Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 58, 59, 60 ... 79 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty18/3/2013, 23:03

Frogfoot напиша:
Џафери: И јас ќе се поклонам пред паднатите борци на ОНА

И он ли бе!? Туууу... ме разочара, го мислев за поинаков.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty18/3/2013, 23:51

Почнуваме ли на вистината да и гледаме во очи?
Ристо Никовски

За првпат во оваа држава, на отворен и директен начин, Груевски рече „не" на големоалбанските комбинаторики и постојани придвижувања.

За политичарите, најверојатно, нема ништо пострашно од предизборните кампањи. Утеха може да им биде што, во тие периоди, не е ништо полесно ниту за корисниците на медиумите. Барем за добар дел кои вртат страници или ги исклучуваат. Проследен како исклучок, говорот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, одржан на митингот во Кичево – заслужува највисока оценка. Браво!

За првпат во оваа држава, на отворен и директен начин, Груевски рече „не“ на големоалбанските комбинаторики и постојани придвижувања. Досега, како да се помирувавме со нив и попуштавме, попуштавме... А тие, на еден или друг начин, секојдневно ни се манифестираат и наметнуваат. Да спомнеме само неколку скори примери:

а) надвор од процедурите и овластувањата, министерот за одбрана, со униформирани лица, се поклонуваат на споменикот во Слупчане;

б) при отворањето на новата школска година, во присуство на политичкиот врв на ДУИ, министри, заменици... во повеќе училишта, на Тетовскиот универзитет... се свири албанската химна; в) на 30 метарски столбови нелегално се креваат знамиња, со единствена цел да одбележуваат албански територии, со закана дека никој не смее да ги руши;

г) самоволно се менуваат имиња на училишта и проблемот не се расчистува;

д) каде и колку нелегални споменици се изградени, за лица кои ја симболизираат големоалбанската кауза, веројатно никој не знае;

ѓ) се најавува федерализација на државата од страна на потпретседател на Владата (Муса Џафери);

е) истиот Џафери, иако нема врска со локалната самоуправа, најави конференција на сите албански градоначалници од регионот...

Да се надеваме дека по говорот на Груевски во Кичево ќе се стави крај на непотребната толеранција која, од 2001-та наваму, крајно непринципиелно ја демонстрираме на сите наведени и многу други провокации. Предолго се правиме недоветни додека Албанците упорно спроведуваат, иако не сами, долгорочни планови во кои нема место ниту за Македонија, камо ли за Македонците.

Дехари ја прелеа чашата. Помогна да се отворат картите. Назад, и ново затворање на очите, не смее да има. Македонскиот молк и трпение се целосно контрапродуктивни и мора да прекинат.

Мора да се потсетиме дека, во регионот, целна група на САД се - Албанците. Со нивна помош, со користење на сила, Косово стана држава. Сега, на ред е - Македонија. „Недоразбирањата“ меѓу Вашингтон и Тирана, актуелни на почетокот на 2013 година, воопшто не значат промена на политиките, ниту го проблематизираат цврстото партнерство, кое е од долгорочен карактер. Во прашање е само реториката на Бериша и нему сличните (Дехари) кои помислија дека можат да прават што сакаат и така им наштетија на моменталните американски приоритети на Балканот (договор меѓу Белград и Приштина) и предвреме ги открија нивните намери.

Кај нас, максимално се излажаа сите кои помислија (некои и напишаа) дека Вашингтон ја удри по нос Тирана и и стави на знаење дека големоалбанскиот проект е фрлен на буништето на историјата. За жал, воопшто не е така. Во политиката мора да се чита и меѓу редови.

Впрочем, проектот Голема Албанија е во поголемиот дел веќе реализиран. Со Косово, како нова албанска држава, околу 70 проценти се – веќе завршени. Главното е готово. Остана уште делот во Македонија и затоа мораме остро да реагираме. А многу е веќе постигнато и кај нас. Со Охридскиот договор, државата е рекомпонирана на начин кој дозволува манипулации и злоупотреби кои веќе масовно ни се случуваат. Следеше Законот за новата административна поделба, во 2004-та, со кој крајно непотребно се албанизирани Струга и Кичево, а Скопје стана двојазично... Овие два документи, како и Законот за знамиња, од 2005 година, се тешки и непростиви стратегиски грешки на оваа држава. Неповратно се дадени незамисливи концесии кои одлично се вклопуваат во големоалбанските аспирации.

Сепак, сето тоа не смее да не обесхрабрува туку, напротив, да не мобилизира. Големоалбанските планови, кои ја зафаќаат и Македонија, мора да се спречат. Време уште има, иако не многу. Лесно нема да биде, ама избор – немаме. Груевски во Кичево го отвори процесот и не смее да се повлече. Ќе сноси историска одговорност.

Во 2001-та, откако не успеаја Македонија територијално да ја срушат, продолжија да ја „ослободуваат“ од внатре. Чекор, по чекор, тоа успешно го прават сите овие години. Затоа, изјавите на Вашингтон дека нема промени на границите, не се никаква гаранција за Македонија. Тоа одлично ни го објасни Дехари кој рекол – „тргнувајќи од Тирана, преку другите албански градови, преку Струга со градоначалник Албанец, па Кичево, Гостивар, Тетово, Чаир, Скендер-бег и Хасан Приштина (споменици во Скопје), се до Куманово – сето ова е една албанска администрација... Тоа е една Албанија за која сонуваме“!

Планот за менување на границите, САД го завршија на Косово. Тоа, всушност, беше најтешкиот дел за реализација на големоалбанскиот проект.

Србија е голема земја, со силна армија и да и се отцепи дел од територијата – не е мала работа. Откако тоа е направено, се што остана е, помалку или повеќе – техника.

На прв поглед, аргументираното разобличување на големоалбанската политика, кое го направи Груевски во Кичево, може да личи и како подршка на сериозниот американски демарш во Тирана. Во основата, меѓутоа, тоа е спротивно на американските намери и планови за регионот во целина, и за Македонија, посебно. За САД е спорна реториката, а за нас – суштината, политиката.

Во случајов, Груевски го допре американскиот нерв. Ќе биде интересно да се следат нивните реакции. Можно е, на суптилен и двосмислен начин, и овој пат да се дистанцираат од реториката. Или, едноставно, ќе си премолчат и ќе си продолжат со политиката која неизбежно турка кон големоалбански води. Политика, погубна за Македонија.

Однесувањето на албанските лидери во земјава, исто како и на тие во Тирана, или на Косово, е секогаш во функција на американските регионални интереси кои се, во голема мерка, конвергентни со нивните. Излетите со реториката се за внатрешно-политички потреби (избори...). Опасноста за нас, меѓутоа, не доаѓа од таму. Клучот за Македонија е во рацете на – САД кои, засега, немаат никаков осет за нашите универзални потреби – да опстанеме. Ахмети, Дехари, М. Џафери... та и Тачи... ќе се однесуваат како досега, се додека имаат изим од Вашингтон. А од таму, засега, нема најави за промена на политиката.

Груевски, само го отвори проблемот во Кичево. Откако ја прецизира дијагностиката тој, како премиер, презеде и обврска да продолжи со терапија за разобличување на политиките кои упорно се спроведуваат и имаат за цел да ја уништат државата. Од каде и да доаѓаат тие.

Во Кичево, Груевски покажа државнички капацитети. Тој отвори голема надеж за Македонија ама презеде и огромна одговорност. Должност на сите е да му помогнеме за да успее. Заедничките кандидати во Кичево и Струга нека бидат првиот голем исчекор во градење на консензус за националните и државни приоритети, кој досега толку ни недостасуваше.
http://www.mkd.mk/kolumni/pochnuvame-li-na-vistinata-da-i-gledame-vo-ochi

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty19/3/2013, 00:44

aplauz aplauz aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty19/3/2013, 12:07

Јас не му верувам.Можеби некој тоа ќе го смета вака или онака ама тоа е мој став. Сепак е ова предизборна кампања и како што они сакаат да верувам во делата јас тоа и го правам. А делата говорат малку поинаку.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty19/3/2013, 14:33

Генерал напиша:
Јас не му верувам.Можеби некој тоа ќе го смета вака или онака ама тоа е мој став. Сепак е ова предизборна кампања и како што они сакаат да верувам во делата јас тоа и го правам. А делата говорат малку поинаку.

