|
|
| Униформи и лична опрема | |
|
+25Macedonian Knight Macedonian09 MISFIT ESN SIG CAMOUFLAGE assasian Smrtnikot РИС JKD Alvar sekularizam beowulf Зоран leopard Генерал Wolf tonin Momak od Gjorce Волчко Makedon Тачка Desperado Profesionalec AlexGreat 29 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/2/2012, 11:08 | |
| 20 Години АРМ - Униформите во минатото и денес - Во препознатливо рувоЗа борците за слобода на Македонија униформата била симбол на непокор,на препознатливост, на посебност (1)Не случајно е речено дека униформата ја отсликува државноста и нејзиниот идентитет. За борците за слобода на Македонија, униформата, покрај знамето, била симбол на непокор, на препознатливост, на посебност.Македонија не е исклучок во тој поглед.Воините од сите времиња и меридијани носеле униформи со белег на препознатливост на сопствениот народ и неговите обичаи и традиции, понекогаш и на верската припадност, но секогаш на културни дострели во соодветното време.Обично, униформите го манифестирале статусот и моќта на владетелот на државата во соодносот со соседните кралства,војводства, кнежевства...Од времето на фрапантно моќните фаланги на Филип и на Александар Македонски,а и пред нив, до средновековието и денешното време, униформите постојано биле модифицирани, менувани и адаптирани на условите на времето во кое биле создавани и носени. Притоа се менувале тка- енините и дезенот, како и придружните кожени и метални додатоци, но секогаш тие останувале препознатливи како униформи на воини на конкретна држава, дури и на град-држава, различни од оние на воините на другите држави, со цел да не дојде до некаква забуна при многубројните судири на воините во минатото.На тој начин, уште од најрани времиња,униформите се делеле по најситни детали, а постапно почнале да се делат и по видови, по родови и по други специјалности. Од колоритно до практичноВо денешна смисла на зборот, првпат една армија е униформирана во 1672 година во Франција. Било тоа во времето на Луј XIII.Интересно е тоа што на Луј XIII и на тогашниот министер на француската војска, Лувоа, им требале цели 10 години за да ги изработат униформите.Француските војници од пешадијата во тоа време носеле сив или жолт капут до колена со широко поставени скутови во црвена боја до под колена, со големи џебови,јака и украси во боја, потоа бел градник, вратоврска, бели чакшири до под колена, бели доколеници, волнени чорапи и плитки чевли,како и задолжително шешир. Облеката на офицерите се разликувала од војничката според квалитетот на материјалот и според златните (сребрени) ширити според чинот (еполетите се воведени многу подоцна).Веќе кон крајот на XVII век француските војници носеле сиви и темно нијансирани униформи, а во XVIII век бели. За разлика од нив, швајцарските и ирските војници носеле црвени, пруските сини, австријските бели, а англиските војници црвени капути.Колку многу значеле униформите уште во тоа време говори ид про- писот на Луј XV со кој се пропишува обврска офицерите да ја носат униформата и кога не се на служба, за да им се оддава соодветна почит.Во колоритот и во помпезноста на униформите често се претерувало. Така, на пример, Наполеоновите војници и офицери носеле тробојна униформа–темносин фрак со бел додаток и бели панталони со црвени опшивки. По углед на француската војска, и во руската војска,во 1700 година, е воведен темнозелен фрак, најпрвин во Преображенскиот гардиски полк. Фракот, пак,за Семјоновскиот полк бил светлосин. Во 1720 година е пропишано носење на тророг шешир за сите војници (освен за гренадирите).Во деветнаесеттиот век доаѓа до значајни измени на униформите.Покрај другото, наместо кратки почнува да се носат долги сакоа,како и долги панталони и задолжително чизми.Во дваесеттиот, а уште повеќе на почетокот на дваесет и првиот век,повеќе се гледало на практичноста и на функционалноста. Поради тоа се губи традиционалниот жив колоритет на униформите. Во овој период доминира сивата, кафеавата (во поранешна Југославија и маслинозеленикавата) боја. Истовремено,дезенот и кројот се приспособуваат на теренските и на климатските услови.Додека униформите на војниците и на офицерите во разни армии, според времето и потребите,често се менувале, униформите на почесните единици (во некои странски армии тие се наречуваат и парадни или гардиски) опстојувале дури и со векови, не менувајќи го првобитниот изглед. Ако нешто се менувало, тогаш се работело за минимални модификации од функционална или од естетска причина.