Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 , 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 11 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка - “запирање на постапката“ и тројца вработени мерка – „писмено предупредување”, а се работи за:
Л.Ѓ. полицаец ПС од ОН Струга, СВР Охрид изречена му е мерка“парична казна” (во текот на работното време бил затекнат како седи во службеното возило)
Д.Н. Виш инспектор за прекуграничен криминал и миграции-Охрид, Струга, РЦ за ГР Запад изречена и е мерка “парична казна“ (не доставила писмено барање за остварено патување во странство)
Т.К. полицаец во ПС за ГН и ГП Богородица РЦ за ГР Југ изречена му е мерка “парична казна“ (не евидентирал влез на странец во Р.Македонија и не утврдил дека истиот приложил фалсификувана лична карта)
И.С. Полицаец ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип изречена му е мерка “парична казна“(патролна дејност вршел со приватно возило)
Р.С. Инспектор за прифат - Сменоводите ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка “парична казна” (не сочинил записник за прием на пријава за сторен физички напад, настанот не го завел во книгата за дневни настани и не превзел мерки за расчистување на истиот)
Р.Т. дежурен во Единица за прв одговор и интервенција-АЛФА, СВР Скопје изречена му е мерка “парична казна” (физички ја нападнал својата сопруга и и нанел телесни повреди)
К.С. Полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка “парична казна” (не дошол на воедно обезбедување)
С.П. и В.П. Полицајци во ПС за БПС Демир Капија, изречена им е мерка “запирање на постапката“
А.Ж. и И.Љ. Виши инспектори за општ криминалитет во НК за КР битола, изречена им е мерка „писмено предупредување“ (не презеле конкретни мерки и активности за расветлување на дела)
Ј.В. Полицаец во ПС НФОО изречена му е мерка „парична казна“ (задоцнил на работното место)
Д. Н. Полицаец во ЕПОИ-Алфа, СВР Скопје, изречена и е мерка „парична казна“ (не носел заштитен елек)
З.С. и С.С. Полицајци во ПС ОН Радовиш, изречена му е мерка „парична казна“ (го нарушиле угледот на МВР).
Д.С. Самостоен инспектор во Одделение за сузбивање на недозволена трговија со дрога, изречена и е мерка „Писмено предупредување“ (задоцнила на работа).
http://maxim.mk/pripadnik-na-alfite-si-ja-pretepal-soprugata