Трибина: „АРМ 1992 – 2012 формирање, развој и предизвици“Во рамки на одбележувањето 20 години од формирањето на АРМ, денеска во Тетово се одржа трибината „АРМ 1992 – 2012 формирање, развој и предизвици“.
- Во рамките на сите наши активности имаме предвидено и соработка со локалните власти во целата држава. Со општина Тетово имаме договорено два проекти, првиот е одржување научно–стручна конференција, а вториот е концерт за граѓаните на општината од страна на Воениот оркестар, рече началникот на Управата за цивилно воена соработка во Генералштабпт на АРМ Томе Трајков.
Претставниците на општина Тетово, тетовскиот гарнизон на АРМ и касарната „Кузман Јосифовски Питу“ се задоволни од меѓусебната соработка.
- Како и за сите наши активности општина Тетово ни помогна и просторно и материјално за реализирање на оваа наша денешна трибина, изјави командантот на гарнизонот на АРМ Тетово потполковник Блаже Николовски.
Одличната соработка ја потврди и градоначалникот Сади Беџети.
И здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија е вклучено во одбележувањето на 20 годишниот јубилеј на АРМ.
- Дел од нашите сегашни членови до 2005 година беа на високи командни и раководни места така што и ние сме дел од историјата на создавањето и работењето на АРМ, рече генералот во пензија и прв командант на тетовската бригада Илија Николовски.
Активностите во Тетово и Тетовско околу одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од формирањето на АРМ ќе трааат до 18 август.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/50215/tribina__