Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 60 ... 100  Next
АвторПорака
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty6/11/2012, 11:33

06.11.2012 Меморандум за соработка меѓу МВР и Австралиската сојузна полиција

Македонската и австралиската полиција заеднички во борбата против транснационалниот криминал

Со цел задничка превенција и борба против транснационалниот криминал, македонската полиција и австралиската сојузна полиција во наредниот период ќе ги консолидираат и зацврстат постојните мрежи на соработка, ќе се динамизира размената на информации заради спречување криминал, како и можноста од координирани операции и потесна соработка во областа на надградба на капацитетите и професионалниот развој.

Ова, меѓу другото, се приоритетните одредници во Меморандумот за соработка меѓу МВР и Австралиската сојузна полиција за борба против транснационалниот криминал и развој на полициската соработка, што вчера попладне во Рим, на маргините од Конференцијата на министрите за внатрешни работи од земјите членки на Интерпол (во рамки на 81-то Генерално собрание на оваа меѓународна асоцијација), го потпишаа министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска и г-динот Тони Негус, главен комесар на Австралиската сојузна полиција.

Со парафирањето на овој документ воспоставена е рамка за натамошната меѓуполициска соработка во повеќе безбедносни сфери. Почнувајќи од областа на тероризмот, недозволената трговија со дрога, трговијата со луѓе и илегалната миграција, компјутерскиот криминал, како и од области на економскиот криминал (перење пари, измами), транснационални сексуални кривични дела и друго. Покрај ова со меморандумот посебен акцент е ставен и на меѓусебната поддршка и соработка во поглед на едукацијата, дообучувањето и техничкиот развој на полициските капацитети.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11745&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty6/11/2012, 14:23

Момче се обиде да прегази полицаец

Вторник, 06 Ноември 2012 13:20

Осумнаесет годишниот Е.А. од гостиварското село Чајле заработи кривична пријава поради„спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 24-ти минатиот месец во Гостивар пријавениот возејќи автомобил „фиат пунто“ на даден знак од полициски службеници да застане, истиот продолжил да се движи со возилото.

Откако бил запрен со батериска лампа од страна на сообраќајната полиција, истиот со голема брзина се обидел да прегази еден од полициските службеници, нанесувајќи му телесни повреди во пределот на нозете.

http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/90959-Momce-se-obide-da-pregazi-policaec

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty8/11/2012, 16:55

08.11.2012 Во врска со оперативно тактичката вежба “Бран 2012“

Покана до медиумите

Во рамки на тридневната оперативно-тактичката вежба “Бран 2012“ на министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните институции, којашто започнува денес на аеродромот “Свети Апостол Павле“ во Охрид, утре (09.11.) дел од вежбовните активности ќе бидат отворени за јавноста.

Заинтересираните медиуми утре со почеток во 11,30 часот ќе можат да проследат дел од активностите од замисленото вежбовно сценарио.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11759&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty8/11/2012, 16:57

ПОЛИЦИСКА ВЕЖБА - СИМУЛАЦИЈА НА ГРАБНУВАЊЕ НА АВИОН ВО ОХРИД

Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните институции отпочна со реализација на оперативно-тактичка вежба „Бран 2012“ која претставува симулација на грабнување воздухоплов на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
Целта на вежбата, како што соопшти МВР, е проверка и подобрување на координацијата и меѓусебната комуникација на сите структури надлежни за преземање мерки и активности, како и натамошно унапредување и доусовршување на постапувањето при справување со кризи предизвикани од тероризам во цивилната авијација.
Предвидено е вежбовните активности, кои ќе траат три дена, да се одвиваат во неколку фази од моментот на „добивање сознание за грабнат воздухоплов“ и во неа ќе учествуваат, односно ќе бидат ангажирани над стотина припадници на различни организациски единици на МВР, како и припадници на други институции.
Главната фаза на оперативно-тактичката симулација, според соопштението, ќе биде изведена утре и е поделена на два дела заклучно со „разрешувањето на инцидентот“.
Во првиот дел, според замисленото сценарио на вежбата, во „моментот по непосредно добивање сознание за грабнат воздухоплов“, фокусот на активности ќе биде насочен кон организациско постапување наспроти „инцидентот“, односно организирање на потребните сили (нивно тимско екипирање и пристигнување) проследено со соодветна координација на нивните активности (формирање оперативен штаби и слично). Вториот дел од активностите кои ќе траат два дена ќе бидат посветени на постапувања за разрешување на „инцидентот“, при што посебен акцент ќе биде ставен на „водењето преговори со грабнувачите (терористи)“, при што во замисленото сценарио на вежбата ќе учествуваат и студенти од Факултетот за драмски уметности во улога на „грабнувачи на заложници“.
Предвидено е покрај теренските активности паралелно со нив да се направи и евалуација на „сработеното“ и „насочување на активностите во натамошното постапување“. Во сценариото на вежбата, според МВР, опфатени се сите важни аспекти за вакви ситуации (ранети, заложници, медиумско покривање), а прецизирана е и временската динамика по фазите на симулацијата.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=21527

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty8/11/2012, 16:58

08.11.2012 Вчера во Хиподром
Показна вежба на Единица за службени кучиња

Вчера (07.11) припадниците на Единица за службени кучиња во Хиподром одржаа показна вежба пред поголем број преставници од дипломатските мисии во земјава на која што беа прикажани дел од тренинг актиностите на службените полициски кучиња во повеќе ситуации на кривични дела.

Така, беа изведени дисциплински вежби, вежби околу откривање на експлозивни направи како и ситуации при потрага и откривање на опојни дроги.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11760&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty8/11/2012, 17:39




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty9/11/2012, 00:49

По тапа текст не сум прочитал одамна....


Полициските Крајслери ќе ги возат таксисти - мариците молери

Доколку Крајслерите станат такси возила, секој граѓанин ќе може да се повози во нив, без лисици на рацете

Полициските крајслери ќе ги возат таксисти, пишува Дневник. Кога во МВР ќе пристигнат новите Шкоди, полицијата најверојатно старите полициски возила ќе ги понуди на продажба.
Професионални возачи за весникот велат дека Крајслерите трошат многу гориво, меѓутоа само кога се користат од полицијата. Велат дека полицајците освен при патролирање, многу гориво трошат и додека стојат, бидејќи возилата работат за да им овозможат греење и ладење во зависност од временските услови.
Со вградување на плински уред, според иворите на Дневник, Крајслерот може да стане одлично такси возило. Тие велат дека е простран, комотен и има пријатно возење.
Тоа ќе им овозможи на сите граѓани во Крајслерите да седнат без при тоа да добијат лисици на рацете.
Покрај Крајслерите, МВР веќе ги продаде и старите комбиња, популарно наречени марици. Нив, според Дневник, најчесто ги користат молери.

http://press24.mk/story/krajsler/policiskite-krajsleri-kje-gi-vozat-taksisti-maricite-moleri

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty9/11/2012, 08:10

Да де, таксистите многу сакаат амортизирани до даска возила стари 12 години. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty9/11/2012, 12:00

Ги видов Шкодите на некоја од телевизииве. Клот опрема, што се вика волан и тркала, им шлапнале само полиција и грбот на МВР од страните... и тоа.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty9/11/2012, 18:12

ФОТО: Специјалните сили на МВР вежбаа на охридскиот аеродром

Петок, 09 Ноември 2012 17:11

Специјалните полициски единици на министерството за внатрешни работи, заедно со полициската хеликоптерска единица, како и полицијата при Секторот за внатрешни работи, граничната полиција и безбедносните служби втор ден на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ја проверуваа способноста за реакција во вонредни ситауации. Тие симулираа акција за ослободување група заложници од страна на терористи, кои истовремено извршија обид за киднапирање летало на охридскиот аеродром.

Групата патници, инаку студенти од Факултетот за драмски уметности, по 24-часовни преговори беа совладани од специјалните полициски сили и комбинираните безбедносни служби.

Командатот на вежбата Тони Јакимовски појасни дека вежбата имала за цел да ја демонстрира подготвеноста на полицијата за реакција во сложена ситуација и да се увидат сите евентуални аномалии при извршување на некаков терористички акт поврзан со грабнување на аеродромите во Република Македонија.

Во врска со актуелната безбедносна ситуација во земјата, кога е во прашање тој вид тероризам, Јакимовски истакна дека надлежните безбедносни служби не располагаат со информации дека на Македонија и се заканува опасност од тероризам, но доколку евентуално се случи некаков напад, специјалните антитерористички сили се подготвени да одговорат.

- Она што се случува во соседството ни укажува дека мора да бидеме подготвени. Управата за безбедност и контраразузнавање ги врши сите подготовки за да не се случи такво нешто, а оваа вежба ни укажува и што доколку се случи, додаде Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека МВР активностите против меѓународниот тероризам ги усогласува и координира со странските антитерористички служби, чии претставници ја следеа вежбата во Охрид.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91410-FOTO-Specijalnite-sili-na-MVR-vezbaa-na-ohridskiot-aerodrom

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 21 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 21 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 21 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 60 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: