Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+19
tose
Legija91
Kire1993
Smrtnikot
darkness
Zajcef
Mrshajnoski
shady3
gladiator_17
eye triangle
beowulf
meth
Генерал
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Alvar
SIG
Phalanx
23 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 56, 57, 58 ... 78 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty12/3/2013, 15:00

Скопскиот кривичен суд пресуди условни казни од седум месеци, за 14 учесници во тепачките на скопското Кале, што се случиja во февруари 2011 година. Условната затворска казна ги обврзува осудените да не го повторат делото во наредните две години.
Ова е втора пресуда на Основниот Суд Скопје 1 за ова кривично дело. Првата пресуда тогаш беше донесена за дваесет обвинети, кои заработија условна казна од три месеци доколку не го повторат делото во следните две години. Дел од нив поднесоа жалби за повторување на постапката.
Со обвинението за масовната тепачка на Кале поради изгрдаба на црквата беше опфатен и Артан Груби сегашниот шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty12/3/2013, 15:03

Frogfoot напиша:
Скопскиот кривичен суд пресуди условни казни од седум месеци, за 14 учесници во тепачките на скопското Кале, што се случиja во февруари 2011 година. Условната затворска казна ги обврзува осудените да не го повторат делото во наредните две години.
Ова е втора пресуда на Основниот Суд Скопје 1 за ова кривично дело. Првата пресуда тогаш беше донесена за дваесет обвинети, кои заработија условна казна од три месеци доколку не го повторат делото во следните две години. Дел од нив поднесоа жалби за повторување на постапката.
Со обвинението за масовната тепачка на Кале поради изгрдаба на црквата беше опфатен и Артан Груби сегашниот шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ашколсун
по голем мотив за следни по големи нереди здравје. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty13/3/2013, 11:16

Играчите на Шкендија го прославија голот со молитва! (ФОТО)
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/igrachite-na-shkendija-go-proslavija-golot-so-molitva-foto

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty14/3/2013, 00:22



Е мој Премиере..секој ден вака да изјавуваше за Македонците и нашата држава ќе беше Цезар во својата држава..
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty14/3/2013, 12:28

Браво само вака,требало и во други општини...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty14/3/2013, 21:08

ФОТО: Без партиски обележја пред голем број луѓе - атмосферата на минтигот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

http://press24.mk/story/makedonija/lokalni-izbori-2013/foto-bez-partiski-obelezhja-pred-golem-broj-lugje-atmosferata-n
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty14/3/2013, 23:58

Видете го бе Премиеров... Twisted Evil ( Rolling Eyes )

Цитат :
Nikola Gruevski
Преку глава ми дојдоа притисоци и закани од дехаровци кои Македонија ја гледаат како Албанија, тој ни ја испрати неговата порака, неговиот сон. Го слушнавме и Меџити кој го дополни Дехари. Затоа на 24-ти, и здрави и болни и млади и стари и машко и женско, секоја куќа еден по еден да излезе на гласање и да покаже дека ова било и ќе остане Македонија. Нема да му дозволиме никого Макеоднија да ја прави Албанија, ни на Дехари, ни на Меџити, ова не е дел од Рамковниот договор, ова нема да пројде, овде има народ, овде има граѓани кои си ја сакаат оваа држава Македонија. Етничка Албанија во Македонија нема да може ниту сега ниту било кога во идниа. Ќе останеме тука каде што сме и не одиме никаде, таму ќе умреме еден ден, кога Бог ќе го каже тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty15/3/2013, 00:53

Frogfoot напиша:
Видете го бе Премиеров... Twisted Evil ( Rolling Eyes )

Цитат :
Nikola Gruevski
Преку глава ми дојдоа притисоци и закани од дехаровци кои Македонија ја гледаат како Албанија, тој ни ја испрати неговата порака, неговиот сон. Го слушнавме и Меџити кој го дополни Дехари. Затоа на 24-ти, и здрави и болни и млади и стари и машко и женско, секоја куќа еден по еден да излезе на гласање и да покаже дека ова било и ќе остане Македонија. Нема да му дозволиме никого Макеоднија да ја прави Албанија, ни на Дехари, ни на Меџити, ова не е дел од Рамковниот договор, ова нема да пројде, овде има народ, овде има граѓани кои си ја сакаат оваа држава Македонија. Етничка Албанија во Македонија нема да може ниту сега ниту било кога во идниа. Ќе останеме тука каде што сме и не одиме никаде, таму ќе умреме еден ден, кога Бог ќе го каже тоа.

Секое чудо за три дена...

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty15/3/2013, 10:53

Во политката има нешто што се вика прати порака
ДУИ ни ја прти порката ...ова е логичен одговор....пред 10 дена и Германија и САд ги тегнеа Бериша и компанија з ауши се позаборавија малце..
ке види ме како ке се одвива оваа епизода!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty15/3/2013, 16:48

Лазечка федерализација
Автор: Ивица Боцевски

Решение за проблемите секако нема да дојде од странство. Секое замешателство на меѓународната заедница е само палијативна крпеница, која ќе попушти при некој следен притисок. Клучот за трајно решение на македонско-албанските односи во Македонија се наоѓа исклучиво во отворениот и искрен дијалог низ институциите

Дали сѐ уште постои концептот за „граѓанска Македонија“? Често пишувам дека во нашата јавност јасно се кристализираа две решенија за меѓуетничките проблеми (пред сѐ, за македонско-албанските односи) - граѓанското (интегративното) и комунитарното (федералистичкото).

