|
|
| МВР - новости | |
|
+36IgorM ace89 gunner tose ESN assasian Dejan N Iko Panter JKD РИС alexmkd dt71 marinium Smrtnikot Legija91 momo shady3 macko23 Zajcef dejand Makedon Gero beowulf Mrshajnoski Subzero Goust Alvar Wolf filip555 Генерал Зоран meth AlexGreat Momak od Gjorce SIG 40 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 16:40 | |
| МВР се сомнева дека и полицајци им помагале на лихварите од Гостивар Полицијата се сомнева дека гостиварски полицајци ги прикривале пријавите на граѓаните за насилство, рекет и лихварство и другите дела за кои е осомничена групата. Во полициската акција „Чекан“ беа уапсени 15 лица, а по три лица, меѓу кои е и првоосомниичениот Фадил Арслани, се уште се трага. Оваа група е осомничена за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело. http://www.mkd.mk/crna-hronika/mvr-se-somneva-deka-i-policajci-im-pomagale-na-lihvarite-od-gostivar ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 16:49 | |
| Прочитав дека наводно и во Струга имало апсења,по тие селата,се влагало и во локали,стриптиз барови и слично.. | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 21:59 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 22:35 | |
| Приведени „Комити“ МВР привела Комити синоќа на натпреварот од СЕХА лигата во спортскиот центар „Јане Сандански’’ на меѓународниот ракометен натпревар во СЕХА лигата помеѓу екипите на „Вардар’’ и „Борац-Бања Лука’’ од БиХ. На натпреварот имало присуство на публика од околу 800-1000 гледачи, од кои 200 од навивачката група „Комити’’, а околу 50 од гостинската навивачка група„Лешинари’’. Во првото полувреме во двесетата минута од натпреварот, од страна на навивачката група „Комити’’ биле скандирани пароли со навредлива и националистичка содржина. Пред крајот на второто полувреме во полициска станица „Аеродром’’ приведени се 3 лица кои во возило „Форд Фокус’’ носеле знамиња со навредлива содржина, кои биле користени и истакнати за време на натпреварот, по што со Потврда за привремено одземени предмети се одземени, а против истите ќе бидат поднесени соодветно пријави. Од навивачката група преку соопштение се огласија. „Имено, на вчерашниот меч во ракометната сеха лига против Борац од Бања Лука беше истакната парола “Посветена е оваа дата, на кучињата што без работа земаат плата 13.12″ , парола која очигледно директно ги здоболе засегнатите, па беше интервенирано истата да биде тргната од трибина. Интервенцијата на специјалците беше проследена и со апсење на неколку наши членови, а се одземаа и дел од транспарентите на групата (знамињата Ајде Скопје Ајде Вардар). Толку години опстојуваме како група на нашава тифо сцена, постојано сме под разни притисоци, но и покрај тоа функционираме и ги следиме сите светски навивачки трендови, ама вакво не сме виделе во некоја друга држава. Во Македонија инцидентите се толку ретки, а и кога ги има најчесто се предизвикани токму од оние кои се задолжени за одржување на редот и мирот на натпреварите, но очигледно сите оние вежби кои ги гледаме на телевизија во кои специјалните единици исклучиво вежбаат напади од спортски хулигани (кои е факт дека ги нема во Македонија), некаде мораат да се изведат и во пракса. Може ли некој во оваа држава (ако остана некој нормален во истата) да ни посочи кој закон беше нарушен со истакнувањето на оваа парола?“ – прашуваат оттаму. http://plusinfo.mk/vest/7853/privedeni-komiti ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 22:51 | |
| И која била потребата да интервенираат стварно не ми е јасно.И да се пееле песни такви,мислам дека нема закон со кој треба да се избацат од сала или да се уапсат,ваљда нема лепак да им стават на уста,може само тимот односно клубот да јаде казна или санкции.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 23:16 | |
| Реџепи пукајќи избегал од заседа на „тигрите“Тетовецот Јетон Реџепи викан Лапи (34) успешно избегнал заседа на полициските „тигри“ пукајќи кон полицајците, завчера во Тетово, информира МВР. Реџепи, кој е опасен криминалец, осуден за убиство, избегал од затворот во Штип во декември 2012 година од кога е во бегство. Тој бил лоциран од полицијата и лани во октомври во близината на Тетово, но и тогаш по престрелката со полицајците успеал да избега. Од МВР кусо соопштуваат дека инцидентот се случил во неделата околу 3 часот на улицата Благоја Тоска во Тетово. Полицијата добила информации каде се крие бегалецот, па ги ангажирала припадниците на Единицата за специјални задачи. Тие требало да го уапсат Реџепи кој се барал со потерница за издржување казна затвор и да го спроведат во затворот во Штип, пишува Дневник. Осуденикот успеал да ги забележи специјалците и со пиштол испукал два куршума кон нив по што избегал во непознат правец. Од МВР информираат дека увид извршила увидна екипа на СВР - Тетово, при што е утврдено дека куршумите искршиле прозорски стакла на зграда, на чија фасада исто така има оштетувања од пукањето. Форензичарите пронашле и два патрона со калибар 7,62 милиметри, кои се предадени за вештачење. Од МВР нема други детали за полициската акција. Реџепи, кој е од тетовско Ларце, со уште две лица беше осуден во отсуство на 12 години затвор за грабнувањето и убиството на тетовецот Фатмир Лика(31) во 2002 година. Реџепи и другите двајца убијци на 31 декември 2002 година околу 13.30 часот го киднапирале Лика пред вториот влез на градскиот зелен пазар во Тетово. По грабнувањето киднаперите истата вечер околу 22 часот по телефон се јавиле во полициската станица во селото Групчин и на дежурниот полицаец му пријавиле дека грабнатиот бил убиен. Тие рекле дека неговото тело било оставено во местото Kлисура, на стариот пат Групчин - село