Држи многу место ставот, Генерале.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty19/3/2013, 16:40

Генерал напиша:
Јас не му верувам.Можеби некој тоа ќе го смета вака или онака ама тоа е мој став. Сепак е ова предизборна кампања и како што они сакаат да верувам во делата јас тоа и го правам. А делата говорат малку поинаку.

X2.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty21/3/2013, 11:46

Фото: Ахмети повикува на гласање со калашников

ДУИ синоќа на својот Фејсбук профил објавија слика од лидерот Али Ахмети,во времето кога ја предводеше ОНА, облечен во униформа со калашников во рацете. Под фотографијата Ахмети ги повикува Албанците на централниот митинг во Кичево со зборовите:

„Дали има некој Албанц кој утре нема да биде Кичево! Кичево, нашата крв не е простена (заборавена). Централен митинг, четврток 21 март, во 18 часот, во центарот на Кичево.“

http://www.puls24.mk/makedonija/lokalni-izbori-2013/foto-ahmeti-povikuva-na-glasanje-so-kalasnikov

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty21/3/2013, 13:48

ДУИ уште трча по гласови со униформи на УЧК и со „калашникови“, а потоа лицемерно лаже за Голема Албанија

Во пресрет на денешниот митинг на ДУИ во Кичево партијата на својата официјална фејсбук-страница постирала слика на лидерот Али Ахмети како облечен во униформа на УЧК држи „калашников“ во рацете.

Во текстот над сликата на Ахмети, кој е постиран вчера, пишува:

„Дали има некој Албанец што утре нема да биде Кичево! Кичево, нашата крв не е заборавена“.

Паравоената формација што преку ноќ стана партија и буквално од планина влезе во сите државни институции, каде што веќе десет години ги ужива сите привилегии, никако да ги заборави „калашниковите“.

Оттука сите ние другите со право прашуваме: Каква крв, какви калашникови? Па, в недела ќе се одржуваат локални избори или крвави воени судири?

Во трката за гласови оваа партија, која се декларира како демократска, вчера на митинг во Скопје ги повика граѓаните на верски и етнички поделби.

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир и актуелен прв човек на оваа општина, апелираше до Турците и Бошњаците да гласаат за ДУИ бидејќи таа ќе се грижела за нив исто како да се Албанци. А што е со Македонците? Или тие за ДУИ не постојат? Или можеби во општините за кои се бори ДУИ не живеат Македонци?

Артан Груби, пак, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Скопје, повика да се гласа за ДУИ за да им го врателе Скопје на Албанците, а Кичево повторно да се викало Ускина, како што било неговото старо албанско име.

Скопје да им се вратело на Албанците, а на Кичево да му се вратело старото албанско име? Па, каде в недела се одржуваат избори, во Албанија или во Македонија? Според Груби и ДУИ, најверојатно во Албанија.

И на крај ќе излезе Али Ахметии ќе рече:„Не се плашете од Голема Албанија.Ние ги почитуваме вредностите на сите граѓани и го почитуваме јазикот и културата на секој народ".

Да не заборавиме во ова предизборно лудило да ги споменеме и невладините организации на Албанците од Куманово. Тие денеска апелираа до Албанците што помасовно да излезат на избори за да не победат Македонците.

„Ако останете дома и не излезете на гласање, тогаш исто како да сте гласале за македонските партии“, пишува во соопштението испратено од името на повеќе граѓански здруженија на Албанците од Куманово.
http://www.mkd.mk/makedonija/partii/dui-ushte-trcha-po-glasovi-so-uniformi-na-uchk-i-so-kalashnikovi-potoa-licemerno

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty22/3/2013, 12:49




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty22/3/2013, 17:39

Која фаца е Никовски, замисли ти се покаже во влез, 2 по полноќ во црн капут Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 59 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 59 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 31 ... 58, 59, 60 ... 79 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: