|
|
| МВР - новости | |
|
+36IgorM ace89 gunner tose ESN assasian Dejan N Iko Panter JKD РИС alexmkd dt71 marinium Smrtnikot Legija91 momo shady3 macko23 Zajcef dejand Makedon Gero beowulf Mrshajnoski Subzero Goust Alvar Wolf filip555 Генерал Зоран meth AlexGreat Momak od Gjorce SIG 40 posters | |
Автор | Порака |
---|
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 17:32 | |
| Си разговарал ли со луѓе што се внатре или биле внатре ?
Ако според тебе е нормално да се пуши,дрогира,гледа сателитска тв,има интернет,да се јаде кој што сака,пие алкохол,носи каква сакаш облека,да се има боксерски вреќи,тогаш не знам што да ти кажам.Можат да избегаат кога сакаат и да направат бунт онака лесно од шала,поради таа "цврта рака" што ги држи.
Ако сметаш дека сето ова треба да го има на располагање сериски убица,силувач на деца,фаци како оние од Бродец,фаци како овој што пукаше на тигрите,само ради тоа што сме демократска држава и некакви си науки и курци палци,грешиш многу.
Ако има цврста рака,ќе го немаат тоа на располагање. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 19:35 | |
| По се изгледа или не ги читаш моите постови или не успеваш да ги сфатиш. Не реков дека е нормално, само како што претходно ти кажав, бидејќи сме демократска држава нели, тоа ќе мора да се среди на други начин како што ти наведов претходно а не со "цврста рака" која подоцна ќе се најде и во извештаите на европските комисии. Инаку кога веќе ме праша, да, сум бил во посети на тие институции, лично познавам луѓе кои работат таму во "затворска полиција" и земав учество во истражувачкиот извештај "Положбата на осудените лица во пенитенцијарните установи во Република Македонија" кој официјално беше презентиран пред околу 1 година во Дом на АРМ. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 15/12/2014, 20:45 | |
| Абе остај ти извештаи и истражувања.Разговарај со некои што лежеле таму за какви се условите пред се,и дали тоа е по европски правила,па после прашај ги за безбедноста.Јас сум разговарал,и тоа што ти го набројав знам дека е така,и јас не реков да бидеме гвантанамо,туку да има јака стража,цврста рака,во која што стварно ќе робуваат тие што се осудени,а не само да бидат како во војска да се,дури и подобро,да излага за викенди а внатре да има од интернет до боом тв.
Јас за тоа зборам цврста рака,а не да ги убиваат и мачат внатре.
Ти сега ме сфати или ? | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: МВР - новости 16/12/2014, 16:02 | |
| Имам разговарано. Инаку ја тебе те сфаќам, ама ти не сфаќаш дека во демократска држава секој граѓанин мора да ги остварува своите основни човекови права и слободи без разлика дали е затвореник, убиец, педофил итн. И се додека не е така ние ќе добиваме опомени од европските комисии кои се задолжени за тоа бидејќи ние се стремиме за влез во ЕУ. Побарај и разгледај низ интернетот какви се затворите во повеќето земји во ЕУ. Гледам дека не сакаш да ја согледаш реалноста и упорно зборуваш за нешто што не може да се случи во одредени околности. Пример тоа што ти го збориш не може да се случи се додека Република Македонија се декларира како демократска држава и затоа треба да се бара нов начин да се среди ситуацијата во нашите затвори, а јас ти наведов во еден пост погоре како тоа се прави во демократските држави. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 12:12 | |
| Разговарав со еден другар од водно,го прашував за како стигаат до крстот навечер,и ми кажа дека се влага ако е отворена рампата,ама вика,ако ти ја затворат војниците рампата ќе не можеш да излезеш,ќе треба да ги молиш да ти ја отворат па да го вратиш горе на крстот..и ми падна чудно,му викам како војници,кај седат ? и ми вика горе кај крстот седат во хотел или мотел не знам што имало,вика нон стоп се таму.
Е сега,веројатно не се војници туку ПЕП/ЕБР,но зошто би седеле таму знае некој ? мислев ради вилата,ама вилата е многу подоле,не е кај крстот. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 12:54 | |
| - JKD напиша:
- Разговарав со еден другар од водно,го прашував за како стигаат до крстот навечер,и ми кажа дека се влага ако е отворена рампата,ама вика,ако ти ја затворат војниците рампата ќе не можеш да излезеш,ќе треба да ги молиш да ти ја отворат па да го вратиш горе на крстот..и ми падна чудно,му викам како војници,кај седат ? и ми вика горе кај крстот седат во хотел или мотел не знам што имало,вика нон стоп се таму.
Е сега,веројатно не се војници туку ПЕП/ЕБР,но зошто би седеле таму знае некој ? мислев ради вилата,ама вилата е многу подоле,не е кај крстот. А дали знаеш дека на врвот на Водно од лева страна на крстот има воен објект? Мислам дека таму е центарот за врски, ама не ме фаќајте за збор и нормално дека има војници. А крстот го чува полиција, многу пати кога се имам качено на крстот имам видено човек облечен во маскирна униформа со ознаки на полиција. Инаку новата кула за следење на фрекфенции што ја гради АЕК во неа ќе има сместено просторија за МВР покрај рестораните.
Последната промена е направена од HolyTemple на 21/12/2014, 12:58. Мислењето е променето 1 пати |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 12:55 | |
| Да знаев немаше да прашувам бе другар ОК,значи тоа е причината зошто има војници. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 13:55 | |
| Незнаев дека воопшто ја отвараат рампата за јавноста |
| | | Alvar
Број на мислења : 11100
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 17:57 | |
| Тетово: Полицаец запрел Германец на автопат и го ограбил Полицаец запрел германски државјанин на автопатот Тетово - Скопје и го ограбил, инфомира МВР. Според полицијата, 37 годишниот полициски службеник од Тетово Т.Џ. завчера околу 20:30 часот со непознат втомобил му сигнализирал на германскиот државнанин да го запре Мерцедеос во кој се превезувал со својата ќерка. Му побарал да ги прегледа торбите, а откако во две од нив забележал вредни предмети му ги зел, влегол во својот автомобил и побегнал. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Џ,.(37) ОД Тетово поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „разбојништво“.Пријавениот кој е полициски службеник во СВР Тетово на 19.12.2014 година околу 20,30 часот движејќи се со непознато возило по автопатот Скопје-Тетово сигнализирал на возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки да запре при што осомничениот со полициската униформа на себе по кус разговор со возачот и по проверка на торбите кои биле кај сувозачот на возилото од задниот дел на возилото каде што се наоѓала ќерката на возачот одзел две торби во кои имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност се проценува на околу 700 евра и се одалечил од местото на настанот. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на осомничениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.“ - информира полицијата. http://press24.mk/tetovo-policaec-zaprel-germanec-na-avtopat-i-go-ograbil ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: МВР - новости 21/12/2014, 19:55 | |
| Донесени решенија за санкционирање на 22 полициски службенициВо текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3 ,4, 7, 10 и 14 и член 207 став 1 и точки 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 18 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка – „писмено предупредување” и тројца вработени мерка-“запирање на постапката“, а се работи за: А.М. полицаец за БПС ПО за БПС Гостивар изречена му е мерка “парична казна” (во текот на работното време бил затекнат како излегува од приватно возило и не постапувал согласно задачите предвидени во наредбата за вршење на служба). Н.Ч. полицаец за БПС Одделение за БПС изречена му е мерка „писмено предупредување” (на работно место дошол неуреден). У.Ј. полицаец во ПО Попова Шапка, ПС од ОН Тетово изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар). С.М. полицаец за обезбедување на објекти-Битола ПО за НФОО Битола изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда). Г.Ф. полицаец ПС од ОН Струмица изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки против лица, кои во неговиот двор внеле бесправно сечени дрва). Б.А. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело). Д.Б. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело). Г.Ј. полицаец ПС од ОН Аеродром изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда). Ф.Р. виш инспектор за илегална миграција и прекуграничен криминал изречена му е мерка “парична казна” (патувал во Р.Албанија без согласност од непосреден старешина). Д.Ч. полицаец ПС од ОН Велес изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда). С.Д. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение). К.Т. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение). М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (употребил огнено оружје). Б.Н. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (носел девизни парични средства за време на работа). М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Крива Паланка изречена му е мерка “парична казна” (дрско и недолично се однесувал). З.Ѓ. полицаец за превенција по сообраќајни работи изречена му е мерка “парична казна” (отсуствувал од работа). З.Д. виш инспектор за прифат – Сменоводител во ПС ОН Драчево изречена му е мерка “парична казна” (пропуштил обука). Ш.И. полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце изречена му е мерка “парична казна” (не постапувал совесно со средствата за работа). Н.К. полицаец во ПС ОН Струга изречена му е мерка “парична казна” (не носел капа). Д.И. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (непристојно се однесувал). С.К. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (го напуштил работното место и спиел за време на работа). М.Ѓ. самостоен Криминалистички техничар за увид на место на настан во Отсек за криминалистичко технички увиди и прелиминарни анализи изречена му е мерка “парична казна” (материјалот не бил соодветно спакуван). http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=14238&mid=1367&tabId=358&tabindex=0 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: МВР - новости | |
| |
| | | | МВР - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|