Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 57, 58, 59 ... 79 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar

Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty16/3/2013, 18:04

Модерен вахабизам преку Косово се шири и во Македонија

Аналитичарите што ги следат состојбите со ширењето на исламското учење на вахабистите велат дека на овие простори се развива балканска варијанта на овој правец, пософистицирана и со поинакви духовни пораки од оние во арапскиот свет.

Главната опасност за експанзија на вахабистите во овој регион доаѓа од Косово, каде што вахабизмот се шири молскавично, како резултат на хаосот, сиромаштијата и кризата во исламска верска заедница на Косово.

Западот особено стравува од можноста за регрутирање потенцијални терористи од Косово, БиХ, Албанија и од Македонија, кои по физиономијата не се разликуваат многу од другите европски народи, па би им било полесно да изведуваат терористички напади во Европа. Со заканата од можниот екстремен развој на настаните на Косово, се отвораат и ситуации кога токму во Европа ќе треба да им се бара засолниште на екстремистички групи.

Локалните вахабисти уште кон крајот на 2008 година почнале да им се закануваат на малобројните католици на Косово, иако само вербално. Сепак, за католиците тоа било доволен повод да почнат да се иселуваат од Косово. Случајот со местото Јањево на Косово, каде што живеат Хрвати-католици, е драстичен пример за иселувањето.

Аналитичарите се согласни и сметаат дека почнал процесот што ќе трае десетици години и дека тоа е тест за Европа. Западот нема решение за Косово и во стратегиска смисла тука е создаден кратер со кој континентот ќе мора да живее.

Според странските безбедносни структури што се присутни на Косово веќе е издиференцирана група на носители, двигатели на вахабизмот на Косово. На нивните листи се оџите Екрем Авдиу, образован во Медина, сега имам во Јужна Митровица, Бајрам Аслани дејствува во џамијата Иса Бег во Косовска Митровица, Кастриот Дука од џамијата во Србица, оџата Реџеп Љушта... сите тие имаат големо влијание меѓу муслиманските верници.

Истрагите на безбедносните служби на ЕУЛЕКС покажуваат дека во игра се и неколку исламски невладини организации, за кои има сомневања дека илегално се вмешани и во финансирањето на вахабизмот во Косово. Меѓу најактивните на тој план се сомнева дека се Рака на помошта, Икра, Дрита, Сојуз на исламска младина, а тука е и Иранскиот културен центар Курани од Призрен.

Особено загрижува фактот што по откриените цели на ова движење - целосно контролирање на исламското население од одреден регион – продолжува собирањето финасиски средства од населението по разни основи. Продолжува и поврзувањето со домицилните криминални структури заради финансиска корист и за да се завладее имотот на исламската заедница во регионот. Сето ова покажува голема акциска подготвеност за остварување на крајната цел.

Странските аналитичари што ги следат случувањата на Косово, во Албанија и во западниот дел од Македонија забележуваат дека во пристапот, организацијата, во зборувањето и целите, вахабизмот на Косово во многу нијанси е поинаков, модерен и пософистициран од вахабизмот во другиот исламски свет.

Зоран Митевски
(Авторот е поранешен помошник-директор во Агенцијата за разузнавање на Република Македонија)
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/moderen-vahabizam-preku-kosovo-se-shiri-i-vo-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty17/3/2013, 00:37

Alvar напиша:

Balkanskite drzavi so voena pomos od Amerika znaat kako da odgovorat na ovie zakani od vahabistite, samo sto se podzaborava deka Amerikancite se bas tie koi gi donesoa ovie platenici vo 90tite. Dobro bi bilo da ja zgolemime sorabotkata so Izrael, i golemite iskustva i tehniki na MOSSAD za spravuvanje so vakvi zakani, bidejki tie se "silen lek za iscistuvanje na tumorot vo opstestvovo" bidejki edna od pogolemite zakani za Izrael doagaat od Balkanot.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty17/3/2013, 00:46

Zaboraviv da napomenam edna od poefikasnite raboti koi bi go smalil angarzmanot na voenite i policiski edinici i bez zagubi e da frlime nekoj denar za:

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Predator-firing-missile4

i edno od najnemilosrdnite oruzja koi se izmisleni do denes (Father Of All Bombs)

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 2iln7tw
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty17/3/2013, 01:01

Финтата е што нашите служби не се расположени да се фатат во коштец со ваквите структури, а колку што знам Израел на неколку пати ни има укажано на важноста на ова прашање.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty17/3/2013, 11:40

Frogfoot напиша:
Финтата е што нашите служби не се расположени да се фатат во коштец со ваквите структури, а колку што знам Израел на неколку пати ни има укажано на важноста на ова прашање.

Znam, imam nesto napisano vo vrska so ova na edna od temite na forumov.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf

Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty17/3/2013, 20:17

HolyTemple напиша:
Zaboraviv da napomenam edna od poefikasnite raboti koi bi go smalil angarzmanot na voenite i policiski edinici i bez zagubi e da frlime nekoj denar za:

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Predator-firing-missile4]

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Screen-Shot-2013-03-13-at-11.47.41-AM
lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf

Број на мислења : 765

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty18/3/2013, 12:42

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty18/3/2013, 16:09

Интервју со Шехтански: На сеалбанското обединување Македонците ќе одговорат со иста мерка

Врзувањето на територијална целина од Липково преку Чаир, па се до Струга значи федерализација а за кратко време и сецесија, вели Шехтански за Прес24, потенцирајќи дека со оваа изјава треба да се позанимава Jавниот обвинител.

На сеалбанското политичко обединување Македонците ќе одговорат со иста мерка, како предупредување дека соодветно ќе се одговори на секаков обид на загрозување на територијалниот интегритет на македонската држава, вака во интервјуто за Прес24, Ванчо Шехтански, лидер на ТМРО и коалиционен партнер на власта го анализира коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за локалните избори во Струга и Кичево и нервозоата која што се појави пред се кај Демокартската унија за интеграции. Шехтански вели дека албанските политичари работат на федерализација на државата, а јасен и недвосмислен пример за тоа гледа во последната изјава на Фатмир Дехари, кандидат за градоначалник на Кичево од ДУИ.

-Врзувањето на територијална целина од Липково преку Чаир, па се до Струга значи федерализација а за кратко време и сецесија, вели Шехтански за Прес24, потенцирајќи дека со оваа изјава треба да се позанимава Jавниот обвинител.

-Не смее да се преќути ова, потребна е реакција на јавниот обвинител и санкционирање по КЗ на РМ, без разлика за кого е и во кое време го рекол тоа, вели за Прес24, Шехтански.

Претседателот на ТМРО една од причините за експанзијата на меѓуетничките инциденти во Македонија го гледа во равојот на настаните во Косово кои директно се рефлектира и на стабилноста во Македонија.

Во Интервјуто за Прес24, Шехтански ја анализира и изборната кампања на опозицијата, оценувајќи ја како ученик кој на школо оди без ташна и книги, и следствено на тоа вели Шехтански од него не се ни очекуваа ништо друго освен да го повторува класот.

ПРЕС24.МК Излегувањето на избори во две општини, Струга и Кичево со заеднички кандидатити и листи на двете најголеми коалиции, онаа на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ предизвика доста негодувања. Зошто толку нервоза пред се во редовите на ДУИ.

ШЕХТАНСКИ: Албанците се навикнати сите нивни барања Македонците да ги прифаќаат, но не очекуваа да наидат на цврст и единствен македонски став, а тоа е дека на сеалбанското политичко обединување Македонците ќе одговорат со иста мерка, како предупредување дека соодветно ќе се одговори на секаков обид на загрозување на територијалниот интегритет на македонската држава. Струга и Кичево не смее да бидат оставени на јавно изречената Албанска кауза, тие се македонски градови на македонска територија, во македонска држава, и логично е Македонците соодветно да реагираат на обидот на загрозување на нивниот македонски карактер. Затоа на 24 март Македонците и христијани и муслимани, Ромите, Турците, Власите, стопроцентно масовно ќе излезат и во Кичево и во Струга, давајќи го гласот за мирот и соживотот.

ПРЕС24.МК Меѓутоа таквата практика не е непозната досега. Албанските партии неколкупати заеднички настапувале? Пред да се договорат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за овие овие листи, на пример во Бутел има една листа од албанскиот политички блок?

ШЕХТАНСКИ: Заедничкиот настап на албанските партии е заради албанската кауза, и нема потреба да се залажуваме дека е заради нешто друго. Нив во Македонија ги интересира единствено албанската кауза, а тоа е голема Албанија, и не бираат средства за нејзино остварување.

ПРЕС24.МК Во меѓувреме во јавност излегоа некои изјави, како онаа на пример на кандидат за Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари, кои зборуваат за една друга идеја. Колку таквите изјави се во функција на милтиетничкиот соживот?

ШЕХТАНСКИ: Таа идеја е создавање на една голема албанска држава, тоа на сите ни е јасно, па и на Вас, така што нема потреба прашањето да е во завиткана форма. Врзувањето на територијална целина од Липково преку Чаир, па се до Струга значи федерализација а за кратко време и сецесија. Целта е таа и ние Македонците не смееме да се правиме дека не знаеме или дека не ни е јасно што се случува. Не е само Дехари, така мислат мнозинството да не речам скоро сите Албанци, само не смее да се преќути ова, потребна е реакција на јавниот обвинител и санкционирање по КЗ на РМ, без разлика за кого е и во кое време го рекол тоа.

ПРЕС24.МК Впечатокот кај јавноста е дека во општините каде Македонците се малцинство честопати прашања кои се поврзани со мултиетничкиот карактер и соживот не се решаваат по принципот на бадентер. Со други зборови, градоначалните Албанци, речиси и да не вложуваа во мултиетничкиот карактер на државата?

ШЕХТАНСКИ: Во право сте.Тие во неколку наврати се обидоа да поминат преку Уставот и законите во РМ, меѓутоа тоа не им успеа, па ниту ги сменија улиците во Гостивар, ниту добија свидетелства со нови имиња во Чаир, ниту пак Харадинај стана почесен граѓанин на Тетово, или со еден збор сé се сведе на една парада без легитимитет.

ПРЕС24.МК: Какви се проценките за состојбите на терен особено во Струга и во Кичево. Постои ли опасност од продлабочување на меѓуетничките односи, особено на денот на изборите?

ШЕХТАНСКИ: Владата на РМ ги превзема сите мерки за непречено и регуларно одвивање на гласачкиот процес на денот на изборите и секое негово нарушување ќе биде санкционирано согласно законот во РМ.

ПРЕС24: Пред почетокот на кампањата повторно се разгореа меѓуетничките тензии. Изминатава година имавме неколку такви ситуации. Кој посакува нестабилност на Македонија?

ШЕХТАНСКИ: Равојот на настаните во Косово директно се рефлектира и на стабилноста во Македонија, но надлежните институции знаат и можат да се справат и со овие предизвици.

ПРЕС24.МК: Како да се превенираа ваквите ситуации?

ШЕХТАНСКИ: Со покажување државност и толеранција до одредена мера.

ПРЕС24.МК: Анализите и анкетите покажуваат дека и овие локални избори, Коалицијата во која е и Вашаат партија ќе ги добие, но во јавноста веќе се навестува дека опозицијата најверојатно ќе се обиде да ги делегитмира со обинувања за фалсификат?

ШЕХТАНСКИ: Кој ќе победи, ќе кажат на 24 март граѓаните на РМ. Изборите мора да бидат фер и демократски, а секаков обид за нарушување на изборниот резултат ќе води кон дестабилизација, која државните институции нема да ја дозволат, заради нечии лични интереси.

ПРЕС24:МК Каков е фидбекот од граѓаните од десегашниот тек на изборната кампања на владеачката коалиција?

ШЕХТАНСКИ: Сметам дека е коректна и пред се со отчет на сработеното во изминатиот мандат и со пишана платформа за наредниот мандат.

ПРЕС24.МК: Како ја оценувате изборната кампања на опозицијата? Слоганите, пораките со кои настапува?

ШЕХТАНСКИ: Кога некој ке одеше на школо без ташна и книги од него не се ни очекуваше ништо друго освен да повторува. Опозицијата нема никаква пишана програма, се е сведено на ветувања кои денес ќе се кажат а веќе утре никој не ги памти. Мислам дека времето на празни муабети помина, а граѓаните гласот го даваат за сработеното и оствареното, а не ветеното. Ние имаме кандидати со програма, довербата од коалиционите партнери ја имаат целосно и се надевам на убедлива победа на коалицијата за подобра Македонија во поголемиот број општини на државата.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty18/3/2013, 18:30

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 58 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 58 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 57, 58, 59 ... 79 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: