А чекај ова што го имаш на сликава не е истото од видеото?
Мене срце ме боли си имав две швајцарски, и незнам кај ми се!
Alvar
Број на мислења : 10945
Предмет: Re: Борбени ножеви 22/4/2013, 00:45
Истото е, само видеово не е мое.
______________________ Si vis pacem, para bellum
shady3
Број на мислења : 113
Предмет: Re: Борбени ножеви 22/4/2013, 02:35
Без отварач за вино (за борбено отварање шардоне под оган) ништо не правиме.
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Борбени ножеви 22/4/2013, 13:04
Значи сврдле бараш!
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Борбени ножеви 2/5/2013, 19:07
Дечки денес бев во една продавница во Битола и гледам имаат швајцарски ножиња од Victorinox. Цените беа од 700 и нешто до кај 3000 и нешто денари.. во зависност од тоа колку работи има прикачено на него. Какви се во споредба со она што се нуди на нет? може да се најде поефтино или?
И колку е квалитетна фирмата (веројатно е доста квалитетна) но дали има некоја друга која прави можеби подобри швајцарски ножиња? И дали некој има искуство со нив?
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Борбени ножеви 2/5/2013, 19:17
Ја имам ноже од Шварцволф,и задоволен сум,веке две три години го имам,незнам што пари е пошто поклон ми е...
Кај нас тешко дека ќе ги најдеш поевтино. Таа е цената отприлика и во US, од 12-13$ за оние ептен најмалите па нагоре. Инаку за квалитетот не бери гајле, доста се квалитетни... како Victorinox, така и Wenger кој исто имаат програма на Swiss Army Knife. Всушност, ми се чини дека пред некое време Victorinox ги купија Wenger, така да тоа е тоа... не по врат по шија. Ако сакаш да купиш нешто по up-market, со подобро сечило од поквалитетен челик и корисни алатки, најтопло би ти ги препорачал ножињата на Leatherman. http://www.leatherman.com/product/Style http://www.leatherman.com/product/Squirt_PS4 http://www.leatherman.com/product/Style_PS Доволно се мали и не фаќаат место, а се многу квалитетно изработени (би рекол поквалитетно од швајцарските) и практични. Е сега нешто се поскапи од нив... но не премногу. Не знам дали може да се најдат во Битола, а не знам како стојат со понуда ни во Скопје. Порано ги имаше во различни големини, од оние за на привезок, па се до големите мулти-тул што одеа и накј 6-7000.