|
|
| МВР - новости | |
|
+36IgorM ace89 gunner tose ESN assasian Dejan N Iko Panter JKD РИС alexmkd dt71 marinium Smrtnikot Legija91 momo shady3 macko23 Zajcef dejand Makedon Gero beowulf Mrshajnoski Subzero Goust Alvar Wolf filip555 Генерал Зоран meth AlexGreat Momak od Gjorce SIG 40 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: МВР - новости 29/7/2012, 14:59 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 23/8/2012, 14:51 | |
| Кој не бил во полициска станица, може да оди Министерството за внaтрешни работи од денеска започнува со организирање отворени денови во полициските станици Службени лица од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди од МВР ќе им бидат на располагање на граѓаните за нивните поплаки и претставки, како и да им ги појаснат процедурите во рамки на полициското работење. Во рамки на овие активности денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ќе се сретне со надлежните во полициската станица Ранковце каде ќе се информира за работењето, како и за покарактеристичните состојби во регионот што се во надлежност на станицата. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=8256 | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 28/8/2012, 13:03 | |
| Електронска аукција за набавка на моторни возила во МВРКомисијата за јавни набавки при Министерството за внатрешни работи, задолжена за спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка на моторни возила во полициска изведба, по извршената евалуација на добиените понуди, за утре закажа електронска аукција за негативно јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавни набавки. Најниската понудена цена на огласот за јавна набавка на моторните возила која изнесува 236.934.900 денари ќе биде почетна цена на јавното наддавање. Понудувачите, вкупно пет правни субјекти, ќе можат да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање, соопшти Минитерството за внатрешни работи. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/elektronska-aukcija-za-nabavka-na-motorni-vozila-vo-mvr | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: МВР - новости 30/8/2012, 17:07 | |
| Сите кој конкурирале на прошлиот конкурс а не се примени нека поднесат приговор . Изгледа имало ептен неправилности.
Така ми рече едно другарче , посебно за оние кои ги исполниле нормите. Отанатите со по 15 склека да не се брукаат пак. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 30/8/2012, 21:38 | |
| Хехехе, ако навистина имало неправилности тогаш ќе биде изгледа ко је јамио јамио. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 5/9/2012, 19:50 | |
| МВР и ЕУРМ потпишаа анекс од Меморандум за соработкаМинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот директор на Европскиот универзитет Билјана Андреска - Богдановска денеска потпишаа анекс од Меморандумот за соработка меѓу МВР и Европскиот студент за стипендирање на вработени во МВР на Катедрата за безбедност при овој универзитет. - Со потпишувањето на овој анекс Договор и оваа година една солидна бројка на вработени во МВР ќе можат да го дооформат своето образование. Потпишувањето на овој договор е потврда дека само со партнерство и заедничка соработка ние можеме да го јакнеме капацитетот на институциите и да изградиме здрав систем на функционирање, и во сферата на образованието и во сферата на имплементација на стекнатото знаење, рече Јанкулоска. Таа истакна дека со чинот на потпишување на анексот на Договорот и официјално го продолжуваат она што го почнале пред три години - соработката со Европскиот универзитет. - Ние, како институција и високообразовните институции свесни сме дека сме упатени на меѓусебна соработка. Во услови на голем технолошки развој, наспроти техниката и новите методи кои ни стојат на располагање, секогаш мора да имаме на ум дека најголемиот потенцијал всушност е во луѓето. И токму затоа секоја инвестиција во нивното знаење, секое продлабочување на теоретските и практичните знаења значи поголем потенцијал и на самите луѓе кои инвестираат во себе, но и поголем потенцијал на институциите, рече Јанкулоска. Следната година, како што рече, нашите врати остануваат отворени за нашите потенцијални и идни колеги. Андреска - Богдановска истакна дека нивните студенти од Факултетот за детективи и криминалистика извршуваа едномесечна практична настава во МВР. Тоа, како што нагласи, претставува поврзување на теоријата со праксата и секако можност за идни вработувања на студентите од овој Факултет. http://kurir.mk/makedonija/vesti/83435-MVR-i-EURM-potpisaa-aneks-od-Memorandum-za-sorabotka | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: МВР - новости 6/10/2012, 13:46 | |
| | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: МВР - новости 8/10/2012, 18:25 | |
| Иако е дел од Министерството за правда сепак го ставам овде заради блискоста со МВР.Судска медицина доби форензичка ДНК лабораторија Институтот за судска медицина доби форензичка ДНК лабораторија коајшто ќе им помогне на форензичарите да доаѓаат до посериозни и поточни анализи, но и да ја зголемата својата научно истражувачка работа. Со новите апарати ќе се испитуваат сите видови на биолошки материјал крв, плунка, сперма, влакна коски, заби, предмети каде што сторител дошол во контакт со жртва, а резултатите ќе се добиваат за седум, осум часа. „Станува збор за повеќе апарати меѓу кои два се главни носители на форензичката ДНК анализа, едниот е апарат за изолација на ДНК молекула по роботски систем со кој за многу кратко време се изолираат примероците но исто така се намалува можноста за контаминација од човечко потекло. Втроиот апарат, кој е поскап, е апарат кој ги чита резулатите со којшто за осум пати се зголемува досегашната работа на лабораторијата и за четири пати се зголемува сензитивноста“ изјави доктор Златко Јаќоски од Судска медицина. „Станува збор за најсовремена ДНК лабораторија којашто ќе овозможи многу повисоко ниво на анализи од оние што досега се правеле во институт што сериозно ќе ја зголеми можноста за научно истражувачка работа на институт, што е примарна цел на лабораторијата, но и ќе помогне многу да се одбијат многу посериозни поточни анализи“ изјави министерот за здравство Никола Тодоров. Оваа набавка на Владата чини 500.000 евра, а ваква лабораторија нема ниедна земја на Балканот. Иако пред извесно време директорот на Институот за судска медицина, Алексеј Дума тврдеше дека не можат да си ги наплатат долговие од правосудните органи за сработените вештачења, министерот во понеделник соопшти дека нашле начин како да го решат овој проблем. „Најдовме начин како да го решиме овој проблем, се договоривме и со деканот на медицинскиот факултет и директорот на судска медицина и со републичкиот судски совет, го најдовме начинот и наскоро ќе го соопштиме“ рече Тодоров. http://puls24.mk/index.php/macedonia/macedonia-news/macedonia-vesti/3382-sudska-medicina-dobi-forenzicarska-dnk-labaratorija ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 8/10/2012, 18:26 | |
| Убава вест, браво! | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: МВР - новости 8/10/2012, 20:41 | |
| - Frogfoot напиша:
- МВР и ЕУРМ потпишаа анекс од Меморандум за соработка
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот директор на Европскиот универзитет Билјана Андреска - Богдановска денеска потпишаа анекс од Меморандумот за соработка меѓу МВР и Европскиот студент за стипендирање на вработени во МВР на Катедрата за безбедност при овој универзитет.
- Со потпишувањето на овој анекс Договор и оваа година една солидна бројка на вработени во МВР ќе можат да го дооформат своето образование. Потпишувањето на овој договор е потврда дека само со партнерство и заедничка соработка ние можеме да го јакнеме капацитетот на институциите и да изградиме здрав систем на функционирање, и во сферата на образованието и во сферата на имплементација на стекнатото знаење, рече Јанкулоска.
Таа истакна дека со чинот на потпишување на анексот на Договорот и официјално го продолжуваат она што го почнале пред три години - соработката со Европскиот универзитет.
- Ние, како институција и високообразовните институции свесни сме дека сме упатени на меѓусебна соработка. Во услови на голем технолошки развој, наспроти техниката и новите методи кои ни стојат на располагање, секогаш мора да имаме на ум дека најголемиот потенцијал всушност е во луѓето. И токму затоа секоја инвестиција во нивното знаење, секое продлабочување на теоретските и практичните знаења значи поголем потенцијал и на самите луѓе кои инвестираат во себе, но и поголем потенцијал на институциите, рече Јанкулоска.
Следната година, како што рече, нашите врати остануваат отворени за нашите потенцијални и идни колеги.
Андреска - Богдановска истакна дека нивните студенти од Факултетот за детективи и криминалистика извршуваа едномесечна практична настава во МВР. Тоа, како што нагласи, претставува поврзување на теоријата со праксата и секако можност за идни вработувања на студентите од овој Факултет.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/83435-MVR-i-EURM-potpisaa-aneks-od-Memorandum-za-sorabotka Само напред. Студентите од Факултетот за безбедност во Идризово ќе возат такси и ќе гинат по Европа... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: МВР - новости | |
| |
| | | | МВР - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|