|
|
| По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата | |
|
+8SIG Makedon Subzero Momak od Gjorce Desperado tonin filip555 Profesionalec 12 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 01:00 | |
| - Alvar напиша:
- Бидејќи живеам во маало кое порано важеше за воена населба... знам и доста луѓе од останатите "народности" од бившата Југа кои останаа во Македонија, екстремно способни луѓе, полковници, потполковници, мајори и капетани, пилоти, доктори, артилерци и безбедњаци.
И ден денеска живеат во државава но еден ден не поминаа во новата армија на Република Македонија бидејќи беа шкртнати/бележани како неподобни само затоа што не се Македонци по род, туку беа Хрвати, Срби, Босанци итн. Знам и за доста случаи каде оние кој и имале среќа да останат во АРМ, не можеле да напредуваат во својата војничка кариера поради својата националност. Без разлика што биле врвни офицери и подофицери. Знам, матни времиња беа тоа... не се знаеше кој за кого работи, сепак, времето покажа дека за многу од нив државата направила грешка што не ги прибрала во своите редови. Дефицитот на квалитетен воен кадар се покажа најубаво во конфликтот од 2001-ва. Се сложувам со тебе дека тие луѓе би биле од голема корист, но морам да кажам дека во 2001 Македонската АРМ и Полиција се покажаа во солидно светло и покрај тоа што беа затекнати од настанатата ситуација. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 13:08 | |
| Во 2001 не начекаа неспремни, додуша ние ни немавме воено искуство како нив (барем мал дел од нив) , бидејќи голем дел навистина беа тапани за војување, како на пр. испалување тромблонска мина со осигурач и сл. голем дел од нашите жртви беа резултат на лошата координација помеѓу АРМ и МВР.
Сличен случај имате и сега, кога Агенцијата за разузнување, како што пишуваше во текстот на Охридскај (тема: УБК) нели пишува дека потврдила дека има терористички групи во Липковско, е сега МВР демантира...зарем не комуницираат?! | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 13:39 | |
| - Frogfoot напиша:
- Во 2001 не начекаа неспремни, додуша ние ни немавме воено искуство како нив (барем мал дел од нив) , бидејќи голем дел навистина беа тапани за војување, како на пр. испалување тромблонска мина со осигурач и сл. голем дел од нашите жртви беа резултат на лошата координација помеѓу АРМ и МВР.
Сличен случај имате и сега, кога Агенцијата за разузнување, како што пишуваше во текстот на Охридскај (тема: УБК) нели пишува дека потврдила дека има терористички групи во Липковско, е сега МВР демантира...зарем не комуницираат?! Неподготвеноста кај нашите служби во 2001 ја препишувам на моментот на реформирање на АРМ која беше затекната на сред реформи. Се разбира тоа беше плански и систематски испланирано за да се ослабнат капацитетите на АРМ за престојните случувања. Е сега во еден друг пост реков дека нашата интелигенција ја неутрализира нивната технологија, па така и во овој случај ги неутрализиравме ( на воен план ) сите нивни игри и замки кои ги планираа нивните стратези ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 19:10 | |
| За волја на вистината ние бевме не само умно, туку и техничко-технолошки понапредни, освен во некои елементи како на пример, тие располагаа со современи снајперски пушки и слични работи..од кои неколку парчина се егзотични и ги има денес во АРМ... си ги размениле луѓето де | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 19:25 | |
| - Frogfoot напиша:
- За волја на вистината ние бевме не само умно, туку и техничко-технолошки понапредни, освен во некои елементи како на пример, тие располагаа со современи снајперски пушки и слични работи..од кои неколку парчина се егзотични и ги има денес во АРМ... си ги размениле луѓето де
да ама едната е без кундак , при размента со М-93 . | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 19:51 | |
| | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 20:00 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 20:03 | |
| Ау да се сеќавам на тнр. командант Тигар, тој снајперист беше и си го доби од М-93? | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 30/3/2012, 20:04 | |
| - Frogfoot напиша:
- Ау да се сеќавам на тнр. командант Тигар, тој снајперист беше и си го доби од М-93?
