауери во Германија? Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/2/2012, 18:46

Frogfoot напиша:
Мене пак ме интересира од каде Пинцгауери во Германија? Rolling Eyes

А чие производство е знаеш!? Smile
Австриско другар!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/3/2012, 10:57

Одбележување 20 години од презмањето на првата караула

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на свеченост на караулата „Рамна нива“ кај Крива Паланка, по повод 20 години од нејзиното преземање од тогашната СФРЈ од страна на Армијата на Република Македонија.

На оваа караула во североисточна Македонија, на државната граница со поранешна Југославија, на 11 март 1992 година првпат беше подигнато македонското државно знаме. Со тој чин се одбележа и државната граница на независна Република Македонија.

На свеченоста, која е дел од активностите за одбележување две децении од формирањето на АРМ, ќе присуствуваат членовите на единицата кои во 1992 година први ја презедоа контролата врз караулата, како и тогашниот министер за одбрана Трајан Гоцевски и тогашниот командант, генерал-мајор Ѓорѓи Каракутовски.

Претседателот Иванов за овој повод ќе се обрати и на свечена академија попладне во Центарот за култура во Крива Паланка.
http://www.plusinfo.mk/vest/36372/Odbelezhuvanje--20-godini-od-prezmanjeto-na-prvata-karaula

Честитки по повод јубилејот. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/3/2012, 11:36

Честито и од мене! jupii
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/3/2012, 11:41

Frogfoot напиша:
Честито и од мене! jupii
Што ти е време као вчера да беше.

Резервисти со бркови , ех па тек кога се сетам као ја превземавме Гоце Делчев свечено, не ме прашувајте какава беше во внатрешноста.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty11/3/2012, 13:52

Почетоците на едно ново време за АРМ и Македонија

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty25/3/2012, 15:06

ЗБОГУМ ЈНА, ДОБРЕДОЈДЕ АРМ

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Jnapovlekuvanje1

Февруари 1992 година ќе остане забележан како датум кога дефинитивно се кажа збогум на поранешната ЈНА и кога беше донесен првиот Закон за одбрана на Република Македонија со кој се отвори патот за одбранбено осамостојување и за создавање на Армијата на Република Македонија. Тоа е време кога само се чекаше денот кога Територијалната одбрана, заедно со македонските старешини лоцирани во касарните и караулите низ Македонија, ќе ја извршат својата судбоносна мисија: преземање на караулите, потоа и на касарните и на другите воени објекти низ Македонија. Гледано од денешен аспект, некои од одлуките донесени од раководството и од Владата на РМ можеби можеле да бидат и поинакви, но во тоа време работите се гледаа и се мереа со други аршини. Во секој случај, ќе остане забележано дека Македонија единствена во тоа време по мирен пат се раздели од југословенската заедница и притоа направи многу суптилни чекори кои доведоа до одбранбено осамостојување на Македонија. Тоа е и време кога Владата на Република Македонија ги повикува македонските старешини од поранешните простори на СФРЈ, како и старешините од просторот на Република Македонија (без оглед на нивната на ционална припадност), да пристапат во редовите на АРМ и донесува одлука за нивно работно ангажирање. Тие, заедно со македонските старешини и граѓанските лица кои се определија да останат во Република Македонија, и припадниците на ТО, беа костурот врз кој се градеше идната Армија на Република Македонија. Се работеше за искусни и способни старешини и кадри кои ќе го понесат товарот при мирното повлекување на ЈНА од касарните, но уште повеќе при создавањето на младата македонска армија.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Jnapovlekuvanje2y

СО КРУПНИ ЧЕКОРИ

Прв поголем, а можеби и најголем чекор на тој пат беше донесувањето на Законот за одбрана на 14 февруари („Службен весник на РМ” број 8 од 15 февруари 1992 г.). Со овој прв системски закон кој едногласно беше изизгласан во Собранието на РМ, дефинитивно е отворена вратата за конституирање на системот на одбраната на Р. Македонија. Според Законот, „Одбраната на републиката се организира како систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија”. Неа ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како Армија на Република Македонија. Притоа претпријатијата и јавните установи и служби и локалната самоуправа можат да извршуваат определени задачи во областа на одбраната. Следејќи ја логиката на Уставот на РМ од ноември 1991 г., во Законот за од 20 брана се утврдени правата и должностите на граѓаните на воената обврска, учеството во цивилната заштита, извршувањето на работната и на материјалната обврска. Понатаму, во следните глави, се разработуваат
надлежностите на органите на државната власт во одбраната, при што посебно се разработени надлежностите на Собранието, на Претседателот на Републиката, на Владата, на Министерството за одбрана и на државната управа, а се дефинира и Армијата на Република Македонија во однос на командувањето, пополнувањето, приправноста и мобилизацијата, материјалното обезбедување, униформата и ознаките, службата, обврската за служење на воениот рок и др. Законот беше мошне напреден за тоа време, но имаше и некои недостатоци, посебно во делот на цивилната одбрана и на локалната самоуправа. Тие недостатоци подоцна, во новиот текст на Законот, се исправени. Во секој случај Законот придонесе за побрзо, поквалитетно и европски ориентирано одбранбено осамостојување на Македонија. Со донесувањето на Законот за одбрана од 1992 г., Територијалната одбрана на Македонија формално престанува да функционира, но во процесот на осамостојувањето на Република Македонија, Територијалната одбрана одиграла незаменлива улога во преземањето на обезбедувањето на границата. Од друга страна, оружјето и опремата на Територијалната одбрана кои беа купувани со средства
на македонската држава, претставуваат основа за вооружување на новоформираната Армија на Република Македонија. Во февруари 1992 г. имаше и други акти во функција на одбранбеното осамостојување. На 21 февруари 1992 г. се објавени чиновите во АРМ. Истиот месец дојде и до признавање на Република Македонија од страна на Турција, Словенија, Хрватска и БиХ. Во изминатите 20 години од одбранбеното осамостојување се случија и други
значајни настани. Овојпат одвојуваме само два. На 1 февруари 1996 г. Советот за безбедност на ОН го прифати превентивното распоредување на ОН–УНПРЕДЕП како независна операција во Република Македонија. Осум години подоцна, на 26 февруари 2004 г., во авионска несреќа во близина на Мостар
загина претседателот и врховен командант на ВС на РМ, Борис Трајковски.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Jnapovlekuvanje3

ОДБРАНБЕНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ

Кон крајот на февруари и почетокот на март 1992 г. веќе се одбројуваат последните денови од присуството на ЈНА во Македонија. Тогаш забрзано се носеше сè што можеше да се однесе од Македонија, но припадниците на ЈНА, под полно вооружување, сè уште беа присутни на нашите простори. Странските набљудувачи и аналитичари дури предвидуваа отворање на ново, јужно боиште. Но, се излажаа, бидејќи Македонија се определи за патот на мирот. Разврската почна на 21 февруари 1992 г., кога претседателот на РМ Киро Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана на СФРЈ, Благое Аџиќ, склучија договор за дислокација на ЈНА од територијата на Р. Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 г. македонската територија ја напушти и последниот војник. Тоа беше единствен пример за мирно повлекување на ЈНА од некоја поранешна југословенска република. „На 26 февруари, истакнува тогашниот министер за одбрана Трајан Гоцевски во монографијата ‘Одбранбено осамостојување на Македонија’, дознавме дека е издадена наредба за дислокација на единиците и на командите на Третата воена област, но и за јакнење на борбената готовност на единиците и штабовите. Ако првиот дел од наредбата беше јасен, вториот дел внесуваше забуна и сомневање. Посебно вознемирување кај мене внесе една вест која ја слушнав потоа, а тоа беше ставот на одделни старешини дека се работи за привремена дислокација, што ќе рече одиме, но пак ќе се вратиме“. Изненаден од тоа, Гоцевски консултирал повеќе старешини, прашувајќи ги дали би извршиле секаква наредба. Одговорот, според Гоцевски, особено од оние задолжени за преселувањето на ЈНА, бил „да“, додека останатите гледале во земја, но не се спротивставиле на ваквиот одговор. Во тоа време раководството и Владата на РМ се огласија со одлуката за прифаќање на сите старешини, без разлика на нивната национална и верска припадност, доколку се определат да останат овде и да се вклучат во системот на одбрана на Македонија (оваа одлука е објавена на 21 јануари 1992.). Меѓутоа, во предвидениот рок, односно до иселувањето на последниот војник на тогашната ЈНА (15 мај), според Гоцевски, за евиденција се пријавиле малку повеќе од 600 лица со чинови до потполковник, што претставуваше нејасен сигнал за намерата за одбранбено осамостојување. „Сето тоа, нагласува Гоцевски, кај нас внесуваше мал немир, но задачите што ги имавме пред нас не дозволуваа ни за момент да се колебаме или да исчекуваме“. За разлика од првиот министер за одбрана, првиот началник на Генералштабот на АРМ (од 16 март 1992г.), Митре Арсовски, во интервју за „Дојче веле“, навраќајќи се на овие времиња, истакнува дека базата врз која се формираше АРМ ја сочинуваа старешини, подофицери и цивилните лица кои беа во претходната армија. „Во ЈНА имавме околу 3.500 офицери, вели тој, исто толку подофицери и околу 2.500 цивилни лица. Тоа практично беше базата од која се црпеше кадарот, вели Арсовски“. „Јас го направив тоа што од мене се бараше. Ја формиравме Армијата којашто многу беше потребна на оваа држава. Не е важно дали е таа голема или мала, туку важно е дека таа беше една сигурност за граѓаните.
сигурност за економскиот развој на државата и сигурност за луѓето кои доаѓаа во оваа држава бидејќи знаеја дека постои армија што е нејзин заштитник. И јас сум многу горд на тоа“.

Во тој период, според него, имало политички и воени притисоци, како и разни сценарија за дестабилизација на младата држава, па и за физичка ликвидација на најекспонираните претставници на државниот врв. За такви сценарија се слушало, дел и самиот лично видел, но сепак има резерва колку тие навистина биле реални. Во сеќавање му останала изјавата на командантот на Третата армиска област на ЈНА, генералот Кукањац, кој од центарот на Скопје се закануваше со зборовите „Јас ќе му покажам на овој народ кој е газда во Македонија”. Но анализите покажаа дека тие закани беа нереални.
Истражувачите на модерната македонска историја укажуваат дека многу одлуки, документи и наредби од февруари 1992 г. се покриени со превез на тајна. Пред сè тоа се договорите за повлекување на ЈНА од Македонија, дилемата дали има необјавен анекс на спогодбата помеѓу претседателот Глигоров и генералот Аџиќ, кој и како ја одзеде архивата за регрутирање на војници во југословенската армија и ги заштити Македонците од граѓанските војни.

Од сето тоа значаен е само фактот дека со донесувањето на Законот за одбрана практично започна осамостојувањето на одбраната и дека без заминувањето на ЈНА од нашите простори тоа не ќе беше можно.

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Jnapovlekuvanje4


-----

ИЗВОР : „Штит„

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty27/3/2012, 15:08

ЈНА ни ги остави само ѕидовите од касарните

Од 12 до 16 милијарди евра вредело сѐ што Југословенската армија изнела при повлекувањето од Македонија, вели генералот Митре Арсовски, кој за овие настани има напишано и книга, „Хронологија на еден неминовен распад“. Ми беше жал, нагласува Арсовски, бев емотивно врзан за ЈНА, но само до оној момент кога таа се претвори во сопствена негација.