Во тој поглед, особено се впечатливи британските кралски гардисти со своите џиновски „шубари“ кои стојат пред Бакингемската палата во Лондон. Со столетија опстојувале и почесните униформи на „швајцарските“ папини копјаници во Ватикан, како и француските, италијанските, шпанските и на многу други земји. 1.Француски униформи од осумнаесеттиот век 2.Униформи на поранешната Југословенска народна армија 3.Скици на првите,таканаречени комитски униформи на Армијата на Република Македонија од 1992 година „Планински “ униформи На нашите простори, од најрано време,се носеле различни униформи. Ако се изземе времето на Филип и на Александар Македонски, како и времето на цар Самуил, македонските воини низ вековите носеле униформи на завојувачите.Познато е дека на нашите простори се воделе многу војни и поминале многу војски.Во многу од нив се нашле и македонски воини кои принудно носеле турски јаничарски, српски, бугарски, грчки, бившојугословенски и други униформи. На далеку станале прочуени униформите на Македонскиот полк во Украина. Многу македонски воини учевствуале и во Руско-турските војни, како и во ослободувањето на соседните народи.Таков бил случајот, на пример, со Ѓорѓија Пулески кој во сите војни во коишто учествувал, вклучувајќи го и Кресненското македонско востание, војувал во традиционална мијачка облека.Така било и во предилинденскиот период, за време на Илинденското востание и за време на Народноослободителната војна. Облеката била позната како комитска и имала типични обележја:таа била волнена,најчесто бела, со задолжителна наметка (гунче), со дебели волнени чорапи, опинци и капа. Покрај комитката, типична за просторот на Западна Македонија,се носела и друга, таканаречена планинска униформа.Таков бил случајот со „кочанските сејмени“, како и со униформата што се носела во егејскиот дел на Македонија.За време на НОВ се носела познатата партизанска униформа. Но, имало и исклучоци. Така, според д-р Ванче Стојчев, партизанскиот одред „Дамјан Груев” бил составен од искусни борци кои ја преживеале турската, српската, бугарската, германската и италијанската окупација, кои ги следеле македонските традиции и непокор и кои знаеле дека за слободата мора сами да се изборат.Тие не ги признавале поделбите и распарчувањето на Македонија, ниту онаа од Букурешт од 1913, ниту пак, таа од 1941 година. Тие ја знаеле Македонија во етничките граници и се бореле за нејзината слобода. Тие ги признавале и комунистичките правила доколку биле насочени кон ослободувањето и обединувањето на Македонија. На нивните капи и ракави доминирале обележја што го истакнувале националниот и ослободителниот карактер на борбата.Одредот „Даме Груев”, за разлика од другите одреди, бил составен од постари и возрасни луѓе, од печалбари од прекуокеанските земји,задоени со идеалите на националното, но и со комунизмот кој ветувал слобода на сите народи.Според организацискиот состав и начинот на водење вооружена борба против бугарскиот окупатор, партизанскиот одред од народот веќе бил квалификуван како комитска дружина. Токму поради таквите карактеристики, во овој одред постојано растел приливот од нови борци. Есента 1992 година прво граничарите, а потоа и другите единици, ќе го облечат рувото на својата препознатливост. Војниците ќе добијат работна, односно маскирна униформа и капа со штит, а старешините баретка во бордо боја, куса јакна без ревери и еполети, темно кафеави чевли. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/2/2012, 21:05 | |
| Супер слики!!! И панциров е добар...мило ми е вака средени да ги гледам нашите војници! ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Униформи во АРМ во минатото и денес 7/3/2012, 15:41 | |
| 20 години АРМ - Униформите во минатото и денес - Симбол на непокорНовите униформи претставуваат спој на традицијата,на историјата, но и на претставата за модерна армијаКога некогашната ЈНА заминуваше од нашите простори,однесе се што можеше.Но на ЈНА-униформите „намерно“ заборави. Затоа во почетокот првите регрути во АРМ потпишуваа свечени заклетви облечени во ЈНА-униформи. За само неколку месеци,иако за униформирање на некои други армии им беа потребни и подесеттина години, македонските модни креатори, дизајнери, уметнички моделари и текстилци го прифатија предизвикот и во максимално краток рок, за неколку месеци, ги искреираа и ги изработија новите униформи на војниците и старешините на АРМ,а во тие рамки и новите мантили, ветровки, баретки, капи, ознаки, амблеми... Со целосно почитување и задоволување на строгите светски стандарди за квалитетот на ткаенината и на материјалите, како и нивно естетско обликување во прифатливи дезени и кројки,униформите бргу беа ставени во употреба. 