нможе бил и Бровинг 12.7 х 99. едвам ја оспособиле истата. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата 18/4/2012, 22:09 | |
| ВО ШТИПСКАТА КАСАРНА СЕ ПОСТРОИЈА ПРВИТЕ РЕГРУТИ ВО НЕЗАВИСНА МАKЕДОНИЈА
На рапорт во АРМ по 20 годиниОсвен обуката, обврска ни беше и уредување на празната касарна, што го правевме со голем елан, истакнуваат првите регрути, кои на 15 април 1992 година ја облекоа униформата на АРМ Kако да беше вчера, иако поминаа точно 20 години од денот кога станавме првите војници на Армијата на Република Македонија. Вака коментираа некои од првите регрути на АРМ кои во штипската касарна дошле на 15 април 1992 година, денот кога почна формирањето на вооружените сили на самостојна Република Македонија. Освен во Штип, првите регрути тој ден влегле и во касарните во Охрид, Скопје и во Битола. - Тогаш касарната, за разлика од сега, беше речиси празна. Можеше да се види само лесно пешадиско вооружување. Освен редовната воена обука, имавме обврска и да ја средуваме и да ја уредуваме касарната. Тоа го работевме со задоволство бидејќи знаевме дека и на тој начин даваме придонес во градењето на нашата армија – се сеќава на тие денови скопјанецот Иванчо Боневски, кој заедно со уште петмина регрути од првата генерација војници на АРМ дојде во Штип на одбележувањето на јубилејот. Задоволство што биле дел од првата класа македонски војници и што во касарната дошле токму на 15 април 1992 година изразија и неговите колеги-регрути Сашо од Kуманово и Мухамед и Благојче од Скопје. - Не може човек на ваков ден да не биде исполнет со возбуда и со емоции. Првпат по 20 години доаѓам на овој простор на кој поминав девет месеци од животот. Се видов и со некои од старешините – вели тогашниот регрут, актерот Зоран Љутков, сега уметнички директор на Драмскиот театар во Скопје. Регрутите од првата генерација ги прошетаа објектите во касарната, во кои минувале најмногу време од воениот рок, потоа со сегашните војници и со старешините засадија дрвца во кругот на касарната, а на крајот впечатоците ги сумираа на заеднички ручек. На свеченоста по повод примањето на првите македонски регрути одлично се сеќаваат и старешините кои и сега се на служба во штипската касарна „Јане Сандански“, во која е командата на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ. Од средината до крајот на април 1992 година во касарната дошле 707 регрути, од кои 164 униформата на АРМ ја облекле првиот ден, на 15 април. - Преземањето на 18-те македонски касарни почна во почетокот на март, а на 26 март 1992 година од Македонија замина и последниот војник на тогашната ЈНА. Од касарните беше изнесено и оружјето и речиси с` друго вклучувајќи ги, на пример, во Струмица и казаните за подготовка на војничка храна. Имавме две-три седмици да ја подготвиме касарната за приемот на првата класа македонски војници на 15 април. Kако старешини се бевме вратиле од служба од речиси сите делови на СФРЈ и самопрегорно се зафативме со средувањето на касарната, без да водиме сметка за работното време. Со голем елан варосувавме, чистевме, носевме кревети. Успеавме да создадеме пристојни услови за живеење и за работа на регрутите, кои еден месец подоцна, на 16 мај, во Штип дадоа и заклетва, првпат на македонски јазик – раскажуваат старешините. Меѓу нив тогаш како капетан прва класа бил и сегашниот командант на Првата механизирана пешадиска бригада, штипјанецот Стојан Димчов. Го прашавме дали и како тогаш го приспособиле командувањето со војската на македонски јазик. - И за тоа многу ни се најде Територијалната одбрана. Бидејќи ЈНА го однесе сето оружје, во почетокот го користевме зачуваното од магацините на ТО, а и за командување одлично ни се најдоа правилата на служба на македонски јазик што ги користеше ТО. Територијалната одбрана тогаш беше еден вид републичка војска со резервни војници и старешини – објаснува полковник Димчов. Љупчо Шатевски http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5D811D5325A46D4CAE9CAE27C83C2BCC | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата | |
| |
| | | | По повод 20 години АРМ - формирањето и градењето на армијата | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|