Граѓанското читање ја признава мултикултурната црта на македонското општество и во рамковниот договор гледа како на серија мерки и процеси за интеграција на граѓаните од албанската заедница во главните текови на македонското општество. Според граѓанското читање, етничкото потекло претставува само еден од серијата идентитети што го дефинираат граѓанинот во демократското општество - значаен, но не и единствен идентитет, а преку признавањето на различноста треба да се овозможат еднакви шанси за развој, прогрес и за успех на граѓанинот во мултикултурното општество преку сите средства за лична промоција што му стојат на располагање. Граѓанското читање вели дека приспособувањето на македонската држава кон мултикултурниот карактер на македонското општество е процес што овозможува непосреден и директен контакт на секој граѓанин со институциите на државата и, наедно, му овозможува на граѓанинот учество во сите форми во цивилното општество, како и учество во македонската политика и бизнис. Ова толкување на рамковниот договор го гледа граѓанинот на Македонија со целиот спектар на неговите идентитети, вредности и убедувања и му овозможува слобода на каков било избор, особено слобода на изборот на животниот стил и слобода на припадноста, како и слобода за промена на изборот, промена на животниот стил и промена на припадноста.

Комунитарното толкување на рамковниот договор поаѓа од гледиштето дека Македонија со имплементацијата на овој договор е де факто претворена во нетериторијална федерација од два ентитета, како и дека граѓанинот комуницира со институциите преку избраните претставници од својата етничка заедница. Според комунитарното читање на рамковниот договор, секоја заедница во Македонија си е одговорна за уредување на животот на индивидуите што ѝ припаѓаат, а институциите на државата се, всушност, медиум низ кој етничките лидери ги реализираат интересите на заедниците. Комунитарната оптика ги гледа сите делови од организираниот живот на општеството низ призмата на етникумот и не ѝ дозволува на индивидуата да ги реализира своите права и слободи директно и непосредно, туку, напротив, сѐ мора да помине низ филтерот на „сопствената“ етничка заедница. Проблемите произлегуваат од фактот што со ваквиот развој на настаните не се охрабруваат интеракцијата и дијалогот, а наместо тоа тврдо се втемелуваат изолацијата и поделбата. Меѓутоа, главната критика на федералистичкото гледиште од граѓанската страна е тоа, што наместо дијалогот и одлучувањето да се одвиваат низ институциите на системот, во суштина етничките лидерите ја наметнуваат својата лична агенда, а институциите се само формалност. Ова дава огромен поттик за коруптивно, непотистичко, кронистичко и криминогено однесување на елитите, од една страна, а од друга страна ги остава проблемите отворени што, пак, отвора пат за радикалите и за вонинституционално соочување со предизвиците.

За жал, мора да констатирам дека застапниците на граѓанското гледиште во Македонија отсекогаш биле само едно скромно малцинство (на двете страни на доминантната етничка македонско-албанска поделба во Македонија). Уште поголема трагедија е што најтврдите федералисти во Македонија ја кријат федералистичката практика зад граѓанската реторика, а продолжува и политичката практика на федералистичко поимање на институциите.

Последните настани околу Струга и Кичево се веројатно последните шајки во ковчегот на „граѓанска Македонија“. Се покажа дека сите заколнувања дека „нема територијални решенија за етничките проблеми“, сеансите за повикување на „духот на Охридскиот рамковен договор“, како и вербата дека европската интеграција е некакво магично стапче што ќе ги реши проблемите, се само една голема политичка илузија. Уште поголема, пак, беше и илузијата дека на локално ниво преку децентрализацијата ќе се надминат етничките проблеми. Сведоци сме како децентрализацијата кај нас се разбира како борба за територија и заокружување на федералната рамка со освојување на колку што е можно повеќе општини.

Завчера премиерот Никола Груевски во Струга звучеше исто онака како што звучи Борис Тадиќ во Бања Лука, со таа разлика што овој град се наоѓа надвор од Србија, додека, пак, тоа што го зборуваат Меџити и Дехари (како и Сали Бериша пред нив) е далечно ехо на „Карлобаг - Карловац - Огулин - Вировитица“ на Воислав Шешељ, со таа разлика што Шешељ е сега во Хаг, а неговата партија одамна заборави на реториката од своето „славно минато“.

Така што, суштинскиот проблем за создавање граѓанска заедница и за промовирање на „граѓанска Македонија“ е тоа што во Македонија (во 2013 година) сѐ уште недостигаат граѓаните. Нетериторијалната поделба во две етнички заедници очигледно дека на долг рок треба да се територијализира, а актуелното уставно устројство на Македонија за многумина е само една преодна фаза пред конечното решение на балканските проблеми. Кон тоа мораме да го констатираме и фактот дека не постои ниту една политичка партија што го премостува етничкиот судир, а не постојат ниту национални институции што треба да обединуваат. Сонот на Арбен Џафери за создавање на институциите на „албанската нација“ во Македонија полека се заокружува, додека, пак, државните институции не прават вистински и искрен обид да се надмине етничкиот јаз. Кон тоа мора да се надоврзе и етничкото силеџиство, кое функционира како на локално, така и на национално ниво.

Решение за проблемите секако нема да дојде од странство. Секое замешателство на меѓународната заедница е само палијативна крпеница, која ќе попушти при некој следниот притисок. Клучот за трајно решение на македонско-албанските односи во Македонија се наоѓа исклучиво во отворениот и искрен дијалог низ институциите. Во спротивно, ќе може само немо да ја следиме лазечката федерализација на Македонија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3151396185&id=13&prilog=0&setIzdanie=22830

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 57 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 57 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 30 ... 56, 57, 58 ... 78 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: