Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+36
IgorM
ace89
gunner
tose
ESN
assasian
Dejan N
Iko
Panter
JKD
РИС
alexmkd
dt71
marinium
Smrtnikot
Legija91
momo
shady3
macko23
Zajcef
dejand
Makedon
Gero
beowulf
Mrshajnoski
Subzero
Goust
Alvar
Wolf
filip555
Генерал
Зоран
meth
AlexGreat
Momak od Gjorce
SIG
40 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 59 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty8/10/2012, 21:54

Не ја сфаќам поентава со таксито друже... Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty8/10/2012, 22:07

Frogfoot напиша:
Не ја сфаќам поентава со таксито друже... Rolling Eyes

Како вработување само Таксисти....
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty9/10/2012, 01:28

Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Не ја сфаќам поентава со таксито друже... Rolling Eyes

Како вработување само Таксисти....

Зоки ти даде одговор...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty9/10/2012, 14:04

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
МВР и ЕУРМ потпишаа анекс од Меморандум за соработка

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот директор на Европскиот универзитет Билјана Андреска - Богдановска денеска потпишаа анекс од Меморандумот за соработка меѓу МВР и Европскиот студент за стипендирање на вработени во МВР на Катедрата за безбедност при овој универзитет.

- Со потпишувањето на овој анекс Договор и оваа година една солидна бројка на вработени во МВР ќе можат да го дооформат своето образование. Потпишувањето на овој договор е потврда дека само со партнерство и заедничка соработка ние можеме да го јакнеме капацитетот на институциите и да изградиме здрав систем на функционирање, и во сферата на образованието и во сферата на имплементација на стекнатото знаење, рече Јанкулоска.

Таа истакна дека со чинот на потпишување на анексот на Договорот и официјално го продолжуваат она што го почнале пред три години - соработката со Европскиот универзитет.


- Ние, како институција и високообразовните институции свесни сме дека сме упатени на меѓусебна соработка. Во услови на голем технолошки развој, наспроти техниката и новите методи кои ни стојат на располагање, секогаш мора да имаме на ум дека најголемиот потенцијал всушност е во луѓето. И токму затоа секоја инвестиција во нивното знаење, секое продлабочување на теоретските и практичните знаења значи поголем потенцијал и на самите луѓе кои инвестираат во себе, но и поголем потенцијал на институциите, рече Јанкулоска.

Следната година, како што рече, нашите врати остануваат отворени за нашите потенцијални и идни колеги.

Андреска - Богдановска истакна дека нивните студенти од Факултетот за детективи и криминалистика извршуваа едномесечна практична настава во МВР. Тоа, како што нагласи, претставува поврзување на теоријата со праксата и секако можност за идни вработувања на студентите од овој Факултет.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/83435-MVR-i-EURM-potpisaa-aneks-od-Memorandum-za-sorabotka


Само напред. Студентите од Факултетот за безбедност во Идризово ќе возат такси и ќе гинат по Европа...
Богами...како е тргнато веќе не само што се рамни државниот и приватните факултети за безбедност туку веќе приватниве имаат предност.А напола се послаби програмски,и помалце предмети и по нестручно.Јас не знам воопшто како некој со титула дипломиран детектив може воопшто да биде вработен во мвр Rolling Eyes Ама тоа е.....
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty17/10/2012, 11:39

16.10.2012 Утре и задутре во охридскиот хотел “Инекс Горица“

Меѓународна конференција на експерти од областа на борбата против трговијата со дрога

Утре и задутре (17/18.10.) во Охрид во хотелот “Инекс Горица“, во организација на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ) и македонското МВР ќе се одржи Меѓународната конференција на експерти во областа на борбата против дрогата, тематски насловена како – “Криминални организации надрога – Сосотојбите во ЕУ со посебен фокус на балканските простори“.

Конференцијата на којашто е најавено присуство на експерти и високи полициски функционери од областа на борбата против трговијата со дрога од повеќе европски земји, меѓународни институции и организации, ќе ја отвори првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, д-р Љупчо Тодоровски.

Инаку за утре (17.10) во 10,35 часот во “Инекс Горица“ е закажана прес конференција на којашто ќе бидат презентирани целите и темите на конференцијата.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11679&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty17/10/2012, 11:42

Како надополнување на претходново и оваа вест.

Се запали вилата „Македонија“ во Охрид

Среда, 17 Октомври 2012 11:19

Полицијата информира дека вилата „Македонија“ во хотелскиот комплекс на „Инекс Горица“ вчера делумно изгорела.
Причините за опожарувањето на Вилата допрва ќе се утврдуваат, а дополнително ќе се утврдува и материјалната штета, информираат од МВР.

Според првичните информации во огнената стихија поврдени нема, а полицијата засега не открива дали во комплексот имало гости кога избувнал пожарот.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/88502-Se-zapali-vilata-Makedonija-vo-Ohrid

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty17/10/2012, 11:44

Гарант дилериве ја имаат зпалено. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty17/10/2012, 13:35

Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty25/10/2012, 16:57

Glava v zid Glava v zid Glava v zid

Полициските станици немаат бензин, полицајците на терен само ако се случи убиство!

Полициските станици во помалите градови во земјава немаат капка бензин. Повеќе од два месеца локалните полицајци се ставени на голема мака – едвај одговораат на барањата на граѓаните за интервенција. При евентуални помали нарушувања на редот воопшто и не излегуваат на терен. Но, во случај на потешки инцидени за да направат увид на местото на настанот се принудени да плаќаат за бензин од свој џеб.

„ Среќа што работиме во мирен крај. Фала му на Бога што нема убиства. Не дај Боже да има некоја поголема расправија не може увид да направиме. Овде најчесто мештаните бараат да интервенираме во кавги за имотно – правни спорови. Се скарале за нива, за добиток. Во такви ситуации и не излегуваме на терен. Но, вака не може да работиме. Утре, пак, нас ќе не критикуваат. Полицијата задоцнила, полицијата дреме, не и е грижа за јавниот ред и мир. Така зборуваат граѓаните. Тие не знаат дека ние си имаме вистинска мака“, вели командир на полициска станица, но инсистираше да биде анонимен „за да не остане без парче леб“.

На овие кажувања кои ги потврдивме во неколку полициски станици во помалите градови во земјава Иво Котевски, заменик – министер задолжен за односи со јавност вели дека полицајците биле снабдени со сите неопходности, но за да се спречат какви било злоупотреби биле воведени построги контроли на потрошувачката на бензин:

Бензин имало, има и ќе има. Секогаш кога е неопходно за службени потреби полицајците се снабдени и обезбедни со сите неопходности. Точно е дека воведовме засилени контроли врз употребата на горивото, но тоа никако не значи дека станиците имаат недостиг од бензин. Значи, не станува збор за никакви рестрикции, туку за зголемена контрола врз потрошувачката на гориво за да се спречат малверзации кои порано се случувале“.

Има тикви со расол бензин, правев муабет со луѓе од ПС Битола, велат некогаш по 300 денари тураме бензин и молиме Бога да нема потери кај што мора да излеземе на отворен пат Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty26/10/2012, 14:23

Припадник на Министерството за внатрешни работи е уапсен додека заедно со соработници транспортирал лажни азиланти.

Од МВР тврдат дека уапсените подолго време биле следени и се однесени пред истражен судија каде се очекува денес да дадат свој исказ, а против нив е поднесена кривична пријава.

http://sitel.com.mk/uapsen-policaec-poradi-prevezuvanje-lazhni-azilanti
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 18 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 18 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 59 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: