Бајрами: Во МВР има околу 18 отсто Албанци
Објавено: пред 14 минути
Седумдесет и пет Албанци има меѓу 300-те новопримени полицајци, а во МВР застапеноста на Албанците е околу 18 отсто, изјавил заменик министер за внатрешни работи Џелал Бајрами, пренесува „Лајм“.
- Имајќи го предвид фактот дека ние секогаш поаѓаме од 25 отсто застапеност на која претендираме да ја имаме, ако не и повеќе, и на овој конкурс претендиравме најмалку 25 отсто од новите полицајци да бидат од албанска националност, што и се постигна. Од 300 ново примени, 75 се од албанска националност, а има припадници и од другите етнички заедници, Роми, Власи, Турци и.т.н. Настојувавме застапеноста приближно да ја отсликува реалноста на популацијата во Македонија и при приемот на овој конкурс - изјавил Бајрами.
Тој додал дека откако дошол на функцијата заменик министер за внатрешни работи, во ова министерство биле примени околу 300 Албанци.
http://www.plusinfo.mk/vest/64865/Bajrami-Vo-MVR-ima-okolu-18-otsto-Albanci
______________________
Потта штеди крв!