23.08.2013
МВР распишува јавен оглас за прием на 11 извршители
Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/2013 и 25/2013), член 49 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11 и 114/12), а во врска со Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09)
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
РАСПИШУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на 11 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време со или без работно искуство од кои:
-9 извршители со високо образование (факултет од областа на информатичкa технологии) и
-2 извршители со завршено средно училиште од областа на (електротехниката, информатиката електрониката или телекомуникациите).
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
-да е здравствено и психофизички способен за работа и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик на работно ниво;
-кандидатите кои имаат завршено средно образование при вработувањето ќе имаат предност доколку поседвуваат возачка дозвола за Б категорија.
3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-уверение за завршено високо образование односно диплома за завршено средно образование во која задолжително ќе биде содржан просекот од образованието.
-уверение за државјанство,
-извод од матична книга на родените,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки
-кратка биографија и мотивационо писмо.
4.Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството меѓу кои:
-одлични меѓучовечки вештини,
-способност за тимска работа,
-организациски вештини,
-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови,
-професионално однесување и позитивен однос кон работата
5.Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи формирана од страна на министерот и истата се спроведува согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.92/09, 35/10, 36/11, 158/11 и 114/12) и Правилникот за начинот и постапката на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.128/09).
Во постапката за селекцијата за избор, по извршената административна проверка се врши писмено тестирање, психолошки тест, интервју и здравствени прегледи.
6.По спроведената постапка за селекција со избраните кандидати ќе се склучи соодветен договор за вработување, согласно закон.
7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се спроведуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8.Пријавите со потребната документација, кандидатите се должни да ги достават лично до архивата на Министерството за внатрешни работи на ул.„Димче Мирчев“ бр.9 -1000 Скопје во периодот од 8,30 до 16,30 или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси.
9.Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
10.Ненавреманата и непотполната документација нема да се разгледува.
http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12607&mid=1367&tabId=358&tabindex=0