Пет автомобилски компании во трка за смена на крајслерите
Министерството за внатрешни работи јавно ги отвори понудите по повторениот оглас за доделување на договор за јавна набавка на 150 полициски моторни возила во полициска изведба. Како што соопштуваат од МВР, постапката била спроведена од Комисија за јавни набавки определена со Одлука на Министерот за внатрешни работи, а се реализира преку електронскиот систем за јавни набавки.
Од страна на заинтересираните кои по распишувањето на јавната набавка ја подигнаа тендерската документација, на огласот број 17-05/2012 свои понуди поднесоа пет економски оператори:
„Порше Македонија“ ДООЕЛ со модел Шкода Јети амбишн 2.0 ТДИ
„Аутомотив Груп“ ДООЕЛ со модел Ренаулт Колеос Динамик 2.0 ДЦИ
„Аутомакедонија АД“ со модел Опел Инсигниа НБ 2.0 ЦДТИ седан
„Ка- Дис ДООЕЛ“ со модел САЕТ Алтеа Фритрек ТДИ 2.0 4WD
„Делукс - Ауто ДООЕЛ“ Куманово со модел Фолксваген Тигуан Трак едн Стил 2.0 ТДИ
Висината на доставените понуди се движи од 237 милиони денари до 299,5 милиони денари.
-Наредниов период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали истите во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена, се вели во соопштението од МВР.
Единствен услов за склучување на договорот е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање.
Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи. Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 - 2300 ццм и моќност од 110 до 140 KW. Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување на возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР. Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.
Заради несоодветност на понудите, по извршената евалуација, на 25 мај 2012 година, Комисијата одлучи да ја поништи постапката. По одлуката на Комисијата, од страна на двете фирми кои конкурираа на тендерот не беа испратени жалби до второстепената комисија, по што следуваше одново распушување на јавната набавка.
Петмина полицајци се повредени откако полициско возило се превртело денеска околу 11 часот кај месноста викана Војнички пат, во Кумановско. Од засега непознати причини, полициското возило „пинц гауер“ со петмина полициски службеници од станицата во Гошинци се превртело, при што двајца се здобиле со тешки телесни повреди, а останатите со полесни. Со друго полициско возило веднаш по несреќата полициските службеници биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово. СВР Куманово работи на расчистување на случајот. http://www.plusinfo.mk/vest/50382/Petmina-policajci-se-prevrtea-so-pinc-gauer
Makedon
Број на мислења : 158
Предмет: Re: МВР - новости 22/7/2012, 16:35
Alvar напиша:
Петмина полицајци се превртеа со „пинц гауер“
Петмина полицајци се повредени откако полициско возило се превртело денеска околу 11 часот кај месноста викана Војнички пат, во Кумановско. Од засега непознати причини, полициското возило „пинц гауер“ со петмина полициски службеници од станицата во Гошинци се превртело, при што двајца се здобиле со тешки телесни повреди, а останатите со полесни. Со друго полициско возило веднаш по несреќата полициските службеници биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово. СВР Куманово работи на расчистување на случајот. http://www.plusinfo.mk/vest/50382/Petmina-policajci-se-prevrtea-so-pinc-gauer
Пинцовите ги има ЕБР, овој пат го имаат пројдено милион пати, така да верувам не е до обука или незнаење туку едноставно несреќни работи се случуваат. Него нека бидат момците живи и здрави возилото ќе се поправи
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: МВР - новости 22/7/2012, 17:17
Не е ЕБР гранична полиција е.
SIG
Број на мислења : 6117
Предмет: Re: МВР - новости 23/7/2012, 18:16
Дечки како ве бендисув ред-алертот за Ли-муновата НЕКОЛКУЧАСОВНА посета?
Alvar
Број на мислења : 11099
Предмет: Re: МВР - новости 23/7/2012, 18:18
Дво-дневна е, не зезај. Ако си во Охрид, немат капење деновиве.
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG
Број на мислења : 6117
Предмет: Re: МВР - новости 23/7/2012, 18:23
Да, можна е појава на ирански подморници...
Не ми е јасна една работа, слетува во Охрид и одма заминува со авион до Скопје. Значи од Петровец ќе го земе мерцедесот, а на Сител преѓе рекоа ако убаво разбрав, во Охрид ќе го чекал, а тогаш нема потреба за авион. И ако не седи Охрид што толку го сардисаа езероно џандарите
Се пресераваме до бесвест!
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: МВР - новости 28/7/2012, 17:23
Откриени 46 девојки кои незаконски работеле како танчерки во Западна Македонија
Полицијата во заедничка акција со Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција во четири угостителски објекти затекна 46 девојки кои незаконски работеле како танчерки и придружнички на гостите.
Акциската контрола е направена на 27 месецов во следниве локали: “Енерџи“ во Тетово, “Ориентал ас“ во Жеровјане, “Европа“ во Ваксинце и “Амстердам“ во Гостивар.
Девојките биле веднаш префрлени во Транзитниот центар за странци, што денеска го посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска информираше дека 39 од девојките се странски државјанки и тоа девет бугарски, 22 српски, една е од Црна Гора, една од Косово, четири се албански државјанки и една е италијанска државјанка. На возраст се меѓу 18 и 24 години. Кај некои од нив е утврдено дека имаат забрана за влез во Македонија што значи дека не се првпат тука. Кај нив бил пронајден и поголем износ на пари, кој зависно од лицето се движел и по неколку илјади евра.
Министерката посочи дека карактеристично за овој случај е што овие лица имале целосна слобода на движење, бидејќи ги поседувале сопствените пасоши, редовно излегувале на подрачјето каде што работеле или биле ангажирани.
Досегашната анализа, како што рече министерката, покажала дека тие примале одреден паушал во текот на нивниот ангажман кој изнесувал околу 40 евра од вечер, а на тоа зависно од тоа во колкав износ ќе бидат напојниците кои би ги добиле во текот на вечерта сумата се делела рамноправно со сопствениците. Добивале и дополнителна надокнада за секој испиен коктел во износ од 30 проценти од цената на коктелот, кој чинел околу 1000 денари.
“Тоа е шемата по која функционирал начинот на заработување за која до овој момент имаме потврдено докази и имаме целосна документирана слика како се одвивала. Ќе продолжиме со истрага во насока на откривање и на евентуални други аспкети на незаконско однесување односно на нивниот ангажман“, изјави министерката за внатрешни работи.
Бидејќи лицата се затекнати да работат без работна дозвола, четирите угостителски објекти се затворени од соодветните инспекциски служби, информираше министерката.
Во текот на оваа година вкупниот број на лица кои се згрижени во Транзитниот центар е 266 лица, а во моментов има 41 од кои 39 се жени и двајца мажи.