По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Naslovna-Color

Сеќавања, списи, анализи, интервјуа... Многу јавно публикувани спомени од разни жанрови може да се најдат во градските библиотеки, оставени од политичари активни пред дваесетина години, а поврзани со повлекувањето на Југословенската народна армија од Македонија. Сепак, малку се пишаните забелешки на луѓето од одбранбениот свет што беа директно вклучени во тој процес, што на свои плеќи го преживеаја овој период и моментот на конечното излегување на ЈНА. На денешен ден, пред точно две децении, оваа моќна војска целосно ја напушти земјава, главно оставајќи празни ѕидови од касарните, зашто, како што се сеќава генералот Митре Арсовски, се носеше буквално сѐ што можеше да се однесе.
Арсовски, денес 76-годишен, во тоа време беше началник на штабот на Третата воена област на ЈНА, а потоа стана прв началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. За излегувањето на ЈНА од Македонија зборувал многупати, а напишал и книга со многу детали, во која ги внел фактите и случувањата, но и тензијата и неизвесностите што ги чувствувал во тие пресудни моменти. Објавеното дело, како што вели, никој досега не го демантирал.

- Периодот на распаѓањето на армијата во нишките на Југославија беше долг, тежок и болен, зашто беше тешко да се урне една таква вооружена сила, гигант на Балканот и во Европа. Нормално дека ми беше тешко нејзиното распаѓање, зашто бев емотивно врзан за неа, но само до оној момент кога таа почна да се претвора во еднонационална и кога се преобрази во сопствената негација. Во оваа армија јас работев цели 35 години од својот живот, почнувајќи од 1957 година, па сѐ до нејзиното заминување од Македонија, односно до врачувањето на мојот указ со кој бев разрешен од дотогашната должност. И покрај тоа, бев горд што на пепелта на бившата армија се роди една нова македонска армија - објаснува генералот Арсовски.

Во својата книга генералот го документира периодот на распадот на ЈНА и нејзино комплетно заминување од Македонија во периодот од 1 јануари 1991 година, па сѐ до 27 март 1992 година, кога таа беше заменета со единиците на нашата територијална одбрана.

- Времето за кое зборуваме, за среќа, беше кратко, но полно со историски настани, важни за нашата држава. Среќен сум што јас барем малку придонесов за осамостојувањето на Република Македонија и за нејзиното воено осамостојување, бидејќи ЈНА, кога се повлекуваше пред дваесет години, ја стави државата на испит. По обилниот дожд што истури ноќта, утрото беше ведро и полно со сончевина. Токму овој ден вторник е создаден за голем настан, на 10 март 1992 година македонските војници првпат во историјата ги презедоа меѓниците кон Бугарија од ЈНА на караулата „Рамна нива“, каде што тој ден пред дваесет години се развиори македонското знаме - се присетува генералот.


ОСТАНАВМЕ БЕЗ НАШИТЕ СЕДУМ ОТСТО

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Arm

Тој ден, продолжува Арсовски, телевизиските и фотоснимките го заобиколија светот, можеби на неупатените тоа им изгледало како една едноставна рутинска армиска работа, но тој уверува дека преземањето на државната граница била сложена и пред сѐ одговорна задача од каде што почна примопредавањето на воените објекти и мирното раздружување од тогашната ЈНА, но и создавањето сопствена држава и војска.

Арсовски тврди дека, иако формално постоел договор потпишан помеѓу македонскиот претседател Киро Глигоров и генералот Благоја Аџиќ, претставникот на ЈНА за мирно повлекување од Македонија, тој не бил докрај испочитуван. Договорот предвидувал мирно и без никаков инцидент да се повлече целото југословенско оружје, но караулите на границите на државата да останат недопрени за да се зачува безбедноста на Македонија.