Желино. Полицијата веднаш се упатила на посоченото место и била пребарана пошироката околина, но не го пронашла мртвото тело на грабнатиот. Полицијата наредното утро повторно го пребарала теренот и го пронашла Лика, кој бил изрешетан со седум куршуми, од кои неколку биле истрелани во неговата глава. Тогаш од МВР рекоа дека убиениот и неговите егзекутори подолго време се занимавале со криминал, главно со шверц на дрога. Лика наводно имал намера целосно да прекине со своите криминални активности, оти неколку месеци водел мирен семеен живот, што не им се допаднало на неговите пријатели, па одлучиле да го убијат. Реџепи по убиството избега од земјата, по што против него беше распишана меѓународна потерница, но подоцна бил уапсен. Додека бил на издржување на затворската казна во Основниот суд во Тетово бил осуден на пет и пол години затвор за три тешки и една разбојничка кражба, како и за одземање моторно возило во Тетовско во 2000 година. При грабеж на една куќа во Мала Речица сопственикот ги забележал Реџепи и неговиот партнер, по што пукале во него, но не го погодиле. Реџепи бил пријавуван и за недозволена трговија со дрога и цигари, за нелегално поседување оружје и за нанесување тешки телесни повреди. Реџепи ~ избега на полицијата и на 19 октомври лани кога му била поставена заседа на регионалниот пат Групчин - Мерово. Убиецот се возел во автомобил „голф“ што го управувал неговиот брат М.Р.(24), кога ги забележал полицајците. Тој веднаш излегол од автомобилот и со пиштол испукал неколку куршуми кон полицајците. Тие му наредиле да го фрли оружјето, но тој продолжил да пука. Полицајците во знак на предупредување испукале неколку куршуми во воздух, но тој избегал во блиската шума. Неговиот брат бил уапсен, а во потрагата биле ангажирани „тигрите“ и хеликоптери, но Реџепи успеал да се скрие. Реџепи по неколку години поминати во „Идризово“ бил префрлен на доиздржување на казната во затворот во Штип. Во декември 2012 година добил домашно отсуство, но не се вратил во затворот. Му останувале да издржи уште шест години од казната. http://www.kurir.mk/makedonija/intervjua/182414-Redzepi-pukajki-izbegal-od-zaseda-na-tigrite | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 14/12/2014, 23:34 | |
| Чудно за тигрите,и тоа по втор пат...
и затвориве,од луѓе што сум разговарал што излегле пред неколку месеци,кажуваат дека е катастрофа,во однос на обезбедување...а и кога сум ги гледал тие од затворска полиција...
Ваљда некад ќе им текне дека ќе треба да има затвор кој ќе го чуваат специјалци,како во Србија,каде што ќе лежат баш од ваков калибар како овој,па нека иде нека избега. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 01:11 | |
| Ниту партиски војници каков што е случајот кај нас, ниту специјалци не треба да го обезбедуваат затворот. Во пенитенцијарните установи треба да работат посебно обучени луѓе, не само од физички аспект туку и од психички и од едукативен аспект. Бидејќи во тие установи има развиено една посебна средина со посебен менталитет кој е доста различен од оној секојдневниот. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 13:38 | |
| Што,мислиш да вработиш добри стражари кои што ќе ги разбираат нивните проблеми,пример дека Љутвим го убиљ комшијата поради тоа што го пуштал гласна музика ?
во затворска работат исти како плавковциве обични,не верувам да имаат посебна обука,нит па дека се спремни да спречат бунт или слично.Сигурно нема да формираат посебна единица само за затвориве,најдобро би било од некоја единица да се земат луѓе,а да се пополни нивниот број со други,и да се направи еден затвор со макс секјурити,каде ќе лежат оние со по 10-15 години+ затвор за убиства,силувања и слично.А не ова сега,па види само по профили на тие што лежат затвор,и наши а да не зборам за шиптариве,исто како надвор да се,што сака прави.А зошто ? затоа што нема цврста рака нормално.Ако има кој да рече НЕ,ќе бидат само 2 на 2 и кревет и шоља.Толку | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 16:38 | |
| - JKD напиша:
- Што,мислиш да вработиш добри стражари кои што ќе ги разбираат нивните проблеми,пример дека Љутвим го убиљ комшијата поради тоа што го пуштал гласна музика ?
во затворска работат исти како плавковциве обични,не верувам да имаат посебна обука,нит па дека се спремни да спречат бунт или слично.Сигурно нема да формираат посебна единица само за затвориве,најдобро би било од некоја единица да се земат луѓе,а да се пополни нивниот број со други,и да се направи еден затвор со макс секјурити,каде ќе лежат оние со по 10-15 години+ затвор за убиства,силувања и слично.А не ова сега,па види само по профили на тие што лежат затвор,и наши а да не зборам за шиптариве,исто како надвор да се,што сака прави.А зошто ? затоа што нема цврста рака нормално.Ако има кој да рече НЕ,ќе бидат само 2 на 2 и кревет и шоља.Толку Не реков дека треба посебна единица и дека треба некаква си милитаризација на персоналот, треба персонал кој ќе биде соодветно обучен и едуциран, а според твојата прва реченица можам да кажам дека немаш реална претстава како реално стојат работите во пенитенцијарните установи. Пред се ние се сметаме за демократска држава во која правото на живот, како и човековите права и слободи ни се највисоките вредности кои ги штити законот, така да тука паѓа во вода твојот идеал за таа "цврста рака" и воведување на некоја си затворска диктатура. За оваа тематика постои посебна наука наречена Пенологија, која се занимава со пенитенцијарните установи, како и луѓето кои престојуваат во нив. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: МВР - новости | |
| |
| | | | МВР - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|