Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 35 решенија против 35 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1,2,3,5 и 14 и член 207 став 1 точки 4, 8,9,12 и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на 22 вработени им е изречена мерка парична казна, а на по четворица вработени им се изречени мерки „предупредување“, „писмено предупредување“ и „запирање на постапката“, додека на еден вработен изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“, а се работи за:
А.А., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (спиел на работното место),
С.Н., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (испукал еден куршум од службениот пиштол од невнимание),
М.Т., пилот капетан во Хеликоптерската единициа, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (ја поминал наплатната рампа без да плати патарина),
Џ.С., полицаец во ПС за БПС при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (му побегнало приведено малолетно лице),
З.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не повикал веднаш на разговор учесници во тепачка),
С.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка),
К.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка),
М.Б., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка),
И.В., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (се степал со колегата за време на работа),
Б.М., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки),
В.Т., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од четири месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки),
П.К., полицаец позорникар во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (земал керамидни блокови од плацот на соседот без негова согласност),
М.Т., полицаец за БПС во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (управувајќи службено возило под дејство на алкохол удрил во пешак),
В.Е., помошник дежурен полицаец во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена и е парична казна во износ од 5% од месечната плата во траење од шест месеци (не присуствувала на предавање што било задолжително, а за истото не го известила раководителот)
Б.Д., полицаец за превенција во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект),
М.М., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир во дискотека),
С.К., водич на патролен тим во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),
А.Ј., полицаец администратор во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),
М.Т., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),
В.С., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),
З.М., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),
Ј.С., полицаец во ПО за ГП „Аеродром Александар Велики“ во Скопје, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (за време на работа го носел приватниот мобилен телефон),
Н.А., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),
З.Н., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),
К.М., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),
А.К., полицаец за превенција во СВР Велес, изречена му е мерка „предупредување“ (постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството),
И.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (додека вршел обезбедување на објект, се оддалечил од работното место),
С.А., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект),
М.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект) и
Ј.И., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“ (се степал со колегата за време на работа).
http://www.sky.mk/index.php/makedonija/1482-bitolski-policajci-se-tepale-granichari-se-pijanele-a-shtipskite-policajci-vo-rabotna-obleka-shetale-po-diskoteki