- По моите обиколки на караулите по должината на границите на државата, заклучив дека нивната состојба е катастрофална. Сѐ што можеше да се однесе беше извадено. Примопредавањето се вршеше без документација, караулите се предаваа со неисправна техника, недостигаа телевизиски и радиоприемници. ЈНА предаваше средства за бојна потреба, кои одговараа само за педесетина војници, иако на караулите имаше и повеќе граничари. Немаше ниту кревети, постелнина и храна. Недостигаа дури и кучињата и коњите што граничарите ги користеа во своите обиколки на граничната линија - истакнува генералот.

Генералот Арсовски вели дека од Македонија се однеле оружје и опрема со огромна вредност.
- Некаде од 12 до 16 милијарди долари вредеше сѐ што се изнесе. Тоа се многу пари, ако се пресметува. Ако се земе колку оружје, муниција и храна беа складирани, колку тенкови, топови и авиони беа однесени. Сето тоа се пари. А Македонија, ако паметите, на времето даваше седум отсто во изградбата на таа ЈНА. Тие седум отсто, според бројот на оружјето и опремата, значеа дека сета таа опрема и оружје што се однесе требаше тука да остане - категоричен е Арсовски.



АРМ е формирана речиси партизански

Според Арсовски, АРМ е формирана речиси партизански, за само еден и пол месец, од денот на донесувањето на одлуката за создавање армија, до моментот на нејзиното официјално промовирање.
- На 1 март беше состанокот со врховниот командант на армијата, претседателот Глигоров, кога тој ја прифати и ја потпиша формациската структура на армијата. Тогаш практично почнавме да работиме на формирањето на армијата и донесовме одлука првиот војник да го примиме во нашите редови на 15 април. Значи, за еден и пол месец ние успеавме да ја повикаме првата гарнитура на армијата, да ја облечеме и да ја построиме. На 9 мај ги повикаме сите војници од скопските единици на промоција, кога АРМ беше оперативно подготвена и ставена под команда на врховниот командант - нагласува генералот Арсовски.



Армијата денес

Базата на тогашната армија ја сочинуваа старешини, подофицери и цивилните лица што беа во претходната армија.

- Во ЈНА имавме околу 3.500 офицери, исто толку подофицери и околу 2.500 цивилни лица. Тоа практично беше базата од која се црпеше кадарот. Имавме среќа што имавме доволно генерали за да ја предводат армијата и кои, навистина, за кратко време ја кренаа на нозе - додава генералот Арсовски.

Тоа, вели тој, е период во кој имало страшни политички и воени притисоци, кога имало разни сценарија за дестабилизација на младата држава, па и за физичка ликвидација на најекспонираните претставници на државниот врв. За такви сценарија се слушало, дел од нив допреле и лично до него, но сепак има резерва колку тие навистина биле реални.

- Кога формирате држава, секогаш постои опасност, особено кога таа се одвојува од друга, поголема. Меѓутоа, дали тие планови биле реални? Сметам дека беа тотално нереални, затоа што не можете еден народ да го чувате во потчинетост. Во сеќавање остана изјавата на командантот на Третата армиска област на ЈНА, генералот Милутин Кукањац, кој од центарот на Скопје се закануваше со зборовите: „Јас ќе му покажам на овој народ кој е газда во Македонија“. Но анализите покажаа дека тие закани беа нереални, затоа што Србија ќе изгубеше многу, а и онака изгуби сешто - објаснува генералот.