1. Уште од првите моменти особено популарни беа таканаречените комитски униформи Препознатлив белег на државноста и на идентитетот Уште од првите моменти особено беа популарни таканаречените комитски униформи коишто со гордост ги носеа и сè уште ги носат македонските гардисти. И не случајно, на нив секоја ознака, чин, амблем, еполета, врвка и сè друго со што е накитена оваа униформа, претставуваше препознатлив декор со кој се манифестираа препознатливите белези на државноста и на идентитот на Р. Македонија.Се настојуваше и другите униформи на војниците и на старешините на АРМ да го имаат овој препознатлив белег. Во тоа време, почнувајќи од крајот на 1992 година, а особено до април 1993 година, речиси секој војник на АРМ доби нова униформа. Старешините на АРМ добија две униформи: една за секојдневна употреба, и друга за свечени прилики. Првата униформа е службена или работна, во светлокафена нијанса и со крој и креација што ги задоволуваше барањата за практичност и функционалност. Ткаенината со квалитетен материјал беше изработена во нашите текстилни фабрики, како и кошулата за униформата во посветла нијанса, вратоврската и баретката од ист материјал со ознака за припадност на АРМ (стилизиран цвет со сончоглед изработен од метал со дванаесет листови со златножолта боја и со црвено кружно поле на кое е испишано АРМ). На левиот ракав се носи знамето на Република Македонија обрабено со жолта боја, а на десниот грбот на РМ со испишан текст околу него: „Армија на Република Македонија“. Во тој стил е изработен и чинот којшто се носи на левиот џеб наместо на рамењата. Униформата е комплетирана со мантил со постава и со чевли во браон боја. За разлика од копнената војска, припадниците на Военото воздухопловство уште од тоа време почнуваат да носат светлосини баретки. Втората униформа за старешините е за свечени прилики. Од секојдневната службена се разликува по блузата (палтото) коешто е со двојни преклопи, како и по нарамениците со чинови, а мантилот и вратоврската остануваат исти. Ознаките за припадност кон родовите и службите и на двете униформи се носат на реверите. И војниците на АРМ добија нови униформи. Први, се разбира, ги добија граничарите на АРМ. Карактеристично за овој период е и тоа што војничките униформи, за време на обуката, во воени и во други услови, односно на терен, ќе ги носат и старешините. Војничката униформа е изработена од памук, и оваа ткаенина е карактеристична за војничката кошула, панталони, блуза и ветровка. Војниците на главата носат капа со штит, а на нозете чизми. Шлемот е изработен од нашите тогашни претпријатија за наменско производство од пластичен материјал. Набргу потоа од производствените капацитети ќе излезат и новите шаторски крилја, џемпери, ракавици, мантили за дожд... 2. При крајот на 1992 и на почетокот на 1993 година, за максимално краток рок, за неколку месеци, беа искреирани и изработени новите униформи на војниците и на старешините на АРМ Новото лице на Армијата Процесот на обликување на униформите на Армијата на Република Македонија сè уште не е завршен. Искуството и практиката, како и потребите на новото време, особено кога се работи за маскирните униформи на војниците коишто учествуваат во мировни мисии, нужно претрпуваат соодветни измени. Така, постапно, македонските војници почнуваат да носат и таканаречени „пустински“ униформи коишто одговараат за земјите како Ирак и Авганистан во коишто нашата земја испраќа воини на мирот. Се јавуваат и варијанти на гардиската униформа, а на повидок се и нови униформи наменети за војниците и старешините, како и првите скици на униформи наменети за жените- војници. Во поновиот период (од 2008 година до денес) се прават напори Армијата да промовира сопствена препознатлива униформа којашто претставува спој на традицијата, на историјата, но и на претставата за модерна и професионална армија. Притоа се настојува да се исполнат и стандардите коишто гарантираат дополнителна безбедност и ефикасност во исполнувањето на борбените задачи. Новите униформи се новото лице на Армијата која е гарант на мирот и стабилноста, и тоа многу пошироко од земјава и регионот, и се дело на тимот предводен од проф. Александар Ношпал, декан на Факултетот за дизајн и мултимедија при Универзитетот ФОН. Новите униформи први ги промовираа гардистите при прославата на 20-годишнината од осамостојувањето на Р. Македонија. Новата церемонијална униформа ќе се користи при промена на државното знаме пред Собранието на РМ, пред Владата на РМ и пред резиденцијата на претседателот на Македонија. Дополнително беа презентирани и свечената и празничната униформа кои ќе се користат при пречек на странски делегации и одбележување на државните и национални празници на Македонија. Специфична е новата инсигнија на гардата која е предложена врз основа на историски истражувања. Имено, инсигнијата е стилизиран рис. Историски во Македонија постои сочувана фалера од 5-6 век пред нашата ера која им припаѓала на Линкестидите – древно македонско племе (линкес значи рис). Новите униформи за припадниците на македонската армија вклучуваат борбена, службена и свечена облека, главно сина и мастило боја, во комбинација со бели кошули. Изработени се во согласност со дефинирани квалитативни карактеристики со дефинирана боја, квалитет на ткаенина и дигитална шара за борбена униформа. Во борбената облека се изработени основен, универзален и пустински стил (шумска, урбана и пустинска). Борбената облека е наменета за заштита од агресивни хемиски средства, од атмосферски влијанија, заштита од топлотни дејства, но и за прекривање во предели со доминатно зелена боја на опкружување, а за пустинската униформа, прикривање во пустински предели со доминантно песоклива боја на опкружување и во согласност со дефинираните мисии на Армијата. Притоа во целост се задоволени НАТО-стандардите. Новата службена униформа на АРМ ќе биде со темносина и петролеј-зелена боја и ќе се носи со плик-капа наместо со маслинеста баретка или шапка. Со новата уредба баретки ќе носат единствено припадниците на силите за специјални операции и на воената полиција. Новите борбени униформи треба да имаат сосема нова, автентична маскирна шара, дизајн и боја. За разлика од досега, АРМ ќе има сопствена спецификација за составот, кројот и бојата на униформата. Новите ознаки за чинови за офицери ќе бидат со ѕвездички наместо досегашните линии на металните чинови за работна и за теренска униформа. Чиновите на подофицерите ќе се обележуваат со шеврони, како во американската армија. На реверите на униформата ќе се носи значка со ознака на родот, а на градите плочка со презимето, добиените одликувања и значки за завршените обуки и школи. Со новата уредба АРМ воведува борбена, службена и свечена униформа која ќе ја добијат само офицерите со чин од потполковник до генерал, воените претставници во странство, подофицерите- аѓутанти и членовите на Воениот оркестар. Тоа ќе биде единствената униформа што ќе се носи со шапка. Аѓутантите, музичарите и аташеите ќе носат и триплетен златен гајтан од рамото до градите. Засега е познато само тоа дека дел од гардистите добија нови униформи и дека „комитските“ униформи и натаму остануваат во употреба. Нови униформи ќе добијат и учесниците во мировни мисии. Наскоро, можеби веќе кон крајот на годината, новите униформи ќе бидат дел од „гардеробата“ на секој војник и старешина на АРМ. 3. Веќе во јануари годинава македонските мировници беа облечени во новите „пустински“ униформи | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| | | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/3/2012, 01:26 | |
| Хрватските уште од старт (ниту избледени ниту ништо) подобро се вклопуваат во околината, е сега јас не сум ги видел нашите во живо и во близина на природа па да можам да кажам дали одговараат или не, но кога ќе избледат би требало повеќе да одговараат Кројот на Хрватскиве не е лош... | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/3/2012, 01:29 | |
| Еве на пример пустинскава униформа е доста посветла од останатите и ако погледнеш малце подобро, се истакнува повеќе во однос на позадината, ќе беше подобро да ја направеа малце потемна,ова е мое мислење.. иначе самата шара е солидна. | |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/3/2012, 12:09 | |
| Јас што разговарав со некои војници ми спомнаа дека кројот на пантолоните не им се многу допаѓа тоа што долниот џеб што е на ногата е некако утнат не е добро позициониран и дизајниран. ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/3/2012, 12:13 | |
| Кројот е старомоден и не чини едноставно,не е на ниво на задачата што би рекле.Еднаш се прави униформа еднаш на 10-20 години,па мајку му стара направи ја добра! ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема 15/3/2012, 12:17 | |
| Па тоа и ја викам,бледа некако ни е униформава,односно основната боја на нејзе е многу светла,а пак од друга страна униформата која ке треба да се користи за домашни услови (онаа зелената) е потемна од она што треба да биде...Хрвативе направиле добар избор,поради тоа што нивнава униформа е многу слична на униформата Песок од ЈНА,со мали измени... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Униформи и лична опрема | |
| |
| | | | Униформи и лична опрема | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|