Владо Поповски, поранешен министер за одбрана

Во Охрид прстите беа на чкрапалата

Додека се одржуваше референдумот во државата и додека се донесе Уставот, во Република Македонија постоеше југословенската армија, таа беше присутна, а политичките односи беа мошне напнати, раскажува Владо Поповски, вториот министер за одбрана на земјава, во документарниот филм за 1992 година по повод 20 години од независноста на РМ. Според него, имало атмосфера во која во секој момент можело да избие инцидент и да нанесе тешки последици.
- Југословенската армија, како што е познато, се повлекуваше со сето свое оружје од Македонија, плус тоа и таа ги празнеше дури и некои магацини од оружјето на територијалната одбрана, што инаку беше платено со републички средства на Македонија. Најостриот инцидент, каде што прстите беа ставени на чкрапалата и можеше да дојде до истрели и да паднат жртви, се случи во Охрид. До тоа дојде поради одбивањето на македонската полиција да го даде својот патролен чамец од Охридско Езеро на кој имаше инсталирано модерна електроника. Пловилото имаше екран и радар, со можност да ја следи целата површина на езерото. Тука југословенската армија и македонската полиција беа свртени со цевките од автоматите едни кон други. Таа жестокост на еден начин можеше да се почувствува и да се види дури откога се повлече југословенската армија. Тоа практично се виде по фактот дека аеродромот кај Петровец бил миниран исто како и касарната во Ѓорче Петров, што значи дека се чекаше некоја голема чарка за од ЈНА да и се нанесе голема штета на Македонија - раскажува Поповски.

Важните датуми во военото осамостојување

На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.
Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема што беше во рамките на територијалната одбрана. Сепак, со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.
Претходно, македонските војници организирани во територијална одбрана успешно ги извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е преземен првиот воен објект - зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е преземена првата караула „Рамна нива“ на македонско–бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општината Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна „Илинден“.
По завршувањето на сите подготовки за прием на првата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут – Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и во Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ, со што и почнува формирањето на вооружените сили на Република Македонија.
Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ што се определија да останат во Република Македонија ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Република Македонија.



Колку оружје ЈНА изнесе од кај нас

По договорот за повлекување, ЈНА од Македонија, според службените белешки од тоа време, однесе опрема од неколку милијарди долари.

350 борбени возила (тенкови, оклопни транспортери и борбени возила на пешадијата)
400 артилериски орудија (топови и хаубици)
35 борбени и школски авиони, пет хеликоптери
410 различни противавионски орудија
284 ракетни системи за противвоздушна опрема
1692 ракети
109000 парчиња различно пешадиско оружје (пушки, пушкомитралези, митралези, пиштоли, разни фрлачи, минофрлачи и друго)
3 моторни патролни чамци
160 инженериски машини (ровокопачи, дозери и сл.)
637 минополагачи и миноистражувачи
113000 килограми експлозив
450000 различни противпешадиски мини
4200 средства за врски (радиоуреди, телефонски централи, возила за врски и друго)
223000 средства за АБХО (заштитни маски, дозиметри, прибори за деконтаминација)
160000 парчиња интендантски средства (пералници, шатори, костуми, прибори за јадење)
1800 различни неборбени возила
1424 патнички, интендантски и други моторни возила

- 310.000 парчиња конзервиран оброк, резервите на нафтени деривати, прехранбени артикли, лекови, муниција, експлозивни и други убиствени средства
дел од добитокот од фармите во Петровец и во Криволак се демонтираа радарите од Битола, Фурка кај Валандово и Голак кај Делчево.


Автор: Александар Србиновски
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty27/3/2012, 15:26

Цитат :
Тоа практично се виде по фактот дека аеродромот кај Петровец бил миниран исто како и касарната во Ѓорче Петров, што значи дека се чекаше некоја голема чарка за од ЈНА да и се нанесе голема штета на Македонија - раскажува Поповски

Не сум знаел...Него нели имаше еден договор каде што државите од Ех-Југославија се договорија за поделба на оружјето од ЈНА,и на нас ни беше доделен еден долг што го имал поранешниот СССР кон Југославија,но и се препишал на сегашна Русија,и нашиве нели решија место за воени цели да го искористат за Гас(плин)...или тоа беа само шпекулации... ???
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата   По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
 Similar topics
-
» Воена парада по повод 20 години Армија на Република Македонија
» 25 години АРМ
» 25 Години ПСО
» 30-Години АРМ
» 100 години од Балканските војни

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: